Процесот за кредитот од Унгарија наменет за фирмите е промашен уште од самиот старт. Според аналитичарот Бранимир Јовановиќ државата договори пари за компании од странска влада без притоа да се консултира со банкарите. Смета дека доколку не биде постигнат договор цената ќе ја плаќаат граѓаните односно ќе се трошат нивни пари за да се покриваат трошоци на профитабилни компании. Предупредува дека средствата може на крајот да зваршат кај фирми ...

Новиот државен буџет за 2025 година ќе ни донесе енергија и напредок во сите сектори на општеството, но особено за столбот на нашата економија – земјоделството, изјави Малиша Станковиќ, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Со гордост можам да кажам дека земјоделството ќе добие историска поддршка. За првпат, буџетот за земјоделство се зголемува за цели 13 отсто, а издвоените средства за програмата за земјоделство и рурален развој се ...

Во период од една година зеленчукот поскапел за фантастични 47.7 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според нив овошјето поскапело за 6,8%, а виното поскапело за 14,6%. Од друга страна, цените на житарките, како пченица и ориз, се намалиле за 11%, а на компирот за 3,9%. На страната на трошоците, најголемо зголемување е забележано кај ветеринарните услуги (9,5%) ...

Над 152 милиони фалсификувани предмети, во вредност од приближно 3,4 милијарди евра, биле пресретнати во Европската Унија (ЕУ) во 2023 година, се вели во заедничкиот извештај на Европската комисија (ЕК) и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ, објави порталот Новините. Ова означува зголемување од 77% на бројот на запленети предмети во споредба со 86 милиони единици во 2022 година и зголемување на вредноста за 68%. Напливот во голема ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,720%, кај дизелот за ...

На денешната (18 ноември) заедничка седница на двете влади во Приштина, косовскиот премиер Албин Курти и неговиот македонски колега Христијан Мицкоски ја пофалија соработката и односите меѓу двете земји. Курти рече дека Косово и Северна Македонија досега имаат потпишано 50 договори, но „она што треба да се направи сега е имплементација на договорите“. Тој најави дека Косово и Северна Македонија ќе потпишат два меморандуми и протокол во областа ...

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании откако на првата средба во неделата успеаја само да ги приближат ставовите. Неофицијално, постои договор околу роковите за исплата, тоа да биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата затоа што некои компании сакаат и порано да го вратат кредитот. Но двете страни не можат да се договорат околу каматата што ќе ...

Кризата на автомобилската индустрија стигна и до Полска. Отпуштања во следната година предвидуваат 32 отсто од тамошните автомобилски компании, што е осум пати повеќе отколку што имало такви предвидувања за оваа година, се вели во објавениот извештај Мотобарометар 2024. Според полската асоцијација на дистрибутери и производители на автоделови, индустријата за автоделови во ЕУ во последните пет години отворила само 55.000 нови работни места, ...

Дополнителни субвенции можат да побараат градинарите кои своето производство го продале на регистрирани откупувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Услов е да имаат произведено минимални просечни приноси во зависност од културата… До 25-ти декември земјоделците можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции за градинарско производство на отворено и во пластеници. Оствареното производство треба да е предадено на регистриран ...

Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција Германската национална авиокомпанија Lufthansa ќе отпушти околу 400 вработени за да се справи со очекуваниот пад на заработката, пишува германскиот магазин Manager. „Авиокомпанијата ...

Амазон започнува конкуренција за Тема и Шеин со „неверојатно ниски“ цени Амазон лансираше нова платформа наречена Haul, која ја ограничува максималната цена на производот на 20 долари (15,79 фунти), со цел да се натпреварува со гигантите за шопинг со попуст како што се Temu и Shein. Гигантот за онлајн шопинг го претстави Haul како искуство само за мобилни телефони за американските купувачи во рамките на својата апликација за купување во ...

Германските шпедитерски здруженија предупредија на можен недостаток во предбожиќната сезона поради недостиг на возачи на камиони. „Апелираме до граѓаните да испратат пакети со подароци што е можно порано, бидејќи може да дојде до одложување на испораките во декември“, изјави за весникот „Билд“ Дирк Енгелхард, портпарол на Федералната асоцијација на шпедитери и логистика (BGL). Енгелхард објасни дека сè повеќе Германци купуваат преку Интернет и ...

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни има волја за доближување на ставовите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера (17 ноември) по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ...

Има волја за учество и јасен став околу грејс периодот и рокот на отплата на унгарскиот кредит, ама останува нејасен делот околу каматата. Ваков е епилогот по денешната средба на премиерот Мицкоски со Македонската банкарска асоцијација. Под кои услови и со која каматна стапка банките ќе го нудат унгарскиот кредит на бизнисмените, се уште не е дефинирано, затоа што владата не постигна договор со Македонската банкарска асоцијација на денешната ...

Бројот на овци во последните десет години е намален на 250 илјади, а бројот на крави за преку 100 илјади. Според сточарите причината за ваквата состојба се скратените субвенции за оставено женско јагне и на субвенции за женско теле кој што досега беа исклучени. За да се подобри состојбата во сточарството, сточарите предлагаат да се воведат грантови за купување на високопродуктивни овци и крави. -Ако оваа власт има за цел да го подобри ...

Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од заемот од унгарската Влада, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски. -Состанокот би го поделил во три дела, и тоа првиот дел е оној што се однесуваше на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проеткот и третиот дел е поврзан со каматнаата ставка, ...

Биткоинот го забележа првиот пад по десет дена раст на крилата по победата на Доналд Трамп на изборите во Соединетите Американски Држави. Неговата вредност падна за 0,73 отсто на 85.260,37 евра во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути, Binance. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 80,78 милијарди евра, што претставува висока вредност. Индексот на страв и алчност за Биткоин денес е на ниво од 80 во ...

Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари. Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември. Овој трошок ...

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието (АФПЗРР) Илија Стоилев во емисијата Студио 10 најави дека до крајот на оваа година ќе се исплатат сите заостанати субвенции и голем дел од 2024 година. – Со доаѓањето на Владата се доделија 600 милиони денари за подмирување на долгови за неисплатени субвенции за изминатите 2021, 2022 и дел од 2023 година, некои мерки воопшто не беа исплатени, некои половично па беа доплатени. Со ...

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи американската централна банка, според нејзиниот претседател, би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 1,6 отсто, на 106,67 поени. Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за ...

Имајќи предвид дека се разгледуваат нови правила за употреба на ГМО техники во земјоделството, од ЕУ доаѓаат нови предупредувања за промените што овие правила ги носат за граѓаните и безбедноста на храната. Олеснувањето на прописите за ГМО храната е сериозна закана за безбедноста на храната и граѓаните кои ја консумираат, предупреди Билјана Борзан од Комитетот за заштита на потрошувачите во Европскиот парламент. Како што објасни таа, Европската ...

Златото се тргуваше во близина на најниското ниво во последните два месеци, на пат за најлоша недела од јуни 2021 година, бидејќи трговците ги намалија очекувањата за намалување на каматната стапка на Федералните резерви следниот месец. Златото паѓа шест дена по ред и е поставено на неделна загуба од повеќе од 4%. Трговците ги намалија очекувањата за пониски стапки во декември, а приносите на американските обврзници чувствителни на политиката ...

Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето… Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика во нивниот „Статистички годишник“ вклучуваат информации за засадените површи и произведените количини од 1997 година. Земјделските култури и нивното одгледување ...

Економијата на еврозоната би требало уште повеќе да заостанува зад САД, објави во петокот Европската комисија, откако ја намали прогнозата за раст за 2025 година на 1,3 отсто. Ова намалување во однос на претходната прогноза во мај, која предвидуваше раст од 1,4 отсто, укажува на растечки песимизам за економските перспективи на ЕУ, која се повеќе заостанува зад САД, пишува Фајненшл тајмс. Оценките на Брисел остануваат пооптимистички од оние на ...

Бугарија треба да побара заштитни мерки од Европската комисија во врска со увозот на украинскиот мед. Барањето ќе биде поднесено за време на состанокот на министрите за земјоделство и рибарство на ЕУ во понеделник во Брисел. Позицијата на земјата нагласува дека остриот пораст на увозот на мед во Украина создава тешкотии за локалните производители, бидејќи големите количини што се носат на европскиот пазар по ниски цени ја намалуваат вредноста ...

Исплатени се 70.417.380,00 денари кон 1.297 корисници за растително и сточарско производство од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Воедно, исплатени се и 7.194.500,00 денари кон 42 корисници од мерката 214.3 од Програмата за рурален развој за 2023 година. Продолжува исплатата на заостанатите средства кон земјоделците. Грижата кон земјоделците ...

„Индексот на финансискиот развој на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој го отсликува опсегот, пристапот и ефикасноста на финансиските институции и финансиските пазари, за нашата земја изнесува 0,26, што не позиционира меѓу најдобро рангираните во регионот. Ова покажува забележителен напредок во нивото на финансиското посредување и неговото унапредување. Сепак се уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија, што укажува на ...

Девизниот прилив од туризмот во Србија, во првите девет месеци од годинава, изнесува 2,1 милијарди евра, што е за 11 отсто повеќе во однос на истиот период од 2023 година, изјави министерот за туризам и млади Хусеин Мемиќ, нагласувајќи дека Србија и понатаму бележи рекорди во девизниот прилив, како и во бројот на странци кои ја посетуваат, јави дописникот на МИА од Белград. -Вкупниот девизен прилив од туризмот во 2023 година изнесува 2,6 ...

Бугарија доби уште една тешка „казна“ за негодувањата во водоводниот и санитарен сектор. Европската комисија соопшти дека земјата ја прекршува европската легислатива за урбана канализација на штета на населението. А бидејќи Софија не е засегната со жолтите картони досега, Брисел го предава случајот на Судот на ЕУ. Европската комисија во своите причини наведува дека постои директива која ги обврзува сите земји од ЕУ да ја имаат потребната ...

„Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот. Буџетот на Владата е зголемен точно заради колегата Фатмир Битиќи којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на денешната Комисија за ...

Скопје

1ᴼ/1ᴼ
1.03
80%
1018

Белград

5ᴼ/1ᴼ
3.09
93%
1016

Софија

2ᴼ/2ᴼ
1.05
80%
1018

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
1.43
64%
1017

Љубљана

5ᴼ/3ᴼ
1.03
93%
1015

Атина

16ᴼ/12ᴼ
1.34
79%
1016

Тирана

8ᴼ/8ᴼ
1.54
87%
1017

Подгорица

7ᴼ/5ᴼ
1.54
87%
1017
Currency

61.525

Currency

58.4076

Currency

73.5933

Currency

37.8261

Currency

41.3975

Currency

65.7588

Currency

8.02831

Currency

0.58249

Currency

0.37652

Currency

0.5266

Currency

1.68784

Currency

0.69047

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

498022 $

Рутениум

15530 $

Калај

28 $

Сребро

973 $

Злато

82427 $

Бакар

8 $

Паладиум

30032 $

Платина

30180 $

Родиум

148713 $

Цинк

96631 $