Во четири блок-трансакции со вкупна вредност од околу милијарда денари (16,5 милиони евра) денеска на Македонската берза се истргуваа вкупно 77.364 акции од „Македонијатурист“ коишто претставуваат 17,1 проценти од основната главнина на друштвото. Блоковите се истргуваа по цена од 13.142 денари по акција. Акционерскиот капитал на „Македонијатурист“ е поделен на 452.247 акции, секоја со номинална вредност од 25,56 евра. Во редовното тргување, ...

Акциите и валутите на пазарите во развој се тргуваат со малку промени, бидејќи затворањето на американската влада ги одложува објавите на економски податоци и ги принудува глобалните инвеститори да направат пауза. Индексот MSCI за валути на пазарите во развој се намали за 0.1отсто, додека индексот што ги следи акциите од земјите во развој останува стабилен. Тајландскиот бат заостанува зад другите валути, бидејќи трговците се подготвуваат за ...

Цената на нафтата е на пат да забележи најголем неделен пад од крајот на јуни, во пресрет на состанокот на ОПЕК+, на кој се очекува враќање на дел од привремено запреното производство – што ги зголемува стравувањата од вишок понуда. Суровата нафта „Брент“ (Brent) се тргуваше близу 65 долари за барел, што е пад од околу 8 отсто неделно, додека американската „Вест Тексас“ (West Texas Intermediate) беше под 61 долар. Алијансата треба да се ...

Германската контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека ги суспендирала летачките операции на аеродромот во Минхен во четвртокот навечер поради неколку забележани дронови, што влијаело врз повеќе поаѓања и илјадници патници на вториот најголем аеродром во земјата. Според официјалното соопштение, седумнаесет поаѓања биле откажани, а петнаесет пристигнувања биле пренасочени кон Штутгарт, Нирнберг, Виена и Франкфурт. Безбедноста на патниците е ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп размислува за укинување на „илјадници“ федерални работни места пред средбата со директорот за буџет Расел Воут, во обид Белата куќа да изврши дополнителен притисок врз демократите за да се стави крај на блокадата на владата, која влезе во својот втор ден. „Најверојатно ќе биде збор за илјадници отпуштања“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит нагласувајќи дека „целиот тим во Белата куќа“ работи ...

„Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group, Inc.), каде што долго време имаат оптимистички став за златото, соопшти дека постои простор за натамошен раст на овој благороден метал. Ако приватните инвеститори насочат повеќе капитал кон злато, тоа може значително да ги надмине сегашните прогнози на „Голдман Сакс“ од 4.000 долари по унца за средината на 2026 година и 4.300 долари до крајот на следната година. Банката пред еден месец наведе дека златото би ...

Очекувањата од почетокот на годинава дека до средината или евентуално до крајот на 2025 година Еуриборот, каматната стапка по која банките меѓу себе си позајмуваат пари, ќе падне под два отсто, во моментов изгледаат неостварливо. Шестмесечниот Еурибор во текот на годинава падна на најниско ниво (2,016 отсто) на почетокот на јули, пред состанокот на ЕЦБ, кога креаторите решија да ја дигнат рачната и да го запрат циклусот на монетарно ...

Од вкупно 59.909 субјекти од корпоративниот сектор во Македонија што доставиле годишни сметки во Централниот регистар за 2024 година банките имале кредитна изложеност кон само 19.618 од нив, покажуваат податоците на Народната банка. Убедливо најзадолжени кај македонските банки се компаниите од индустријата кои на крајот од 2024 година должеле вкупно 87,1 милијарди денари (1,41 милијарди евра). Веднаш зад нив, се компаниите од трговијата, ...

„ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.) ја зголеми својата проекција за цената на акциите на „Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) котирани на берзата во Хонгконг за речиси 45 отсто, поставувајќи ја највисоката вредност меѓу аналитичарите што ги следи „Блумберг“. Новата цел од 240 хонгконшки долари (31 американски долар) по акција до крајот на 2026 година значи раст од 36 отсто во однос на затворањето на берзата во вторникот. ...

„Рено“ (Renault SA) и кинески „Чери“ (Chery Automobile Co.) водат разговори за партнерство за производство и продажба на автомобили во Јужна Америка, во обид двата производители да го зголемат своето присуство во регионот, посочуваат добро упатени извори. Разговорите вклучуваат планови за Колумбија и за Аргентина, при што „Чери“ би добил пристап до постојната фабричка мрежа на „Рено“ во замена за обезбедување капитал и дизајн на производи, ...

Според нацрт-предлог во кој „Блумберг“ имал увид, Европската Унија планира да ги зголеми царините за увоз на челик на 50 отсто. Со овој потег, блокот ќе ја усогласи стапката со САД, кои се обидуваат да се спротивстават на прекумерното производство од Кина. Во моментов ЕУ има привремен механизам за заштита на челичната индустрија, кој наметнува царина од 25 отсто на повеќето увози по исцрпувањето на квотите. Таа мерка истекува следната година, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро реагираше кон Виктор Орбан за време на средбата на лидерите на Европската унија во Копенхаген во средата, обвинувајќи го унгарскиот премиер дека ги попречува дискусиите за безбедносните потреби на блокот. Судирот се случи за време на разговорите за тоа како ЕУ може подобро да се брани од заканите од Русија и да ја поддржи Украина, според лица запознаени со расправата, кои зборуваа под услов на ...

„Џеј Пи Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.) ја зголеми својата проекција за цената на акциите на „Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) котирани на берзата во Хонг Конг за речиси 45 отсто, поставувајќи ја највисоката вредност меѓу аналитичарите што ги следи „Блумберг“. Новата цел од 240 хонгконшки долари (31 американски долар) по акција до крајот на 2026 година значи раст од 36 отсто во однос на затворањето на берзата во вторникот. ...

„Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group, Inc.), каде што долго време имаат оптимистички став за златото, соопшти дека постои простор за натамошен раст на овој благороден метал, преминувајќи ја нивната сегашна прогноза, притоа повикувајќи се на зголемениот интерес од страна на приватни инвеститори. Неочекувано силниот прилив на средства во фондови што се базирани на злато го надминал нивниот претходен модел, посочуваат аналитичарите, меѓу кои и Ден ...

„Опен-еј-ај“ постигна договор за помош на вработените да продаваат акции од компанијата која е проценета на 500 милијарди долари, со што сопственикот на Чат ГПТ ја надмина „Спејс Икс“ на Илон Маск и стана најголемиот стартап во светот. Сегашни и поранешни вработени во „Опен-еј-ај“ продале околу 6,6 милијарди долари акции на инвеститори како „Трив капитал“ (Thrive Capital), „Софбанк груп“ (SoftBank Group), „Драгонир“ (Dragoneer Investment ...

По години на одбивање од страна на големите банки, парите на американскиот претседател Доналд Трамп најдоа ново прибежиште: „Ситигруп“ (Citigroup Inc). Синот на американскиот претседател, Ерик Трамп, станал клиент на третата најголема американска банка во која основал фонд каде што сега ќе се чува дел од богатството на неговиот татко, велат добро упатени извори. Соработката почнала уште во ноември лани, откако извршната директорка Џејн Фрејзер ...

Работата на федералната власт во САД е прекината, првпат по шест години. Тоа не значи дека државата целосно престанува да функционира, бидејќи запирањето на основните функции би предизвикало општествен колапс, но економската штета може да биде далекусежна. Вакви настани не се непознати во САД – тие се дел од политичкиот фолклор, заедно со традиционалните кризи околу „плафонот на задолжување“ (што не е исто што и затворање на владата, иако често ...

Додека Брисел го обвинуваат за економска немоќ и заостанување зад Америка и Кина, бројките говорат спротивно: Европската Унија (ЕУ) е единствената голема економија во светот што истовремено остварува суфицит во трговијата и со стоки и со услуги. Со ова, ЕУ стана најголемиот светски извозник на услуги, четири пати посилен од Кина и 58 отсто поголем од САД. И покрај критиките дека ЕУ не може да постигне таков успех, Стариот Континент го докажа ...

Инфлацијата во еврозоната забрза во септември, зацврстувајќи ги плановите на Европската централна банка (ЕЦБ) засега да ги задржи каматните стапки непроменети. Откако во август се совпадна со целта од 2 отсто, потрошувачките цени во септември пораснаа за 2,2 отсто на годишно ниво, поттикнати од базичниот ефект на енергентите и зголемените трошоци за услуги. Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот на денот, во избор ...

Глобалниот долг остана стабилен на ниво од 235 отсто од светскиот БДП, покажуваат најновите податоци на ММФ, но сепак се наоѓа на историски високи нивоа. Додека приватниот сектор ја намалува задолженоста, владите ширум светот продолжуваат да го зголемуваат јавниот долг, што го отвора прашањето за одржливоста на јавните финансии во наредниот период. Долгот на САД кои сега се во буџетска блокада, според најновите податоци на ММФ се зголемил од ...

Со нето-добивка по вработен од 600.000 денари (безмалку 10.000 евра) во текот на 2024 година компаниите од градежниот сектор се убедливи рекордери во Македонија во однос на овој показател за продуктивноста. Податоците на Народната банка покажуваат дека нивната добивка по вработен лани била двојно поголема од просекот на целиот корпоративен сектор, кој изнесувал 300.000 денари (околу пет илјади евра), и е значително поголема од добивката по ...

Инфлацијата во еврозоната забрза во септември, зацврстувајќи ги плановите на Европската централна банка (ЕЦБ) засега да ги задржи каматните стапки непроменети. Откако во август се совпадна со целта од 2 отсто, потрошувачките цени во септември пораснаа за 2,2 отсто на годишно ниво, поттикнати од базичниот ефект на енергентите и зголемените трошоци за услуги. Тоа е во согласност со просечните процени во анкетата на „Блумберг“ во која беа ...

Е-трговијата во Европа доживува силен раст. Се очекува онлајн продажбата да надмине 565 милијарди евра до 2029 година, во споредба со 389 милијарди евра во 2024 година, според истражувањето на консултантската фирма „Форестер“. Секторот за е-трговија ќе сочинува речиси 21 проценти од вкупната малопродажба во Европа. Силна експанзија е присутна и во земјите од регионот Адрија, каде што повеќе од половина од нарачките често доаѓаат преку паметни ...

Раководството на Националната служба за паркови - НСП (National Park Service – NPS) добило инструкции да ги остави отворени повеќето национални паркови доколку дојде до владино затворање, објави „Блумберг бизнисвик“ (Bloomberg Businessweek) повикувајќи се на интерен допис во кој имал увид. Во дописот се наведува дека „патиштата низ парковите, видиковците, пешачките патеки и меморијалите на отворено генерално ќе останат достапни за посетители“. ...

Зголемувањето на упадите со дронови во европскиот воздушен простор ја натера Западната алијанса да започне итно зајакнување на одбраната. Но континентот се соочува со низа предизвици што ќе ја отежнат брзата реакција. Откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, минатиот месец најави дека Европската Унија ќе гради „ѕид од дронови“, официјалните лица и индустриските лидери во Брисел и низ Унијата забрзано бараат начини ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша директива која ќе насочи 50 милиони долари од федералниот буџет кон Националните институти за здравство, со цел да се користи вештачка интелигенција (ВИ) во истражувањето на рак кај деца. Иницијативата има за цел да ја искористи огромната количина податоци кои се собрани во последните години, но кои досега не биле доволно искористени за развој на нови третмани, лекови и превенција. „Години наназад сме ...

Златото достигна ново историско рекордно ниво во моментот кога САД започнаа со затворање на владата, со што се закануваат редица нарушувања, вклучувајќи и одложувања во објавувањето на клучни економски податоци. Цената на златото порасна на 3.875,53 долари за унца, продолжувајќи го растот петти ден по ред. Тоа се случи откако привремениот пакет за финансирање не успеа да го спречи затворањето во Вашингтон, а Белата куќа им нареди на владините ...

Американскиот Конгрес го пропушти крајниот рок на полноќ за усвојување на буџетот, со што започна првото владино затворање во речиси седум години – и трето за време на претседателството на Доналд Трамп. Канцеларијата за буџет на Белата куќа им наложи на федералните агенции да ги активираат плановите за прекин на финансирањето, што значи затворање на владата освен за основните функции. Ова ќе ги наруши работните места на стотици илјади ...

Индустриското производство во август 2025 година е намалено за 3,5 проценти во однос на август 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Кај преработувачка индустрија падот изнесува 1,4 отсто и се должи на помалото производство на прехранбени производи, производство на текстил, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, метали … Паѓаат и каматите. Според податоците на НБРМ, во август 2025 година, просечната каматна стапка ...

Трошоците во градежништвото бележат опаѓање за првпат по осум години, но цените на становите се нееластични на ваквите движења, што придонесува кон проширување на оперативните маржи во градежниот сектор, констатираат од Народната банка во последниот извештај за финансиската стабилност на Македонија за 2024 година. „Вкупните трошоци за изградба на нови станбени згради во 2024 година опаднаа за 7,2 проценти на годишна основа, наспроти растот од ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
72%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
84%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
86%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
10.29
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Паладиум

45879.12

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Никел

471972.96

Платина

53106.37

Сребро

1837.41

Злато

135322.28

Бакар

10.76

Родиум

255598.44

Цинк

3.24

Иридиум

145787.60