Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Јирген Клоп во изминатата деценија прерасна во легенда на Ливерпул и сега ужива во почетната фаза како генерален директор за фудбал во групацијата Ред Бул, но пред да оствари големи успеси во Англија на „Енфилд Роуд“, Германецот беше контактиран од најлутиот ривал на „црвените“. Манчестер Јунајтед го имаше пикирано Клоп како еден од идеалните кандидати за наследник на Сер Алекс Фергусон, но Клоп открива дека во тој момент воопшто не бил ...
Арсенал и Атлетико Мадрид го играа најинтересниот дерби натпревар на стартот на третата рунда натпревари во Лигата на шампиони, но пред да дојде ред на главите случувањата, двајцата менаџери си поделија комплименти, но испратена е и една официјална жалба од гостите за условите кои ги затекнале на „Емирејтс“. Микел Артета и Чоло Симеоне си разменија убави зборови во најавите кои ги направија при прес-конференции, но шпанските медиуми известуваат ...
Пеп Гвардиола повторно се мачи со повреди од стартот на сезоната и доста често е приморан да ротира во својот тим, но шпанскиот стручњак во пресрет на натпреварот со Вилјареал во Лигата на шампиони не го криеше задоволството што во тимот му се враќа големото летно засилување. Рајан Шерки пристигна уште пред стартот на Светското клупско првенство и остави добар впечаток на мундијалот, меѓутоа имаше бавен влез во сезоната поради повреда и првите ...
Стјуарт Пирс долги години беше селектор на младинската репрезентација на Англија и еднаш дочека да го води најсилниот А тим како привремен селектор, а верните фанови на Премиер лигата секако го паметат и како професионален фудбалер, но и менаџер на Манчестер Сити од времето кога клубот од „Итихад“ не беше фудбалски моќен како во последните 15-тина години. Поради карактеристичниот стил на игра кој го негуваше како тренер, Пирс е познат како ...
Хари Кејн одлично се снајде во германскиот фудбал во дресот на Баерн Минхен или поточно продолжи да игра на високо ниво како што претходно тоа го правеше во дресот на Тотенхем каде со години беше најдобар играч, меѓутоа му фалеше соодветна поддршка за да „петлите“ тоа го заокружат со титули. Откако се пресели во Баерн дојдоа и титулите, а ќе биде занимливо да се види како ќе биде завршена оваа кампања во која засега „баварците летаат“ и редат ...
Интер фаќа ритам и против Рома ја забележа четвртата победа во низа во италијанската Серија А со што дојде до второто место на табелата зад градскиот ривал Милан. „Нероаѕурите“ го освоија Рим со погодокот на Бони во првото полувреме, триумф кој донесе многу емоции, прегратки по последниот судиски свиреж. -Да, сега можеме да кажеме: ова е Интер на Киву. И тоа е спектакл за гледање. Прекрасно е да се видат играчите како се собираат околу својот ...
Јувентус му гостува на Реал Мадрид во рамките на третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, меч закажан за в среда од 21 часот. „Старата дама“ не го дочекува ова соочување во најдобра форма, но дефинитивно има адути со кои може да му направи проблем на шпанскиот вицешампион, а еден од нив дефинитивно е Кенан Јилдиз. -Секое дете сонува да игра на тој стадион. Мислам дека е еден од најдобрите во светот, а можноста да играм таму сега е ...
Ако се суди по овие осум кола, Вест Хем е една од екипите кои ќе се бори за опстанок во Премиер лигата, но ако „чеканите“ сакаат да го задржат прволигашкиот статус тогаш ќе мора да го поправат очајниот учинок на домашен терен. Четири натпревари во својот дом, четири порази и гол разлика 2:12 што е катастрофално за тимот кој пред само две години го освои трофејот во Конферециската лига ан УЕФА. Новиот тим кој го нокаутираше Вест Хем е Брентфорд ...
Манчестер Јунајтед ја забележа првата гостинска победа во оваа сезона во Премиер лигата и тоа можеби на најтешкиот и најжешкиот терен во оваа конкуренција „Енфилд Роуд“. „Црвените ѓаволи“ го нокаутираа Ливерпул со 2-1 и сега имаат само два бода помалку од актуелниот шампион и покрај огромните критики кои тимот и пред се менаџерот Рубен Аморим ги добија во досегашниот тек на кампањата. Често се зборува за Аморим и за тоа дека е готов, односно ...
Младата репрезентација на Аргентина до 20 години не успеа да го положи последниот испит и загуби од Мароко во финалето на Светското првенство. „Гаучосите“ важеа за фаворити во овој финален меч, но Мароканците потврдија дека воопшто не беа случајни победите на овој турнир над селекции како Шпанија, Франција, Бразил и со двата гола на Јасир Забири. Ова дефинитивно беше болен пораз за Аргентинците, па Лионел Меси се обиде да ги утеши младите ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на Челинџер турнирот во Роверето каде и зема мерка на четвртата носителка Нурија Бранкачо. Бранкачо е 62 место подобро рангирана од Ѓорческа на ВТА листата, но тоа вечерва не се почувствува на теренот или поточно како улогите да беа заменети и Лина и одржа лекција на Италијанката. Тетовката славеше со 2-0 во сетови по 67 минути игра со 6-4 и 6-3. Нареден ривал на Македонката е ...
Вториот светски рекет, Јаник Синер нема да биде дел од италијанската репрезентација на завршниот турнир во Дејвис Купот кој од 18. до 23. ноември ќе се одржи во Болоња. Италијанеците ја бранат титулата, а во отсуство на Синер нивен најголем адут ќе биде Лоренцо Музети. Во тимот се уште Коболи, Беретини, Болели и Вавасори. Ривал на „аѕурите“ во четвртфиналето ќе биде селекцијата на Австрија. Ready to defend their Davis Cup crown 👑 🇮🇹#DavisCup ...
Тимот на Еурофарм Пелистер не успеа да ја изненади Барселона, но успеа да постигне 30 гола против актуелниот шпански првак и воедно најтрофеен тим во Лигата на шампионите. Еден од тие 30 гола беше вистинско ремек дело во режија на Никола Митревски и Дејан Манасков, мајсторија која веќе доби признание за погодок на колото. Меѓутоа овој цепелен носи радост и задоволство кај ракометните фанови, па ЕХФ имаше прашање за нив: -Дали ова е голот на ...
Некогашниот англиски репрезентативец, Рио Фердинанд го издвои фаворитот кога е во прашање трката за титулата во Премиер лигата. Иако до крајот има да се одиграат уште 30 кола и во игра се уште 90 бодови, често се поставува прашањето околу тоа кој е најблиску до пехарот, поточно за екипата која би требало да биде на врвот на крајот на натпреварувачката 2025/2026. Рио верува дека ова е година на Арсенал и тие конечно ќе го вратат премиерлигашки ...
Борусија Дортмунд го претрпе првиот сезонски пораз во Бундеслигата и тоа на гостувањето кај актуелниот шампион Баерн Минхен (2-1). „Милионерите“ одиграа многу лош натпревар во кој упатија само еден директен удар кон Нојер, односно тој единствен удар во рамката заврши во мрежата на Нојер. Многу повеќе се очекуваше од Борусија која треба да биде главен ривал на Баерн за пехарот, ама веќе по седум гола има седум бода помалку. Поранешниот германски ...
Шкотскиот великан Ренџерс конечно го реши прашањето околу наследникот на Расел Мартин кој доби отказ по лошите резултати на стартот на оваа сезона. Клубот од Глазгов никако не успеваше да пронајде тренер, се споменуваа и се водеше преговори со повеќе имиња како Стивен Џерард, Дени Рол, Кевин Мускат за да на крајот одново се фокусираат на Германецот со кого се разбраа и договорија соработка за наредните две ипол години. Се работи за 36-годишниот ...
Комо потврди дека е квалитетен тим и му зема мерка на Јувентус во вчерашното соочување во италијанската Серија А. Домаќините славеа со 2-0 во мечот во кој Нико Паз даде гол и запиша асистенција, поточно со овој резултат му го нанесоа првиот пораз на Јуве во шампионатот. Тренерот Сеск Фабрегас поради казна не можеше да го води својот тим од клупата, но по завршувањето дојде на теренот и му одржа инспиративен говор на својот тим. -Само еден збор. ...
Ливерпул не успеа да ја прекине лошата резултатска серија и загуби од Манчестер Јунајтед со 2-1 во дерби натпреварот во Премиер лигата. „Црвените“ влегоа во ова соочување со три порази во низа и многумина беа убедени дека ќе видиме одговор од избраниците на Слот и нивно славје на „Енфилд Роуд“. Меѓутоа се случи едно друго сценарио, гостите погодуваа во вистинско време, а имаа и среќа во одредени ситуации и ги однесоа трите бода од жешкиот терен ...
Јувентус доживеа пораз на вчерашниот меч против Комо, резултат со кој се зголеми притисокот врз Игор Тудор кој повеќе не е сигурен на клупата на „бјанконерите“. Наредните два до три натпревари можат да бидат клучни за Хрватот, гостински натпревари против Реал Мадрид и Лацио, а потоа и соочување со Удинезе во Торино. Ако екипата не се разбуди и нема позитивни резултати Тудор може да биде минато, а италијанските медиуми почнаа да пишуваат кој би ...
Првото коло од Европскиот клупски куп во шах донесе очекуван резултатски расплет, при што најдобро рангираните екипи, меѓу кои е и македонскиот шампион ШК Алкалоид, стартуваа со убедливи победи на турнирот, кој има само седум кола, а на крајот ќе го даде новиот клупски шампион на Европа. За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година, и тоа на петтата и на шестата табла, каде што настапија ВМ Абиманју ...
Македонскиот репрезентативец, Дамјан Шишковски е прогласен за најдобар играч во 11. коло во шампионатот на Босна и Херцеговина. Шишковски доби шанса да застане на голот на Борац Бања Лука во пресметката со Вележ, средба на која тој блескаше и беше најзаслужен што ја сочува мрежата или поточно ја обезбеди, потврди победата на неговиот тим од 1-0. View this post on Instagram A post shared by Arena Sport BH (@arenasportbh) Во тимот на колото пак ...
Барселона покажува доста слабости во досегашниот тек на оваа сезона и ако продолжи вака ќе биде многу тешко да се повтори минатата кампања кога беа освоени сите пехари во Шпанија, додека за „влакно“ остана без пласман во финалето на Лигата на шампионите. Каталонците имаат проблеми во играта, некои екипи ги искористија како на пример Севилја која го нокаутираше шампионот со 4-1, потоа ПСЖ со доста повредени играчи го освои „Монжуик“, а во некои ...
Македонската женска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Русија до 19 години. Двата меча ќе се одиграат на стадионот на ФК Турново на 24. и 27. октомври. Селекторот на нашата млада женска репрезентација, Кирил Изов за натпреварите против врсничките од Русија ќе смета на следните фудбалерки: Голмани: Ведрана Комненова (Љуботен), Ангела Блажева (Каменица Саса); Одбрана: Росана Китановска (Љуботен), ...
Макс Ферстапен по победата која ја оствари на спринтот во Остин нагласи дека негова цел ќе биде да оди од трка во трка без преголеми очекувања, но само еден ден подоцна, актуелнииот светски шампион не криеше дека сепак ќе се обиде да стигне и до петта титула во Формула 1. Холанѓанецот издоминира на трката во САД и продолжи да ја намалува разликата во однос на двоецот на Мекларен, па така со доминацијата на последните четири трки јасно достави ...
Виктор Ѓокереш постигна три погодоци од стартот на сезоната, но како фудбалер кој дојде за огромна сума на пари во Арсенал, неговите бројки изгледаат доста скромно и веќе ги добива првите критики во Англија. Шведскиот напаѓач не се запиша во листата на стрелците на последните седум натпревари кои ги одигра за Арсенал, а ако се додадат и оние два кои ги одигра за Шведска, серијата изнесува девет меча без гол. Микел Артета го доведе Ѓокереш со цел ...
Грем Потер доби отказ од Вест Хем на крајот на месец септември поради ужасниот старт на сезоната, но неполн месец подоцна, англискиот стручњак доби нова работа во вид на репрезентативен селектор. Поранешниот менаџер на Вест Хем и Челси брзо си пронајде нов ангажман и во иднина ќе биде селектор на шведската фудбалска репрезентација, која по шокантниот расплет во квалификациите за Светското првенство, остана да зависи само од потенцијален бараж ...
Фановите на Манчестер Јунајтед имаа голема причина за радост по вчерашниот резултат кој го оствари нивниот омилен тим на гостувањето на „Енфилд Роуд“, а истото важи и за легендите на овој клуб кои конечно дочекаа прв триумф на гостински терен кај лутиот ривал по пауза од една деценија. Рој Кин, Рио Фердинанд, Петер Шмајхел и Гери Невил го поздравија изданието кое го имаа избраниците на Рубен Аморим, но покрај тоа што се фокусираа на анализа на ...
Јирген Клоп беше специјален гостин во познатиот поткаст на Стивен Бартлет, а покрај низата интересни фудбалски теми кои беа отворени, германскиот стручњак доби прашање и за најлошата вест која ја доби во 2025-та година. Смртта на Диого Жота ги фрли во очај сите симпатизери на Ливерпул и ги зави во црно цело фудбалско семејство, но дефинитивно, најтешко им беше на оние кои голем дел од своето време минуваа со Португалецот, а тука се мисли на ...
Ханси Флик важеше за еден од наприбраните и најсмирените тренери во светот во периодот кога го водеше Баерн Минхен, но ладниот Германец полека се претопува во шпанската култура и во втората сезоан покажува повеќе емоции од било кога. Обичо мирниот Флик ги загуби нервите на последниот натпревар против Џирона и доби исклучување од судијата Мансано, а потоа еуфорично славеше со вулгарни гестикулации кои беа тема на разговор и на денешниот прес. Во ...
Рафаел Леао ги постигна првите голови во новата натпреварувачка сезона која стартуваше доста лошо за него, но откако ја санираше повредата, се добива впечаток дека офанзивецот влегува во посакуван ритам. Масимилијано Алегри одлично го дозираше Леао и не ризикуваше со предвремено враќање на теренот, па после неколку меча како „џокер“ од клупата, Леао вчера за првпат беше стартер во новата сезона. Рафа одговори со два погодоци кои донесоа пресврт ...