Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Осум натпревари беа на програмата ова утро во НБА лигата, а учинокот е четири победи за домашните и четири за гостинските екипи. Од Шарлот до Сакраменто имаше интересни соочувања, битки од кои ги имаме најдобрите акции и мајстории. Топ листата ја сочинуваат десет екстра порази, а победник на денот овојпат е Кевин Портер Џуниор од редовите на Милвоки Бакс со неговото супер забивање преку ѕвездата на Кливленд Кавалирс, Донован Мичел. Осум ...
Ливерпул го очекува исклучително важен меч против Галасарај во Лигата на шампионите, меч кој е да се биде или не за премиерлигашот затоа што само со победа (регуларен дел, продолженија, пенали) ќе се пласира понатаму и ќе закаже битка со Пари Сен Жермен. Ова е тежок период за „црвените“ и потребен е резултат за кревање на самодоверба особено по киксовите против Вулверхемптон и Тотенхем во Премиер лигата, а тука е и поразот од Галата во првото ...
Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Димитар Капинковски го објави списокот на повикани фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија, кој ќе се одржи во периодот од 23 до 31 март 2026 година. Нашата надежна селекција на 25. март на воведниот натпревар ќе се соочи со репрезентацијата на Фарски Острови. Против домаќинот Холандија го играме мечот од второто коло на 25. март, а турнирот го затвораме со дуел против ...
Тимот на Вардар имаше одлични резултати во главната рунда на Европската лига, фаза во која доби три од четирите натпревари против Бенфика и Мелсунген и со тоа го освои првото место во групата кое му овозможи директен пласман во четвртфиналето каде ќе ги одмери силите со победникот од соочувањето меѓу Монпелје и Елверум. „Црвено-црните“ ги краси фантастичен тимски дух, меѓутоа ако мора да се издвои некој поединец тоа е Јака Малус. Словенецот е ...
Реал Мадрид го доби двомечот со Манчестер Сити и обезбеди билет за четвртфиналето во Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со победникот од Баерн Минхен-Аталанта. Шпанскиот клуб славеше во реваншот со 2-1 и со вкупни 5-1 ја затвори оваа пресметка во која премиерлигашот на хартија важеше за благ фаворит поради формата на Реал, но и проблемите со повредените, недостапни играчи. Во Шпанија или пред се во Мадрид и медиумите од таму се ...
Македонскиот интернационалец, Иван Николов одново беше стрелец за Радник Бијељина во Купот на Босна и Херцеговина. Откако испорача хет-трик против Крушево, нашиот фудбалер стрелаше и во соочувањето со Лакташи кое домаќините го добија со 4-0 и со вкупни 4-2 обезбедија пласман во полуфиналето на ова натпреварување. Ривал на Иван и пријателите во наредната рунда е Зрињски, тим кој е второпласиран во шампионатот зад Борац од Бања Лука. ...
Премиерлигашот Челси доживеа два убедливи порази од Пари Сен Жермен и на тој начин го заврши своето учество за оваа сезона во Лигата на шампионите. По поразот во Париз од 5-2, „сините“ беа преслушани на „Стемфорд Бриџ“ со 3-0 што покажува огромна разлика меѓу овие два тима кои да не заборавиме минатото лето се сретнаа во финалето на Светското клупско првенство и Челси беше составот кој ги разби „светците“. Овен Харгривс смета дека ...
Лаутаро Мартинез веќе некое време не настапува за Интер поради повреда, период во кој неговиот клуб доживеа елиминација од Лигата на шампионите, но и забележа неколку лоши резултати во Серија А. Додека Интер со нетрпение одново го чека на терените, аргентинскиот напаѓач откри која е неговата цел, сон кој сака да го оствари во иднина. Тој е среќен во сегашната средина, меѓутоа веќе размислува за иднината и сака одново да го носи дресот на ...
Сенегал се уште е во шок по одлуката да му биде одземена титулата која ја освои на африканскиот Куп на нации, одлука која ја донесе Фудбалската асоцијација на Африка (ЦАФ). По два месеци ЦАФ одлучи Мароко да го добие завршниот меч на турнирот со службен резултат од 3-0, а причината за тоа е што играчите од Сенегал го напуштиле теренот пред крајот на регуларниот дел. Сенагалците веќе најавија дека ќе се жалат во Судот за спортска арбитража во ...
Франк Рибери е еден од играчите кој освеои свој белег во европскиот и светскиот фудбал, играч кој најубавиот дел од кариерата го мина во германскиот великан Баерн Минхен. Французинот се задржа во Минхен седум години, период во кој беше меѓу клучните играчи за сите успеси, титули како на домашната и меѓународната сцена. Тој има статус на легенда на „Алијанц Арена“ и многу му е драго поради тоа. -Баерн победува затоа што има богато знаење, има ...
Манчестер Јунајтед го заврши настапот во Лигата на шампионите и тоа во осминафиналната рунда каде подобар од нив беше најтрофејниот клуб во ова натпреварување Реал Мадрид. Премиерлигашот потфрли на првата средба во Мадрид каде загуби со 3-0 и се најде во многу тешка позиција во реваншот каде уште во 20 минута остана без Бернардо Силва поради игра со рака, ситуација при која Реал доби удар од 11 метри кој го искористи и отиде на вкупни плу ...
Габриел Агбонлахор е име кое сигурно го паметат фановите кои со години ја следат Премиер лигата, напаѓач кој долги години беше како заштитно лице на Астон Вила, играч кој во најдобрите времиња беше и англиски репреезентативец. Воедно Агбонлахор е познат и како човек без влакна на јазикот особено сега кога однадвор ги коментира работите на одредени теми, па така тој имаше што да каже за капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. -Се ...
Челси доби уште една лекција од Пари Сен Жермен, втор натпревар во кој загуби со три разлика. Мината седмица премиерлигашот се распадна во самата завршница и загуби со 5-2, додека пак вчера доживеа потоп на свој терен на „Стемфорд Бриџ“ од 3-0. Доста работи не функциниораат кај Челси по доаѓањето на Лијам Росениор и ќе биде интересно да се види дали „сините“ ќе ја остварат барем основната цел, да бидат во Топ 4, Топ 5 во ПЛ и на тој начин се ...
Баер Леверкузен немаше сила за изненадување против Арсенал и загуби со 2-0 на дуелот во Лондон или поточно со вкупни 3-1 го комплетираше двомечот и се збогуваше со Лигата на шампионите за оваа сезона. Многумина веруваа дека „фармацевтите“ ќе бидат лесен залак за „топчиите“, но тоа не беше така и бундеслигашот се покажа како цврст тим против една од најдобрите екипи во Европа. Тренерот на Леверкузен, Каспер Хјулманд смета дека Арсенал може да ...
Фабио Фоњини остави свој белег во светот на тенисот, ас кој своевремено беше меѓу најдобрите десет на светот и кога имаше свој ден, поточно беше во посакуваниот ритам беше тешко да се совлада. Италијанецот имаше доста битки со големата тројка, четворка и добро знае колку беше тешко да се направи топ резултат, да се освојат титули на турнирите на кои беа присутни Ѓоковиќ, Федерер, Надал, Мари… Сега таа конкуренција како да ја нема, Алкарас и ...
Тимот на Оклахома Сити Тандер забележа уште една победа во НБА лигата и тоа против Орландо Меџик кого го доби на негов терен со 113:108. Во прв план одново беше Шеј Гилџес Александер кој ја продолжи неверојатната серија и испорача 40 поени во мечот во кој имаше и една бизарна ситуациа во првото полувреме. Имено се играше втората четвртина кога Алекс Карузо остана без патика, но со оглед на тоа што треаше нападот на домаќините, големиот борец ...
Вчеравечер како „бомба“ одекна веста дека Сенегал останува без освоената титула на африканскиот Куп на нации, титула која чесно ја освои на теренот на шампионатот кој се одигра во Мароко. Невиден преседан во светскиот фудбал: ЦАФ му ја одзема титулата на Сенегал и за нов шампион го прогласи Мароко! Финалето меѓу Мароко и Сенегал донесе драма и сцени за кои долго ќе се зборува, меѓутоа гостите по продолженијата се изборија за триумф и титула. ...
Бранителот на титулата во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер ја продолжи одличната резултатска серија и славеше на гостувањето на Флорида кај Орландо Меџик со 113:108. Ова беше интересно соочување во кое двете екипи добија по две четвртини, меѓутоа ОКЦ направи поголема разлика во првиот и третиот период. Лидер стандардно беше Гилџес-Александер кој по 129 пат во низа реализираше 20+ поени во најсилната кошаркарска лига на светот. Шеј овојпат ...
Франческо Пио Еспозито доби шанса во Интер во оваа сезона и тоа откако претходно блесна на позајмицата во тимот на Специја. Калчолигашот се одлучи да му верува на напаѓачот, да не го испраќа на нова позајмица и му даде доволно прилики да покаже што знае и умее, потег кој се покажа како правилен затоа што Пио со својот квалитет се наметнува иако конкуренцијата во офанзивната линија е жестока. Во досегашниот тек на кампањата има учинок од 8 ...
Барселона ја очекуваат уште два натпревари до репрезентативната пауза, два на домашен терен од кои првиот е против Њукасл во Лигата на шампионите. Каталонците не се прославија на соочувањето на „Сент Џејмс Парк“, но на крај со гол од пенал се изборија за активен, поволен резултат (1-1) што значи дека секоја победа на „Камп Ноу“ ги носи во четвртфиналето каде ќе следи соочувањето со Атлетико Мадрид или Тотенхем. Барса не смее да се дозволи ...
ПСЖ му одржа лекција на Челси во осминафиналето во Лигата на шампионите и покажа дека во овој момент е за неколку класи подобар тим од премиерлигашот, а воедно режираше слатка одмазда за поразот во финалето на Светското клупско првенство кое се играше минатото лесто. Актуелниот европски шампион покажа завиден квалитет на двата натпревари и со вкупни 8:2 се пласираше меѓу осумте најдобри, а овој брутален резултат донесе и бес кај играчот кој ...
Арсенал „гази“ на сите фронтови во оваа сезона и е во игра за четири трофеи, три на домашната и еден на меѓународната сцена. „Топчиите“ овој викенд ќе играат за првиот пехар и тоа во англискиот Лига Куп, напредуваат во ФА Купот и Лигата на шампионите, а се лидери во Премиер лигата со значајна предност пред второпласираниот Манчестер Сити. Веќе се поставуваат прашања за тоа колку пехари Арсенал ќе освои, но легендата на клубот Тјери Анри ...
Пеп Гвардиола постапи џентлменски веднаш по последниот судиски свиреж и честитките до противникот ги започна од Алваро Арбелоа, а тоа го продолжи со поздрави за уште неколку негови фудбалери откако се упати кон теренот. Менаџерот на Манчестер Сити нормално ги поздравуваше играчите на Реал, се додека не дојде до Ридигер, кој очигледно не беше баш најимпресиониран од некои претходни ставови на Шпанецот. Ридигер и Гвардиола си подадоа рака, но ...
Арсенал или Манчестер Сити? Тоа се две екипи меѓу кои се бара новиот англиски шампион, наследникот на Ливерпул кој во оваа сезона е далеку од врвот и по само една година ќе го препушти тронот на некој од ривалите. „Топчиите“ се во пол позиција и имаат девет бода повеќе од Сити (но и натпревар повеќе) и многумина почнаа „граѓаните“ да ги отпишуваат, поточно да тврдат со сигурност дека Арсенал ќе биде првак. Серхио Агуеро доволно долго време ...
„Престани со толку многу плачење“ беше пораката која му ја посветија фановите на Манчестер Сити кога Винисиус Жуниор за првпат се врати на „Итихад“ откако Родри ја освои „Златната топка“, но 18 месеци подоцна, Бразилецот доби шанса за реванш и вечерва со два гола ги замолкна навивачите на англискиот клуб. Бразилецот со јасни гестикулации за плачење го прослави првиот гол за 0:1, а одмазднички се радуваше и кога погоди во судиското продолжение ...
Реал Мадрид и ПСЖ рутински го потврдија четвртфиналниот билет во Лигата на шампиони, а за такво нешто се избори и Арсенал кој го доби вториот меч со Баер Леверкузен на домашен терен. Дербито на вечерта дефинитивно се играше на „Итихад“, но уште во раната фаза на мечот му се урнаа замислите на Пеп Гвардиола, но и на сите навивачи на Сити кои веруваа во чудесен пресврт. Бернардо Силва поради играње со рака заработи директен црвен картон и му ...
Од незаборавното финале меѓу Мароко и Сенегал поминаа речиси два месеци, но кога цела јавност се помири со фактот дека домаќинот на турнирот на драматичен начин остана без посакуваниот трофеј, оваа вечер пристигна вест која ја шокираше цела светска спортска јавност. Имено, Фудбалската асоцијација на Африка (ЦАФ) вечерва направи невидене преседан во светскиот фудбал и реши да му ја одземе освоената титула на Сенегал, и тоа поради одлука ...
Македонскиот ракомет за жал денеска остана без уште еден свој долгогодишен работник, откако од Струга пристигна информација за ненадејна смрт на Сашо Србиноски. Посветениот тренер и поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација на плажа речиси целиот свој живот му го посвети на ракометот и важи за голема легенда на РК Струга, но и воопшто во македонскиот ракомет каде уживаше голема почит. – Македонскиот ракомет остана без уште ...
Реванш натпреварите во осминафиналето во Лигата на шампионите започнаа доста возбудливо, па првото полувреме донесе голови на сите три средби кои се играат во 21:00 часот. Во овој момент, најтесно и најнеизвесно е во Северен Лондон каде силите ги одмеруваат Арсенал и Баер Леверкузен, а по едно полувреме на „Емирејтс“, поблиску до четвртфиналето е домаќинот. Гостите од Германија одлично парираа на тежок терен, но во 36-та минута разлика ...
Норвешката бајка наречена Бодо/Глимт донесе навистина убава свежина во најелитното европско натпреварување, па иако по минатонеделниот резултат се доби впечаток дека скандинавците се пред пласман во четвртфиналето, Спортинг Лисабон оваа вечер испиша историја и стана само петти тим кој анулирал три или повеќе голови во една нокаут фаза во Лигата на шампиони. Бодо успешно го мина Интер во баражот и нанижа пет победи во низа во фудбалската ...