Јапонскиот производител на автомобили Тојота (Тојота Мотор) објави пад на нето добивката од 55% до 537,7 милијарди ¥ (3,78 милијарди долари). Ова е видливо од објавените резултати за вториот квартал од тековната фискална година, кој заврши на 30 септември. Падна и оперативниот профит на Toyota Motor – за 20%, првпат по две години. Приходите благо се зголемија – за 0,1%, на 74,3 милијарди долари. Во кварталот се продадени нешто помалку ...
Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот. Макроекономската слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со априлските проекции. Во ...
Германските деловни предлози се однесуваат на законите на ЕУ за кои е потребно време или предизвикуваат други формални тешкотии, соопшти здружението. Здружението на германските индустриски и трговски комори (ДИХК) повика во извештај за намалување на регулативата од страна на Европската унија, презентирајќи денеска во Брисел повеќе од 50 предлози во оваа насока, јави ДПА. Предлозите на германските бизниси се однесуваат на законите на ЕУ за кои е ...
Фондацијата Mozilla, непрофитната организација која постои за поддршка и колективно насочување на проектот со отворен код Mozilla на познатиот производител на прелистувачи Firefox, одлучи да отпушти 30% од својот персонал. Оваа одлука доаѓа како одговор на растечките предизвици со кои се соочува фондацијата, имено „немилосрдниот прилив на промени“ во технолошката индустрија. Овој потег ги одразува напорите на организацијата да се прилагоди на ...
Министерството за енергетика денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клима уреди. Доделувањето е најавено од 9 до 17 часот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Мерката, како што велат надлежните, е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето. За мерката се избрани апликации на вкупно 6.182 домаќинства, а средствата во висина од 23 до 25 илјади ...
Економијата на еврозоната е на работ на стагнација во октомври, и покрај малото подобрување во некои земји, остануваат загрижувачките прогнози за намалување на производството. Според конечниот Композитен индекс на менаџери за набавки (PMI) на S&P Global, еврозоната прочита индекс од 50,0 поени, што укажува на минимален раст, но истовремено ставајќи го регионот во неизвесна економска позиција. Економијата на еврозоната беше блиску до ...
Денеска во хотелот „Мериот“ се одржа традиционалниот 11-ти Ерсте инвеститорски појадок, настан во организација на Ерсте Групацијата и Шпаркасе Банка АД Скопје. На настанот учествуваа истакнати експерти од економскиот сектор и водечки претставници на финансиските институции, кои споделија свои видувања за актуелните макроекономски предизвици. Нивните разговори се фокусираа на стратегии за постигнување одржлив раст и економска стабилност, што е ...
Претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, г. Трајан Ангелоски, денеска ја отвори првата меѓународна коучинг-конференција во Скопје, на која ја истакна важноста на лидерството и коучингот како централни столбови за успешен развој и напредок во бизнис-секторот. „Соочени со реалност полна со предизвици – одлив на таленти, економски и политички турбуленции, финансиски кризи и постојаните промени на глобално ниво – одговорноста ...
Новите царини можат да бидат штетни за глобалниот раст и да доведат до маѓепсан круг на трговска војна, изјави поттпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гуиндос, откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД. Трамп во своите предизборни говори најави дека ќе воведе основни царини од 20 отсто за американскиот увоз од сите земји кои се трговски партнери на Вашингтон и високи царини од 60 отсто за увоз од Кина, а ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече: „Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образование да биде повисока 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 2025, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 ...
УСАИД денеска соопшти дека се одржа Информативна сесија за имплементација на системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација (MRVA) на емисии на стакленички гасови и механизмот на ЕУ за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) во Северна Македонија. Оваа сесија е дел од Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст, организирана во соработка со Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо, која инвестира во зголемување на ...
Инфлацијата е стабилизирана, додека централните банки внимателно ја нормализираат својата монетарна политика. Основните каматни стапки иако се намалуваат, сеуште се на повисоко ниво. Се очекува големите централни банки (Европската централна банка и Федералните резерви) да продолжат со олабавување на своите монетарни политики и во текот на 2025 година. Притоа, суштинска ќе биде координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика, односно ...
Во динамичниот свет на меѓународната трговија, новите одлуки кои неодамна беа усвоени од Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ветуваат значителна промена во начинот на кој компаниите ги водат своите операции низ регионот. Две клучни одлуки – признавањето на овластените економски оператори (ОEO), кои се сертифицирани од страните на ЦЕФТА и воведувањето на нов систем за управување со ризик – се насочени кон поедноставување на царинските процедури, ...
Американскиот долар значително зајакна откако стана јасно дека Доналд Трамп ќе биде избран за следен претседател на САД, а биткоинот достигна рекордна вредност, во услови кога инвеститорите очекуваат потенцијални даночни олеснувања, зголемување на тарифите и пораст на инфлацијата во неговиот втор мандат, јави Би-Би-Си. Вредноста на доларот се зголеми за околу 1,5% во однос на неколку валути, меѓу кои британската фунта, еврото и јапонскиот јен. ...
Заложбите за земјоделците продолжуваат со користење на средства од ЕУ фондовите, со што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2024 за доставување на барања за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000,00 денари. ...
Цената на биткоинот продолжува да расте среде претседателските избори во САД. Додаде 9,34% и сега достигна 75.118 долари, ажурирајќи го претходниот рекорд на сите времиња. Ова се случило неколку пати во денешното тргување, покажуваат податоците на платформата Binance. Пред тоа, Биткоин неколку пати достигна вредности кои се над претходниот рекорд од 14 март 2024 година, кога се искачи на 73.777 долари. Гласањето за претседателските избори во ...
Вицепремиерот Изет Меџити во гостување во дневникот на Сител телевизија изјави дека Владата им излегла во пресрет на сите 80 општини за финансирање на проекти од интерес на граѓаните, без разлика на партиската припадност на градоначалниците. Во оваа прилика на прашањето за дали постои фаворизирање на своите градоначалници на општини изјави: „Влен има 4 општини, 10 ги има ДУИ. Сите 10 од ДУИ беа добитници. Имаа проблем само Сарај и Теарце, им ...
Економската ситуација продолжува да се влошува, па инвестирањето во германската економија стана беспредметно, изјави шефот на финансискиот оддел на Сименс, Кристијан Кесер, на отворената седница на Комисијата за финансии на Бундестагот. Кристијан Кесер призна дека компанијата не планира нови проекти во Германија. За Сименс инвестициите во Германија се бесмислени, компанијата не планира нови инвестиции на германскиот пазар, изјави Кесер. ...
За експертите предлогот на СДСМ за 0 отсто данок на основни прехранбени производи е популистичка мерка, која нема никаква економска логика. Тие потсетуваат дека и во минатото се носеле вакви мерки кои немале долгорочен ефект и кои повеќе направиле штета врз буџетот отколку корист на граѓаните. – Прашањето е како ќе се финансира државата. Ние не можеме да прибереме доволно приходи за да ги покриеме тековните трошоци и постојано се задолжуваме, а ...
Сметководствена илузија е каматната стапка од 3,25 проценти за унгарскиот кредит, бидејќи вкупниот трошок или ефективната каматна стапка на кредитот е 6,5 проценти. Ова се првите реакции на експертите, откако Министерството за финансии призна дека имале потешкотии во преговорите со домашните банки со кои паднал договор каматата од 3,25 проценти кон унгарската Експорт импорт банка да се плати од буџетот, а банките да го пласираат кредитот од 250 ...
Банките се уште молчат за висината на провизиите кои ќе ги наплаќаат при одобрување на кредитите од унгарскиот заем, наменети за компаниите. Ниту од Владата се уште не добиле информација од банките за тоа колку ќе го чини буџетот оваа услуга, откако власта реши сите трошоци, вклучувајќи ја и каматата од 3,25 проценти, да падне на товар на граѓаните, преку државната каса. Од Македонската банкарска асоцијација велат дека и тие немаат информација ...
Денеска 05.11.2024 год., Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално го објави новиот јавен повик бр. 02/2024 за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата. Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 14 милиони евра, а апликантите може да побараат неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра кој ќе покрие 60-75% од прифатливите трошоци за инвестиции во ...
Голготата со јавниот превоз во Скопје како да нема крај и покрај бројните директори кои се променија само во еден мандат. Како да не е доволно тоа што значително е редуциран бројот на автобуси, па истите се чекаат и по 40 минути, ревизорскиот извештај за минатата година покажа и многу други недостатоци во работењето на ова јавно претпријатие. Имено, согласно овој ревизорски извештај, ЈСП и покрај сите субвенции кои ги доделува Советот на Град ...
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија истакна од програмата ИПАРД 1 до 2015 година биле искористени само 10%, а 90% од средствата биле вратени. Програмата ИПАРД 2, во периодот од 2017 до 2023 година има искористеност од 90%. Тоа е огромна разлика, нагласи Николовски, додавајќи дека СДСМ ги креираше политиките заедно со земјодeлците во нивен интерес. Извозот на овошје и зеленчук драстично ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 ноември 2024 ...
Германските компании се се повнимателни кога вработуваат нови работници, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за октомври. Индикаторот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од септемвриските 94 поени на 93,7 поени, што е најниско ниво од јули 2020 година. Состојбата на пазарот на труд со месеци е под влијание на негативен тренд, изјави шефот на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека во Србија нема повеќе евтина работна сила и додаде дека во декември 2026 година просечната плата во земјата ќе биде 1.150 евра. Тој во своето гостување на телевизија Хепи рече дека платите во Србија се помали отколку во Западна Европа, но дека и таму нема евтина работна сила. Тој додаде дека минималната плата е 54.000 динари. „Не смееме да застанеме сега. Мора да продолжиме да градиме. За ...
Штрајкот на десетици илјади вработени во Боинг завршува по седум недели, бидејќи работниците ја прифатија подобрената понуда од американскиот производител на авиони, вклучително и зголемување на платите за 38 отсто во текот на четири години, соопшти денеска синдикатот на ИАМ, јави ДПА. Членовите на синдикатот гласаа со 59 отсто „за прифаќање на предлогот и враќање на работа“, соопшти Синдикатот. -Работниците можат да се вратат на работа веќе на ...
Во тек е сезоната на правење ајвар, па на социјалните мрежи се отвори вистинска дебата околу тоа дали домашно приготвен ајвар кој се продава „онлајн“ по цени од 400 па и над 600 денари за една тегла е скап и дали е поевтино тој да го приготвувате сами. Гевгеличанец на социјалните мрежи сподели пресметка: „Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пиљара или на пазар цените би биле – пиперката 60-90 денари ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури. Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот за англиски јазик на директорот на АБН, Бојан Христовски, за кој постојат наводи дека е ...