Белград
5ᴼ /
5ᴼ
Во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Велес денеска на празникот на Сите македонски светители ќе биде одржан традиционалниот Семакедонски православен христијански собор. Со Светата архиерејска литургија, која ќе започне во 8:45 часот ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на архиереите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на бројно македонско православно ...
Поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи денеска, а на кој ќе учествуваат рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Како што посочува организаторот, одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот. Целта на сите ...
Министерството за образование и наука денеска, на Светскиот ден на учителите, ќе почне национална кампања „Магијата е во знаењето“, насочена кон подигање на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството. Кампањата ќе биде отворена со панел-дискусија која од 10 часот ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Скопје, каде што ќе се разговара за институционалниот пристап кон ...
Американски федерален судија од Орегон вчера привремено го блокираше претседателот Доналд Трамп да испраќа војници на Националната гарда во Портланд, во оваа американска сојузна држава, јави ДПА. Федералниот судија издаде привремена забрана со која се спречува администрацијата да ја стави Националната гарда на оваа држава под федерална контрола и да ја распореди во Портланд најмалку до 18 октомври. Судењето за случајот е закажано за 29 октомври. ...
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, повторно ги повреди препоните и ќе биде надвор од теренот во следните две до три недели, објави синоќа каталонскиот клуб. Информацијата дојде само неколку часови откако Јамал доби повик во шпанската репрезентација за октомвриските натпревари од мундијалските квалификации. Во клупското соопштение на Барселона се наведува дека „проблемот со препоните повторно се појавил“ при настапот на Јамал во поразот од 2-1 ...
Вечерва е пронајдена четврта жртва од поплавите во одморалиштето Елените, изјави директорот на Регионалната полициска дирекција во Бургас, Владимир Маринов. -Добивме пријава од руски државјанин кој ни соошти дека денеска пристигнал од Русија бидејќи немал никаков контакт со сопругата. Семејството има вила во Елените, во крајниот дел од загрозената зона, каде што количествово вода била најголема, рече виш комесар Маринов. Мажот дошол на местото ...
Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го коментираше повторното барање на Сојузот на синдикатите за покачување на минималната плата. Тој рече дека тоа не е барање на луксуз туку реална потреба. „Тоа не е барање од луксуз, тоа е крик на луѓе што живеат со 400 евра месечно, во време кога сметките растат, а кошницата во маркет станува сè полесна. Цела ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, која четири години не успеала да реализира ниту еден капитален проект. „Градот стагнира, проектите стојат, ветувањата останаа само на хартија. Нема донесен Генерален урбанистички план. Не е реконструирана зградата на Противпожарната служба, нема ниту ...
„Нашиот слоган за оваа кампања е „Се бориме за нашиот дом”, и тоа не е случајно,“ нагласи Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Свети Николе. Тој објасни дека идејата за „дом“ е суштината на социјалдемократската политика, држава што се грижи за сите, а не само за избраните. „СДСМ секогаш се бореше и ќе се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта. Дом во кој секој ќе има свое место, не само ...
ВМРО-ДПМНЕ речиси во секој свој спот повторува дека промените не доаѓале наеднаш, дека требало трпение, морало чекор по чекор. Јасно е дека тоа го прават како оправдување за катастрофално лошиот перформанс во првата година и пол откако ја имаат централната и апсолутната власт и за дебаклот во Скопје и општините после четири години локална власт. Правдањето зема радикални размери со обраќањето на Мицкоски лично во еден од спотовите во кој вели ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Свети Николе, ја коментираше последната информација дека Владата склучила договор со фирмата ИРД инженеринг, иако токму оваа компанија беше цел на жестоки напади од ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција. „Денес излезе информација дека Владата склучила договор со ИРД инженеринг – фирмата со која и нашата Влада имаше договор. Тогаш Александар ...
Србија е позната по одгледување сливи, јаболка и малини – сепак, во последно време локалните земјоделци се повеќе заинтересирани за егзотични видови. Еден таков – кој не може да се класифицира ниту како овошје ниту како зеленчук – може да донесе добар профит. Се продава на парче Во Србија, десетици земјоделци го одгледуваат ова растение, а причината е едноставна: на многумина им се исплаќа. Имено, кивано може да се најде во продавниците, но се ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во Велес, истакна дека за година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална незаинтересираност за граѓаните, за мерки за подобрување на животниот стандард. „Помина година и пол од оваа власт. Период во кој имавме сите доволно време да видиме со кој си имаме работа и кои политики ги носи оваа власт. Доволно ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Велес, ја обвини Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да ги заштити работниците, работи за големите олигарси. Филипче посочи дека власта ги одби сите добри законски решенија на СДСМ за покачување на платите и справување со високите цени на храната затоа што поважни им се газдите на маркетите. „Ги одби, ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во Велес, испрати силна порака дека борбата која ја води СДСМ не е само политичка, туку човечка, врз социјалдемократските вредности за достоинството на секој човек што живее од својата плата, за младите што ја гледаат својата иднина дома, и за пензионерите што заслужуваат сигурна старост. „Да биде јасно: оваа борба не е само за СДСМ. Ова е борба за достоинството на секој човек што ...
Во услови на континуирани хибридни закани од страна на Русија насочени против Европската Унија и нејзините земји членки и партнери, Советот на ЕУ реши за уште една година, до 9 октомври 2026 година, да ги продолжи индивидуалните рестриктивни мерки против лицата одговорни за овие дестабилизирачките активности во странство. Со овие санкции досега се опфатени 47 поединци и 15 субјекти на кои им се замрзнати средствата во ЕУ, а на европски граѓани и ...
Ова лето донесе рекордна штета од пожари низ целиот европски континент. Не беа сите земји погодени еднакво: Шпанија и Португалија пријавија најголеми штети, поттикнати од пожари со „невидена интензитет“. Нова студија ја анализира фреквенцијата на шумски пожари во светот и трошоците од предизвиканите штети. Според неа, шумските пожари стануваат сè поразорни и поскапи. Климатските промени го прават природниот амбиент поранлив на пожари. Студијата, ...
Њујорк е град со најмногу милионери во светот, а по него се Сан Франциско, Токио, Сингапур и Лос Анџелес. Според анализата на британската консултантска фирма „Хенли и партнерс“, во Њујорк моментално живеат 384.500 милионери, во споредба со 349.500 претходната година. Од нив, има 818 се со имот од најмалку 100 милиони долари, а 66 се милијардери, објавува „Пословни.хр“. Областа на Сан Франциско е на второ место со 342.400 милионери (претходната ...
Снегот што паѓа од вчера во Србија предизвика хаос, а вонредна состојба е прогласена на четири места – Ивањица, Нова Вароша, Медвеѓа и во областа Ариље. Поради обилните снежни врнежи што паднаа на територијата на Ариље во последните 24 часа, вонредна состојба е прогласена во дел од општината, изјави претседателот на општината, Предраг Маслар. „Најтешко е во селата Добраче, Бјелуша, Бреково, Висока, Радошево и Крушчица, каде што над 1.500 жители ...
Српскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Драган Гламочиќ денеска, за време на неговата официјална посета на Северна Македонија, се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на таа земја Цветан Трипуновски, со кого разговараше за досегашната соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството, како и за можностите за нејзино подобрување во наредниот период. Како што е наведено во соопштението на ...
Скопје мора повторно да дише. Зеленилото не е луксуз, туку услов за здрав град,“ изјави Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, во интервју за Радио Слободна Европа. Во својата програма, Шукова најавува „15 паркови за 15 месеци“, што вклучува ревитализација на постојните паркови и изградба на нови зелени површини во најурбанизираните населби. „Веќе имаме мапирано локации – паркот во Карпош, покрај Вардар, паркот во ...
Се интензивираат изборните активности на учесниците на Локалните избори 2025. На шестиот ден од дваесетдневната кампања за изборите на 19 октомври политичките партии, коалициите и независните кандидати ќе одржат митинзи и средби со граѓани во повеќе делови од земјата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи на кои ќе ги претстави поддржаните кандидати за градоначалници и советници во Теарце, Брвеница, Јегуновце, Ѓорче Петров и во Куманово. СДСМ ...
Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од 16.март, денеска на 25. протестен „Марш за ангелите“ од пред Судот во Кочани, од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побараа целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвинението и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен притвор, како и обезбедување еднаков третман за сите ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Сарај, каде што најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти насочени кон унапредување на локалната заедница и туристичкиот локалитет Матка. „Сарај нема повеќе да биде заборавена општина. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно заживување и развој,“ истакна Ѓорѓиевски, најавувајќи изградба на монтажен паркинг кај Матка кој ќе овозможи уредено ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата. Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива. „Ако сакаме да го намалиме загадувањето на ...
„Јавниот превоз не смее повеќе да биде проблем за граѓаните, туку мора да се изнајде функционално решение,“ порача кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за Радио Слободна Европа. Шукова нагласи дека во нејзината програма постои конкретен и подготвен проект за воведување на БРТ системот (брз автобуски превоз), кој четири години чека на реализација. „Проектот е обезбеден, има финансирање, и ако веднаш се распише ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка Почитувани, Колку лажни лица има ВМРО-ДПМНЕ и оваа влада на Мицкоски? Премногу. Денеска ќе објавиме уште едно. Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“. Јавно на ...
Мора конечно да се стави крај на хаотичната урбанизација во Скопје,“ истакна Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, говорејќи за потребата од нов Генерален урбанистички план, за Радио Слободна Европа. Таа најави дека новиот ГУП ќе се изработува со вклученост на јавноста и дигитална транспарентност, преку алатки што ќе овозможат граѓаните да ги даваат своите забелешки во секој чекор од процесот. „Граѓаните мора да ...
Федералниот апелациски суд во Бостон вчера пресуди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не може да им го одземе државјанството на децата родени во Соединетите Држави од родители кои се во земјата нелегално или привремено. Судот во Бостон стана петтиот федерален суд од јуни што издаде или потврди пресуда со која се блокира извршната наредба на Трамп за државјанство по право на раѓање, одредба што е вградена во 14-тиот ...
Помислете на храната што завршува во корпата за отпадоци, остатоците по оброкот, заборавените предмети во фрижидерот или полуизедените чинии во рестораните. Кога ќе застанеме и ќе размислиме колку често се случува ова, лесно е да се види зошто фрлањето храна стана еден од најголемите еколошки предизвици во Европа. Но, не е само еколошки. Фрлањето храна, исто така, покренува сериозни етички и економски проблеми, како што се случува во свет каде ...