Италијанскиот прволигаш Лацио ќе претрпи драстични промени во својот состав, па покрај тоа што ќе има нов тренер во Џенаро Гатузо, ќе остане и без многу искусни играчи. Последниот кој дефинитивно заминува е Алесио Ромањоли, кој веќе реализирал трансфер во редовите на катарски Ал Сад. Ромањоли и претходно сакаше да го напушти Лацио, но таа желба ќе му биде исполнета дури сега, при што ќе ја продолжи кариерата во клубот од Доха. Во малку ...

Бугарскиот прволигаш ЦСКА Софија не ги крие големите амбиции за новата сезона, а денеска потврди и звучно засилување. Во главниот град на нашиот источен сосед пристигнува Стефано Сенси, поранешниот фудбалер на Интер кој освои и две скудета со италијанскиот состав. Сенси го истакна својот потенцијал како член на Сасуоло, потпиша за Интер, но никогаш не успеа целосно да го потврди својот квалитет во екипата со која сепак освои две скудета. ...

Златан Ибрахимовиќ и натаму е актуелен со своите изјави како стручен коментатор на актуелното светско првенство, а во последниот разговор зборувал и за Рафаел Леао. Португалскиот репрезентативец самиот најави дека можеби ќе побара да биде ставен на трансфер листата на Милан и да добие шанса за излезен трансфер ова лето, па Ибрахимовиќ како најблизок соработник на сопствениците има сериозно влијание со својот став околу неговата иднина. Откако ...

Лина Ѓорческа избори пласман во третото и последно квалификациско коло за Вимблдон и е на само еден чекор до еден од најголемите успеси во кариерата. Македонката денеска славеше над португалската ривалка Франциска Жорге и тоа со пресврт во меч со три сета. Првиот сет помина со по два брејка на двете страни, но Португалката направи клучен трет бејк во дванаесеттиот гејм и наместо во тај-брејк, го испрати мечот во втор сет со посакувана ...

Англиската фудбалска репрезентација веќе обезбеди пласман во следната рунда на СП 2026, но селекторот Томас Тухел посакува дуелот со Панама да биде искористен за да се поправи впечатокот од неубедливото издание во втората рунда. Англичаните ќе бидат големи фаворити на оваа средба и со триумф ќе го заверат првото место во групата, но прашање е дали во составот ќе бидат Деклан Рајс и Рис Џемјс. Искусните дефанзивци имаат важна улога во составот ...

Раководството на Тотенхем и менаџерот Роберто Де Ѕерби се обидуваат да го подобрат квалитетот на ростерот за следната сезона, со што лондонскиот клуб би избегнал драма и борба за опстанок и би можел да размислува за многу поголеми амбиции во првенството. Тотенхем е еден од најактивните премиерлигаши во досегашниот тек на преодниот рок, а денеска го потврди и ангажирањето на искусен голман. Се работи за Мартин Дубравка, словачкиот голман кој ...

Калин Ивановски имаше сигурен настап во првото коло на фјучрсот во Загреб и без загубен сет може да се подготвува за следната пречка. Македонскиот тенисер денеска го отвори настапот во хрватската престолнина со дуел против 20-годишниот Јан Фачек од Чешка, а на теренот остана 82 минути. Ивановски го доби првиот сет со 6:2, во вториот беше подобар со 6:3, па без поголеми проблеми го потврди триумфот во два сета и се пласираше во наредната ...

Раководството на ФК Силекс обезбеди две интернационални засилувања за тренерот Александар Васовски и тие доаѓаат од првенствово во Босна и Херцеговина. Клубот од Кратово ги потврди Нихад Шеро и Есмир Хусакиќ како свои нови членови, а ќе бидат освежување на офанзивните позиции. Шеро е 27-годишен крилен напаѓач чиј последен клуб бил Челик, а зад себе има настапи и за други клубови во Босна и Херцеговина. Хусакиќ е напаѓач кој има 24 години и ...

Џон Вол беше последниот прв пик на драфтот кој го бираше Вашингтон Визардс во 2010-та година, а 16 години подоцна, „волшебниците“ добија шанса први да бираат млада кошаркарска надеж. НБА драфтот се одржа во раните утрински часови и дознавме дека Вашингтон го избира првиот пик, а тоа е Еј Џеј Дибантса кој беше број еден во колеџ кошарката изминатава година. За време на својата една и единствена сезона на универзитетот БЈУ, Дибантса во просек ...

Сениорската репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, натпревари кои ќе ја одредат конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, а целта е со нови победи да се потврди ...

Кошаркарскиот прволигаш Кожув денеска ја информираше јавноста дека нов тренер на првата екипа ќе биде Миодраг Тодоровиќ. Младиот стручњак постигна одлични резултати на клупата на Маџари, екипа која ја доведе до финалето на плејофот во македонската прва кошаркарска лига, а сега прифатил нов предизвик. По само една сезона во скопскиот состав, Тодоровиќ се сели во редовите на Кожув, екипа која веројатно ќе се обиде да стигне до многу подобри ...

После сите најави кои претходеа во изминатите неколку недели, Дукати Леново се реши прв да повлече клучни потези околу иднината, односно уште отсега ги најави двајцата возачи кои ќе бидат лидери на проектот во наредните две години. Од наредната сезона, Мото ГП возбудувањата ќе се одвиваат во сосема поинакви услови и ќе има сосема нови агрегатите со зафатнина од 850 кубни сантиметри (850cc), а огромната промена ги натера најпознатите тимови ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ја претставува „Шпаркасе круг“ – новата платформа за партнерства и лојалност што на своите клиенти им носи поголема вредност во секојдневието. Преку ексклузивни попусти, специјални понуди, подароци и дополнителни бенефиции кај повеќе од 300 внимателно избрани партнер-трговци, клиентите можат да уживаат во многубројни поволности при плаќање со која било дебитна или кредитна картичка издадена од Шпаркасе Банка. Со ...

Рафаел Леао вчера постигна гол со кој ја запечати победата на Португалија против Узбекистан, а бидејќи со тој погодок си симна голем товар од себе, крилниот напаѓач не заборави на своите најблиски и сите оние кои му биле поддршка во тешките моменти оваа сезона. Леао остави зад себе катастрофална сезона на индивидуален и тимски план, па иако веќе најави дека се гледа надвор од Милан, сега доаѓа до ситуација кога може да го промени мислењето. ...

Крајот на Ф4 турнирот во Лигата на шампиони го одредува новиот првак и идниот владетел во наредните 12 месеци, но исто така, ова време се користи за да се издвојат потезите кои ја одбележаа сезоната. Македонија и оваа година имаше свој претставник во најелитното натпреварување и тоа беше екипата на Еурофарм Пелистер, а иако битолчаните не стигнаа предалеку, неколку играчи се издвоија со извонредни партии на најсилно ниво. Тоа пред се важи за ...

Мигуел Алмирон стана првиот играч во историјата кој доби исклучување на еден фудбалски мундијал поради „Винисиус правилото“ кое го воведе ФИФА, казна која му се доделува на фудаблер кој влегува во конфронтација со ривал и го прави тоа со прекриена уста. Алмирон ја покри устата со својата рака и според правилата доби директен црвен картон, но се ќе беше во ред ако вчершаниот меч не донесеше идентичен пример, во кој сепак не беше употребена ...

Роналдо Назарио остави фудбалски белег кај милиони фанови ширум светот, а истото важи и за фудаблските ѕвезди кои две децении по неговите магии имаат шанса да се докажуваат на најголемата фудаблска сцена. Џејми Левелинг е германски репрезентативец и добива шанса како „џокер“ од клупата на Јулијан Нагелсман, но како млад фудбалер кој се заљубил во фудбалската магија на Бразилецот Роналдо, сега доби подарок кој сигурно ќе има посебно место во ...

Хари Кејн не беше премногу инволвиран во играта на Англија и беше евидентно дека една негова шанса може да направи главна разлика на натпреварот со Гана, па иако дочека такво нешто во 86-та минута, капитенот на „гордиот албион“ реагираше некарактеристично лошо. Напаѓачот ја дочека одбиената топка од гредата и ја испрати истата далеку над голот, па така пропадна последната голема шанса на Англија да освои три бода и уште по второто коло да ...

Новак Ѓоковиќ се пријави на егзибицискиот турнир во Хурлингем и требаше денеска да има генерална проба пред Вимблдон, но во последен час одлучил да го откаже учеството и тоа го направил без никакво објаснување. Турнирот во Хурлингем објави дека Ѓоковиќ ќе биде заменет од Мартин Дам во закажаната пресметка со Карен Хачанов, па така наместо да гледаме генерална проба на Србинот пред еден од омилените грен слем турнири, сега надвиснуваат ...

Стадионот „Акрон“ во Гвадалахара рано утрово беше домаќин на натпреварот меѓу Колумбија и ДР Конго, а иако видовме очекувана победа на јужноамериканската селекција, светската јавност на овој натпревар го виде и најоткачениот фан на Светските првенства. Лумумба Веа е познат и ексцентричен фан на фудаблската репрезентацина на ДР Конго и тој привлече внимание уште во најавата за мндијалот, пред се поради необичниот стил и позата со која го бодри ...

Жозе Мурињо беше официјално потврден како нов тренер на Реал Мадрид откако Флорентино Перез победи на претседателските избори, а сега во период кога се подготвува за втората етапа во „кралскиот клуб“, искусниот Португалец го направи и првото интервју како нов предводник на најтрофејниот клуб во Европа. „Специјалниот“ се враќа за да ја одработи втората етапа на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа ќе го прави со голема чест, бидејќи за него не постои ...

Јошко Гвардиол не е во посакуван ритам и причина за тоа е повредата која ја влечеше пред мундијалот, па иако направи сериозни напори да се стави на располагање, вчера стана евидентно дека има проблеми да биде на висина на задачата. Фудбалерот на Манчестер Сити беше еден од најлошите во катастрофалното прво полувреме за Хрватска, а тоа го натера Златко Далиќ да го остави на клупа уште на паузата меѓу двете полувремиња. Гвардиол не се појави на ...

Карлос Кеирош повторно е составен дел од еден мундијал, овојпат како селектор на репрезентацијата на Гана која вчера ремизираше со Англија во натпревар кој не понуди премногу шанси. Африканската селекција се стремеше да се одбрани по секоја цена и одлично ги затвори приодите кон својот гол, а во неколку наврати беше и опасна преку контра-напади. Најзрелата шанса за гол Гана ја имаше во 79-та минута кога Аду излезе сам пред голот на Пикфорд, ...

Лука Модриќ не може да биде импресионран од играта и остварената победа на Хрватска против Панама, но може да биде горд на новиот рекорд кој го постави како репрезентативец и капитен на својата национална селекција. Модриќ оствари неверојатен јубилеј и го одигра 200-от натпревар за хрватската репрезентација, па по победата од 1:0, сите негови соиграчи се појавија на теренот со маички во чест на хрватскиот маестро. – Фала му на Бог за победата ...

Кристијано Роналдо им порача на критичарите дека „се вратил“ и дека не планира така лесно да се одјави од Светското првенство, но бидејќи користеше необична терминологија по крајот на средбата со Узбекистан, португалскиот капитен доби и јавна опомена од Златан Ибрахимовиќ. Роналдо им одговори на критичарите во повеќе наврати по победата од 5:0 и нагласи дека им го покажал спротивното на сите оние кои го испратија во пензија, но фактот што ги ...

Англија одигра прескромен натпревар против Гана и не успеа да го скрши бедемот пред голот на африканската селекција, а реално гледано, не ни заслужи со оглед на тоа што беше крајно резервирана до самата завршница. Избраниците на Томас Тухел се разбудија во финишот и во три наврати се заканија преку Сака, О’Рајли и Кејн, но во таа ситуацијата и среќата им го заврте грбот, бидејќи ударот на Нико заврши во гредата. Играчите на Гана успеаја да го ...

Хрватска се прикажа во ново бледо издание во второто коло на Светското првенство, но благодарение на своето искуство и индивидуален квалитет, на крајот успеа да излезе на крај против аутсајдерот Панама. Избраниците на Златко Далиќ одиграа катастрофално прво полувреме кое треба што побрзо да го заборават, па иако го кренаа просекот во продолжение, јасно е дека формата ќе мора да ја подигнат во пресрет на клучниот меч со Гана. Човек на одлука ...

Даниел Муњоз ја потврди фантастичната форма во раната фаза на Светското првенство, па така неговиот нов блесок беше доволен за втора победа на Колумбија и место на „кафетеросите“ во нокаут рундата. Колумбија влезе како апсолутен фаворит против ДР Конго и ги контролираше случувањата на теренот во секој поглед, но го пробиваше ледот во доцната фаза од натпреварот. ДР Конго постави „бункер“ пред својот гол и благодарение на голманот Мпаси-Нзау ...

Кристијано Роналдо во целата своја играчка кариера навикна да им одговара на критичарите, а тоа продолжува да го прави и на залезот кога го игра последниот мундијал. Португалскиот капитен одговори на прозивките со два гола и историски рекорд на мундијалите на средбата против Узбекистан, па по крајот на истиот и победата од 5:0, беше доволно расположен да го возвраќа ударот кон луѓето кои го критикуваа во изминатите седум дена. – Не знам дали ...

Македонските фудбалски прволигаши Тиквеш и Шкендија Арачиново ги засилија своите редови во пресрет на натпреварувачката 2026/2027. Ново име во редовите на клубот од Кавадарци е искусниот Јован Попзлатанов. Се работи за фудбалер на кого македонската сцена му е и тоа како позната, последниот тим за кој настапуваше е Работнички, а во минатото беше дел од Пелистер, Тетекс, Вардар, Македонија ЃП и летонска Рига. Претходно Тиквеш се пофали со ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.61
24%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.24
31%
1017
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.35
40%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.26
38%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
1.59
44%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
43%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
8.13
19%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
1.52
25%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 29ᴼ
1.79
41%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
2.24
27%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
7.58
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Бакар

13.23

Калај

56.36

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

139576.04

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Сребро

2044.16

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28

Платина

56038.75

Паладиум

43628.56