Социјалната помош и додатоците за повеќе ранливи категории ќе се зголемат, објави министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, на трибина во рамките на Платформата „100 отсто Посветено за тебе“. Оваа иницијатива, посветена на социјалната и здравствената заштита, најавува конкретни мерки за зголемување на финансиската поддршка за граѓаните. Според новите мерки, посебниот додаток за деца со посебни потреби ќе биде ...
Признание и парична награда за долгогодишна посветеност и труд добија 20 вработени во Комерцијална банка. Јубилејните признанија на вработените им ги врачи д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, на традиционалната прослава за Денот на штедењето, организирана од Македонската банкарска асоцијација. Д-р Штериева им ги подели јубилејните признанија на вработените кои со децении ја ...
Годишната стапка на инфлација во Турција падна во октомври од 49,38 отсто во септември на 48,58 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика (Туркстат). Ова е петти последователен пад на годишната инфлација во Турција, која сега е најниска од јули 2023 година. Цените на домувањето, водата, струјата, гасот и другите горива се зголемени за 89,39 отсто, транспортот за 26,14 отсто, мебелот, покуќнината, рутинското одржување на куќите за ...
Дебитните и кредитните картички во општата популација на Грција достигнуваат рекорди на сите времиња, а истовремено сè поголем број трговци секојдневно ги користат платежните картички дури и за купувања од мала вредност. Конкретно, според податоците на Банката на Грција, објавени во нејзиниот неодамнешен Извештај, активните платежни картички во оптек изнесуваат 20,7 милиони на 30 јуни годинава, објави Катимерини. Учеството на дебитните и ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември годинава, изнесува 5 861.1 милион евра и бележи пад од 6.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 205.4 милиони евра, што е за 0.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит е 2 344.3 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика. ...
Компаниите во Германија се повнимателни во врска со нивните планови за ангажирање на персонал. Ова го покажува најновото истражување на пазарот на трудот на минхенскиот институт „Ифо“, чии заклучоци ги објави БТА. Барометарот за вработување на „Ифо“, кој известува за намерите на германските компании да вработат нови работници во следните три месеци, падна на 93,7 поени во октомври, што е негово најниско ниво од јули 2020 година. Во септември ...
Од вечерва на полноќ поевтинуваaт сите видови горива, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1,5 денар, и ќе изнесува 77 денари по литар. За 1,5 денари се намалува и ЕУРОСУПЕР 98+ и ќе изнесува 77,5 денари. Поевтинува и цената на мазутот, и од утре ќе се продава по 43 денари, додека екстралесното ...
Компаниите се соочуваат со нов тренд наречен „тивко отпуштање,“ каде што создаваат неподносливи работни услови за да ги поттикнат вработените да си дадат отказ, наместо формално да ги отпуштат. Оваа стратегија се користи за да се намалат трошоците за отпремнини и да се отворат позиции за вештачка интелигенција (AI). Пример за тоа е Amazon, која воведе строга политика за враќање во канцеларија пет дена во неделата, што предизвика незадоволство ...
Швајцарија би можела да биде изложена на ризик од лизгање на територијата на дефлација следната година бидејќи посилниот швајцарски франк ги попречува напорите на креаторите на политиката да се справат со растечките цени Швајцарската народна банка ги намали каматните стапки по трет пат оваа година во септември, наведувајќи ја силата на рајската валута како клучен двигател на падот на стапката на инфлација во земјата, заедно со пониските цени на ...
БРИКС ќе се стреми следната година да донесе повеќе полноправни членки во организацијата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „По самитот во Казан, руското претседателство испрати покани до неколку земји кои се пријавија да се приклучат на нашата работа. „Постои консензус меѓу постојните членки на БРИКС за десет такви земји“, рече Лавров. Тој додаде дека голем број земји бараат полноправно членство. „За ова прашање ќе се ...
Во периодот од 28 октомври до 1 ноември, Управата за јавни приходи имаше чест да биде домаќин на Мајкл Харди и Дмитриј Јегоров, претставници од администрацијата на приходите на ММФ ФАД. Целта на еднонеделната посета беше да се направи длабински преглед на зрелоста на клучните функции на даночната администрација, како и да се анализираат резултатите од претходните препораки за развој на капацитетите на УЈП. За време на посетата, беа одржани ...
Денеска се очекува на иста маса да седнат Министерството за економија и труд, Сојузот на синдикати, и Организацијата на работoдавачи. Копјата ќе се кршат околу висината на минималната плата, која треба да се коригира во март, но сега треба да се обезбедат пари во Буџетот за 2025 година. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, јасно посочи дека на сметка Функции на државата има оставено 2 милијарди денари коишто ќе се користат во ...
До 14-ти ноември сите оризопроизводители кои имаат намера да купат комбајн за жетва на оризот и имаат најмалку 1 хектар со оваа култура, можат да побараат финансиска помош од Платежната агенција. Аплицирањето е електронски, а барањата со ист број бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување … Сите земјоделци кои имаат повеќе од 1 хектар со ориз, ќе можат да аплицираат за набавка на комбајни за жетва со сецкалици или мобилни ...
Американскиот милијардер Ворен Бафет моментално поседува повеќе од 325 милијарди долари во готовина, откако оваа година продаде акции на Apple и Bank of America вредни неколку милијарди долари, а значајна добивка оствари и од различни компании Berkshire Hathaway. Во исто време, Бафет не направи некои поголеми аквизиции оваа година, пишува АП. Berkshire соопшти дека продал повеќе акции на Apple во третиот квартал, откако ја преполови својата ...
До 30 април 2025 година дозволени се трансакции во оваа област САД одобриле трансакции со некои руски банки во енергетски трансакции, се вели во документот објавен од Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии. До 30 април 2025 година, дозволени се трансакции во оваа област со банките Внешекономбанк, Откритие банка, Совкомбанк, Сбербанк, ВТБ, Алфа банка, Росбанк, Зенит и Св. Петербург, Националниот ...
PepsiCo планира да затвори четири фабрики за флаширање во САД и да отпушти речиси 400 работници како дел од напорите за рационализирање на своето работење. Ова го изјавија од компанијата, пренесе АП. Затворањето ќе влијае на 136 работници во Синсинати, 131 во Чикаго, 127 во Харисбург, но и помалку од 50 во Атланта. Погонот во Чикаго е единствениот што целосно ќе се затвори. PepsiCo го потврди затворањето претходно оваа недела. Компанијата ...
Предвидувањето е од поранешниот шеф на Гугл Ниската цена на производството и високата ефикасност на автоматските системи за ударни беспилотни летала наскоро ќе ги направат застарени традиционалните средства за војување, вклучувајќи тенкови и артилерија. „Војната со дронови, која е иднината на конфликтот, на крајот ќе ги принуди сите да се ослободат од тенкови, артилерија и минофрлачи. САД имаат илјадници тенкови складирани некаде, наместо тоа ...
Околу 23 проценти од вработените во Србија би прифатиле намалување на платата за да ја задржат можноста да работат од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од платформата Осигуреник, во соработка со Инфостуд, пренесува „Бета“. Истражувањето откри дека 65 проценти од помладите испитаници би барале нова работа доколку нивниот работодавач ја укине можноста за работа од дома, додека повозрасните испитаници не се подготвени за ...
Република Српска сака да финансира свои проекти преку БРИКС, а не преку Eвропската Унија(ЕУ). Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека официјална Бања Лука ќе се обиде да обезбеди финансирање за некои проекти преку инструментите на БРИКС, а не преку европските институции. Додик порача дека соработката со Новата развојна банка на БРИКС, која покажа интерес за инвестирање во региони надвор од асоцијацијата, може да стане ...
Одлуките на БРИКС ќе го забрзаат, како што кажа францускиот економски експерт Жак Сапир, движењето кон „глобална дезападизација“. Тие опфаќаатинституционализација на категоријата „земји партнери“ во рамките на БРИКС, создавање на системот „БРИКС клир за олеснување на размената меѓу членките и земјите партнери и основање друштво“ за (ре)осигурување на БРИКС Низа важни одлуки донесени на неодамнешниот самит на економскиот сојуз БРИКС во руски ...
Колку помалку пари има, толку е попопуларно онлајн купувањето. Ова важи за сите држави во ЕУ, а посебно за Германија. Имено, речиси три четвртини од Германците купиле нешто на кредит, покажува истражувањето на институтот „Југоу“(YouGov“) за Тим Банк (Tim Bank). Од 3.160 граѓани на возраст од 18 до 79 години од репрезентативен примерок, 73 отсто користеле барем еден вид на купување на кредит, јави агенцијата ДПА. Најпопуларна опција е ...
Да се поседува НЛБ haPPy картичка овој месец е вистинска привилегија. Сите нови и постоечки корисници на НЛБ haPPy картичките во промотивниот период до крајот на ноември, ќе имаат можност за секоја направена трансакција, да добијат двојно поголем поврат на средства – од 1,2% од вредноста на трансакцијата, па сè до максимални 24%, во зависност од продажното место. Во рамки на промоцијата, корисниците на НЛБ haPPy кредитните картички за секоја ...
Имплементацијата на ЕСГ стандардите во корпоративниот сектор во земјава ќе придонесе кон креирање на одржлив раст и деловна клима која ќе ја подобри конкурентноста и финансиската стабилност на компаниите. Иако земјата се уште не е дел од Европската унија и воведувањето на ЕСГ стандардите не е обврзувачко, сѐ повеќе се зборува за нивна имплементација. Истражувањата покажуваат дека сепак само 4% од компаниите во земјата имаат модел за ...
Усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на високо ниво, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Во извештајот се нотира дека монетарната политика беше соодветно поставена за справување со високата инфлација, како и дека инфлацијата е намалена од 19,8% во октомври 2022 година на 2,2% во август 2024 година. Во Извештајот се нагласува и ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на дернешната прес-конференција рече дека следната година во буџетот за 2025 ќе има 17 милијарди денари повеќе за поддршка на Фондот за пензиско осигурување, што е околу 276 милиони евра плус. – Одобрени се 15 милијарди денари за ставката за пензии, плус 2 милијарди денари за Фондот за здравство за здравственото осигурување, потврди министерката како одговор на новинарско прашање. Буџетот за ...
Дурмиши најави Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа, рече, ќе има и рамазанска, велигденска,… Кошничките ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните. До 1 360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. -Очекувам од ноември дополнително намалување на цените зашто почна ...
Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 ноември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале до сега, може да се пријават електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за купување храна, која студентите може да ја користат од ...
Во предлог-буџетот за 2025 година има резервирано пари за евентуално зголемување на минималната плата во висина од 2 милијарди денари. Ова го изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска, образложувајќи го предлог-буџетот. – Плус имаме 2 милијарди денари како резерва, за кои ќе знаеме како ќе се трошат во зависност од тоа што е договорено на Економско-социјалниот совет што го предводи министерот за економија – истакна ...
„Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие сочинуваат околу 60% од нивната финансиска актива. Уште позначајно е што учеството на денарските депозити во вкупните заштеди на домаќинствата веќе надминува 50%, со што продолжува трендот на денаризација. Довербата во банкарскиот систем се огледа и во растот на долгорочните депозити со двоцифрени стапки на раст, ...
Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите, покажа истражување објавено минатата недела. Исланд лани забележа побрз економски раст од повеќето европски земји, а неговата стапка на невработеност е една од најниските во Европа. Истражувачите откриле дека продуктивноста останува иста или подобрена на повеќето работни места. Здравјето на вработените и ...