Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Фудбалерите на Комо продолжуваат со одличните настапи во Серија А каде вечерва остварија славје над еден од директните ривали за позицијата која води во Лигата на шампионите, тимот на Рома. Имено избраниците на Фабрегас славеа со 2-1 со пресврт во второто полувреме. Домаќините беа подобар, поконкретен ривал во двете полувремиња, но потребно беше време да ја „избришат“ негативата која беше активна од 7 минута кога Мален го реализираше ударот ...
Ливерпул и Тотенхем одиграа без победник 1-1 во последниот денешен натпревар во Премиер лигата. Домаќините иако не блескаат сезонава важеа за големи фаворити против „петлите“ кои допатуваат со огромни проблеми на „Енфилд Роуд“, еден „куп“ на повредени и недостапни играчи, но и со серија од шест порази во сите конкуренции. „Црвените“ на време го отворија резултатот со погодокот на Собослаи од слободен удар во 18. минута, меѓутоа останаа на тоа ...
Интер не успеа да слави во соочувањето со Аталанта и со тоа му дава можност на Милан дополнително да избрише дел од минусот во трката за пехарот во Серија А. „Нероаѕурите“ во претходната рунда загубија од „росонерите“ што значи дека ако „црвено-црните“ вечерва го добијат Лацио на „Олимпико“ предноста ќе биде „само“ пет бода на девет бода до крајот. Клубот од Милано не беше задоволен од некои судиски одлуки на мечот со Аталанта, но Фабио ...
Барселона оствари убедлива победа над Севилја од 5-2 во вториот натпревар од денешната програма од 28. коло во шпанската Примера. Каталонците беа понижени од денешниот ривал на првата сезонска пресметка (4-1), па денеска и се реваншираа на Севилја која на крајот може и да биде среќна што „Камп Ноу“ го напушта со минус од три гола. Гостите во финишот, судиските продолжение на двете полувремиња ја искористија заспаноста, опуштеноста на ...
Њукасл се избори за победа на незгодното гостување во Лондон кај Челси (1-0) и со тоа најави подобри резултати во Премиер лигата до крајот на сезонава. Човек на одлука беше Ентони Гордон и токму офанзивецот се одлучи да одговори на јавните прозивки, критики кои легендите Алан Ширер и Вејн Руни ги испратија на негова адреса пред мечот со Барселона во Лигата на шампионите. -Обично не сакам да разјаснувам работи бидејќи не се грижам премногу, но ...
Работнички доживеа пораз на вчерашниот меч со Феникс 2010 во Суперлигата, меч по кој поранешниот шампион одлучи да се огласи со соопштение во јавноста незадоволен од судењето на споменатиот натпревар. Центарци сметаат дека судиите драстично ги оштетиле и притоа побараа Александар Давидов никогаш повеќе да не ја дели правдата на нивните мечеви. -КК Работнички изразува сериозен револт и незадоволство по последните случувања на натпреварите од ...
Манчестер Јунајтед оствари важна победа над Астон Вила (3-1), тим кој е еден од директните ривали за местата кои водат во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2026/2027. „Црвените ѓаволи“ играат перфектно под водство на Мајкл Карик кога се во прашање натпреварите на „Олд Трафорд“, серија која продолжи и попладнево за голема радост и задоволство на домашните навивачи. Мрежите мируваа во првиот дел, но затоа во второто полувреме беше супер ...
Манчестер Сити второ коло по ред на успеа да слави во Премиер лигата и тоа против екипи кои мора да ги добие кога е во трка за пехарот во шампионатот. Во минатата рунда му дозволи на Нотингем Форест да му „украде“ два бода на „Итихад“, а вчера истото се случи и против Вест Хем, ама во Лондон. Сега Арсенал има девет бода повеќе од „граѓаните“ што е огромна предност без разлика на тоа што Сити треба да одигра и уште еден натпревар, па Родри е ...
Екипата на Шкендија забележа победа над Арсими од 1-0 во вториот натпревар од денешната програма од 23. коло во Првата македонска лига. „Црвено-црните“ имаа една и единствена цел, да ги освојат трите бода по киксот кој го направија претходното коло во АП Брера (1-1), цел која ја остварија и одново се на минус три во однос на лидерот Вардар. Човек на одлука беше ветеранот Бесарт Ибраими кој постигна мајсторски гол во првото полувреме. Клубот ...
Еван Фурние од пред две години одново настапува на стариот континент и е дел од тимот на Олимпијакос, тим во кој треба да биде еден од лидерите на теренот и надвор од него, но дали е тоа така е навистина знак прашање. Искусниот Французин денеска предизвика инцидент на лигашкиот натпревар со Паниониос каде по постигната тројка се „исклучи“ и тргна да се пресметува со еден навивач кој беше крај теренот. Мораше да интервенираа судиите, ...
Баер Леверкузен и Баерн Минхен одиграа без победник 1-1 во дерби натпреварот во германското првенство, натпревар кој актуелниот првак го заврши со двајца играчи помалку, но и со два поништени голови. Најмногу реакција и бес кај баварците донесе вториот црвен картон кој го заработи Луис Дијаз, поточно Колумбиецот беше исклучен поради втор жолт картон. Главниот судија Кристијан Дингерт се одлучи по вторпат да го опомене офанзивецот поради ...
Фудбалските фанови со нетрпение го очекуваа соочувањето меѓу Шпанија и Аргентина или поточно Финалисима дуелот кој на крајот на овој месец требаше да се одигра во Катар, а каде требаше да видиме битка на Лионел Меси и Ламин Јамал. Меѓутоа до тоа нема да дојде затоа што Финалисима е откажана, информација која официјално ја потврди и УЕФА. Ситуацијата на Блискиот Исток, конфликтот кој е во тек придонесе да се стави крај на мечот во кој силите ...
Најсилната кошаркарска лига на светот (НБА) беше актуелна со нови пресметки од кои најдобрите, најмагичните и најквалитетните потези се најдоа на топ листата на денот. Десет потези беа во фокусот, а на врвот се мајсториите од дербито на Западот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс. Првите три позиции се резервирани за Лука Дончиќ, Остин Ривс и Никола Јокиќ со магичната асистенција до Тим Хардавеј Џуниор. Најсилната кошаркарска лига на ...
Арсенал многу потешко од очекувањата оствари победа над Евертон на домашен терен, но насловните страни ги „украде“ Мак Даумен кој испиша историја на „Емирејтс“. Суперталентираниот вундеркинд со 16 години стана најмлад стрелец во историјата на Премиер лигата, а спринтот со кој испорача гол и ја потврди победата на Арсенал направија да се најде во центарот на вниманието. Англиските таблоиди и аналитичарите му дадоа огромни пофалби на надежниот ...
Тиквеш со трета победа во низа се искачи на петтото место во домашниот шампионат, а денешниот триумф беше целосно очекуван ако се знае дека играше против прежалениит Шкупи. Скопскиот тим се претвори во „топовско месо“ оваа натпреварувачка сезона, па и после оваа рунда останува на само еден освоен бод во натпреварувачката 2025/26 година. Тимот од Чаир доживува распад систем и останува лесна мета за сите ривали, а така беше и ова попладне на ...
Алваро Арбелоа како човек кој стигна во првиот тим на Реал од младинската школа на клубот им дава посебно внимание на талентите од „Ла Фабрика“, а вчерашниот натпревар во Ла Лига беше навистина необичен за „кралскиот клуб“. Во ситуација кога немаше на располагање дури десет стандардни првотимци, Арбелоа реши да им даде шанса на голем број млади фудбалери, па така покрај Тиаго Питарч во стартната постава, шанса во вториот дел добија и Гарсија, ...
Сер Џим Ретклиф не даде ниту една јавна изјава за отказот на Рубен Аморим и останува дистанциран од сето она што се случи со Португалецот, но од друга страна, работата на Мајкл Карик во изминатиот период ја оцени како „извонредна“. Привремениот менаџер до крајот на сезоната значително го подигна нивото во тимот и успеа да ги подразбуди заспаните ѕвезди, а низата од неколку победи направи тимот да се искачи до местата кои водат во Лигата на ...
Лука Дончиќ беше неодлучен пред три недели и начинот на кој ја упропасти последната акција против Орландо му донесе критики и од ЛеБрон Џејмс, но рано утрово, токму „кралот“ беше оној кој најави низа позитивни сценарија за Лејкерс во годините кои претстојат како она што го гледаа фановите против Денвер. Во еден крајно изедначен и возбудлив натпревар, Лука Дончиќ ја презема одговорноста во последниот напад од продолжението, па со извонреден ...
Македонскиот голман, Мартин Томовски уште еднаш беше на висина на задачата и со тоа му овозможи на Битигхајм да забележи нова победа во втората лига на Германија. Битигхајм како домаќин не дозволи никакво изненадување во пресметката со Ферндорф која ја реши со 39:28. Лидерот на табелата уште во првиот дел наметна ритам и го „нокаутираше“ ривалот со 22:15 за да потоа преостанатиот дел биде чиста рутина, потврда на 19. славје во сезоната. ...
Константинос Мавропанос беше вистински јунак на Вест Хем во секоја смисла на зборот, бидејќи најпрво донесе израмнување за својот тим во првото полувреме, а потоа имаше и круцијален блок во ситуација кога тимот на Пеп Гвардиола даваше максимални напори да стигне до победнички гол. Грчкиот дефанзивец се покажа како клучен фактор за нов кикс на тимот кој се бори за титула, но од друга страна, донесе и исклучително важен бод за Вест Хем кој води ...
Брајтон го победи Сандерленд на „Стадионот на светлината“ и освои големи три бода против ривалот со кого сега се израмни на табелата, но начинот на кој го постигна единствениот гол за три бода е она што привлече големо внимание во јавноста. „Галебите“ имаа среќа на стартот на вториот дел кога беше поништен гол на Риг поради офсајд, по што во 58-та минута пристигна момент кој ги збуни сите на теренот. Еден продор на Минте по десната страна ...
Кими Антонели до крајот на својот живот ќе го памети тркачкиот викенд во Кина, бидејќи вчера беше најбрз во квалификациите во Шангај, а денеска оствари и победа на главната трка. Откако стана најмлад возач со пол-позицијата во историјата на најбрзиот циркус, Антонели денеска со доминантно возење стана вториот најмлад кој триумфирал на Ф1 трка, а сатисфакцијата за пилотот на Мерцедес е уште поголема ако се знае дека се чекаше за триумф на ...
Карлос Алкарас како светски рекет број еден е голем предизвик за било кој тенисер на АТП листата, а во последно време, сите ривали го даваат најдоброто што го имаат во дуелите со Шпанецот. Алкарас успеваше да наоѓа решение за сите предизвици во изминатите 16 меча, но рано утрово налета на супер расположен Данил Медведев, кој со страшно издание го елиминираше Карлитос во полуфиналето на Индијан Велс. Популарниот Медо играше непогрешливо во ...
Пеп Гвардиола во најавата за мечот со Вест Хем порача дека Манчестер Сити ќе биде надвор од трката за титулата доколку повторно загуби бодови, но откако се случи токму тоа во Лондон, шпанскиот стручњак ја поништи својата изјава и даде малку поинаква во обидот да не ги обесхрабри своите фудбалери. Ремито со резултат 1:1 значи дека Сити сега има девет бодови помалку од лидерот Арсенал, па иако тимот на Пеп има одиграно натпревар помалку, се ...
Арсенал по се изгледа почна да отвора круцијална предност пред Манчестер Сити во битката за титулата, бидејќи константните резултати на „топчиите“ направија да видиме уште еден кикс на Манчестер Сити. „Граѓаните“ одиграа само 1:1 со Вест Хем во Лондон, додека претходно Арсенал долго се мачеше, но на крајот стигна до тешка и тесна победа против Евертон. Тимот на Артета го скрши отпорот во самата завршница, но вреди да се напомене дека неговите ...
Арда Ѓулер вчера доби поштеда од Алваро Арбелоа и не се најде во стартниот тим на Реал Мадрид, но на Турчинот доволни му беа 30-тина минути за да се најде во центарот на вниманието. Офанзивниот играч за врска доби шанса во второто полувреме и се погрижи да го постави конечниот резултат на натпреварот против Елче, и тоа не на било каков начин. Арда постигна гол кој уште долго ќе се врти на најавните шпици во Ла Лига, бидејќи синоќа стрелаше на ...
Кими Антонели уште долго ќе го памети овој историски викенд за него во Кина, откако младиот возач на Мерцедес вчера стигна до прва пол-позицијата во кариерата, а денеска и до прва победа во Ф1 кариерата. Италијанецот со вчерашните перформанси си обезбеди место во историјата како најмлад освојувач на пол-позиција во „најбрзиот циркус“, додека денеска го комплетираше историскиот викенд со прва гран-при победа, која го прави втор најмлад ...
Шаховската федерација на Македонија долго тактизираше со свикување на Изборно собрание по минатогодишното поништување на одржаното собрание, а кога на крајот истото беше закажано се случи кандидатите да не се пријават или да ги повлечат своите кандидатури. Во Куманово беа присутни само 17 делегати од 30 шаховски клубови, со што уште еднаш излезе на виделина длабоката поделеност на клубовите. Тие ги усвоија извештаите за работењето во 2025 ...
Лос Анџелес Лејкерс и Денвер понудија спектакуларна дерби пресметка во НБА лигата, а во меч во кој решаваа нијанси, на крајот пресудија храброста на Словенецот, односно мирната рака на Лука Дончиќ. Иако домашните подобро го отворија мечот во „Крипто арената“ и се доби впечаток дека можат да остварат убедлива победа, Денвер успеа да се стабилизира со тек на времето и се врати од „минус 17“, а во завршницата од последната четвртина беше и ...
Александер Серлот имаше помрачување и бесна реакција во 53-та минута од градската дерби пресметка со Хетафе, но повторената снимка покажа дека напаѓачот на Атлетико имал добра причина за тоа. Стоперот на Хетафе со лукав потег се обиде да го испровоцира напаѓачот на Атлетико, а поради тоа беше фрлен на земја, но доби и директен црвен картон. Абдел Абкар реагираше сосема непотребно и го фати Серлот во пределот на половиот орган, па по ...