Европската централна банка предупредува дека прекумерниот оптимизам на инвеститорите кон американските технолошки акции би можел да заврши со корекција на пазарот со сериозни последици за пошироката економија. Инвеститорите масовно инвестираат во технолошките компании очекувајќи дека вештачката интелигенција фундаментално ќе ја промени глобалната економија, па затоа проценките на најголемите технолошки компании се далеку над историските ...

Македонската пиперка, гордоста на македонското земјоделство и клучна суровина на популарниот македонски ајвар повторно се најде во центарот на меѓународен скандал со безбедноста на храната. По неколкуте претходни свикувања на алармот од страна на европските контролни механизми, најновата кочница пристигна од соседна Бугарија која ни врати пратка од 11,6 тони свежи пиперки од граничниот премин Златарево, и со тоа ја отвори Пандорината кутија ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за ...

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...

Земјоделците си ги знаат своите права бидејќи добро ги проучиле законите кои нив ги тангираат. Затоа сега велат дека државата е должна да ја доисплати разликата од откупната до заштитната цена за стратешките култури. Имено, според Законот за земјоделство и рурален развој, пченицата и јачменот се дефинирани како стратешки култури. Согласно истиот закон, за стратешките култури се гарантира заштитна цена која се пресметува врз основа на ...

Иако ситуацијата со пожарите во Грција во моментов е малку помирна, тоа е само краток одмор пред нов бран на топлина и силни ветрови, додека вкупниот број на жртви од почетокот на сезоната достигна седум лица. Ветерот, кој дуваше со брзина од 100 километри на час, се смири, но метеоролозите предвидуваат зголемување на температурата и повторно засилување на ветерот во следните два дена, што претставува директна опасност за појава на нови ...

Едно е членарината, друго се патиките, дресот, опремата, превозот, натпреварите, екскурзиите и сè што ќе се појави попатно. Родителите добро знаат како изгледа таа математика. Детето ќе почне да тренира фудбал, кошарка, танцување или странски јазик, а сумата што првично изгледала како неколку илјади денари лесно расте. Ако во семејството има две деца и секое посетува по две активности, семејниот буџет веќе сериозно се чувствува. Податоците за ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека Брисел подготвува нов пакет санкции против Русија и рече дека сојузниците на Кремљ можат да сметаат на тоа. „Јули беше најсмртоносниот месец за украинските цивили. Русија не победува на бојното поле и затоа сè повеќе насочува ракети кон украинските цивили и инфраструктура. Тоа е систематски терор. Русија сака да ги направи украинските градови непогодни ...

Светската економија повторно оди по тенок мраз. Раст има, но е послаб, неизвесноста е голема, а доволен е нов воен судир, проблем со снабдувањето со енергенси или нова рунда царини за ударот брзо да стигне до фабриките, компаниите, а потоа и до семејните буџети. Последните глобални проценки покажуваат дека ризиците веќе не доаѓаат само од една страна. Војни, трговски конфликти, долгови, инфлација, сајбер-напади и вештачка интелигенција сега ...

Внесувањето протеини е клучно за енергијата, чувството на ситост, метаболизмот и изградбата на мускулите. Сепак, не е сеедно од кој извор доаѓаат протеините, особено кога станува збор за здравјето на срцето. Некои намирници богати со протеини содржат и други корисни хранливи материи, додека други имаат состојки кои можат негативно да влијаат врз кардиоваскуларниот систем. Нова научна анализа испитувала како различните извори на протеини ...

Италијанскиот производител „Lamborghini“ го искористи „Monterey Car Week“ за да го претстави новиот „Revuelto SV“, најмоќниот и најбрзиот сериски автомобил во историјата на брендот. Суперавтомобилот се потпира на 6,5-литарски V12 мотор, два аксијални електрични мотори напред и уште еден на задната оска, кој се наоѓа над осумстепениот менувач со двојна спојка. На овие се додава и нова литиум-јонска батерија од 7,3 kWh која обезбедува до четири ...

Во јули, „SpaceXAI“ го лансираше „Grok 4.5“, врвен модел обучен во соработка со „Cursor“. Обучен на десетици илјади NVIDIA GB300 графички процесори, „Grok 4.5“ постигна силни резултати во бенчмаркот, заостанувајќи само зад „Fable 5“ на „Anthropic“ и „GPT-5.6 Sol“ на „OpenAI“, а воедно нудејќи значително пониски трошоци. Надоградувајќи се на успешното лансирање на „Grok 4.5“, „SpaceXAI“ сега го претстави „Grok 4.6“, нов напреден модел обучен ...

Турција, која одамна претставува мост меѓу Европа и Блискиот Исток, се обидува да ја искористи својата стратешка географска положба за да привлече повеќе богати жители, во период кога конкурентските светски центри на богатството, од Лондон до Дубаи, се соочуваат со нестабилност, пишува „Bloomberg“. Земјата неодамна најави низа даночни олеснувања за богати странци и инвеститори, меѓу кои минимален данок на наследство, можност приходите ...

Американската компанија за вештачка интелигенција „Anthropic“ остварила повеќе од 11,5 милијарди долари приходи во вториот квартал од 2026-та година, што е најмалку 14 пати повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажуваат документи до кои дошол „Bloomberg“. Компанијата која го развива четботот „Claude“ во вториот квартал пријавила прелиминарни приходи од над 11,5 милијарди долари. За споредба, во истиот период во 2025-та година ...

Иран е подготвен да се приклучи кон Новата банка за развој (NDB), финансиската институција основана од земјите на БРИКС, најави гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати. Хемати изјавил дека Иран наскоро би можел да стане член на банката, во период кога Техеран се обидува да ги зајакне економските и финансиските врски со земјите од БРИКС и да најде алтернативи на западниот финансиски систем. Изјавата ја пренесе и „Reuters“, ...

Институтот за економски анализи Finance Think спроведе истражување во кое се опфатени цените на 20-тина производи. Анализата е направена за периодот јули 2025 и истиот месец оваа година. Во производите, освен основните се застапени и артикли од типот на лични и други предмети и услуги, и транспортни трошоци, како и трошоци за комуникација, домување рекреација и забава, образование и останати производи. Тоа што прво може да се забележи во оваа ...

Европа троши милијарди евра секоја година за плаќања со картички, а речиси сите овие плаќања се обработуваат надвор од европските системи. Огромното мнозинство трансакции со картички се одвиваат преку Visa или Mastercard, двете американски компании кои доминираат во глобалниот платен промет. Со години, таа зависност се сметаше за цена на ефикасноста што овие американски компании ја обезбедуваа секој пат кога картичката се користеше за плаќање ...

„Heart Aerospace“ спроведе 27-минутен пробен лет на демонстраторот X1 во САД. Овој тест покажа потенцијал на погонот на батерии за драстично намалување на трошоците за комерцијални летови. Денес, американската компанија „Heart Aerospace“, основана во Шведска, објави дека на 12 август успешно го извршила првиот лет на својот демонстративен авион X1. Тоа е најголемиот авион на батерии што некогаш летал, со распон на крилјата од 32,3 метри, ...

Лутата храна честопати добива лоша репутација поради чувството на печење што го предизвикува, како и можните стомачни тегоби што може да ги предизвика. Сепак, научниците посочуваат дека некои лути зачини можат да имаат бројни позитивни ефекти врз здравјето. Од подобра контрола на телесната тежина до потенцијална заштита на кардиоваскуларниот систем, ова се само некои од ефектите. Лутата и зачинета храна имаат комплексен ефект врз здравјето на ...

Дали и колку граѓаните го почувствуваа растот на просечната плата. За власта зголемувањето од 150 евра за две години значи водење на одговорни политики и грижа за работниците. Опозицијатга со контра аргументи, смета дека граѓаните никогаш не живееле потешко, а власта пак нема план за есенскиот ценовен шок кој го очекува населението. За економистите месечното намалување на инфлацијата не треба да значи ништо засега. Владата смета дека води ...

Оревите не носат брзи пари, но кога насадот ќе влезе во полн род, пресметката може да биде повеќе од интересна. Еден хектар ореви, според пресметките на познавачите на овоштарството, може да донесе околу 11.000 евра годишно, додека трошоците за одржување и берба се значително пониски во споредба со приходот. Но има една работа што секој што планира ваква инвестиција мора да ја знае уште на почетокот. Пари нема веднаш. Подигањето на плантажа ...

Повременото прескокнување оброци веројатно нема значително да влијае врз нивото на шеќерот во крвта, но редовното прескокнување може да има поинаков ефект. Особено се издвојува појадокот, а истражувањата покажуваат дека времето на оброците може да има важна улога во начинот на кој организмот ја регулира глукозата. Кога редовно се прескокнува појадокот, на организмот може да му биде потешко да го регулира шеќерот во крвта во текот на остатокот ...

„Godox C100“ е необичен компактен фотоапарат кој користи полупроѕирно тело, овозможувајќи му на корисникот да ја кадрира фотографијата, а истовремено да гледа што има зад самиот уред. Овој дизајн треба да овозможи фотографирање без корисникот да мора да ја проверува фотографијата на екранот по секое снимање. Камерата тежи околу 65 грама и има ретро дизајн кој потсетува на играчки фотоапарати, што се вклопува во сè попопуларниот тренд на уреди ...

„Intel Corp“ собра 20 милијарди долари преку продажба на акции, што е за една третина повеќе од целта што компанијата ја постави при објавувањето на трансакцијата, објави „Bloomberg“. Производителот на чипови ја утврдил цената на една акција на 95 долари, што претставува попуст од 6,5 отсто во однос на цената на акциите на „Intel“ на крајот од тргувањето во петокот. Продажбата на акциите привлекла побарувачка во вредност од повеќе од 100 ...

„Bank of America Corp“ ќе инвестира 250 милијарди долари во критична инфраструктура во САД во текот на следната година, приклучувајќи им се на конкурентите кои сакаат да ги зајакнат иновациите низ целата земја, објави „Bloomberg“. Инвестицијата е наменета за проекти што опфаќаат центри за податоци и компјутерска инфраструктура, производство на енергија од обновливи извори, складирање енергија, природен гас, пренос на електрична енергија, ...

Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје. По повод свеченото отворање, од 17 до 19 август 2026 година, потрошувачите ги очекуваат попусти до 50%, подароци и ексклузивни понуди, подготвени специјално за оваа пригода. Продажниот простор е осмислен за лесно разгледување, ...

Војната во Украина трае веќе петта година – подолго од Првата светска војна и од учеството на Русија во Втората светска војна. Во текот на овие месеци Русија, која со децении се обидуваше да ги користи енергетските ресурси како оружје, сега е принудена да увезува горива од соседните земји, пишува „Forbes“ во своја анализа. Изданието посветува внимание на сè поефикасните украински напади врз енергетската инфраструктура – рафинерии, складишта ...

Неодамна Евростат објави податок што изгледа како мала статистичка промена: 16,5% од населението во Европската Унија на возраст од 16 години или повеќе секојдневно користи тутун или сродни производи: цигари, електронски цигари, никотински ќесички или загреани тутунски производи. Во 2022 година тој удел изнесувал 17,5%. Значи, има пад. Но, вистинската приказна зад оваа статистика не е во еден процентен поен, туку во фактот дека Европа не се ...

Една шака бадеми пред ручек може да придонесе за ситост и помирен шеќер по оброкот. Проверете колку е доволно и како да ги јадете. Една шака бадеми пред ручек може да биде мал трик за сите оние кои седнуваат на масата премногу гладни. Наместо едвај да стигнете до ручек, мала ужина може да помогне да се контролира гладот и да се започне оброкот без прејадување. Најголемиот проблем често не е самиот ручек, туку моментот кога ќе седнете на ...

За многумина работниот ден почнува со истата мисла: само да поминат овие осум часа. Алармот ѕвони, следуваат кафе, пат до работа, истите лица, истите задачи, а некаде до пладне веќе се брои колку останало до крајот на смената. Проблемот е што отказ не се дава толку лесно. Сметките не чекаат, кредитот стигнува секој месец, а ново работно место никој не може да ви гарантира. Токму затоа, експертите за човечки ресурси советуваат незадоволството ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.8
31%
1017
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
35%
1019
weather icon

Софија

31ᴼ / 30ᴼ
4.63
43%
1017
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.14
34%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Атина

38ᴼ / 35ᴼ
7.2
29%
1013
weather icon

Тирана

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
46%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
29%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
3.6
37%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
2.57
33%
1020
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
10.29
65%
1016
Currency

61.525

Currency

52.6372

Currency

71.756

Currency

37.7346

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Цинк

0.00

Калај

56.14

Злато

149009.07

Кобалт

56.29

Сребро

2214.40

Паладиум

42824.79

Платина

60379.10

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.17

Родиум

282926.57