Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Становите веќе не се продаваат со истата леснотија како пред година или две, но тоа не значи дека цените утре ќе паднат. На пазарот на недвижности моментално се случува нешто важно: купувачите почнуваат повеќе да прашуваат, да мерат, да споредуваат, а продавачите сè уште се држат до високите цени. Секој чека некој друг прв да попушти. Во агенциите за недвижности велат дека интерес има, особено за станови во Скопје, но купувачите веќе не ...
Кога на работникот ќе му се скратат часовите, а државата ќе влезе со пари за да не му се скрати и животот, тоа во Германија се вика „Kurzarbeit“. Кај нас, по чаршиски, веќе би станало „курцарбајт“. Звучи чудно, ама идејата е едноставна: фирмата нема работа како порано, ама не брка луѓе. Работниците работат помалку, земаат помалку од газдата, а дел од загубената плата го покрива државата. На хартија, звучи како лек за секоја криза. Во пракса, ...
Како што светот влегува во нова ера на технолошка конкуренција, Европската Унија се обидува да ја намали својата зависност од големите сили како САД и Кина и да изгради своја технолошка база. Производството на високотехнолошка технологија станува еден од клучните столбови на европската економија – од лекови и чипови до вештачка интелигенција. Колку заработува ЕУ од „високата технологија“ денес и кои земји ја водат трката? Европската Унија сè ...
Цената на нафтата нагло порасна по новата размена на удари меѓу САД и Иран, бидејќи конфликтот околу контролата врз Ормускиот теснец дополнително ескалира. Брент скокна за повеќе од четири проценти во понеделникот и достигна околу 79 долари за барел, највисоко ниво од 22 јуни. Септемвриските фјучерси за Брент се тргуваа околу 79,17 долари за барел, додека пазарот веднаш ја зема предвид можноста за нови напади врз бродови, нарушување на ...
Инвестирањето во стан за издавање под наем е сè уште една од најчестите форми на инвестирање во Македонија, а стабилната побарувачка за изнајмување во последните години придонесе за фактот дека приносите од изнајмување не се намалија значително, и покрај силниот раст на цените на квадратурата. Сепак, номиналните приноси не даваат целосна слика за профитабилноста. Кога ќе се земат предвид инфлацијата и другите инвестициски трошоци, реалниот ...
Премиум брендот на кинескиот автомобилски гигант „BYD“, „Denza“, на Фестивалот на брзината во Гудвуд официјално го претстави својот нов суперавтомобил „Denza Z“ за европскиот пазар. Спортскиот модел, кој премиерно беше претставен на Саемот за автомобили во Пекинг оваа пролет, има целосно електричен погон и развива дури 1.604 коњски сили. Најбрзата верзија достигнува 350 километри на час Од „BYD“ велат дека ова претставува „пресвртница“ за ...
Истрагата на ЕК покажа дека кинеските гуми за друмски возила се увезуваат по дампинг цени. На 7 јули, Европската комисија со декрет воведе конечни антидампинг давачки за кинескиот увоз на гуми за патнички автомобили и лесни камиони. Мерката доаѓа откако истрагата што ја започна Комисијата во ноември покажа дека гумите од Кина се увезуваат во ЕУ по дампинг цени, односно премногу ниски во споредба со европските цени и затоа се неправедни. Како ...
Европската Унија (ЕУ) планира да воведе систем за оценување на одржливоста на центрите за податоци, со цел да поттикне поголема енергетска и ресурсна ефикасност, бидејќи брзото проширување на овој сектор создава сè поголем притисок врз електроенергетските мрежи и животната средина, пренесува „Bloomberg“. Европската комисија, извршното тело на ЕУ, планира подоцна овој месец да ја претстави новата регулатива, која ќе предвиди задолжителни ...
Колку пари треба да има човек на банкарска сметка за да спие мирно? За едни тоа се 10.000 денари, за други неколку илјади евра. Но финансиските советници велат дека одговорот не зависи од фиксна сума, туку од начинот на живот и месечните трошоци на секое домаќинство. Најчесто препорачуваното правило во личните финансии е едноставно, а тоа е дека секое семејство треба да има фонд за итни случаи во висина од три до шест месечни трошоци. Тој ...
Илјада денари денес сè уште не изгледаат како мала сума. Но ако влезете во маркет, брзо ќе сфатите дека количката останува полупразна. Пред дваесетина години ситуацијата беше сосема поинаква. Со истите тие пари многу семејства купуваа намирници за неколку дена, а понекогаш и за цела недела. Во меѓувреме, платите значително пораснаа, но истото се случи и со цените. Инфлацијата, растот на трошоците за производство, поскапувањето на енергенсите ...
Високиот крвен притисок, односно хипертензијата, е чест здравствен проблем што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Иако најчесто се поврзува со прекумерниот внес на сол, помалку познат фактор на ризик е фруктозата, особено онаа што се внесува преку пијалаци засладени со шеќер. Ново истражување покажува дека навиката за консумирање вакви пијалаци во младоста може да доведе до појава на хипертензија во зрелата возраст. ...
„Apple“ го исполнува своето ветување за зголемување на вложувањата во компоненти произведени во Соединетите Американски Држави, откако соопшти дека проширениот договор со „Broadcom“ ќе надмине вредност од 30 милијарди долари, пренесува „Bloomberg“. Договорот предвидува производство на повеќе од 15 милијарди чипови во САД, со што ќе бидат поддржани стотици работни места, соопшти „Apple“ во официјално соопштение. Производителот на „iPhone“ ќе ...
Соединетите Американски Држави беа водечки загадувач на јаглерод диоксид минатата година, според најновиот извештај на Институтот за енергетика. Земјата е во голема мера одговорна за зголемувањето на глобалните стакленички гасови, главно поради поголемата потрошувачка на јаглен, објавува „Clean Technica“. „Северна Америка е одговорна за 47% од зголемувањето на глобалните емисии, при што емисиите на САД се зголемија за 3,2%, додека енергијата ...
Што значи денес да бидете дел од средната класа? Дали е доволно да имате просечна плата, или критериумите одамна се променети? До пред десетина години многумина веруваа дека две просечни плати се доволни за пристоен живот. Денес, по неколку години инфлација, раст на цените на храната, недвижностите и услугите, сè повеќе семејства признаваат дека и со значително повисоки приходи внимателно го планираат секој месец. Според последните податоци ...
Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на Собранието во Скопје – уште еден во низата банкарски објекти со модерен ентериер, професионален консалтинг и технолошки решенија за побрзо и поедноставно банкарско искуство. Лоцирана на истата адреса, на ул. „Градски ѕид“, блок 2, ...
Кој бара летување „да не боли глава“, а да не го испразни паричникот уште на трет ден, веќе не гледа само каде е најевтино ноќевањето. Гледа колку чини лежалка, ручек, гориво, паркинг, фрижидер во соба, колку е далеку плажата и дали навечер може да се прошета без да плаќа како во Монте Карло. Туристичките работници велат дека ова лето најмногу се бара една работа: пристоен смештај, чиста плажа и нормални цени за семејство. „Луѓето веќе не ...
Одењето на работа во Германија, онака како што многумина го замислуваа со години, со договор, куфер и надеж дека „таму ќе се снајдам“, станува сè потешка игра. Не е затворена вратата за работници од Македонија. Далеку од тоа. Но, германскиот систем сè повеќе ги раздвојува кандидатите: едно се луѓето со диплома, струка, јазик и искуство, а друго се оние што бараат шанса без формална квалификација и без работен стаж што може да се докаже. На ...
Да се најде добар мајстор денес стана речиси исто како да се бара лекарски термин во шпиц сезона. Ќе се јавиш кај еден, зафатен е. Кај втор, не крева. Третиот ќе дојде „деновиве“ да види што има за работа, па ќе исчезне. А кога конечно ќе се појави некој со алат во рака, цената најчесто не се знае однапред. Се дознава на крај. Кога веќе е доцна да се расправаш. Плочки, молерисување, струја, водовод, фасада, поправка на кров, монтажа на врати, ...
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 7/2026 за долгови доспеани до 30.03.2026 и неплатени до 30.06.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На Листата на должници бр.07/2026 објавени се 2.007 должници – правни лица (повеќе за 66 од претходната листа) и 3.149 физички лица (повеќе за 32 од претходната листа). Вкупно ...
Замислете утре сите банки во Македонија да објават дека до понатамошно известување нема да одобруваат ниту станбени, ниту потрошувачки, ниту бизнис кредити. Не затоа што немаат пари, туку затоа што едноставно одлучиле да го запрат кредитирањето. На прв поглед, многумина би помислиле дека тоа нема да влијае врз нивниот секојдневен живот. Но економистите предупредуваат дека ефектите би почнале да се чувствуваат речиси веднаш, бидејќи ...
Оваа недела во Хрватска стапија на сила законски измени, со кои државата се обидува да ја потисне нелегалната работа. Покрај новите обврски за работодавачите, се воведува и нов систем за отстранување на работниците од таканаречената „црна листа“. Целта на промените не е само да се казнат работодавачите кои не ги регистрираат своите работници, туку и подобро да се заштитат вработените на кои не им се платени придонеси поради нелегална работа, ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го поздравува зголемениот интерес на младите за образование во областа на сметководството. По зголемениот број запишани студенти на катедрите за сметководство и ревизија во изминатата година, годинава е евидентен и пораст на интересот кај средношколците, при што во првиот уписен рок во повеќе средни економски училишта се исполнети предвидените места во сметководствената област. Во ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на одобренијата за градење во мај 2026 година е намален за 27.5 % во однос на истиот период од претходната година Во мај 2026 година се издадени 340 одобрение за градење, што е за 27.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 669 367 илјади денари, што е за 15.2 % помалку во однос ...
Автонова официјално ја претстави глобалната технолошка автомобилска марка Leapmotor, во годината кога семејниот бизнис одбележува значајни јубилеи и три децении присуство во автомобилската индустрија. Од Автонова истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили. „Leapmotor за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е ...
Компанијата Visa ги претстави новите можности на решенијата Visa Accept и Visa Direct, создадени со цел да ги прошират начините на кои паметните телефони можат да се користат за извршување дигитални плаќања. Целта на овие унапредувања е да им овозможат на малите бизниси на пазарите во развој, од улични продавачи до растечки онлајн трговци, полесно управување со плаќањата преку алатки на кои веќе секојдневно се потпираат. „Секое прислушување, ...
По повод Денот на Никола Тесла, ЕВН Македонија организираше едукативна посета на изложбата „20 години ЕВН Македонија – 20 години полни со енергија“ за група деца во Чифте амам. Најмладите имаа можност да откријат интересни факти за електричната енергија, да дознаат кој бил Никола Тесла и да научат повеќе за електричната енергија, нејзиниот пат од производство до домовите и колку е важна во секојдневниот живот, разгледувајќи фотографии и ...
Во текот на ланската година бројот на вработени лица во Македонија изнесувал нешто над 600 илјади лица. Интересен е фактот што на годишно ниво бројот на вработени е речиси непроменет, односно е намален за незначителен процент, рамен на статисичка грешка. Најмногу работници во текот на 2025 година ја напушиле Преработувачката индустрија. Во Македонија на пазарот на труд во 2025 година имало нешто на 330 илјади мажи и над 284 илјади жени. ...
Прирачниците кои имаат за цел да помогнат при препознавањето и справувањето со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, се поставени и достапни онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk. На овој начин, материјалите ќе бидат достапни не само во училиштата, туку и за родителите, учениците, стручната јавност и за сите ...
Додека Европа бара начини да постигне технолошки суверенитет, секторот за високотехнолошко производство би можел да стане важен играч во напорите на регионот да се дистанцира од земји како САД и Кина, објавува „Euronews“. Анализата на Евростат покажува дека Европската Унија (ЕУ) продала високотехнолошки производи во вредност од 414 милијарди евра во 2024-та година. Ова е зголемување во однос на 273 милијарди евра пријавени десет години ...
Акционерите на Крка Групацијата беа запознаени со годишниот извештај за 2025 година и извештајот на ревизорот на собранието, а беше усвоена и одлуката за распределба на акумулираната добивка за претходната година. Од минатогодишната нето добивка од 392,571 милиони евра, најголемиот дел, односно 275,52 милиони евра, ќе бидат исплатени преку дивиденди. Ова претставува бруто дивиденда од 9,1 евро по акција, што е за 10,3 проценти повеќе од ...