Технолошките компании ги зголемуваат своите инвестиции во т.н „суверени“ модели на вештачка интелигенција кои имаат за цел да ја подобрат нивната конкурентност преку развивање локална инфраструктура, пренесува CNBC. Концептот на „суверенитет“ на податоците сугерира дека информациите на корисниците треба да се собираат и складираат во земјата, или барем на континентот каде што живеат. „Идејата за суверени модели на вештачка интелигенција е ...

Турција доби понуда да стане земја партнер на БРИКС, изјави денеска турскиот министер за трговија Омер Болат. Во интервју за литванската веб-страница Tvnet.lv, Болат рече дека тоа е „транзициски процес“, пренесе РИА Новости. Тој додаде дека приклучувањето кон БРИКС ќе донесе значителни придобивки за Турција, бидејќи ќе овозможи соработка со сите најважни глобални платформи. Како што изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на ...

Земјите од ЕУ вештачки ја уништуваат побарувачката на гас на штета на сопствените економии, што ќе доведе до натамошен пад на потрошувачката на гас во Европа и затворање на енергетски интензивните индустрии, објави „Газпром“. „Политиката на земјите од ЕУ доведе до натамошен пад на потрошувачката на гас, затворање на енергетски интензивните индустрии и префрлање на производствените капацитети во други региони. Европската потрошувачка на гас ќе ...

Во извештајот Kaspersky Security Bulletin: Криминален софтвер и финансиски сајбер закани во 2025 година, експертите на компанијата ја споделија својата визија за еволуцијата на сајбер безбедноста во финансискиот сектор во 2025 година. Еден од трендовите нагласени во извештајот е дека додека бројот на традиционални банкарски или финансиски напади на малициозен софтвер на персоналните компјутери опаѓа, сајбер заканите за паметните телефони се во ...

Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пад, како и цените на нафтата и златото, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на пченицата. Индексот на Франкфуртската берза DAX денеска во 9:20 часот падна на 19.160,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.044,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.257,64 поени, а московскиот MOEX се искачи на 2.706,91 поени. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта ...

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, во денешната емисија „Вин Вин“ на Телма, рече дека државата не смее да им дели поволни кредити на компаниите и да ја субвенционира каматата од унгарскиот заем од 250 милиони евра, ако претходно некој од тие бизниси веќе добиле каква било форма на државна помош. – Во Македонија е забрането двојното субвенционирање. Тоа треба да се пријави во Комисијата за заштита на конкуренцијата и да се ...

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави во четвртокот дека силниот економски раст на САД ќе им овозможи на креаторите на политиката да одвојат време во одлучувањето колку далеку и колку брзо да ги намалат каматните стапки. „Економијата не испраќа никакви сигнали дека треба да брзаме со пониски стапки“, рече Пауел во говорот пред деловните лидери во Далас. „Силата што моментално ја гледаме во економијата ни дава можност ...

Поради сушата осетно е намален родот на сончогледот, стратешка култура од која се добива маслото за јадење. Земјоделците од Пелагонија бараат дополнителна помош од државата со по седум денари за килограм. Велат не можеме да протестираме и штрајкуваме, но кога лани добивме зошто не и годинава… Пелагониските одгледувачи на сончоглед бараат како и лани, така и годинава, поради елементарна непогода, суша, да им се одобрат дополнителни седум денари ...

Сè повеќе германски граѓани користат кредит „купи сега, плати подоцна“ при онлајн купување, покажуваат најновите податоци на кредитното биро ШУФА. Лани, имено, речиси секој друг кредит бил одобрен за сума до 1.000 евра: со 4,35 милиони овие трансакции биле за 14 отсто повеќе од претходната година, објави Агенцијата ДПА. Кредитната опција ги охрабрува потрошувачите да купуваат бидејќи најчесто доаѓа со ветување дека нема интерес, рече Оле Шредер ...

На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година за да се изборат со последиците од климатските промени, покажува студијата објавена денеска од група водечки економисти од организацијата IHLEG. Резултатите од студијата, која беше претставена во Баку на самитот КОП29 (COP29), сугерираат дека не треба да се чека до 2035 година, кога се очекува богатите земји да се согласат да ги распределат овие средства, пренесува ...

Опозициската СДСМ смета дека поднесениот Буџет за 2025 година е неразвоен и недомаќински. Од партијата утрово потсетуваат дека поднесoa повеќе од 200 амандмани, предлагајќи зголемување на платите во полицијата за 20 отсто, во образованието, здравството, јавниот сектор, пожарникарите. „Тоа значи повеќе пари во џебот на граѓаните, подобар животен стандард, мотивацијата на работниците а ќе овозможи и поквалитетни услуги. Браме поддршка за нивно ...

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година. Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за ...

Државниот завод за ревизија во детална контрола на Акционерското друштво Пошта, пресмета долгови во кредити во износ од 3,5 милиони евра. Континуираните загуби во работењето на АД Пошта резултираат со ненавремена достава на пратките и квалитет на услугите. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија‘‘ во ...

Вчера на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети бидејќи стивна еуфоријата околу изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, додека податоците за инфлацијата беа во согласност со очекувањата. Dow Jones зајакна 0,11 отсто, на 43.958 поени, додека S&P 500 порасна за 0,02 отсто, на 5.985 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,26 отсто, на 19.230 поени. Вчера инвеститорите беа фокусирани на податоците за инфлацијата во САД ...

Изминативе месеци просечната плата во земјава се намалува и останува најниска во регионот, додека во другите држави се прават напори за раст на платите. Федерацијата Босна и Херцеговина носи пакет на закони и мерки со кои минималната плата ќе биде речиси двојно зголемена, од 310 на над 600 евра, додека во Македонија се забележува постепено намалување на просечната плата, а Владата одбива да размислува за зголемување на миминалната. Минималната ...

На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења. Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на Собранието, треба да почне во 11 часот. Владата го усвои Предлог-буџетот на 29 октомври и во него економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7 проеценти, буџетскиот дефицит на четири проценти од БДП, а инфлацијата на 2,2 проценти. Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,838 милијарди денари или ...

Синдикатот не отстапува од барањето за итно покачување на минималната, а со тоа и на останатите плати во државата. ССМ бара Владата што поскоро да го свика економско-социјалниот совет и „да не ја намалува вештачки инфлацијата, за зголемувањето на платите да биде помало“. „Очекувам на крајот на ноември или почетокот на декември, министерот за економија да го закаже социо-економскиот совет и да видиме дали владата има политичка волја да го ...

Економските трошоци за климатските промени веројатно ќе бидат многу поголеми отколку што сугерираат првичните проценки, бидејќи новите анализи ги менуваат моделите што се користат за предвидување на најверојатните исходи, пишува „Bloomberg“. Земајќи ги предвид најновите достапни податоци за климата, вклучувајќи го и рекордното затоплување, „проектираното физичко влијание“ на климатските промени врз глобалниот бруто домашен производ (БДП) е ...

Текстилниот кластер на Управниот одбор одржан на 11.11.2024 со присуство на 11 членови излезе со следното соопштение за јавноста: Текстилната индустрија е важен сегмент за економијата на Република Северна Македонија која вработува над 40.000 работници и е втора извозна гранка после металната индустрија со вкупен извоз од над 500 милиони евра. Развојот на гранката е насочен кон одржливи практики, одговорни набавки и почитување на социјални ...

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во октомври годинава во однос на претходниот месец во просек биле повисоки за 0,6%, соопшти Републичкиот завод за статистика. Споредено со истиот месец од претходната година, потрошувачките цени во октомври пораснале за 4,5%, додека во споредба со декември 2023 година во просек биле повисоки за 3,9%. Според групите на производи и услуги, класифицирани според намената на потрошувачка во ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека треба да се почитуваат законите, вклучително и Законот за јазиците, а за непочитувањето на овој закон во делот на веб страниците и соопштенијата од министерствата, смета дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести била 10 пати помала од сега. – Мислам дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести и активности било 10 пати помала од ...

Биткоинот се тргува близу рекордно ниво, а корисниците на Kalshi (Калши) се обложуваат дека криптовалутата би можела да се искачи над 100.000 долари пред крајот на 2024 година. Податоците од Калши во вторникот покажаа дека 60% од корисниците се обложуваат дека биткоинот би можел да ја надмине границата од 100.000 долари пред јануари. Дополнително, 45% од корисниците се обложуваат дека водечката криптовалута би можела да го достигне тоа ниво ...

Светските цени на храната нагло пораснаа во октомври и сега се највисоки во изминатата година и половина, или од април 2023 година, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во својот најнов извештај. Светскиот индекс на цените на прехранбените производи за октомври изнесува 127,4 поени, што претставува зголемување од два отсто во однос на септемвриските 124,9 поени, соопшти ФАО, објави Политика. Резултатот е ...

Банките за развој (MBDs) најавија дека до крајот на деценијата ќе обезбедат 120 милијарди долари годишно за помош на земјите во развој во справувањето со климатските катастрофи. Ова беше објавено на 12 ноември, во рамките на 29-то издание на конференцијата COP29 во Баку. Целта на овој ангажман е да се помогне на земјите со помали економии да ја намалат емисијата на штетни гасови и да се прилагодат на последиците од климатските промени. Ова ...

„Значајните увозни давачки можат да имаат катастрофални последици за светската економија,“ предупредуваат претставници на Европската централна банка (ЕЦБ), пренесува Ројтерс. Протекционистичките политики на идната администрација на САД, предводена од Доналд Трамп, би можеле да го попречат глобалниот економски раст, и Европа мора да биде подобро подготвена отколку во 2018 година, предупредуваат официјални лица од ЕЦБ. Зголемување на трговските ...

Левица, во партиско соопштение наведува дека има поднесено повеќе амандмани на предлог-буџетот за 2025, во насока на унапредување на домашните капацитети за производство на електрична енергија и за ефективно намалување на енергетската зависност на државата. Главните барања се почеток на изградбата на хидроцентралата Чебрен и активирање на домашните рудни капацитети за јаглен со подземна експлоатација на рудникот Живојно. „ Иако премиерот ...

Кинескиот трговски суфицит е на пат да достигне нов рекорд оваа година. Според проценките на Блумберг, разликата помеѓу извозот и увозот на стоки во Кина би можела да достигне речиси 1 трилион долари до крајот на 2024 година, доколку продолжи да расте со исто темпо. Во првите десет месеци од годинава, трговскиот суфицит на Кина се зголемил на 785 милијарди долари, што претставува највисоко ниво во овој период од јануари до октомври, откако ...

До 14-ти ноември сите оризопроизводители кои имаат намера да купат комбајн за жетва на оризот и имаат најмалку 1 хектар со оваа култура, можат да побараат финансиска помош од Платежната агенција. Аплицирањето е електронски, а барањата со ист број бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување… Сите земјоделци кои имаат повеќе од 1 хектар со ориз, ќе можат да аплицираат за набавка на комбајни за жетва со сецкалици или мобилни ...

Во Германија 3,9 милиони луѓе вработени во металуршката и електротехничката индустрија ќе добијат зголемување на платите во следните две години, јави ДПА. Претставниците на влијателниот германски синдикат „ИГ Метал“ и организациите на работодавачи постигнаа договор за зголемување на платите за 5,1 отсто. Тоа се планира да се направи во две фази. Во април 2025 година ќе бидат зголемени за 3 отсто, а од април 2026 година ќе бидат зголемени за ...

Скопје

0ᴼ/0ᴼ
2.06
86%
1017

Белград

5ᴼ/1ᴼ
2.06
87%
1016

Софија

3ᴼ/0ᴼ
1.03
79%
1018

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
1.58
62%
1016

Љубљана

5ᴼ/3ᴼ
1.03
93%
1015

Атина

16ᴼ/12ᴼ
0.89
78%
1016

Тирана

8ᴼ/8ᴼ
1.54
81%
1017

Подгорица

7ᴼ/5ᴼ
1.54
87%
1017
Currency

61.525

Currency

58.4076

Currency

73.5933

Currency

37.8261

Currency

41.3975

Currency

65.7588

Currency

8.02831

Currency

0.58249

Currency

0.37652

Currency

0.5266

Currency

1.68784

Currency

0.69047

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

498022 $

Рутениум

15530 $

Калај

28 $

Сребро

973 $

Злато

82427 $

Бакар

8 $

Паладиум

30032 $

Платина

30180 $

Родиум

148713 $

Цинк

96631 $