Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Ерлинг Халанд имаше извонредно мундијалско деби и на цела светска јавност уште еднаш и докажа дека има убиствено чувство за гол, но покрај двата погодоци кои ги постигна, во дуелот со Ирак имаше улога и на асистент во акцијата која заврши со автогол за 4:1. Норвешка на најдобар начин го започна мундијалот и покажа дека може да биде едно од пријатните изненадувања на овој турнир, па откако се „чекираше“ со два гола и извонредно издание, Халанд ...
Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата класа на најголемата фудбалска сцена и постигна хет-трик на премиерата која ја имаше Аргентина на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но после сите импресивни коментари кои пристигнаа за неговите рекорди, се повеќе се поставува и прашањето „зошто капитенот го доигра мечот со Алжир“. Меси направи клучна разлика со три гола во мрежата на Алжир за победа од 3:0, но според сите фанови на противничкиот ...
Лука Модриќ ја заврши сезоната на непосакуван начин во Милан и не успеа да му помогне на тимот да избори место во Лигата на шампионите, па какошто стојат работите, тоа ќе биде пресудно да не става потпис на нов договор со „росонерите“. Иако планот беше да остане уште една сезона во Милан и да го води тимот во најелитното европско натпреварување, завршното разочарување драстично ги промени плановите, па сега се поизвесно е дека хрватскиот ...
Македонскиот првак Вардар не доби поволна ждрепка за првото квалификациско коло во Лигата на шампиони и вчера дозна дека ќе игра двомеч против фински Купс, но ако успее да направи подвиг и да ја мине оваа рунда, работите стануваат значително полесни за „црвено-црните“. Купс ќе влезе со фаворитска улога како првак на Финска и првенство кое е подобро рангирано од македонското, но Вардар сигурно нема да се предаде и ќе има свои цели на двете ...
Франција долго се мачеше против Сенегал и имаше доста среќа што на полувреме замина со резултат 0:0, а токму тоа им овозможи на „триколорите“ да размислуваат за победа и да влезат доста поенергично во второто полувреме. Дидие Дешамп коригираше неколку работи и Франција излезе доста поагресивно во продолжение, па после првиот гол на Килијан Мбапе, се чини дека победата ја потврди Бредли Баркола. Крилото на ПСЖ мајсторски погоди со шмекерски ...
Флоренетино Перез ги најави Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис како први летни засилувања за време на претседателската кампања, но први две кои сега се официјално потврдени од клубот се Марк Кукурелја и Бернардо Силва. По официјалната информација за ангажманот на шпанскиот репрезентативен лев бек, Реал Мадрид денеска ја извести јавноста и за аквизицијата на искусниот португалски репрезентативец, кој во изминатите девет години освои се што може ...
Елиф Елмас се врати во Наполи и одигра една сезона како позајмен фудаблер, но во ситуација кога клубот не планира да ја активира клаузулата за откуп, Македонецот во прв момент ќе мора да се врати во Ред Бул Лајпциг, клуб кој ги поседува неговите права. Елмас не се изнаигра во Германија и уште во оваа фаза од месец јуни е јасно дека бара нова средина, а како играч кој ужива голема репутација на „чизмата“, сега се поврзува со сензационален ...
Златко Далиќ ќе ја води Хрватска на трето Светско првенство во низа, а судбината посака на патот повторно да му се испречи Англија, селекција против која неговите играчи војуваа на историскиот поход до сребро во 2018-та година. Хрватска тогаш ја победи Англија и загуби во финалето од Франција, но четири години подоцна, Хрватска одново се прикажа во извонредно светло и го освои бронзениот медал во битката за трето место. После два импресивни ...
Килијан Мбапе не искористи две стопроцентни шанси до фазата од мечот кога го скрши мразот по извонредното додавање од Мајкл Олисе, а иако на крајот направи клучна разлика со два одлични гола во мрежата на Сенегал, првиот час од натпреварот беше доволен за да добие доста критики од родната земја. Капитенот постојано е „под лупа“ во Франција и самиот тој навикна да ги слуша критики од татковината, но дефинитивно ќе остане изненаден кога ќе ги ...
Томас Тухел најави дека не планира да ја пее англиската химна уште на промоцијата која ја имаше во оваа репрезентација, а таквиот став останува ист и за првиот настап кој ќе го има на Светско првенство. Тухел за првпат ќе води една национална селекција на мундијал, па бидејќи станува збор за европско дерби против Хрватска, новинарите од Островот сакаа да дознаат дали можеби Германецот ја променил својата иницијална одлука. Кога се претставува ...
Лионел Меси оствари се што може да се оставри во фудбалот и ги освои сите најважни титули, па дури и во ситуација кога се чинеше дека го одигра последниот мундијал пред четири години, аргентинскиот капитен се уште наоѓа мотивација да се натпреварува на највисоко ниво. Меси ги прифати барањата на сите Аргентинци и прифати да настапи на шести мундијал во својата кариера, а веќе на првиот меч урна и постави неколку мундијалски рекорди. Лео се ...
Во групата во која апсолутен фаворит е Аргентина, исклучително важно за Австрија беше да почне со победа на мундијалот во САД, Мексико и Канада, а избраниците на Ралф Рангник се изборија за такво нешто на доста тежок, но заслужен начин. Кончените 3:1 не го отсликуваат она што реално се случуваше на теренот, бидејќи селекцијата на Јордан во голем дел од средбата беше рамноправна, а одржуваше и поволен резултат до 76-та минута. Натпреварот беше ...
Хрватска и Англија вечерва го играат дербито на денот на Светското првенство, а бидејќи станува збор за две селекции кои добро се познаваат, двајцата стручњаци немаат што многу да кријат во пресрет на дуелот во Тексас. Патиштата на Хрватска и Англија се вкрстија на мундијалот во 2018-та година и на Европското првенство три години подоцна, а судбината сега посака повторно да бидат во иста група на Светското првенство, откако претходно играа ...
Килијан Мбапе е на добар пат да стане најдобар голгетер во историјата на Светските првенства, но пред да дојде до тоа, напаѓачот на Реал Мадрид стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација. Иако пропушти две големи шанси на мечот со Сенегал, францускиот капитен успеа да се опорави и да испорача две чисти реализации во победата од 3:1, а овој блесок му овозможи да избие на врвот на вечната листа кај француските голгетери. ...
Доста се очекува од Јувентус во овој летен преоден рок, но засега е мирно иако има шпекулации за потенцијални засилувања за италијанскиот великан. Едно од имињата кое се поврзува со преселба во Торино е аргентинскиот репрезентативец Емилијано Мартинез. Тој има договор со Астон Вила до 2029 година, но ако стигне соодветна понуда не би требало да има пречка да се реализира овој трансфер. Дино Ѕоф е голема легенда на „старата дама“ и како ас кој ...
Арсенал по добро ќе ја памети натпреварувачката 2025/2026, сезона во која конечно ја освои титулата во Премиер лигата, а играше и уште две финалиња во Лигата на шампионите и англискиот Лига Куп. Меѓутоа тоа веќе е минато и премиерлигашот мора да размислува и за новите предизвици, новата кампања и дефинитивно ќе има некои освежувања, нова крв во составот, а дел од играчите ќе си заминат. Четири имиња се издвојуваат за напуштање и тоа крилата ...
Лионел Меси постигна три гола на премиерниот настап на Аргентина на СП 2026 и со својот прв мундијалски хет-трик ефект успеа да собори неколку рекорди. Аргентина го победи Алжир со убедливи 3:0, а сите погодоци беа дело на ветеранот, кој уште еднаш покажа класа на големата фудбалска сцена и приреди шоу за фановите во Канзас Сити. Натпреварот започна со по еден поништен гол на двете страни, а веќе во 17. минута Меси го искористи одличното ...
Норвешка со перфектен учинок оствари пласман на Светско првенство по пауза од 28 години и со големо очекувања влезе на првиот меч во Масачусетс, но што е поважно, скандинавската селекција успеа да ја оправда фаворитската улога. Ерлинг Халанд, Мартин Одегард и останатите направија доволно за да го победа Ирак, иако мора да се напомене дека селекцијата од Блискиот Исто се покажа како доста незгода во добар дел од мечот. Главната ѕвезда на ...
Поранешниот француски репрезентативец, Пол Погба е убеден дека пред Манчестер Јунајтед се убави времиња и враќање на победнички патеки. Погба не се прослави во двата свои мандати на „Олд Трафорд“ особено во вториот кога дојде како готов играч, ас кој блескаше во Јувентус и беше меѓу најдобрите фудбалери на светот, но тие изданија никогаш не ги повтори во дресот на „црвените ѓаволи“. Англискиот великан повеќе од една деценија е без титула во ...
Репрезентацијата на Франција издвојува победа над Сенегал од 3-1 во првиот натпревар од денешната програма на 23. Светско фудбалско првенство. Французините одиграа очајно прво полувреме кое можеа да го завршат и со негатива, но по паузата „моторите се запалија“, експлозивниот офанзивец дел проработи и беа освоени трите бода. Мбапе го отвори резултатот на асистенција на Олисе во 66 минута. „Триколорите“ доминираа и во 82 преку нововлезениот ...
Англија утре ќе го започне својот настан на Светското првенство и тоа против Хрватска, меч на кој во почетната постава за „гордиот албион“ треба да биде Букајо Сака. Букајо постигна 11 гола и забележа 9 асистенции за Арсенал во претходнава сезона и тоа на 49 натпревари, сезона во која „топчиите“ го освоија пехарот во Премиер лигата и стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, но и она во англискиот Лига Куп. Сепак Емануел Пети иако е фан на ...
Златан Ибрахимовиќ е едно од фудбалските имиња кои го одбележа досегашниот тек на Светското првенство и тоа како стручен аналитичар, експерт за „Фокс Спорт“. Ибра е познат по својот стил, знае да направи да биде забавно, па од страна на шоуменот Џејмс Корден беше ставен на детектор за лаги. Тој доби незгодни прашања, даде интересни одговори за Анри, Кејн, Халанд, дали навистина му простил на Гвардиола, дали го почитува мислењето на колегите… ...
Спортот навистина знае да донесе навистина комични ситуации, а токму една таква водивме на Челинџер турнирот во Даблин. Домашниот тенисер Конор Ганон направи големо изненадување и го елиминираше Бернард Томиќ по три часа игра и три сета, период во кој бевме сведоци на необичен момент во кој никаква улога немаа двајца тенисери. Галеб слета на теренот за време на тај-брејкот на првиот сет, дојде до клупата на Ганон и му ја украде бананата. ...
Дејвид Џејмс долго време важеше за најдобар англиски голман, голман кој низ кариерата настапуваше за доста познати клубови како Ливерпул, Манчестер Сити, Вест Хем и Астон Вила. Тој на „Енфилд Роуд“ се задржа седум години, одигра преку 200 натпревари и токму за овој клуб даде еден интересен трансфер предлог кога е во прашање овој преоден рок. Џејмс смета дека „црвените“ треба да се обидат да дојдат до потписот на Маркус Рашфорд, напаѓачот кој ...
Франција за многумина е прв фаворит за титулата на Светското првенство, а токму „триколорите“ оваа вечер ќе ги видиме во пева акција и тоа шампионот на Африка (на терен) Сенегал. Французините имаат најсилен, најкомплетен состав на шампионатот и не му е лесно на селекторот Дидие Дешамп да ги одбере најдобрите единаесет. Тој се одлучи Мењан на голот, Кунде, Салиба, Упамекано, Ернандез во одбраната, Чуамени, Рабио на средината на теренот, додека ...
Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров повлече уште еден потег, а тоа е продолжување на договорот со Бојана Коцева. Коцева беше значаен дел од Ѓорче Петров кој ја потврди доминацијата во нашиот ракомет во натпреварувачката 2025/2026 и сега гради тим за следната кампања. Пред Бојана соработката беше продолжена со Милица Николиќ, Армина Исиќ, Емилијана Ризоска, Ива Велкова, Анастасија Трпеска, Ана Вранчиќ и Мила Ѓорѓиевска, а ...
Тотенхем две сезони во низа имаше катастрофални резултати во Премиер лигата со тоа што во оваа година стравуваше и за опстанокот во елитната англиска фудбалска конкуренција. Ова дефинитивно го запали алармот во клубот од северен Лондон кој под водство на Де Ѕерби ќе се обиде да изгради тим кој ќе може соодветно да одговори на сите предизвици. „Петлите“ тргнаа да ја обновуваат одбраната, па така како слободни агенти беа привлечени двајца ...
Бразил не успеа со победа да го отвори 23. Светско фудбалско првенство, па селекторот Карло Анчелоти и играчите добија доста критики иако за ривал го имаа Мароко, репрезентацијата која на минатиот шампионат го освои четвртото место. Бразилеците очекуваат многу повеќе од националниот тим, па дури и легендарниот Роналдо имаше забелешка за Анчелоти со кого соработуваше во минатото како играч. -Рафиња лево, кога имаше неверојатна година со ...
Поранешниот италијански и европски шампион Милан официјално го потврди името на наследникот на Масимилијано Алгери-тоа е 41-годишниот стручњак Рубен Аморим. Калчолигашот разгледуваше неколку опции и на крајот одлучи да му ја даде довербата на Рубен Аморим кој не се прослави како тренер на Манчестер Јунајтед, меѓутоа претходно заврши одлична работа Брага и пред се Спортинг Лисабон. -Постојат амбиции што остануваат со вас во текот на целата ...
Екипите на Шкендија и Силекс ги дознаа првите ривали со кои ќе се соочат во рамките на првото квалификациско коло во Конференциската лига. Шкендија која во минатата сезона играше во групната, а потоа и нокаут фазата на ова натпреварување ќе тргне со сооување со Европа од Гибралтар. Првиот меч ќе го игра на гости, додека реваншот е во Скопје. Силекс пак немаше среќа и во првата рунда доби тежок ривал и тоа во Динамо Миск од Белорусија. Се ...