Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Сопственикот на „Северен тек 2“, швајцарската компанија „Nord Stream AG“, нема да добие осигурување за уништувањето на три од четирите цевки на проектот по експлозиите во есента 2022-ра година. Според судската одлука, инцидентот бил резултат на војната во Украина, настан што не е покриен со осигурување, објавува „Bloomberg“. Компанијата поднесе тужба против осигурителите „Lloyd’s Insurance Company“ и „Arch Insurance (EU) DAC“ во лондонски суд ...
Германското Министерство за економија планира да создаде стратешки резерви на природен гас во вредност од 1,5 милијарди евра, објави „Reuters“, повикувајќи се на свои извори. Целта е овие резерви да се користат во вонредни ситуации, како што се саботажи на енергетскиот систем или недостиг на природен гас на глобално ниво. Предвидениот обем на резервите ќе изнесува 24 терават-часа, што е околу 10 отсто од вкупниот капацитет за складирање гас ...
Со доаѓањето на високите температури и сезоната на интензивен тренинг на отворено, социјалните мрежи повторно се преплавени со естетски привлечни шишиња полни со шарени прашоци. Влијателните лица нè уверуваат дека „електролитите“ се клучот за врвна енергија, подобра концентрација и моментално закрепнување. Но, додека вашата исхрана се менува помеѓу „велнес рутини“ и скапи додатоци во исхраната, се поставува прашањето: дали навистина ни се ...
Фискалниот совет на Македонија со своја анализа за економијата на земјава за првата половина од 2026 година. Според ова тело, економските движења во првите пет месеци од 2026 година се обременети со значителна глобална економска и геополитичка неизвесност и несигурност. Војната на Блискиот Исток и нарушениот транспорт на нафтени деривати, минерали и други стратешки стоки во Хормутскиот теснец доведе до ценовен шок и поттикнување на ...
Шпицот на сезоната повторно го крена Охрид на врвот на домашната туристичка мапа, ама овојпат не само по гужвата, туку и по цените. Апартманите во најбараните делови од градот, особено во близина на езерото и центарот, достигнуваат и до 8.000 денари за ноќевање. За дел од туристите тоа е очекувано за јули и август. За други, веќе е премногу. Во приватното сместување, како што велат издавачите, цените не се исти како пред неколку години. Дел ...
Европската централна банка сака да го затвори поглавјето за вонредни мерки што ја одбележаа последната деценија. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, изјави дека монетарната политика се враќа на своите основни инструменти, но со една важна разлика – светот денес е многу понепредвидлив отколку пред финансиската криза, пандемијата и војната во Украина. На годишниот состанок на централните банкари во Синтра, Португалија, таа истакна дека ...
Европската комисија започнува нови разговори со земјите-членки на ЕУ за да се спречи новиот систем на гранични контроли да предизвика големи одложувања на аеродромите и граничните премини за време на летната туристичка сезона. Станува збор за Системот за влез/излез, попознат како EES, нов дигитален систем за евидентирање на влезови и излези од Шенген зоната, кој се однесува на патници од земји надвор од Европската Унија. Според писмото ...
Многу луѓе го започнуваат денот со шолја кафе, но диететичарите предупредуваат дека не секоја храна е добар избор со нивниот утрински пијалок. Тие особено го издвојуваат грејпфрутот, кој може да ги продолжи ефектите на кофеинот кај некои луѓе, да го зголеми ризикот од горушица и да влијае на ефектите на одредени лекови. Иако комбинацијата од кафе и грејпфрут не е штетна за секого, се препорачува претпазливост, особено за луѓето кои се ...
Необична сцена снимија истражувачите во Трстскиот Залив, голема група критично загрозени клунести морски гулаби собрани во близина на фарма за школки. Но, почетното задоволство од откритието наскоро беше заменето со загриженост за штетата што животните им ја нанесуваат на одгледувачите, објави Дневник.хр. Истражувачите на организацијата „Шорлајн“ во последните денови снимија сцени од Трстскиот Залив кои изгледаат како кадри од документарен ...
Цените на недвижностите во Хрватска продолжуваат да растат со темпо кое никому не му изгледа нормално. Тоа е можеби наједноставната реченица што купувачите, продавачите, банкарите, инвеститорите и аналитичарите би ја потпишале денес. Сепак, она што често се губи во јавната дебата е прашањето зошто цените растат, колку е навистина достапен пазарот и дали Хрватска воопшто го повторува сценариото од 2008 година. Одговорот што можеше да се слушне ...
Цените на нафтата денес пораснаа за повеќе од два проценти, по нападите врз комерцијални бродови во и околу Ормутскиот теснец, што повторно ги поттикна стравувањата од прекини во снабдувањето со енергија. Референтната нафта Брент беше околу 75 долари за барел, а американската сурова нафта WTI беше околу 72 долари, објави „Трејдинг економикс“. Најновите инциденти ги зголемија загриженостите кај превозните компании и ја доведоа во прашање ...
Во убавата Грција, која важи за една од омилените летни туристички дестинации за Македонците, покрај сместувањето кое е поскапено за 20 до 30 проценти, скокнати се и цените на храната. Па така, омиленото гиро оваа година не може да се најде за помалку од 5 евра на Халкидики, а во шпицот на сезоната во туристичките дестинации цената се очекува да биде и повисока. Растуреното гиро веќе се продава за 10 евра и нагоре. Во разговор со туристички ...
Станот во Скопје за многу семејства веќе не е животен план, туку математика што тешко излегува. Квадратот оди нагоре, платите го бркаат оддалеку, а младите сè почесто пресметуваат не каде сакаат да живеат, туку дали воопшто можат да купат. За просечен стан во главниот град, со сегашните цени и примања, треба да се работи и до 17 години, ако човек трга настрана сериозен дел од платата и ако, нормално, во меѓувреме не јаде, не плаќа сметки, не ...
Најпродаваниот електричен автомобил во Кина, „Geely Galaxy Xingyuan“, наскоро доаѓа на европскиот пазар под новото име „Geely E2“. „Geely Auto Europe“ официјално го потврди пристигнувањето на овој модел во Европската Унија, каде што ќе биде позициониран како компактен електричен хечбек наменет за секојдневна употреба, објавува „Revijahak“. „Geely Galaxy Xingyuan“ беше најпродаваниот автомобил во Кина во текот на 2025-та година, а ја задржа ...
„Google“ откри повеќе детали за функцијата „Android Halo“, нов дел од оперативниот систем дизајниран да комуницира со агенти на вештачка интелигенција како „Gemini“. Самер Самат, претседател на „Android“ во „Google“, објасни дека „Android Halo“ ќе добие посебно место во лентата за статус на телефонот. На оваа локација, агентите на вештачка интелигенција ќе можат да го известуваат корисникот за задачи што ги извршуваат во позадина, да бараат ...
Тајванската компанија „Foxconn“, најголемиот производител на електроника во светот, објави зголемување од 39,8% на приходите во вториот квартал во однос на претходната година. Резултатот ги надмина очекувањата на пазарот благодарение на силната побарувачка за производи поврзани со вештачка интелигенција, иако компанијата изрази загриженост за нестабилната геополитичка ситуација. Приходите на најголемиот производител на сервери на „Nvidia“ и ...
Родовиот јаз во платите е очигледен. Во Европската Унија (ЕУ), жените заработуваат 11,1% помалку од мажите, а оваа нерамнотежа се влошува во пензионирањето, објавува „Euronews“. Родовиот јаз во пензиите е значително поголем од оној во платите, при што пензионираните жени во блокот заработуваат 24,5% помалку од мажите во просек, или повеќе од двојно поголем јаз. Но, зошто е толку голем јазот во пензиите? Како се поврзува родовиот јаз во ...
Весникот „Известија“ објавува проблеми со испораките на храна до големите продавници во Русија, а производителите веќе ги предупредија трговците на мало дека причината е недостатокот на гориво. Компаниите го дефинираат ова како виша сила и наведуваат дека нема да плаќаат казни за доцнењата. Според „Известија“, проблеми има дури и во Санкт Петербург. Логистичките компании не успеваат да ги испорачаат залихите до дистрибутивните центри на ...
Појадокот може да го одреди нивото на енергија во текот на целиот ден, поради што првиот оброк е исклучително важен. Иако некои намирници за појадок неправедно се прогласени за „лоши“ бидејќи содржат јаглехидрати, додадени шеќери или масти, многу од нив можат да бидат дел од здрава исхрана и да обезбедат долготрајна енергија. Балансираниот појадок помага да се надополни енергијата по ноќниот пост, придонесува за постабилно ниво на шеќер во ...
Повеќето луѓе не влегуваат во финансиски проблеми поради една голема погрешна одлука. Почесто станува збор за десетици мали навики што со години остануваат незабележани. Првата грешка е трошењето без однапред направен план. Кога не знаете каде ви одат парите, тешко е да утврдите што навистина може да се намали. Втората е немањето финансиска резерва. Голем дел од граѓаните живеат од плата до плата, па секој неочекуван трошок автоматски значи ...
Цената на кафето се искачи на највисоко ниво за шест месеци, достигнувајќи 3,57 долари за фунта (0,454 кг) кафе, поради загриженоста дека лошото време во Бразил и Виетнам би можело да го намали идното производство и снабдување и да доведе до недостиг на пазарот. Бразил е најголемиот светски производител и извозник на кафе Арабика, додека Виетнам доминира во производството на Робуста. Според проценките на експертот за стоков пазар Зафер ...
Високите цени повеќе не се проблем само за просечните граѓани. Новото глобално истражување покажува дека и луѓето со најголеми приходи сè почесто се жалат на трошоците за живот во некои од најбогатите градови во светот. Според најновиот индекс на банката „Јулиус Баер“, Сингапур повторно е најскапиот град во светот за богатите, додека Цирих се искачи на второто место. Индексот не ги мери класичните трошоци за живот на просечниот жител, туку ...
Една неочекувана отказна одлука, здравствен проблем или затворање на компанијата може за само неколку дена целосно да ја промени финансиската состојба на едно семејство. Најголемиот проблем не е што останувате без плата, туку што сметките не престануваат да пристигнуваат. Киријата или кредитот, струјата, водата, храната, горивото, интернетот, училиштето на децата – сите овие трошоци продолжуваат без разлика дали примате плата или не. ...
Ивана Стефановиќ (49) од Белград е една од туристките кои во овие топли јунски денови ги затекнавме на Старата чаршија во Битола. Иако не сакаше да се фотографира, таа трпеливо разговараше со нас за искуството што го имала како туристка во вториот најголем град во Северна Македонија. „Вторпат сум во Битола, бев и минатата година и сигурно ќе дојдам уште неколку пати. Ми се допаѓа бидејќи има многу природа, а сепак е пријатен, спокоен и ...
Дури и на 41-годишна возраст, Кристијано Роналдо му пркоси на времето. Mногумина се прашуваат како успева да остане во врвна физичка форма. Дел од одговорот лежи во строгата исхрана што се следи речиси без исклучок со години. Добриот тренинг мора да биде придружен со добра исхрана. Јадам храна богата со протеини, со многу интегрални житарки, овошје и зеленчук, а избегнувам слатки и преработена храна – Роналдо ја објасни својата филозофија. ...
Сè почнува со убава фотографија. Балкон со поглед кон море, чиста соба, клима, паркинг, „само уште два слободни термини“ и цена што изгледа подобра од сè што сте виделе досега. А потоа доаѓа пораката: „Пратете капар веднаш, има многу заинтересирани“. Тука многу луѓе брзаат. И тука најчесто почнува проблемот. Со почетокот на сезоната, се зголемува и потрагата по сместување преку интернет. Граѓаните бараат апартмани на социјални мрежи, групи, ...
Цигарата не исчезна од рака. Се пуши пред згради, по балкони, на пауза пред работа, во автомобили, по кафулиња каде што може и каде што не може. Но продажбата на класични цигари не ја следи таа слика. Во продавниците и трафиките се купува помалку, додека навиката, според упатените, не покажува дека толку лесно се повлекува. Проблемот, велат економистите, не е во тоа што пушачите одеднаш масовно се откажале. Работата е посложена. Дел од нив ...
Кардиологот Д-р Франческо Ло Монако предупреди против пет вида пијалоци кои често се рекламираат како подобар избор за здравјето, но според него, реалноста не е секогаш она што го сугерираат рекламите и пакувањето. Лондонскиот доктор верува дека многу производи создаваат впечаток дека прават нешто добро за телото, кога всушност може да содржат големи количини шеќер, кофеин или други состојки кои не се идеални за здравјето на срцето. „Некои од ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, изнесува -0.5 %. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано ...
Шпанија веројатно ќе го премине симболичниот праг од 100 милиони странски туристи оваа година, според Министерството за индустрија, енергетика и туризам. Бројот на странски туристи во Шпанија достигна 96,8 милиони во 2025 година, што е веќе рекорд и зголемување од 3,2 проценти во споредба со претходната година. Шпанија, втората најпосетувана земја во светот по Франција, смета на последиците од конфликтот на Блискиот Исток за да привлече уште ...