Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Во 2024 година е забележано значително намалување на цените на деловните објекти во Македонија, што се должи на намалениот вкупен промет при мало зголемување на вкупната истргувана површина, информираат од Народната банка. „Просечната постигната цена на истргуваните деловни објекти во 2024 година опадна на 20.504 денари за квадратен метар и е под просечната постигната цена во претходната година за 13,6 проценти. Вкупната површина на ...
Кинеските производители на автомобили во август годинава продале повеќе возила од „Рено“ и „Ауди“. Продажбата на возилата од кинеските производители е двојно поголема од август лани, а нивниот удел на европскиот пазар надмина пет отсто. Лани во август изнесуваше 2,9 отсто. Повеќе од 43.500 возила од кинески автомобилски брендови беа регистрирани во август, што е раст од 121 отсто на годишно ниво и повеќе од индивидуалните продажби на неколку ...
„Ексон мобил“ (Exxon Mobil Corp.) планира да укине околу 2.000 работни места на глобално ниво, додека нафтената компанија од Тексас ги консолидира помалите канцеларии во регионални центри како дел од својата долгорочна стратегија за преструктурирање. Намалувањето претставува околу 3 до 4 отсто од вкупната глобална работна сила на „Ексон“ и е дел од тековниот процес за зголемување на ефикасноста, се наведува во меморандумот што извршниот ...
Државниот кинески купувач на железна руда им наредил на големите производители на челик и трговци привремено да прекинат со набавки на сите нови пратки од БХП (BHP Group Ltd.), со што се продлабочува спорот за цените што може да наруши едно од најважните трговски партнерства на овој рударски гигант. Компанијата „Чајна минерал“ (China Mineral Resources Group Co.), создадена од Пекинг за да ја зајакне улогата на земјата во глобалната трговија со ...
Државниот кинески купувач на железна руда им наредил на големите производители на челик и трговци привремено да прекинат со набавки на сите нови пратки од БХП (BHP Group Ltd.), со што се продлабочува спорот околу цените што може да го наруши едно од најважните трговски партнерства на овој рударски гигант. Компанијата „Чајна минерал“ (China Mineral Resources Group Co.), создадена од Пекинг за да ја зајакне улогата на земјата во глобалната ...
Индустриското производство во август 2025 година е намалено за 3,5 проценти во однос на август 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од седум проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација ...
Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,90 проценти и е намалена за 0,01 п.п. и 0,54 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно, соопшти Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 проценти. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август, е повисока за 0,06 п.п. на месечна основа и ...
Компанијата „Електроник Артс“ (Electronic Arts Inc. / ЕА) се согласи на продажба во најголемиот задолжен откуп во историјата, а купувачи се компанијата што ја управува зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер и државниот фонд на Саудиска Арабија. Ова огромна трансакција, која ја вреднува компанијата за видео-игри на околу 55 милијарди долари, претставува најновиот обид на Саудиска Арабија да го диверзифицира своето портфолио надвор од ...
Инфлацијата во Франција забрза поради растот во услужниот сектор и помалиот пад на цените на енергентите, но остана далеку под целта на Европската централна банка (ЕЦБ) од 2 отсто. Тоа е нивото што ЕЦБ го смета за оптимално за ценовна стабилност. Потрошувачките цени во втората по големина економија во еврозоната се зголемија за 1,1 отсто во септември во споредба со минатата година, по растот од 0,8 отсто во август, соопшти статистичката ...
Минаа речиси три години откако ЧетГПТ (ChatGPT) на „Опен еј-ај“ (OpenAI) ја стави вештачката интелигенција (ВИ) во фокусот на глобалната економија, а во тој период на берзата во САД доминираше едно име: Величествените седум (англ. Magnificent Seven). Оваа група на компании ги вклучува „Енвидија“ (Nvidia), „Мајкрософт“ (Microsoft), „Епл“ (Apple), „Алфабет“ (Alphabet), „Амазон“ (Amazon), „Мета“ (Meta) и „Тесла“ (Tesla), кои се сметаше дека се ...
Минаа скоро три години откако ЧетГПТ (ChatGPT) од „Опен еј-ај“ (OpenAI) ја стави вештачката интелигенција (ВИ) во фокусот на глобалната економија, и во тој период едно име доминираше на берзата во САД: Величенствените седум (англ. Magnificent Seven). Оваа група на компании ги вклучува „Енвидија“ (Nvidia), „Мајкрософт“ (Microsoft), „Епл“ (Apple), „Алфабет“ (Alphabet), „Амазон“ (Amazon), „Мета“ (Meta) и „Тесла“ (Tesla) и тие беа сметани за ...
Претседателот Доналд Трамп нареди воведување на 10 отсто царини на увозот на меко дрво и граѓа, како и 25 отсто давачки на кујнски елементи, тоалетни масички и тапацирани дрвени производи, што претставува негов најнов обид да ги искористи увозните даноци за зајакнување на домашното производство. Царините треба да стапат во сила од 14 октомври, а дел од зголемувањата ќе стапат на сила на 1 јануари, според прокламацијата потпишана во понеделник. ...
Цената на златото продолжува да урива рекорди на светските берзи и моментално изнесува преку 3.750 долари за унца. Само од почетокот на оваа година, неговата цена изразена во евра е покачена за околу 25 отсто, а за една година овој раст е над 33 отсто. Ова не останува незабележано и кај македонските граѓани, коишто сѐ повеќе се заинтересирани за купување инвестициско злато, покрај веќе традиционалните обичаи на купување злато во вид на накит, ...
Претседателот Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавија дека се согласиле околу план со 20-точки со кој треба да се стави крај на војната во Газа, иако изгледите за мир остануваат нејасни без директно учество на Хамас во преговорите. Трамп изјави дека рамката има поддршка и од други лидери од Блискиот Исток и од земји со муслиманско мнозинство, за време на прес-конференција во понеделник заедно со Нетанјаху, сугерирајќи ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс предупреди дека владата на САД е на пат кон блокада, обидувајќи се да ја префрли вината врз демократите еден ден пред истекот на федералното финансирање. „Мислам дека одиме во блокада бидејќи демократите не сакаат да го сторат вистинското нешто“, изјави Венс во понеделникот по средбата со конгресмени во Белата куќа. „Се надевам дека ќе ја сменат одлуката, но ќе видиме,“ додаде тој. Американскиот ...
Глобалните менаџери на капитал повторно се насочуваат кон Кина по години воздржаност, привлечени од рекордниот раст на акциите и напредокот на земјата во високотехнолошките индустрии. „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.) соопшти дека глобалните хеџ-фондови минатиот месец биле најактивни во домашните акции во последниве години – остар контраст со 2021 година, кога некои од клиентите го сметаа пазарот за „неисплатлив“ за вложување. Добро ...
Кога околу 2018 година телекомуникациската индустрија почна агресивно да го најавува 5Г како следната револуција, очекувањата беа огромни: брзини до стопати поголеми од 4Г, латенција од само неколку милисекунди и можност да се поврзат милијарди уреди во реално време. Визијата беше дека оваа генерација ќе биде основата за автономни возила, паметни градови, интернет на нештата (Internet of things / IoT) и дигитална индустријализација. Неколку ...
Вака или онака, даночникот доаѓа по најбогатите граѓани на Франција. Додека премиерот Себастијан Лекорну се обидува да ја задржи политичката стабилност, 39-годишниот политичар е под притисок од левицата, крајната десница и дури од сопствените центристички сојузници да вклучи повисоки давачки за богатите како дел од напорите за намалување на најголемиот дефицит во еврозоната. Петтиот премиер на земјата за помалку од две години во петокот ги ...
Изнајмувањето возило одамна излезе од клишето рентакар за бизнис или туристичко патување. Тоа веќе не претставува ниту луксуз ниту начин на задоволување некоја конкретна потреба за која немаме соодветно превозно средство, туку повеќе се вбројува во стандардна ставка на трошок или стил на работа и живот. Сѐ почесто компаниите користат изнајмени возила за своите тековни деловни активности, исто како што и луѓето сѐ помалку патуваат со сопствени ...
„Епл“ (Apple) треба да ја претстави својата внатрешна апликација слична на ЧетГПТ (ChatGPT) од „Опен еј-ај“ (OpenAI) како јавна апликација, за да ѝ даде поголем кредибилитет на својата ревидирана стратегија за вештачка интелигенција (ВИ). Компанијата веќе има намера да го модернизира својот виртуелен асистент Сири (Siri), но ако не понуди издржана платформа за вештачка интелигенција, ризикува да остане во сенка на конкурентите. Првичниот пад ...
„Епл“ (Apple) треба да ја претстави својата внатрешна апликација слична на ЧетГПТ (ChatGPT) од „Опен еј-ај“ (OpenAI), како јавна апликација, за да ѝ даде поголем кредибилитет на својата ревидирана стратегија за вештачка интелигенција (ВИ). Компанијата веќе има намера да го модернизира својот виртуелен асистент Сири (Siri), но ако не понуди издржана платформа за вештачка интелигенција, ризикува да остане во сенка на конкурентите. Првичниот пад ...
Данската компанија „Генмаб“ (Genmab A/S) се согласи да ја купи холандската „Мерус“ (Merus NV), производител на лекови што развива терапија против рак на главата и вратот, за околу 8 милијарди долари. „Генмаб“ ќе ги откупи акциите на „Мерус“ по цена од 97 долари по акција во готово, соопштија денеска двете компании. Тоа претставува премија од околу 41 отсто во однос на последната цена на тргување на акциите на „Мерус“ котирани во САД, од 26 ...
Глобалните менаџери на капитал повторно се насочуваат кон Кина по години воздржаност, привлечени од рекорден раст на акциите и напредокот на земјата во високотехнолошките индустрии. „Голдман Сакс груп“ (Goldman Sachs Group Inc.) соопшти дека глобалните хеџ фондови минатиот месец биле најактивни во домашните акции во последниве години — остар контраст со 2021 година, кога дел од клиентите го сметаа пазарот за „неисплатлив“ за вложување. ...
Владеjачката проевропска партија во Молдавија е на пат да освои реизбор, со што ќе ја задржи земјата на курсот за членство во Европската Унија (ЕУ) и ќе го зголеми ризикот од ескалација на тензиите со Русија. Партијата за акција и солидарност на претседателката Маја Санду освои 50,1 проценти од гласовите, задржувајќи го мнозинството и за втор мандат, според привремените резултати од 99,8 проценти од избирачките места. Прорускиот Патриотски ...
Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Габриел Маклуф, изјави дека циклусот на намалување на каматните стапки е при крај. „Релативно гледано, блиску сме до дното,“ изјави ирскиот функционер за „Фајненшл тајмс“. Но, додаде: „Не сме на однапред утврдена патека. Задоволен сум до каде сме, но мора внимателно да следиме што се случува.“ Бидејќи ЕЦБ е уверена дека инфлацијата ќе остане доволно блиску до целта од 2 отсто, ...
Владеачката проевропска партија во Молдавија е на пат да освои реизбор, со што ќе ја задржи земјата на курсот за членство во Европската унија (ЕУ) и ќе го зголеми ризикот од ескалација на тензиите со Русија. Партијата за акција и солидарност на претседателката Маја Санду освои 50,1% од гласовите, задржувајќиг го мнозинството и за втор мандат, според привремените резултати од 99,8% од избирачките места. Прорускиот Патриотски изборен блок, кој ...
Германската компанија „Луфтханза“ соопшти дека планира да укине 4.000 административни работни места до 2030 година — најголемото намалување на персоналот кај најголемата европска авиокомпанија од пандемијата наваму — во обид да ја подобри профитабилноста. Намалувањето на работните места ќе се реализира преку дигитализација, автоматизација и консолидација на процеси, при што најголемиот дел од отпуштањата ќе се случат во Германија, според ...
Златото достигна рекордна цена од над 3.800 долари за унца за првпат, а цените на благородните метали нагло се зголемија, додека трговците ги проценуваат можните последици од потенцијалното одложување на објавувањето на клучните податоци за вработувањето во САД оваа недела што би ја замаглило насоката на монетарната политика на Федералните резерви. Цената на златото се зголеми до 1.4 отсто и достигна нов рекорд од 3.812,05 долари за унца — ...
Дури и ако оружјето замолкне во Украина, економијата на Русија можеби никогаш нема да се повлече од бојното поле. Години на огромни трошоци за одбраната ја држат земјата во состојба на милитаризација, што ги пренамени фабриките за воено производство и ангажира стотици илјади работници. Овој бран ја заштити економијата од пад, но токму тоа ја прави секоја промена на курсот опасна. Кремљ нема намера да се повлече. Претседателот Владимир Путин ...
Американскиот претседател Доналд Трамп постигна своевидна дипломатска победа на последниот самит на НАТО одржан во јуни годинава во Хаг, откако меѓу членките на Алијансата беше договорено во иднина за одбрана да се издвојува по пет отсто од бруто-домашниот производ (БДП), нешто што тој го заговараше уште од својот претходен мандат. Иако во голем број земји членки имаше незадоволство, сите, освен Шпанија, се согласија во период од десет години да ...