Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Мексико го оправда статусот на фаворит и издвојува победа над Јужна Африка од 2-0 во премиерниот натпревар на 23. Светско фудбалско првенство. Домаќините беа доминантни, сигурни и можеа и да запишат уште поубедлив триумф, но она што е најважно за нив освоени се трите бода што е добар почеток. Вториот гол за Мексиканците беше дело на доскорешниот член на Фулам, Раул Хименез за кого ова беше прв погодок на мундијалите. Ова за Раул беше ...
Екипата на Вардар ги започна подготовките за новата сезона, а главниот дел од нив ќе бидат одработени во Италија. Актуелниот шампион отпатува на „чизмата“ и ќе ја темпира формата во Норчија. Вардарци ќе работат под окото на новиот тренер, аргентинскиот стручњак Кристијан Фабијани. Како заслувања засега официјално се обезбедни Жерсон Родригез како и најдобриот играч на Силекс од минатата кампања, Мигуел Пиреш Екипата на Вардар ги започна ...
Пред нас е долго лето кое на фудбалски план ќе биде одбележано од Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Веќе се одиграа два натпревари на турнирот, победи запишаа Мексико и Јужна Кореа, видовме пет гола на првите две средби што е солиден старт на настанот кој ќе трае повеќе од еден месец. Допрва ќе следат вистинските очекувања, а прогнозите на големите фудбалски имиња продолжуваат да бидат во фокусот, па Рој Кин имаше свој збор за тоа ...
Карло Анчелоти ќе го има првиот голем предизвик за предводник на бразилската репрезентација, а тоа е Светското првенство. Бразилците се земја со најмногу титули на мундијалите, но повеќе од две децении немаат ниту еден пехар, ниту пласман во финале што е разочарувачко за земја која е препознатливата по фудбалот. Анчелоти има задача да ја врати насмевката, победничкиот дух, а дека Италијанецот веќе се наметнал говори изјавата на голманот ...
Фабио Капело долго време беше во фудбалот, прво како играч потоа и како тренер, а и денеска е постојано врзан со овој спорт како стручен аналитичар. Во фокусот е Светското првенство кое својот старт го имаше вчера со мечот меѓу Мексико и Јужна Африка кој им припадна на домаќините со 2-0. Допрва ќе ги видиме во акција селекциите кои се од највисокиот врв и важат за фаворити на турнирот, а Капело анализираше и посочи кои национални тимови ...
Плазма Спортските игри за млади на едно место ги спои легендите кои се запишани во историјата на македонскиот спорт и иднината која допрва треба да ги наследи. „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади во својата прва сезона беше одбележан во 11 градови: Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Тетово. Решителноста на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски да ...
Шпанија за многумина е прв фаворит за титулата на Светското првенство или ако не е главен фаворит тогаш е во првата група која има најмногу шанси да слави на турнирот што се одржува во три земји САД, Мексико и Канада. Меѓутоа селекцијата од Пиринеите има и одредени проблеми со оглед на тоа што добар дел од офанзивците се повредени, излегуваат од повреди и останува да видиме во какво светло ќе се прикажат кога ќе започнат натпреварите. Тоа што ...
Леаонардо Белерди се најде на списокот на Лионел Скалони за настап на Светското првенство, но поради повреда на крајот отпадна, односно аргентинскиот селектор имаше задача да повика уште едно име, замена за членот на Олимпик Марсеј. Скалони порача дека ќе размисли некој ден пред да ја донесе конечната одлука и на крајот изборот падна врз Маркос Сенеси, играчот кој пред неколку дена потпиша за Тотенхем. Тој беше на одмор кога го доби повикот, ...
Репрезентацијата на Јужна Кореја славеше над Чешка со 2-1 во вториот натпревар од групата А на 23. Светско фудбалско првенство. Ова беше интересен меч во кој главните моменти се случија во второто полувреме, а се тргна со погодокот на Крејчи со глава во 59 минута. По ова се отвори средбата, селекцијата од Азија соодветно одговори и во 67 минута дојде до 1-1 благодарение на мајсторијата на Хванг кој ја измими одбраната на противникот и ...
Килијан Мбапе како лидер и капитен на француската фудбалска репрезентација направи интервју за каналот „М6“ во најавата за Светското првенство, а покрај тоа што говореше за амбициите кои ги има националниот тим на овој мундијал, за првпат доби шанса да го искоментира историскиот успех на ПСЖ. По неговото заминување, ПСЖ освои втора титула во низа во Лигата на шампиони и докажа дека во овој момент е најдобар тим во Европа, па иако многумина го ...
Бруно Фернандеш имаше историска сезона во дресот на Манчестер Јунајтед во Премиер сезона, сезона во која го одведе тимот до третото место на табелата. Португалецот постави рекорд по бројот на асистенции во англиската елита во една кампања притоа оставајќи ги зад себе Тјери Анри и Кевин Де Брујне. Тој имаше и 9 погодоци или севкупно гледано директно учествуваше во дури 30 погодоци на екипата, партии поради кои ги доби најважните инивидуални ...
Германија е голема фудбалска велесила, но останува дилема што може да направи на престојново Светско првенство. Германците во првата фаза ќе ги одмерат силите со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор и овие мечеви ќе дадат доста одговори. Во Германија со внимаие ќе се прати секој натпревар, потег, а некогашниот капитен на националниот тим Лотар Матеус посочи што селекторот Јулијан Нагелсман треба да направи ако со овој тим ја освои ...
Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје и во натпреварувачката 2026/2027 ќе биде дел од регионалната АБА 2 лига. Ова е информацијата која ја објави клубот од Тафталиџе и притоа најави во следната кампања ќе се обиде да направи чекор понапред и да дојде до елитната конкуренција. -Како минатосезонски вицешампиони на АБА 2 лигата и првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига, обезбедивме учество во АБА 2 ...
По воведниот турнир во Скопје каде македонската репрезентација имаше половичен учинок и забележа една победа и еден пораз, пред нашите „спартанци“ е турнирот во Атина, град во кој ќе ги одмериме силите со домаќинот Грција и со Исланд. Селекторот Јошко Миленкоски не направи промени и најави дека гледа на Грција како тим кој ја има фаворитската улога на овој турнир, но Филип Савовски како играч кој ја мина сезоната во Панатинаикос, смета дека ...
Реал Мадрид оваа вечер го потврди Жозе Мурињо за нов тренер и соопшти дека Португалецот потпишал тригодишен договор, но веднаш откако оваа вест стана официјална, се појавија силни гласини за првата трансфер желба која ја побарал „специјалниот“. Иако пред два дена се говореше дека неговата прва мета ќе биде Матеус Фернандеш од Вест Хем, последните вести велат дека приоритет му се дал на играчот кој е слободен агент, односно елитниот сонародник ...
Мексико ја оправда фаворитската улога и фудбалерите на Хавиер Агире режираа големо задоволство за повеќе од 80 илјади фанови на „Ацтека“ стадионот во Мексико Сити, не само поради играта која ја прикажаа, туку и поради победата и трите освоени бода. Јужна Африка во ниту еден момент не беше достоен ривал за Мексико и ниту еднаш не го загрози голот на Ранхел, а од друга страна, правеше големи грешки и непотребни потези кои резултираа со два гола ...
Александер Зверев во неделата си го исполни животниот сон и стана грен слем шампион на 29-годишна возраст, откако во големото финале на Ролан Гарос успеа да слави со 3:2 во сетови против Флавио Коболи. Германскиот тенисер стави крај на „клетвата“ и после три загубени финалиња стигна до толку посакуваниот трофеј на турнирите од големата четворка, но низата честитки кои ги доби на социјалните мрежи, самиот Зверев призна дека поважни му се оние ...
Кафу важи за еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот и тој беше дел од последната генерација на Бразил која освои Светска титула, онаа во 2002-ра година која беше најдобра во Кореа и Јапонија. Во својата блескава кариера, Кафу во два наврати беше светски шампион, но бидејќи Бразилците чекаат за најпосакуваниот трофеј цели 24 години, се поставува прашање дали Карло Анчелоти може да направи нешто поразлично од неговите ...
САД, Мексико и Канада се домаќините на 23-то Светско првенство во фудбал, а еден од кодомаќините ја доби привлегијата да го отвори големиот спортски настан. Во моменти кога трае официјалната церемонија по повод отворањето на мундијалот, пристигнаа и првите стартни постави од двете селекции кои ќе истрчат на теренот, односно домаќинот Мексико и Јужна Африка. Искусниот стручњак Хавиер Агире се одлучи за неколку изненадувања во стартната ...
Антонио Валенсија одбележа убава ера во Манчестер Јунајтед и заврши на „Олд Трафорд“ како капитен на тимот, а како човек кој секогаш беше препознатлив по својот професионализам и напорна работа, посакува да гледа такви играчи во актуелниот тим на Мајкл Карик. Таков профил на фудбалер дефинитивно беше Касемиро кој реши да си замине, а во период кога се бара замена за Бразилецот, Валенсија препорачува играч кој е негов сонародник. Челси плати ...
Со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка стартуваше 23-то Светско првенство во фудбал, а веќе во воведната фаза на мечот, се доби впечаток кој тим ќе се прашува за сите работи на теренот. Кодомаќинот на мундијалот отвори максимално агресивно и со силниот пресинг им направи проблеми на играчите од Јужна Африка, па по неискористената шанса на Раул Хименез, следеше голема грешка на гостите. Киксот во потесната одбрана му овозможи на Кињонес да ...
Лотар Матеус верува дека овој тим на Јулијан Нагелсман може да го поправи впечатокот од последните две Светски првенства и очекува подобар резултат, но сепак вели дека „Ди Машафт“ нема да најде лек за својата „црна мачка“. Германија во поновата фудаблска историја загуби многу важни натпревари од Шпанија, а после контроверзната елиминација на Европското првенство пред две години, Матеус смета дека Гермаците сега ќе загубат од европскиот првак ...
САД, Мексико и Канада се домаќините на 23-то Светско првенство во фудбал, а еден од кодомаќините ја доби привлегијата да го отвори големиот спортски настан. Во моменти кога трае официјалната церемонија по повод отворањето на мундијалот, пристигнаа и првите стартни постави од двете селекции кои ќе истрчат на теренот, односно домаќинот Мексико и Јужна Африка. Искусниот стручњак Хавиер Агире се одлучи за неколку изненадувања во стартната ...
Тоа што се најавуваше во шпанската спортска јавност од крајот на сезоната, денеска доби официјална потврда, и тоа од страна на Реал Мадрид преку официјално соопштение. Иако требаше да биде претставен на крајот на месец мај, претседателските избори во Реал го одложија пристигнувањето на Жозе Мурињо, па иако во меѓувреме неговата клаузула двојно се зголеми, Флорентино Перез не се штедеше и исплати 15 милиони евра во касата на Бенфика. ...
Асан Оудраого доби дополнителен повик и сензационална шанса да биде дел од Светското првенство, сето тоа како последица на немила повреда која ја заработи Ленарт Карл. Младата ѕвезда на Баерн Минхен се повреди и отпадна од списокот на Јулијан Нагелсман, а изборот за замена на селектор падна на Асан Оудраого од редовите на РБ Лајпциг. Младиот офанзивен фудбалер се приклучи на тимот и веќе тренира со новите соиграчи неколку дена, па исто како и ...
Фернандо Алонсо се уште нема донесено одлука за својата иднина и дали ќе остане дел од „најбриот циркус“ и наредната сезона, но и самиот се помирува со фактот дека нема да вози во 2028-ма година. Поради ротацијата со СПА, трката во Каталонија нема да биде дел од Ф1 календарот наредната сезона, па оваа претстојната која се вози овој викенд ќе биде последната за Алонсо на една од омилените патеки. Возачот на Астон Мартин говореше за поврзаноста ...
Њујорк Никс последната титула во НБА лигата ја има освоено во далечната 1973-та година, а сега дојде на само една победа од испишување на нова историја. Најдобриот тим на Истокот направи сензационален пресврт на четвртиот натпревар во финалната серија и „стопи“ 29 поени негатива во пресметката на Сан Антонио, но додека сите зборуваат за лудилото во „Медисон Сквер гарден“ со суперлативи, легендарниот Чарлс Баркли распали по лошиот противник. ...
Лошата сезона беше јасна најава дека Њукасл ќе мора да се откаже од дел од најдобрите фудбалери, а прв кој се реши за таков потег уште во раната фаза на месец јуни испадна Антони Гордон. Англискиот репрезентативец направи трансфер уште пред почетокот на Светското првенство и веќе е член на Барселона, па ако за него тоа значеше исполнување на сонот, за Њукасл овој потег донесе зголема активност уште во раната фаза на летниот преоден рок. ...
Рафаел Надал е човек кој е горд на себе и на се она што оствари во тенисот, но ако треба да бара нешто за кое жали, се навраќа на епското финале во 2012-та година. После речиси шестчасовна битка на „Род Лејвер арената“, Надал после пет сета беше поразен од Ѓоковиќ и мораше да му подаде рака на српскиот ривал, иако во петтиот сет тој беше оној кој беше во подобри услови да стигне до победа. Надал прв направи брејк и водеше со 4:2, но кога ...
Виктор Вембањама и неговите соиграчи од Сан Антонио одиграа перфектно полувреме во „Медисон Сквер Гарден“, но колку што беа добри воведните 24 минути, толку беа лоши останатите 24. Спарси успеаја да прокоцкаат предност од 29 поени во четвртиот натпревар од НБА финалето и испишаа негативна историја во овој спорт, или поточно, Њујорк испиша нова страница во историјата со најлудиот и најголем пресврт во НБА финалињата. Никси беа на работ од ...