Фудбалерите на Барселона не погрешија на гостувањето на Вилјареал (0:2) и со по еден погодок во двете полувремиња ги потврдија трите бода на денешниот натпревар во рамките на шпанска Ла Лига. Рафиња изнуди пенал и истиот го реализираше во 12. минута, носејќи важна предност за Каталонците во моментите кога Вилјареал се закануваше опасно на спротивната страна, а шампионот доби добра вест и со црвениот картон на Ренато Вејга. Португалскиот ...

Македонскиот кошаркарски Ол стар денеска беше отворен со соочување на екипите на светот и Македонија во женска конкуренција, а „гостинската селекција“ победи во интересен натпревар со резултат 91:79. Најдоброто од македонската кошаркарска сцена приреди шоу за гледачите во СРЦ „Кале“ во Скопје, а Алексис Пул се издвои со својот ефект и на крајот заслужено го доби МВП трофејот. Членот на Крива Паланка постигна 27 поени и забележа 6 скокови, со ...

Кошаркарите на Чаир одиграа добар прв период и на кратката пауза заминаа со предност од 19:16, но во продолжение не можеа да му парираат на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје. „Аеродромци“ уште до крајот на полувремето ја потврдија разликата во квалитет, а во таков стил продолжија и во следните две четвртини, во кои противникот не можеше да избегне убедлив пораз. На крајот, МЗТ Скопје стигна до десеттата победа сезонава, односно ефект ...

Александер Исак плати скапа цена за постигнатиот погодок на вчерашниот дуел со Тотенхем, бидејќи откако испрати удар кон противничкиот гол, настрада од стартот на Мики ван де Вен и мораше да го напушти теренот. Според англиските медиуми, во Ливерпул стравуваат дека шведскиот репрезентативец заработил сериозна повреда на долниот дел на ногата и ќе отсуствува подолг период. Денешните детални прегледи треба да дефинираат со каков проблем се ...

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) и наредните четири години ќе биде раководена од Хасан Мустафа, претседателот кој доби нов мандат по денешното гласање на конгресот во Каиро. Мустафа на домашен терен издоминирал во гласањето во кое освоил 73,3 проценти од гласовите (129 гласови), оставајќи ги далеку зад себе противкандидатите. Меѓу нив најдобро поминал Словенецот Франц Бобинац со 24 гласови, а зад нив биле Герд Буцек од Германија и ...

ФИБА го искористи денешниот интернационален ден на кошарката за да ги објави имињата на новите членови на кошаркарската Куќа на славни. Дирк Новицки и Хедо Туркоглу ја предводат листата на прославени играчи кои ќе бидат примени како класа 2026 и тоа на церемонија која ќе се одржи во април во Берлин. Покрај Новицки и Туркоглу, на списокот се најдоа и легендарната Американка, Сју Бирд, како и Ванг Жижи, кој беше прв кинески играч кој стигна до ...

Африканската фудбалска конфедерација донесе официјална одлука според која во иднина, Африканскиот куп на нации ќе се одржува на секои четири години. Најквалитетното натпреварување за националните тимови на африканскиот континент долго има проблеми поради невообичаениот термин на одржување, а им создаваше проблеми на клубовите и поради фактот што се одржуваше на секои две години. По изданието кое започнува денеска во Мароко, следното ќе го ...

Арсенал вчера успеа да го победи Евертон и се врати на првото место на премиерлигашката табела, но таму веќе нема предност каква што имаше пред одреден период. Манчестер Сити е на само два бода заостанување и потврдува дека е главен ривал за титулата на „топчиите“, а избраниците на Пеп Гвардиола со својата одлична серија го зголемуваат притисокот врз Микел Артета и членовите на Арсенал. Артета барем јавно се обидува да го неутрализира тој ...

Владан Милојевиќ нема да биде тренер на Црвена Звезда во вториот дел од актуелната сезона, а тоа денеска е потврдено и од страна на актуелниот српски шампион. Белградскиот клуб со официјално соопштение ја информираше јавноста дека договорот со Милојевиќ е раскинат, притоа заблагодарувајќи му се на досегашниот предводник за посветеноста и постигнатите резултати. Истовремено, медиумите се убедени дека негов наследник ќе биде Дејан Станковиќ, ...

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски го постигна единствениот гол на денешниот дуел меѓу ОФК Београд и ТСЦ Бачка Топола (0:1) и донесе важна победа за гостите на овој натпревар. Нашиот интернационалец се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник во 35. минута и како прав фудбалски мајстор успеа да го совлада противничкиот гол. Голот на Тодороски се покажа како клучен момент и ТСЦ ја заврши полусезоната со одлична мини серија во ...

Чави Симонс вчера заработи црвен картон на дуелот на Тотенхем со Ливерпул, а нецели 24 часа подоцна реши да се извини поради својот потег и фактот што го остави својот тим во тешка позиција на теренот. Холандскиот репрезентативец им се извини на соиграчите и на фановите на Тотенхем, но и на колегата од националниот тим, Вирџил ван Дајк, кој беше „жртва“ на неговиот невнимателен старт. – Секој може да направи грешка. – Вирџ е мој капитен и ...

Барселона не успеа достојно да го замени отсуството на Ињиго Мартинез и не донесе вистинска замена за клучниот стопер од минатата сезона, а низата проблеми кои се случија во последно време, сега ја тераат управата на клубот да размислува на ангажман во јануарскиот преоден рок. Поради психолошки проблеми и пронаоѓање на душвениот мир, Роналд Араухо веќе некое време е надвор од стројот на Барселона, па затоа посебно лоша е денешната вест која ...

Реал Мадрид не брилјираше на последниот натпревар во 2025-та година, но сепак успеа да ја оствари целта и запиша победа против Севилја со резултат 2:0. Средбата меѓу Реал и Севилја очигледно се покажа како добра прилика за Серхио Рамос да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, а во дуелот на неговите две омилени екипи, славниот капитен на „кралевите“ гледаше победа на тимот на Чаби Алонсо. Иако се мачеше, Реал ја потврди победата со гол од пенал ...

Фреди Гуарин беше дел од Интер во етапата во која великанот од Милано не освојуваше титули, но во периодот од 2012-та до 2016-та година, Колумбиецот дефинитивно беше еден од најдобрите во таборот на „нераѕурите“. Гуарин воглавно го привлече вниманието како ѕвезда на Порто која освои десет важни трофеи со португалскиот великан, но откако ја заврши етапата во Интер, неговиот фудбалски пат почна да оди надолу до тој степен, што на крајот бараше ...

Масар Омерагиќ во текот на вчерашниот ден пречека високот претставник на ФИФА во просториите на македонската Фудбалска Федерација, а посетата не ЕЛкан Мамадов нема да биде последна од страна на висок функционер на светската организација. Првиот човек на ФФМ оствари работна средба со Мамадов кој важи за близок соработник на Џани Инфатино, при што Омерагиќ најави дека наскоро се очекува и средба со претседателот на ФИФА во нашата земја. – ...

Тимот на Чаби Алонсо уште еднаш не ги задоволи апетитите на фановите на Реал Мадрид, па иако „кралевите“ победија против Севилја со 2:0, во добар дел од натпреварот имаше свирежи од трибините. Реал врза трета победа во низа и Алонсо си „купи време“ во обидот да го стабилизира тимот, но и самиот е свесен дека актуелното ниво не е доволно добро за очекувањата кои се имаат во клубот. – Сега ќе имаме малку повеќе време за анализа и извлекување ...

Тиаго Силва имаше важечки договор со Флуминенсе уште шест месеци, но искусниот стопер реши да ја менува средината по крајот на сезоната во Бразил, а вчера стана јасно дека се враќа во Европа. Иако се говореше и за сензационален кам-бек во Челси или Милан, Силва на крајот потпиша договор со Порто и ќе биде дел од тимот кој го води Франческо Фариоли, но бидејќи неговото заминување од Флуминенсе предизвика и мала бура во Бразил, Тиаго мораше да ...

ПСВ денеска треба да го одигра последниот натпревар во 2025-та година против екипата на Утрехт, но во пресрет на дербито во Ередивизијата, крајно популарно стана едно видео од дуелот со Хераклес. Натпреварот од минатата рунда меѓу Хераклес и ПСВ заврши со резултат 4:3 за фаворитот, а во холандската јавност се уште популарна е пенал техниката која ја изведе Јиз Хорнкамп. Напаѓачот на Хераклес презентираше луда „кенгур-техника“ и успеа да го ...

Кевин Принс Боатенг и Жером Боатенг станаа првите браќа кои играа еден против друг на едно Светско првенство, а иако двајцата ги завршија кариерите и остварија позначајни успеси, вистината е дека двајцата немаат добар однос. Во најновото обраќање кое го имаше при едно поткаст гостување, Кевин Принс обелоденува дека во голем дел од кариерата љубоморел на успесите кои ги остварил Жером, па иако му се извинил, се уште смета дека одредени ...

Македонскиот интеранционалец, Мартин Карапалевски одигра уште еден квалитетен меч во АСОБАЛ лигата, партија која беше заокружена со победа на неговиот Атлетико Валјадолид над Нава од 30:29. Ова беше возбудлив натпревар во кој двете екипи добија по едно полувреме со таа разлика што избраниците на Писонеро првите 30 минути ги реализираа со плус три (18:15). Карапалевски беше на висина на задачата и имаше реализација три од три. Најефикасен ...

Хјустон ја прекина серијата од порази од Денвер и после четири неуспеси конечно славеше над Нагетси, и тоа во нивен дом пред домашната публика. Рокетси одиграа извонреден натпревар од почеток до крај и го искористија просечното издание на Никола Јокиќ, па на крајот сосема заслужено славеа со 101:115. Исходот на мечот беше извесен во најголем дел и беше само прашање со колку поени ќе загуби Денвер, а во таква ситуација, видовме и една бесна ...

Некогашниот репрезентативец на Уругвај, Даниел Фонсека Гарис има идеално засилување за Јувентус за 2026 година. Фонсека четири години од својата играчка кариера мина во Торино и му значи овој клуб, па според него фокусот треба да биде ангажман на нов напаѓач, а како предлог го даде Роберт Левандовски кој ќе биде слободен играч по крајот на тековнава кампања. -Сè уште би го поддржал Локатели. Тој е капитен и има квалитет. Наместо тоа, би барал ...

Реал Мадрид одново не брилјираше на домашен терен и играчите добија свирежи од гледалиштето на „Сантијаго Бернабеу“, но дури и во такви услови, „кралевите“ си ја завршија задачата и запишаа дерби победа против Севилја. Во последниот натпревар за 2025-та година, Реал славеше со 2:0 против андалузискиот ривал, а сите прашање околу победникот ги реши Килијан Мбапе со пеналот кој го реализираше во 86-та минута. Овој погодокот беше специјален ...

Пеп Гвардиола се ослободи од голем број легенди како Кевин Де Брујне, Кајл Вокер, Илкај Гундоган и Едерсон во летниот преоден рок, но реши да го задржи староседелецот Бернардо Силва, но истовремено, да го остави и како клучен играч во стартната постава. Шпанскиот стручњак се уште му се доверува на искусниот португалски фудбалер, па иако тоа се повторува од натпревар на натпревар, Гвардиола му испорача и една јавна забелешка по победата од 3:0 ...

Винисиус Жуниор низ текот на годините оформи комплициран однос со противничките фанови во Шпанија, но вчера за првпат ги доби и првите погласни свирежи од „Сантијаго Бернабеу“, пред се поради својата игра против Севилја. Бразилецот не е во посакуваната форма и не прави разлика онака како што очекуваат навивачите на Реал, па синоќа си доби исвиркувања во моментите кога го напушташе теренот. Чаби Алонсо го извади Винисиус од игра во 83-та ...

Лучијано Спалети не му верува баш многу на Едон Жегрова, но вчера беше приморан да му даде поголема минутажа, откако Франсиско Консеиосао се пожали на повреда по еден час игра против Рома. Ова го натера Спалети да внесе играч со карактеристики слични на Португалецот, но според него, играчот од Косово не може да завршува добра работа како крилото кое пристигна од Порто, а тука пред се мисли на играта во одбрана. Лучијано смета дека неговиот ...

Дејвид Мојс му дал стриктна задача на Тим Ироегбунам да го чува Деклан Рајс на натпреварот против Арсенал кој вчера се одигра во Ливерпул, а иако искусниот стручњак е задоволен од изданието на својот фудбалер, сепак тоа не беше доволно за да се неутрализира клучниот играч за врска на лидерот. Рајс доби извонредна оценка за претставата на „Хил Дикинсон“ стадионот и доминираше во средниот ред, а по средбата, беше посочен како најдобар играч за ...

Рома ги загуби сите дерби дуели со директните ривали за врвот во Серија А, бидејќи по неуспесите во натпреварите со Интер, Наполи и Милан, вчера избраниците на Џан Пјеро Гасперини капитулираа и во Торино. Јувентус славеше со 2:1 и Рома нанижа четврти пораз од екипите кои моментално се во топ пет во Серија А, па бидејќи ова се наметнува како очигледен проблем за „волчицата“ до оваа фаза на сезоната, новинарите му го посочија овој податок и на ...

Ламин Јамал иако се уште е тинејџер е еден од најдобрите играчи на Барселона, тим во кој многу работи зависат токму од офанзивецот кој прави разлика на теренот, асистира и постигнува голови. Во исто време треба да се носи со славата, времето во кое живееме, време во кое не може ништо да се скрие, време на социјални мрежи на кои секој може да си каже што сака, да изнесе информација која е точна, полуточна, лага…Доста од луѓето забораваат дека ...

Арсенал одново е лидер на табелата во Премиер лигата или поточно се врати на тоа место кое само неколку часа го имаше Манчестер Сити по победата над Вест Хем од 3-0. Тимот кој го предводи Микел Артета оваа вечер се избори за славје на „Хил Дикинсон“ во Ливерпул во соочувањето со Евертон. „Топчиите“ славеа со 1-0, победа која можеше да биде и поубедлива ако гостинските играчи беа попорецизни во завршницата на дел од акциите. На крајот како ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
73%
996
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.29
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
81%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Калај

46.91

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Паладиум

546.56