Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026 кој го доделува Top Employers Institute – глобален авторитет за препознавање на извонредноста во практиките за управување со човечки ресурси. Сертификатот се доделува исклучиво на организации кои успешно ќе поминат низ ригорозен и независен процес на евалуација, при што се оценуваат нивните резултати во клучни области како што се стратегијата за човечки ресурси, развојот на ...

Додека трае расправата за предлог ребалансот во собранието, експертите подготвија анализа за проекциите и прерспределбата на средствата кои треба да се трошат до крајот на годината се со цел испорака на подобри економски резултати. Институтот за економски анализи и политики Finance Think смета дека ребалансот се донесува во услови на рани знаци на забавување на претходно интензивираната економска активност, и стапка на инфлација која останува ...

Пари што денес не стигнуваат навреме на пензиската сметка, утре може да значат помала пензија. Не веднаш, не на следната плата, не на изводот што ретко кој го отвора. Но, по години работа, кога ќе дојде редот за пензија, тие задоцнети месеци веќе нема да бидат само техничка грешка. Ќе бидат изгубен принос. Ревизорските наоди покажуваат дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не ги префрлал навремено придонесите што треба да завршат ...

Одморот на море ова лето за многу семејства веќе не почнува со прашањето „каде ќе одиме“, туку со многу поприземна пресметка: колку ќе нè чини сè заедно? Не само апартманот. Не само хотелот. Туку и патот, патарините, горивото, лежалките, ручекот, кафе за родителите, сладолед за децата, уште едно шише вода на плажа. И тука, велат туристичките работници, се гледа вистинската разлика од лани. Аранжманите за летување годинава се повисоки, во ...

„Tesla“ официјално го претстави „Model Y L“ на американскиот пазар, проширувајќи ја понудата на својот најпродаван електричен теренец. Оваа верзија на моделот е наменета за клиенти на кои им е потребен попростран ентериер, но и побогата опрема. „Model Y L“ дебитираше во Кина минатата година, а откако беше претставен на неколку други пазари, сега пристигна и во САД, како нов врв на семејството „Model Y“. Со почетна цена од 61.990 долари, ...

Поминаа две години откако „Samsung“ првпат влезе на пазарот на паметни прстени, но оригиналниот „Galaxy Ring“ сè уште не доби наследник. Иако гласините укажуваа на лансирање во 2027-ма година за носивиот уред од следната генерација, „Samsung“ во голема мера молчеше за своите планови. Сега, компанијата конечно го прекина молчењето и потврди дека „Galaxy Ring 2“ навистина е во изработка. Во разговор за „Forbes“, Хон Пак, виш потпретседател и ...

„Nvidia“ се стреми да го прошири пристапот до својот водечки хардвер за вештачка интелигенција (AI) преку поддршка на давателите на услуги за облак-компјутери со AI во замена за дел од нивните идни приходи, објави „Bloomberg“. Компанијата, која е во центарот на бумот на AI, ќе помогне во поврзувањето на операторите на центри за податоци со AI и давателите на услуги во облак со развивачите на AI, поедноставувајќи го процесот за двете страни и ...

Дојранското Езеро со векови претставува симбол на животот, традицијата и гастрономијата во овој крај. Токму затоа, зачувувањето на неговата природна убавина е заедничка одговорност на локалната заедница, туристичкиот сектор и угостителските објекти. Ресторанот НОТА од Стар Дојран е еден од позитивните примери како успешното угостителство може да биде двигател и на еколошките промени. Покрај препознатливата традиционална дојранска кујна и ...

Германската влада ќе претстави пакет мерки и реформи за промовирање на растот, пишува „Bloomberg“. Мерката е насочена кон бизнисите и има за цел флексибилност на пазарот на трудот, олабавени правила за договори на одредено време и даночни олеснувања за отпремнини. Исто така, постојат стимулации преку намалување на бирократијата и побрзо издавање дозволи, додава агенцијата. Пакетот ќе биде објавен само неколку дена пред објавувањето на ...

Мед на пазар ќе има. Прашањето е каков, по која цена и колку од него навистина ќе биде домашен. Пчеларите веќе не зборуваат само за лоша сезона, туку за неколку лоши сезони што се врзуваат една по друга. Суша, високи температури, слаба паша, пожари, поскапа храна за пчелите, поскап превоз, поскапа амбалажа. На крај, теглата изгледа иста, ама зад неа стои многу потежок пат. Во Македонија засега не може да се зборува за класичен недостиг, она ...

Летањето за повеќето здрави луѓе не е опасно, но многумина по слетувањето сепак не се чувствуваат како да поминале само неколку часа седејќи во авион. Замор, сува кожа, жед, надуеност, главоболка и чувство на „тешка глава“ се чести последици од патувањето со авион. Причината е комбинација од сув воздух, промена на притисокот, помало количество кислород и долго седење, пишува „Metro“. Иако телото на здравите патници најчесто брзо се ...

Голем број луѓе изгубија пари на мемекоинот $TRUMP, додека претседателот на САД заработи стотици милиони. Скоро еден милион луѓе изгубија вкупно 3,8 милијарди долари откако го купија мемекоинот $TRUMP на американскиот претседател Доналд Трамп, според фирмата за анализа на криптовалути Nansen. The New York Times објавува дека анализата на Nansen се базира на јавно видливи трансакции на блокчејнот, кои покажуваат дека 988.905 сметки изгубиле ...

Голем број луѓе изгубија пари на мемекоинот $TRUMP, додека претседателот на САД заработи стотици милиони. Скоро еден милион луѓе изгубија вкупно 3,8 милијарди долари откако го купија мемекоинот $TRUMP на американскиот претседател Доналд Трамп, според фирмата за анализа на криптовалути Nansen. The New York Times објавува дека анализата на Nansen се базира на јавно видливи трансакции на блокчејнот, кои покажуваат дека 988.905 сметки изгубиле ...

На прв поглед изгледа како уште една „чудо-култура“ од интернет. Мали црвени бобинки, неколку реда насад, приказна за здрава храна и бројка што веднаш боде очи: до 60.000 евра заработка. Но кај гоџи бобинките работата не е баш толку едноставна. Пари може да има. И тоа сериозни. Ама само ако производителот не влезе во приказната како во лотарија. Гоџи бобинките последниве години се споменуваат како интересна можност за земјоделци што сакаат да ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 29.6.2026 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) работат заедно со Северна Македонија во изградбата на дел од А4 автопатот, кој го поврзува главниот град Скопје, со Блаце на границата на Косово. Ове е дел од стратешката рута, која го поврзува Скопје со Приштина. Поддршката се однесува на секција од 10 километри, која ќе помогне да се подобри мобилноста и трговијата помеѓу Северна Македонија и Косово, и ќе се зајакнат врските ...

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во ...

Што се случува кога светот однапред ќе одлучи кои сме и што можеме да постигнеме? Токму од ова прашање започнува „Believe. Further“, новата повеќегодишна платформа на Филип Морис Интернешнл и светски познатиот тенор Андреа Бочели, создадена да поттикне поширок дијалог за напредокот, промените и храброста да се верува во можностите. Претставена во Венеција, град познат по своите мостови и поврзувања, платформата обединува две различни, но ...

Ќумбето не заминува од македонските домови. И покрај климите, инвертерите, централното греење и сите нови начини за затоплување, огревното дрво и понатаму останува прв избор за голем дел од семејствата. Мирисот на чад, редење дрва во двор, цепеници под стреа, палење оган уште од рано утро. За многумина тоа не е навика, туку нужност. Според Анкетата за потрошувачка на енергија во домаќинствата, 38,2 проценти од домаќинствата се греат на ...

АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признание АЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци. Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35 % и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на АЛКАЛОИД ...

По оптимистичкиот раст на производството во индустрија од над 7 проценти, повторно испорачани негативни резултати. И кога се помисли дека индустријата застанува на стабилни нозе, најновиот извештај на Државниот завод за статистика вели дека во мај индустриското производство е намалено за 2 процени, а има пад и кај бројот на работници во индустријата за 2,6 отсто. Податоците од извештајот велат дека индустриското производство во секторот ...

Европската комисија воведува нови правила за безбедност на возилата од 7 јули 2026 година. Целта на овие регулативи е да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намали бројот на сообраќајни несреќи. Европската комисија објави дека новите правила за безбедност на возилата ќе стапат во сила на 7 јули 2026 година, според кои сите нови патнички автомобили и комбиња пласирани на пазарот на Европската Унија мора да бидат опремени со ...

Португалија ќе игра против Шпанија во осминафиналето на Светското првенство. Одлуката на ФИФА да го прогласи Кристијано Роналдо за играч на натпреварот помеѓу Хрватска и Португалија беше дочекана со многу потсмев. Роналдо постигна пенал што го врати Португалецот во игра, но неговата лична статистика на тој натпревар не беше онаква каква што требаше да биде, а особено шокантно беше, од хрватска перспектива, што неговиот пенал беше и неговиот ...

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, објави дека, по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, во оптек се пуштени банкноти од американски долари со потпис на претседателот на САД, Доналд Трамп. Бесент ја потврди одлуката на платформата X споделувајќи објава од претседателот на САД со фотографија од банкнота од 100 долари со потпис на Трамп. „Нема подобар начин да се одбележат историските достигнувања на ...

Организацијата на производители на нафта ОПЕК+ се согласи дополнително да ги зголеми квотите за производство од август, објави денес оваа група, како резултат на што глобалната понуда се зголемува во време кога цените на нафтата паѓаат поради постепеното отворање на Ормутскиот теснец. Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници се согласија за време на онлајн состанок да ги зголемат квотите за 188.000 барели дневно ...

Околу 13% од пензионерите во Европската Унија продолжуваат да работат. Финансиската потреба е значајна причина, но експертите посочуваат на други фактори, како што се променливата демографија и постојаниот недостиг на работна сила. Приходите од пензија се пониски од заработката во доцната кариера во сите европски земји. Во ЕУ, лице кое заработило 100 евра на возраст меѓу 50 и 59 години би добило 58 евра пензија меѓу 65 и 74 години во 2023 ...

Во време кога власта се потпира на резултати од нивна анализа за движењето на цените на годишно ниво, официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во мај годинава прометот во трговијата на мало со храна и пијалаци е зголемен за близу 10 отсто на годишно ниво. Првичните наоди според последните изјави на надлежните се дека маржите или заработката во трговијата не ги прекршила правилата, односно се било според Законот ...

Електричниот мотоцикл „Honda WN7“ ќе пристигне на европските пазари во јуни 2026-та година, придружувајќи се на електричните скутери EM1 e“ и „CUV e:“. За разлика од скутерите кои користат систем на заменливи батерии, „WN7“ е првиот електричен мотоцикл на „Honda“ со фиксна батерија, поставена ниско и централно за оптимален центар на гравитација и подобри карактеристики на возењето. Иако целосно го елиминира традиционалниот погонски склоп, ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека не ја исклучува можноста да ја напушти својата функција пред крајот на нејзиниот мандат за да учествува во политичката дебата пред француските претседателски избори напролет 2027 година. Во интервју за францускиот весник Les Echos, таа истакна дека својата мисија ја гледа пред сè во обезбедувањето стабилност на цените, додавајќи дека Еврозоната повторно е во ...

Многу жени за време на перименопаузата и менопаузата забележуваат дека полесно добиваат килограми и имаат помалку енергија. Првата реакција најчесто е едноставна – уште повеќе тренинг и уште помалку храна. Но, експертите предупредуваат дека ваквиот пристап може да има спротивен ефект. Личната тренерка Кејт Бренан објаснува дека хормоналните промени го менуваат начинот на кој телото реагира на физичката активност, па затоа она што давало ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.25
36%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
54%
1015
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.29
50%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.34
41%
1016
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
1.0
42%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.37
80%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.47
41%
1011
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.06
30%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.34
37%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
0.45
52%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
36%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.85
85%
1014
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Бакар

13.51