Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Тјери Анри и Златан Ибрахимовиќ станаа препознатлив коментаторски двоец на ова Светско првенство, од едноставна причина што двајцата се ангажирани од „Фокс Спортс“ за коментирање на случувањата на мундијалот. Славните напаѓачи се прикажуваат во одлично издание и знаат да ја забавуваат публиката пред малите екрани, но покрај сериозните моменти кои се задолжителни во телевизискиот пренос, има и ситуации во кои до израз доаѓаа балканскиот ...
Реал Мадрид почна да прави клучни потези за новата натпреварувачка сезона откако Флорентино Перез потврди на претседателските избори, а покрај најавените засилувања во вид на Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис, во краток временски интервал беа потврдени уште две големи засилувања. Жозе Мурињо веќе беше потврден како нов тренер на тимот од Реал Мадрид, а во текот на вчерашниот ден, одека и „бомба“ која никој не ја очекуваше. Без да има било ...
Светското првенство секогаш е магнет за милиони фанови од различни страни ширум светот, но и збирно место на легендарни фудбалери кои оставија своја трага во фудбалот. Зинедин Зидан е човекот кој и ја донесе првата и историска титула на Франција на фудбалските мундијали во 1998-ма година, а речиси три децении подоцна, се уште важи за големата ѕвезда и меѓу своите колеги. Најдобар доказ за тоа е вчерашното видео кое пристигна од Њујорк, а на ...
Јапонија покажа упорност и успеа во два наврати да се врати од гол негатива против Холандија, па на крајот сосема заслужено освои бод на стартот на Светското првенство. Азиската селекција успеа да се разбуди откако примаше гол и го возврати зададениот удар од „лалињата“, а ако второто полувреме изобилуваше со шанси и четири постигнати погодоци, во првото не гледавме воопшто содржаен меч и доста внимание предизвика еден необичен метод на ...
Турција имаше улога на апсолутен фаворит против Австралија и се очекуваше да освои први три бода на Светското првенство, но наместо тоа, избраниците на Винченцо Монтела беа шокирани и претрпеа пораз. Иако Турците беа статистички подобри во сите фудбалски елементи, Австралијците беа тие кои постигнуваа голови и кои се радуваа со своите навивачи, па откако натпреварот заврши со 2:0, доста реакции на социјалните мрежи предизивка и пораката која ...
Историскиот УФЦ настан наречен „ UFC Freedom 250“ донесе големо изненадување рано утрово во Вашингтон, од едноставна причина што непоразениот шампион Илија Топурија претрпе голем шок од Џастин Гејџи. Предизвикувачот му зададе тешки удари на големиот фаворит за одбрана на појасите во лесна категорија, па откако му ги затвори двете очи со жестоки удари во пределот на главата, од аголот на Топурија беа принудени да ја прекинат борбата. Гејџи ...
Двата натпревари во раните утрински часови беа целосно дијаметрални кога се постигнатите голови во прашање, бидејќи воведниот беше решен само со еден гол во самата завршница, а на вториот видовме шест гола и беше втор најефикасен на ова Светско првенство. Програмата беше отворена со дуелот меѓу Еквадор и Брегот на Слоновата Коска, па иако играчите од Јужна Америка беа далеку подобри во период од 60 минути, главен проблем е што беа ...
Кевин Де Брујне една деценија беше дел од Манчстер Сити, тим кој кој беше меѓу клучните играчи во остварување на сите успеси и титули. Минатата година тој го напушти премиерлигашот и се пресели во Наполи каде се очекуваше да биде лидер, да го пренесе своето знаење, квалитет, искуство, ама не се прослави и пред се главна прична за тоа се повредите кои подолго време го оддалечија од терените. Тој ја заврши сезоната со 5 гола и 4 асистенции на ...
Холандија и Јапонија „спиеја“ во првото полувреме и целосно разочараа со прикажаната игра на теренот, но избраниците на двата тима ги оправдаа големите очекувања и најавите кои ги имаше пред стартот на натпреварот со понуденото во вториот дел. Првото полувреме не заслужи ништо посебно за издвојување со исклучок на воведната шанса на Мален, меѓутоа вториот дел започна во висок ритам и со постигнат гол. Вирџил Ван Дајк го „скрши мразот“ и ...
Шкотска не брилјираше на мечот со Хаити, но сепак успеа да оставри минимална победа и да освои први бодови на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Островјаните постигнаа еден гол кој беше доволен за победа, а додека играчите на Хаити се жалеа за судиски неправди кои им беа нанесени во текот на мечот, доста вирална стана и една реакција на Енди Робертсон. Искусниот лев бек го ужива статусот на капитен во Шкотска, а како човек кој ...
Дик Адвокат беше човекот кој избори историски прв пласман за Курасао на едно Светско првенство, но поради нарушено здравје на неговата ќерка, искусниот фудаблски стручњак реши да се повлече од извршување на селекторската функција во месец февруари. Холанѓанецот го стави семејството на првото место и остави простор друг тренер да го води Курасао на мундијалот, но два месеци по одлуката која ја донесе, пристигна подобра вест. Здравјето на ...
Жозе Мурињо беше потврден за нов тренер на Реал Мадрид во текот на оваа недела и веќе почна да ги дознава имињата кои ќе бидат први негови летни засилувања, но Португалецот во оваа рана фаза од летниот преоден рок, доби за задача и да оформи свој стручен штаб. Португалскиот стручњак со години има свои луѓе од доверба, но сега за втората етапа во Реал Мадрид ќе придодаде и еден познат фудбалер кој веќе со години е пензионира. Како што јавуваат ...
Педро Поро се очекува да ја има својата мундијалска премиера на утрешниот натпревар против Зеленортски Острови, но пред да дојде до својот прв настап на мундијалите, десниот бек си ја реши својата клупска иднина. Иако се поврзуваше со трансфери во Реал Мадрид и Манчестер Сити, извонредниот десен бек реши да ја продолжи верноста со Тотенхем, и тоа во времетраење до 2031-ва година. Тотенхем тргна амбициозно на транфсер пазарот и веќе ги доведе ...
Њујорк Никс не остави ништо на случајноста и ја завери финалната серија во Тексас, а со тоа стави крај на долгото чекање кое траеше точно 53 години. За првпат од 1973-та година, франшизата на Њујорк стигна до титулата во НБА лигата, па иако посебно признание треба да се да даде на извонредната тимска игра, мора да се издвои и едно име кое воодушеви со индивидуалните изданија во финалната серија. Џејлен Брансон прерасна во вистински јунак во ...
Мануел Нојер ја прекина репрезентативната пензија за да помогне и да се стави на располагање на националниот тим, а кам-бекот во селекцијата го прослави на најдобар можен начин. Голманот на Баерн Минхен испиша историја како германски репрезентативец, бидејќи денеска стана највозрасен играч кој настапил на еден голем настан, без разлика дали е тоа Светско, или Европско првенство. Нојер застана меѓу стативите на Германија и беше стартер во ...
Луис Хамилтон стигна до 106-та победа во својата богата кариера и уште еднаш потврди дека има доволно мотивација да се натпреварува и на 41- година, но фактот што првпат славеше како член на Ферари направи денешниот триумф на Каталуња да биде посебен. Трката за Големата награда на Каталонија му припадна на искусниот Британец кој испорача фантастични перформанси со својот болид, а извонредниот триумф го прослави и со доста емоции и по некоја ...
Германија ја оправда улогата на фаворит на стартот на Светското првенство, и тоа на доминантен начин на премиерата на турнирот во САД, Мексико и Канада. Тимот на Јулијан Нагелсман отвори фуриозно против дебитантнот Курасао и најави дека ќе биде ефикасен против островската земја, која во раната фаза од мечот, покажа заби и успеа да се врати во игра. Нмеча погоди за 1:0 во 6-та минута и ја најави голеадата, но кога се чекаше вториот гол за ...
Македонската одбојкарска репрезентација со половичен учинок го завршува и вториот турнир во Европската лига, откако денеска загуби во мечот со Грција кој се одигра во Атина. Нашите „спартанци“ запишаа победа и пораз на првиот турнир во Скопје кој се одигра минатата недела, вчера отворија со триумф против Исланд во Атина, но денеска беше јасно дека ќе ги чека тешка задача против фаворизираната Грција. Домашната селекција славеше со 3:0 во ...
Сан Антонио не успеа да го одведе финалето во шести меч и по четврти пат загуби од Њујорк, а третиот пораз во Тексас значеше дека серијата завршува во домот на Спарси. Њујорк ја освои титулата за која чекаше повеќе од 50 години, а додека добар дел од фановите го прославија тоа со демолирање на градот, имаше и такви кои се плашеа да се пресметаат со еден фан на Сан Антонио. Еден навивач на тимот од Тексас стана вирален хит на социјалните ...
Барселона е убедливо најдобар тим во историјата на финалињата во Лигата на шампиони, а таквиот статус го оправда и денеска во завршницата на Ф4 турнирот во Келн. „Ланксес арената“ одново беше домаќин на финалето во најелитното европско натпреварување, па по пауза од две години, повторно видовме победа на тимот кој владее во Лигата на шампиони. Барселона одигра конфузен натпревар против Алборг во вчерашното полуфинале, но денеска беше на ...
Швајцарија се изнапромаши против Катар и на крајот беше сурово казнета во судиското продолжение, но доста контроверзии предизвика и начинот на кој фаворитот стигна до предност. Европската селекција го постигна единствениот гол од белата точка, но пред да дојде до очигледен прекршок од голманот, се доби впечаток дека двајца швајцарски играчи се во офсајд. Тоа посебно беше доведено во прашање при второто додавање во шеснаесетникот, но ФИФА не ...
Њујорк Никс оствари уште една победа над Сан Антонио Спарс, победа која значеше крај на серијата и НБА пехар за оваа организација по пауза од пет децении. Никси го чекаа овој момент од 1973 година, а крај на тоа чекање стави оваа генерација предводена од одличниот Џејлен Брансон. Од петтото соочување во финалето ги имаме најдобрите десет моменти, последната топ листа за сезонава која ја предводи Виктор Вембањама со атрактивно забивање. ...
Марк Кукурелја пред неколку месеци нагласи дека би му било многу тешко да каже „Не“ на матичниот клуб Барселона во ситуација кога планира да си замине од Челси, но наместо да слета на „Камп Ноу“, шпанскиот лев бек ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Попладневната неделна бомба пристигна од шпанската престолнина како „гром од ведро небо“, бидејќи угледните медиуми од оваа земја ја потврдија информацијата која прв ја пренесе Фабрицио Романо. ...
Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ имаше одлична партија, меѓутоа и тоа не беше доволно за Баерн Минхен да го одбрани домашниот терен против Алба Берлин во финалната серија во Германија. Алба и на првата средба му задача проблеми на фаворитот, а попладнево и го победи во Минхен со 86:79 со што израмни на 1-1 пред двете соочувања кои следуваат во Берлин. Победникникот имаше дури четвртица играчи со двоцифрен број на кошеви, ...
Германскиот прволигаш Магдебург беше подобар од Алборг и го освои третото место на завршниот фајналфор турнир во Келн. Бундеслигашот подобро се снајде во дуелот за бронзата, соочување на двете екипи кои вчера доживеаа разочарувачки порази од Фуксе Берлин и Барселона кои вечерва ќе играат за пехарот во Лигата на шампионите. Магдебург клучната предност ја направи во првото полувреме кое го реализираше со 17:11, предност која беше недостажна за ...
Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон е победник на седмата трка во овогодинешниот Ф1 шампионат, трка за Големата награда на Барселона и Каталонија. Хамилтон долго време чекаше за овој резултат во „дресот“ на Ферари, но успеа токму денеска да го прослави првиот триумф со тимот од Маранело. Луис немаше победа во Ф1 шампионатот од 2024 година од трката за Белгија, многу работи од тогаш се променија, меѓутоа Британецот уште еднаш потврди ...
Актуелниот македонски шампион Вардар забележа победа на првиот тест натпревар на подготовките во Италија. „Црвено-црните“ ја совладаа аматерската селекција на Умбрија. Ова беше соочување на кое новиот тренер Кристијан Фабијани настапи со комбиниран состав, доста млади играчи добија шанса, а двајца од нив ја искористите и се запишаа во листата на стрелци. Тоа се Огнен Јаков и Иво Марковски. Вардар: Диковски – Мишковски, Најдовски, Куестас – ...
Ешли Кол најуспешниот дел од кариерата го мина во дресот на Челси, клуб во кој ги освои сите најважни титули на домашната и европската сцена. Тој беше активен во „Стемфорд Бриџ“ скоро една деценија и „сините“ му се при срцето, па неговиот збор дефинитивно има тежина особено ако се работи за позицијата која тој ја покриваше-лев бек. Кол го советува новиот тренер Чаби Алонсо да биде внимателен и да не му дозволи на Марк Кукурелја да го напушти ...
Светското фудбалско првенство е настан кој со големо внимание се прати во секоја земја особено во оние кои учествуваат, но и кои имаат амбиции, цели да стигнат до самиот крај. Таква репрезентација дефинитивно е Шпанија која е сместена во првиот круг на фаворити за пехарот. Мичел Салгадо своевремено беше стандарден шпански репрезентативец и добро знае каква тежина има овој дрес иако со неговата генерација не успеа да освои титула на сениорско ...
На верните фудбалски фанови многу добро им е познато името на Алешандро Пато, офанзивецот кој своевремено важеше за еден од најголемите таленти, статус и потенцијал кој не го оствари и потврди. Најдобриот период го мина како член на Милан каде стана и шампион на Италија, период од шест години во кој се создаде специјална врска, љубов која Бразилецот не ја крие. -Кога губат, тоа многу ме погодува, бидејќи многу ми е важно. За мене тоа не беше ...