„Северна Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор во зоните. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Северна Македонија, туку и на целиот регион, кажа министерот за економија и труд Басар Дурмиши на бизнис форумот и деловни средби меѓу Република Северна Македонија и ...

Руската државна компанија „Гаспром“ планира да произведува гас на некои полиња уште 110 години, изјави генералниот директор на компанијата Алексеј Милер. Тој нагласи дека „Гаспром“ е светски лидер во однос на резервите на гас и дека овој извор на енергија ќе биде доволен за многу години. „Нема сомнеж дека нашите клиенти ќе имаат доволно гас многу, многу години, а во некои полиња ќе го произведуваме до 2134 година“, рече Милер. Тој додаде дека ...

Во четвртокот Централната банка на Турција ја намали каматната стапка за 250 базични поени на 47,5 отсто. Тоа беше прво намалување на стапката во период од околу две години, јавува Anadaolu Agency. Од мај 2023 година до овој март, банката ја подигна стапката од 8,5 отсто на 50 отсто, а на последните осум состаноци ја одржуваше стапката константна. Анадолу, анкетирајќи економисти, предвиде дека банката ќе ја намали стапката за 150 базични поени. ...

Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблем за економијата. Во претходната јунска прогноза, Светска банка очекуваше кинеската економија да порасне за 4,8 отсто во 2024 година и за 4,1 отсто во 2025 ...

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ. Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека минималната плата во Турција во 2025 година ќе изнесува 22.104 турски лири (604 евра), што претставува зголемување за 30 отсто. Економистите очекуваат зголемувањето на минималната плата, кое погодува околу девет милиони работници и се смета за репер за зголемување на платите во приватниот сектор, да ја зголеми инфлацијата во наредните месеци. Според пресметките на Ројтерс врз основа на ...

Просечната плата (бруто) пресметана за октомври 2024 година изнесува 136.173 динари, додека просечната нето плата изнесува 98.538 динари(842 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија. Растот на бруто и нето-платите во периодот јануари-октомври 2024 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,4 отсто, а реално 9,3 отсто, соопшти РЗС. Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за ...

Европа се бори со недостиг на јаболка, a цените растат. Најголем дел од државите од Европската Унија(ЕУ) се соочуваат со намалување на производството на јаболка во последната сезона и тоа на најбараните сорти. На пазарите веќе има недостиг од овошје, а цените на мало се зголемуваат. На еден од најголемите светски саеми за јаболка во Италија, производителите, извозниците и експертите неодамна зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат ...

Кина денеска усвои закон за данок на додадена вредност, со што во еден документ се консолидираа претходните прописи кои беа на сила, објавија кинеските медиуми. Законот, кој беше усвоен на седница на Постојаниот комитет на Народниот конгрес, националното законодавно тело, ќе стапи на сила на 1 јануари 2026 година, пренесува Ксинхуа. ДДВ, најголемата даночна категорија во Кина, сочинуваше околу 38 отсто од националните даночни приходи во 2023 ...

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната кошница, ќе донесеме поригорозни мерки како ограничување на профитни маржи и цени, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што истакна на денешната прес – конференција, екипите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и прават анализи како се движеле цените во изминатите три месеци. ...

Претставниците на ЕЦБ очекуваат стабилизирање на инфлацијата Аналитичарите ги ревидираа надолу своите прогнози за економскиот раст на еврозоната во 2025 година. од 1,2% на 1%, објави Блумберг. Експертите анкетирани од агенцијата исто така ја намалија својата прогноза за 2026 година. – наместо 1,4% сега очекуваат раст од 1,2%. Водечката економија во еврозоната, Германија, ќе порасне за само 0,4% во 2025 година, а во 2026 г. оваа бројка ќе биде ...

Според проекциите за населението до 2070 година што ги направи Државниот завод за статистика, бројот на лица на возраст од 65 или повеќе години би учествувал во вкупното населени со процент меѓу 21,2 и 39 отсто. Во 2022 година, нивното учество било 17,4 проценти. Пензискиот систем на Северна Македонија се соочува со значајни предизвици, вклучувајќи голем дефицит, потенцијална ерозија на адекватноста на надоместоците и нееднакво ниво на ...

Со внимание ја следиме јавната дискусија иницирана од истражувачката сторија и документарниот филм „Украдени животи” на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ). Групацијата на небанкарски финансиски друштва, како и досега, со должна почит пристапува кон сите новинарски извештаи и ја почитува професионалноста и независноста на новинарите во земјата. Во поддршка на истражувањата, меѓу кои е и последното на ИРЛ, финансиските друштва се на иста ...

„Свет полн со добрина е свет полн со можности“ Празниците се време за споделување и дарување, среќа и радост за секого. Сепак, не сите можат да ја почувствуваат празничната магија и да си обезбедат достојна празнична трпеза. Токму затоа, во духот на хуманоста и солидарноста, НЛБ Банка ги замени традиционалните корпоративни подароци со значајна донација во храна за оние на кои таа им е најпотребна. И годинава, Банката во соработка со Црвениот ...

Заклучно со ноември, штедните влогови на граѓаните во домашните банки достигнаа 6,2 милијарди евра. Истражувањето на јавното мислење што го спроведе Фондот за осигурување депозити (ФОД) покажа дека дури 72,7 % од испитаниците изјавиле дека банките се сигурно место за чување на нивните заштеди. Резултатите покажуваат дека 83,6 отсто од анкетираните знаат дека ФОД ги гарантира банкарските депозити. Сепак, сè уште има луѓе што се убедени дека тоа ...

На неколку дена пред празниците, Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите. Причина за ова е спор во индустријата за транспорт на пари и други вредни предмети. Всушност, станува збор за работниците за транспорт на пари до финансиски институции низ државата. Работниците се уште не нашле заеднички јазик со работодавачите, поради што се закануваат со штрајк, пренесува Б92. Надлежните признаваат дека е можно поради штрајкот да ...

Економските експерти со поделени мислења околу предлогот за зголемување на ДДВ. Едни се против зголемувањето и сметаат дека тоа уште повеќе ќе ја зголеми сиромаштијата и сивата економија во државата, други, пак, сметаат дека потребно е да се зголемат даноците за да се намали државниот долг. Според нив, Владата тактизира и чека да поминат локалните избори, а потоа да го зголеми ДДВ. Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека ...

Таа оцени дека премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, потфрлиле во најважниот сегмент – економијата и животниот стандард на граѓаните. Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок. Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62 861 денар, што е зголемување за 840 денари во споредба со ...

Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во ...

Од МЗШВ информираат дека продолжува тековната исплата на финансиска поддршка и денеска кон земјоделците. Кон 32.798 земјоделци се исплатија 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година. Плаќањето се изврши кон 23.626 корисници во износ од 392.148.316 денари за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ...

Народната банка на Србија соопшти дека донела прописи кои се во нејзина надлежност, со кои, како што се наведува, ќе се овозможи имплементација на државната програма за станбен кредит за млади. Извршниот одбор на Народната банка на Србија на вонредна седница одржана на 20 декември 2024 година донесе прописи од надлежност на НБС со кои ќе се овозможи спроведување на Државната програма за станбени кредити за млади, соопшти централната банка. ...

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа го кажавме и тоа ги правиме, правиме измена на Законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските платаи. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски. -Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но тоа право нема да ...

Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува забрзување на извозот со понатамошно закрепнување на светските услови, како и позитивен придонес на личната потрошувачка при раст на расположливиот доход и очекувања за солидно ...

Не е тајна дека Бил Гејтс е оптимист за вештачката интелигенција, но тој сега предвидува дека технологијата ќе биде трансформативна за сите во следните пет години. Подемот на вештачката интелигенција предизвика стравувања дека технологијата ќе елиминира милиони работни места ширум светот. Меѓународниот монетарен фонд објави оваа недела дека порастот на вештачката интелигенција може да влијае на околу 40 отсто од работните места ширум светот. ...

Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не очекуваат следната година да биде нешто многу поразлична од претходните две во овој поглед, а од текстилната индустрија веќе ги чувствуваат последиците со намалување на извозот за 20-тина проценти. Од Германската стопанска комора, пак, уверуваат дека кризата во Германија нема да се рефлектира врз работните места во ...

Апликацијата за пораки Телеграм во 2024 година постигна приходи повисоки од милијарда долари, изјави извршниот директор на компанијата Павел Дуров. „Годината ја завршуваме со повеќе од 500 милиони долари во готовински резерви, без да се вклучи крипто имотот“, истакна Дуров преку својата платформа. Според него, 2024 година се покажала како исклучително успешна за Телеграм, а по првпат во трите години од монетизацијата, компанијата станала ...

Минималните трошоци на едно семејство во декември се зголемени за 840 денари во однос на ноември, покажуваат податоците со кои се пресметува висината на синдикалната потрошувачка кошничка. Најмногу пари, односно 23.075 денари се потребни за храна и пијалоци или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.728 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.020 денари или 9,6 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот ...

Критичарите го нарекоа Илон Маск „претседател во сенка“ на Соединетите држави, откако тој се вмеша во усвојувањето на нацрт-законот за финансирање на федералната влада. Ова го објави Вашингтон пост. Милијардерот го искористи својот влијателен профил на социјалните мрежи X во средата за да ги притисне републиканците во Претставничкиот дом да го отфрлат предлог-законот за трошење што би ја држел федералната влада отворена три месеци. Според ...

Процесот за распределба на средствата од унгарскиот кредит е во завршна фаза, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, по новогодишните празници, банките ќе почнат активно да ги пренесуваат средствата до компаниите. На прашање од новинарите, премиерот не можеше да предвиди дали ќе се искористи целиот износ од 250 милиони евра достапни преку кредитот. Иако првично се очекуваше дека фирмите ќе почнат да ги добиваат средствата уште во ...

Податоците објавени од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Женева покажуваат дека мигрантите играат сè поважна улога на светските пазари на труд. Во Северна, Јужна и Западна Европа, уделот на странски работници се зголеми од 22,5 отсто на 23,3 отсто помеѓу 2013 и 2022 година. Уделот на мигрантите во работната сила е особено висок во Европа, Северна Америка и арапските земји. Ова делумно се должи на стареењето на населението во тие ...

МВР Билтен

54 минути - МИА
weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
11.83
49%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
4.63
35%
1020
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
8.23
37%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
12.62
58%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
41%
1020
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.26
47%
1017
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
47%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
54%
1019
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
9.77
41%
1006
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
11.83
28%
1019
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 8ᴼ
6.69
57%
1015
Currency

61.525

Currency

56.0037

Currency

71.6682

Currency

34.3562

Currency

39.2335

Currency

66.3

Currency

7.57193

Currency

0.64317

Currency

0.3847

Currency

0.52535

Currency

1.46199

Currency

0.64094

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14262.50

Рутениум

20190.67

Калај

33.78

Сребро

977.48

Злато

99197.17

Бакар

8.49

Паладиум

28678.47

Платина

28984.48

Родиум

170398.96

Цинк

2.61