Банките во Македонија за девет месеци од годинава заработиле чисти над 235 милиони евра – покажуваат податоците на Народната банка. Само за три месеци, од јуни, заклучно со септември ја зголемиле добивката за над 85 милиони евра. Тогаш профитот на домашните банки изнесуваше 150 милиони евра. За само девет месеци од годинава се приближиле кон добивката која ја прикажаа за цела мината година кога изнесуваше 283 милиони евра. Податоците ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 ...

Производителот на камиони и автобуси MAN објави дека има намера да укине околу 2.300 работни места во својата матична Германија во следните десет години. Работниците нема да бидат отпуштени, нагласи портпаролот на компанијата, но работните места ќе бидат укинати како што вработените ќе се пензионираат. Најголем број работни места ќе бидат укинати во главната фабрика на MAN во Минхен, вкупно 1.300, додека фабриките во Залцгитер и Нирнберг ќе ...

Годишната стапка на инфлација во Еврозоната изнесуваше 2,1 процент во октомври 2025 година, што е мало намалување во споредба со 2,2 проценти во септември. Една година претходно, инфлацијата изнесуваше 2,0 проценти, според ревидираните податоци од статистичката служба на ЕУ. Во Европската Унија, инфлацијата изнесуваше 2,5 проценти во октомври, во споредба со 2,6 проценти во септември, додека минатата година изнесуваше 2,3 проценти, според ...

За ставката храна и пијалаци на семејствата им се потребни 23 534 денари, додека за подмирување на режиските трошоци треба да одвојат 6 130 денари Минималните месечни трошоци потребни за егзистенција на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 65 173 денари, покажуваат најновите податоци од синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Оваа сума претставува намалување од 371 денар во ...

ДУИ бара минималната плата да се зголеми на 600 евра за тие што имаат завршено само средно школо, а да биде 800 за оние кои завршиле факултет. „Синдикатите со право укажуваат дека владата ја држи минималната плата меѓу најниските во регионот. При тоа, во буџетот за 2026-тата година нема предвидено средства за суштинско зголемување на платите. ДУИ и пратеничката група на Европскиот фронт сметаат дека ова е структурна неправда и огромна економска ...

Големите банки во еврозоната се добро позиционирани да се справат со кризи, со робусни резерви на капитал и ликвидност, оцени Европската централна банка (ЕЦБ). Во годишната проверка на стабилноста на банкарскиот сектор, ЕЦБ изјави дека банките се профитабилни, иако работат во неповолни околности, вклучувајќи геополитички ризици, нови модели на конкуренција поради дигитализацијата и конкуренцијата од виртуелните банки. „Сето ова диктира ...

Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел од 56,15 отсто во Нафтена индустрија на Србија (НИС), изјави денеска министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа истакна дека името на третата страна не се открива бидејќи станува збор за деловни разговори на сериозни компании. – Додека не се завршат разговорите или барем не се дефинираат најважните детали, нема да се зборува за тоа. Ништо не е ...

Народната банка на Србија добила опомена поради потенцијална можност за воведување на таканаречени секундарни санкции, а во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС). Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека оваа опомена е прифатена со сериозност. „Самиот поим за санкции не звучи добро. Се надевам дека нема да има такви санкции бидејќи тоа би значело блокирање на сите плаќања“, потенцираше Табаковиќ. „За ...

Јајцата поскапеа за 30–40 денари по табла низ продажните места. Многумина реагираат дека деновиве и тешко се наоѓа овој прехрамбен производ. Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 90 на 105 денари, реагираат купувачите. ...

Јајцата поскапеа за 30–40 денари по табла низ продажните места. Многумина реагираат дека деновиве и тешко се наоѓа овој прехрамбен производ. Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 90 на 105 денари, реагираат купувачите. ...

„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски рече дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече дека трае до први јануари 2026 ...

Колкава ќе биде штетата од скандалот со ИПАРД Фондовите и како тоа ќе влијае врз земјоделците, кои вложиле и чекаат финансиска поддршка е прашањето кое се отвора по аферата со мито за доделување на ИПАРД средства, која деновиве ја бранува јавноста. Од Националната земјоделска мрежа за 24 објаснуваат дека најмалку 400 апликанти се засегнати со овој проблем. И потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов посочува дека ...

Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју во ...

Кина го откри своето најголемо наоѓалиште на злато во последните речиси осум децении, објави Министерството за природни ресурси на земјата. Наоѓалиштето Дадонг во покраината Лиаонинг содржи повеќе од 1.000 тони злато, објави кинескиот медиумски сервис CGTN. Проценките покажуваат дека наоѓалиштето содржи околу 1.444,49 тони злато во рамките на 2,586 милијарди тони руда, со просечна содржина од 0,56 грама злато на тон руда. Содржината на злато на ...

Словенечката влада одобри закон со кој ќе се воведе задолжителен божиќен бонус за сите вработени, објавија локалните медиуми. Бонусот за зимски празници ќе биде половина од минималната плата, што значи дека оваа година ќе изнесува 639 евра. Според вчера усвоената регулатива, рокот за исплата на бонусот е најдоцна 18 дена по истекот на рокот за исплата на плати во ноември. Доколку компанијата има тешкотии со ликвидноста, парите може да се ...

Чешката централна банка објави дека експериментално купила биткоин во вредност од 1 милион долари и некои други алткоини, иако гувернерката на ЕЦБ, Кристин Лагард, во јануари тврдеше дека биткоинот никогаш нема да биде дел од резервите на која било централна банка во Европа. Се чини, биткоинот веќе го достигна својот врв (на 125.000 долари) во овој циклус, додека етерот дури и не го надмина својот врв од претходниот циклус. Централните банки ...

Цената на какаото бележи драматичен раст од почетокот на годината, зголемувајќи се за 70 отсто на светските берзи. Овој пораст доаѓа како резултат на сериозните проблеми во производството во Западна Африка, регион кој обезбедува повеќе од 60% од глобалното производство на какао. Падот на приносите, болестите што ги зафатија насадите и лошите временски услови создадоа недостиг на суровина, што дополнително го засили притисокот врз цените. ...

Министерството за финансии на САД издаде лиценца со која се дозволува трансакциите поврзани со продажбата на меѓународните средства на Лукоил да продолжат до 13 декември, според документ објавен вчера на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC). Министерството за финансии на САД, исто така, издаде лиценца за вршење трансакции со четири компании на Лукоил кои работат во Бугарија, која беше продолжена до 29 ...

Цената на златото достигнува историски рекорди . Побарувачката нагло расте, а експертите советуваат долгорочни инвестиции и безбедно чување во банкарски сефови. Од почетокот на годината цената на златото на светскиот пазар порасна за околу 60 проценти. Непречениот раст последниве години ја зголеми побарувачката за овој благороден метал и во Србија. Тие што сега сакаат да купат, мораат да издвојат повеќе од 16.000 динари за еден грам. Неколку ...

Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите. – Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го почитуваме тој закон. Дали ќе има некое интервентно згоемување надвор од законот, тоа е ...

Швајцарските министри се во Вашингтон, со цел да ги намалат царините од 39 проценти на американскиот претседател Доналд Трамп – највисоки во Европа – врз американскиот извоз. Првичните обиди на швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер да влијае врз Трамп беа неуспешни, но неодамнешната посета на швајцарска делегација на Белата куќа на 4 ноември се чини дека ги промени работите. Разговорите со швајцарските министри беа „многу позитивни“ и ...

И покрај зголемените залихи во Кина, растечката понуда ја надминува побарувачката, предупредува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Следната година, таа ќе ја надмине побарувачката за повеќе од четири милиони барели од 159 литри дневно, соопшти агенцијата во својот месечен извештај. Според проценката на агенцијата, понудата на нафта ќе се зголеми за 3,1 милиони барели дневно оваа година и за дополнителни 2,5 милиони барели дневно во 2026 ...

Доколку унгарската страна купи дел од НИС, Србија ќе поседува 29,87%, малите акционери 13,9%, Мол 11,3%, што ќе значи вкупно мнозинство од 55,07% Унгарскaта компанија МОЛ би можела да купи 11,3 проценти од Нафтената индустрија на Србија (НИС), пишува неделникот „НИН“ во својот нов број, наведувајќи дека, според неофицијални извори, кризата поврзана со таа компанија, која е под санкции на САД, би можела да се реши до 25 ноември. „Русите му ...

Во четврток, Европскиот парламент ќе гласа за предлогот за продолжување на трговските привилегии за Западен Балкан до 2030 година. Станува збор за измена на постојната Регулатива на ЕУ, која ги регулира трговските односи со земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација. Регулативата, која важи до 31 декември 2025 година, ослободува одредени земјоделски производи од Западен Балкан од царински ...

Просечната годишна плата за вработените со полно работно време во Европската Унија изнесувала 39.800 евра во 2024 година, објави Евростат. Статистичкиот завод на ЕУ наведува дека таков износ претставува зголемување од 5,2 проценти во споредба со 37.800 евра во 2023 година. Меѓу земјите од Европската Унија поединечно, највисока просечна годишна прилагодена плата со полно работно време е забележана во Луксембург (83.000 евра), по што следат ...

Сметките за електрична енергија овој месец ги шокираа жителите на Штип. Дел од граѓаните добиле фактури повисоки и до 3.000 или 4.000 денари, иако, како што велат, се трудат да штедат и ги вклучуваат греалките и климите само по потреба – најчесто наутро и навечер. „Се грееме само кога е најладно, а сметките пак растат. Ако е ваква состојбата уште во ноември, не знам што ќе биде во декември и јануари“, велат штипјани. Мнозинството се обидуваат ...

Врз основа на обврските утврдени со член 33 од Правилата за котација на Македонска берза, Стопанска банка АД Битола информира дека на ден 5 ноември 2025 година, членот на Управниот одбор м-р Даниела Ѓоршевска поднела писмена оставка од својата функција. Паралелно со тоа, Надзорниот одбор на банката на својата 25. седница одржана на 10 ноември 2025 година донел одлука за именување на м-р Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управниот одбор. ...

НОВ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА Нов инвестициски циклус од 30 милиони евра и нови 200 работни места во следната 2026 година најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на компанијата „Костал“ во Охрид. А пак, до крајот на годинава, тој најави дека се очекува четири до пет компании да потпишат договори за отворање свои капацитети во земјава, во кои би биле вработени околу 1.000 луѓе. – Веќе имаме неколку што се во процес на ...

Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, соопшти денеска Министерството за транспорт на Кина. Според соопштението на Министерството за транспорт на Кина, наплатата на специјалните пристанишни такси „ќе биде суспендирана за една година“ од 10 ноември, што се совпаѓа со суспензијата на релевантните мерки против Кина од страна на САД, како дел од спроведувањето ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1022
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.34
88%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
74%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
58%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1018
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
71%
1020
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Паладиум

54591.97

Сребро

2159.01

Платина

64479.52

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Бакар

11.07

Алуминиум

2.95

Иридиум

145787.60

Калај

43.93

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Злато

139515.92