Алваро Мората е еден од фудбалерите кои нема да бидат дел од претстојното светско првенство, односно играч кој го загуби местото во националниот тим на Шпанија и ќе може само да навива за „фуријата“. Мората последната сезона настапуваше во дресот на Комо, а комбинацијата на повреди и послаба форма го елиминираа од составот на Луис де ла Фуенте. Во последното подкаст гостување, напаѓачот искрено зборувал на интересни фудбалски теми, ...

Англиските фанови се надеваат дека актуелната генерација конечно може да стигне до голем трофеј и очекува да биде во битка за титулата на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Од друга страна, Рој Кин како редовен стручен коментатор за англиските медиуми не е воодушевен од квалитетот на ростерот на Томас Тухел и не гледа како Англичаните би станале светски шампиони. – Англија има квалитетни фудбалери, сигурен сум дека лесно ќе ја ...

Ипсвич избори промоција во англиската Премиер лига, но во новата сезона овој тим ќе биде воден од друг менаџер. Денеска менаџерот Киран МекКена изненадувачки поднел оставка на менаџерската функција и со својата одлука ги шокираше фановите и фудбалската јавност. МекКена ги водеше „тракторите“ од 2021 година, успеа да обезбеди три промоции во повисок ранг во четири сезони, од кои два пати во Премиер лигата. Се појавија шпекулации дека МекКена е ...

Кошаркарите на Партизан стигнаа до прва победа во финалето на плејофот на АБА лигата и ја продолжија серијата со Дубаи, во која се уште имаат негатива. „Црно-белите“ славеа со 84:70 на првиот натпревар на домашен терен, со што намалија на 1:2, задржувајќи ја неизвесноста во пресрет на четвртиот натпревар. Српскиот тим го контролираше резултатот уште од почетокот на средбата и не дозволи кикс пред своите фанови, со што Дубаи многу порано од ...

Флорентино Перез остана на претседателската функција во Реал Мадрид, а денеска гордо промовираше продолжување на еден од најважните спонзорски договори на шпанскиот великан. Реал и компанијата „Адидас“ потврдија дека го продолжиле договорот до 2034 година, со што продолжува долгата традиција и успешната соработка меѓу гигантите во својата област. Шпанските медиуми тврдат дека германската компанија ќе му плаќа на Реал по околу 120 милиони евра ...

Италијанскиот шампион Интер работи на потребните засилувања за новата сезона, а медиумите тврдат дека блиску до промоција во клубот од Милано е Иван Проведел. Според овие извори, раководството на „нероазурите“ веќе ги договорило условите со агентот на голманот на Лацио, па сега топката е префрлена на преговори меѓу клубовите. Со оглед на фактот што Јан Зомер заминува по истекот на договорот, Интер мора да ангажира квалитетна замена за ...

Македонските сениорски ракометни репрезентативци денеска ги добија противниците во првата фаза на СП 2027, а нешто подоцна е потврден и распоредот на натпревари во овој дел од мундијалот. Македонија ќе го отвори настапот со соочување со Јапонија, селекција против која мора да го потврдиме нашето ракометно реноме и со тоа да дојдеме до важни бодови во групата. Натпреварот со незгодната азиска селекција е закажан за 15. јануари, а истиот ден ...

Новата сезона во Првата фудбалска лига со десет екипи ќе започне на 25 јули и ќе има 36 кола или четири кружен-систем. Во првото коло Вардар ќе игра со Брегалница Штип, Шкендија против Скопје, Струга со Шкендија (А), Силекс ќе оди на мегдан со Башкими а Тиквеш го пречекува Арсими. Првото големо дерби ќе биде на 8/9 август, односно во второто коло, кога во Скопје кај новиот шампион Вардар ќе гостува Шкендија. Првиот дел од шампионатот ќе трае ...

Македонската машка ракометна репрезентација обезбеди пласман на уште едно големо натпреварување преку баражот со Словачка, а денеска ги дознавме и нашите противници во групната фаза. Ждрепката одлучи Македонија да биде дел од групата Х која ќе се игра во Магдебург, а каде противници ќе ни бидат селекциите на Исланд, Јапонија и Бахреин. На мундијалот следниот јануари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи, а Македонија доби ...

Фудбалските фанови се подготвуваат за стартот на Светското првенство, а новиот формат и временските услови во земјите каде ќе се играат натпреварите се дополнителен предизвик за репрезентациите учесници на мундијалот. „Би-Би-Си“ направи мини анкета меѓу своите стручни коментатори околу нивните фаворити за победа на престижниот турнир, а кај најголем дел од нив се истакнуваат две имиња. Едната очекувано е Англија бидејќи дел веруваат или ...

Емилијано Мартинез веќе прифатил да стане член на Јувентус, но италијанскиот клуб допрва треба да добие зелено светло од Астон Вила за овој трансфер потег. Искусниот голман планираше да го напушти премиерлигашот уште минатото лето, на крајот остана, а сега повторно е подготвен да прифати нов предизвик и првпат да заигра во Серија А. Аргентинскиот репрезентативец во моментов е дел од селекцијата која ќе го брани мундијалското злато во САД, ...

Раководството на Тотенхем посакува уште во следната сезона екипата да се врати блиску до врвот на англиската фудбалска сцена, а за таа цел се најавени и квалитетни засилувања одобрени од менаџерот Роберто Де Ѕерби. Откако лондонскиот клуб го потврди искусниот Енди Робертсон, денеска стана јасно дека нов член на Тотенхем ќе биде и Марко Сенеси. Дефанзивецот за кој се интересираа многу европски клубови станува дел од амбициозниот проект на ...

Македонската Дејвис куп репрезентација загуби од Молдавија на почетокот на турнирот од Третата европска група, чиј домаќин е токму нашиот денешен противник. Калин Ивановски обезбеди посакуван старт за Македонија во Кишињев и со победа од 2:1 во сетови против Илја Сантари, донесе почетна предност за избраниците на селекторот Горан Шевченко. Олег Приходко имаше одличен старт на дуелот со Раду Албот, поведе со 1:0, но проблемите со грчеви не му ...

Македонската машка ракометна репрезентација за играчи до 20 години ќе учествува на претстојното Европско првенство во Романија, а од денеска е познат и составот со кој ќе располага селекторот Игор Илиевски. Илиевски неодамна го наследи досегашниот селектор Наум Танески, а денеска тој ги откри картите и го објави списокот на играчи кои се повикани за престижното натпреварување. Првиот собир на репрезентативците е закажан за на 15. јуни во ...

Лина Ѓорческа им се врати на тениските турнири, а денеска немаше среќа во дуелот со Екатерина Казионова во Загреб. Најдобрата македонска тенисерка играше речиси два и пол часа на мечот во хрватската престолнина, а почетокот и донесе предност откако го доби првиот сет со убедливи 6:1. Лина имаше предност од 5:3 во вториот сет, дојде и до сет и меч топка, која за жал не ја искористи, по што Казионова успеа да направи серија за 7:5 и ...

Манчестер Јунајтед почнува да го конфекционира тимот за новата натпреварувачка сезона и за очекување е да пристигнат неколку големи засилувања, но пред да дојде на ред промоцијата на нови фудбалери, клубот почна да се поздравува со оние кои не се дел од плановите. Иако клубот имаше голема желба да ја продолжи соработката со Касемиро барем на уште една година, искусниот Бразилец процени дека неговото време во Манчестер Јунајтед е завршено, но ...

Бенфика како клуб го потврди трансферот на Жозе Мурињо во Реал Мадрид и искусниот поругалски стручњак се одјави на социјалните мрежи, што значи дека полека се подготвуваат и завршните детали за негова промоција на „Бернабеу“. Мурињо набрзо ќе ја започне својата втора етапа како тренер во Реал Мадрид и дефинитивно ќе има голем предизвик да го врати тимот на вистински пат, особено откако „кралевите“ останаа без ниту една освоена титула две ...

Килијан Мбапе најголема ѕвезда во француската репрезентација и како капитен на тимот ќе понесе најголема одговорност на Светското првенство, притисок со кој напаѓачот се носи веќе неколку години. Досегашниот учинок на Мбапе се две финалиња на двете одиграни Светски првенства, па како ѕвезда која сака да биде дел од трето финале во низа, нормално е да се наоѓа во ситуации кога сите камери и погледи се вперени кон него. Лошата сезона во Реал ...

Масар Омерагиќ како прв човек на ФФМ го отвори брифингот со новинарите, но дел од тимот кој се појави пред медиумите беше и селекторот на најсилната репрезентација, Гоце Седлоски. Човекот кој донесе шампионска титула за Вардар во домашниот тим од крајот на сезоната ја извршува исклучиво улогата на национален селектор, па после лошиот старт кој го имаше во месец март и мај, Седлоски најави дека следат доста подобри денови за репрезентативниот ...

Кошаркарската Федерација на Македонија успеа да ја продолжи соработката со еден од своите најверни партнери низ годините, па денеска со големо задоволство ја сподели информацијата за нов договор со Комерцијална банка АД Скопје. Контиунираната поддршка на македонската кошарка им овозможува на играчите да имаат најдобри можни услови за тренинг и подготовки, а новата соработка само потврдува дека двете страни се задоволни од взаемната ...

Маркус Рашфорд имаше солидна сезона во Барселона и Ханси Флик јавно побара да се направи напор за англискиот репрезентативец, но како што стојат работите, каталонскиот великан сепак нема да ја активира клаузулата која ја има како опција за откуп на договорот. Пред да дојде ред прашањето „Рашфорд“, Барселона како клуб направи голема инвестиција и го купи Антони Гордон за сума од 80 милиони евра, па тоа по се изгледа се покажува како пресуден ...

По Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, ПСЖ е уште еден клуб во низата кој му дава „корпа“ на Флорентино Перез, особено откако новиот претседател на Реал Мадрид најави „Галактико засилување“ кое ќе чини најмалку 150 милиони евра. За време на претседателската кампања која ја водеше, Перез најави дека ќе испрати понуда 150 милиони евра за елитен играч, па иако вчера стана познато дека станува збор за Хулијан Алварез, негативниот одговор од Атлетико ...

Масар Омерагиќ како прв човек на ФФМ имаше свој брифинг со новинарите и направи една рекапитулација на тоа што се случуваше во мак-фудбалот во сезоната која неодамна заврши, но секако ги коментираше и најактуелните теми поврзани за најдобрите клубови на нашата сцена. Вардар како клуб вчера информираше дека спогодбено се договорил за УЕФА да исплати казна од 250 илјади евра поради неправилно работење и водење двојни договори во сезоната ...

Унгарија го заокружи овој јунски ФИФА прозорец со втора победа во период од неколку дена, а онаа вчера ја оставри над Казахстан на домашен терен. Унгарците нема да бидат дел од Светското првенство кое следи, но селекторот Роси извади најдобар можен состав против Казахстанците и неговите избраници славеа со 3:1. Собослаи како најголема ѕвезда во домашниот тим го постигна првиот гол за Унгарија и израмни на 1:1, но потегот на средбата го изведе ...

Дидие Дешамп е пред својот последен голем турнир како селектор на Франција и ќе се одјави онака како што доликува, односно како лидер на тимот кој ќе настапи на ново Светско првенство. Франција играше во финалињата на двата последни мундијали и дел од тој пат беше токму Дешамп, кој по мундијалот кој следи ќе стави крај на своето импресивно патување како национален селектор. Човекот кој ја освои светската титула и како играч и како селектор е ...

Роберто Мартиез направи уникатен потег и го вклучи Диого Жота како почесен член на неговиот список на 27 повикани фудбалери за мундијалот во САД, Мексико и Канада, а сега во пресрет на последната контролка која следи денеска со Нигерија, проговори и за значењето кое го има трагично загинатиот фудбалер за цел негов тим. Духот на Жота ќе биде дел од португалскиот тим на мундијалот кој следи, а Мартинез на целата ситуација гледа доста емотивно и ...

Александер Зверев мина десет дена во академијата на Рафаел Надал во јули минатата година и се обиде да вопостави тренерска конекција со Тони Надал, па иако остана максимално задоволен од дружбата и одработените тренинзи, искусниот Шпанец ја одби оваа понуда. Чичкото на легендарниот Рафа учтиво го одби Саша и му порача дека не е расположен за секојдневно патување во овој момент, но речиси една година подоцна, токму Тони е оној кој му ја ...

Рој Кин влезе во вербална расправија со Бруно Фернандеш на крајот на сезоната и го обвини дека брка лични рекорди, наместо да се грижи за тимскиот успех на Манчестер Јунајтед, јасно алудирајќи на потерата која ја имаше Португалецот по бројот на запишани асистенции во Премиер лигата. Бруно постави нов рекорд и стигна до 21-на асистенција во една натпреварувачка сезона, но иако стануваше збор за историски потфат, легендарниот Рој Кин не остана ...

Серена Вилијамс на 44-годишна возраст му се врати на професионалниот тенис, и тоа четири години по последниот меч кој го одигра во својата извонредна сингл кариера. Славната Американка вчера се врати на теренот и беше дел од мечот во двојки во Квинс Клубот, па откако успеа да слави во Лондон, даде и хит изјава за неочекуваниот кам-бек. Откако се пензионираше, Серена се исполни на личен план и по вторпат стана мајка, а сега како сопруга која ...

Лионел Меси се уште прави разлика на највисоко фудбалско ниво и тоа го покажа рано утрово во Алабама, стадион на кој капитенот на Аргентина постигна гол и ја започна акцијата по која „гаучосите“ ги поставија конечните 3:0 против Исланд. На Меси доволни му беа само 20 минути за да дојде до израз и да ја разбие одбраната на Исланѓаните, па иако главна вест е тоа што целосно ја санираше повредата пред стартот на Светското првенство, огромно ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.31
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
1.87
53%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
42%
1016
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.75
48%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.72
54%
1017
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.92
87%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.58
49%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.99
54%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.32
46%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
3.58
48%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
38%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
4.94
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Сребро

2044.16

Бакар

13.23

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Платина

56038.75

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Калај

56.36

Цинк

0.00

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Злато

139576.04