Сандерленд го потврди статусот на тврд орев и остана непоразен во уште еден дуел со англиски великан, а вчера имаше шанса да забележи и огромна победа на гостувањето на „Енфилд Роуд“. Исидор не реализираше 100-процентна шанса во 94-та минута во моментите кога на семафорот стоеше 1:1, па на крајот натпреварот заврши нерешено што беше и најреален исход со оглед понуденото на теренот. Менаџерот Режис Ле Бри повторно можеше да биде задоволен од ...

Давиде Фратези дефинитивно не уживаше во завршната етапа на Симоне Инѕаги во Интер, а иако размислуваше за заминување во текот на летниот преоден рок, италијанскиот репрезентативец сепак реши да си даде шанса со новиот тренер. Кристијан Киву претставуваше добра шанса за сите играчи да почнат од нула, но Фратези не може да се пофали со значајна минутажа од стартот на сезоната, нешто што сепак се промени на вчерашниот дуел во Купот. Во моменти ...

Килијан Мбапе имаше спектакуларна претстава на „Сан Мамес“ во Билбао и практично сам го реши големиот ривал во дербито, бидејќи напаѓачот на Реал постигна два погодоци, а имаше и улога на асистент при погодокот кој го даде Камавинга. Учинокот од два погодоци и една асистенција беше повеќе од доволен да го понесе МВП признанието, но за време на натпреварот, Килијан се најде во центарот на вниманието и поради еден дриблинг, но и еден „Винисиус ...

Федерико Киеза доби шанса во 86-та минута со цел да му помогне на Ливерпул во обидот да стигне до победа, но на крајот испадна дека оваа измена беше клучна за фаворитот да избегне пораз. Италијанецот секогаш е дочекан со овации на „Енфилд Роуд“ без оглед на скромната минутажа која ја добива, а вчера добивме доказ и зошто е тоа така. Ливерпул фрли се на една карта во напад откако израмни против Сандерленд на 1:1, но тоа им остави доста простор ...

Нејмар најверојатно ќе мора да прави нова операција на коленото по крајот на сезоната, но пред да дојде до тоа, напаѓачот реши да ризикува и да даде се од себе за да му помогне на Сантош да обезбеди опстанок. Бразилскиот великан се најде во непријатна ситуација на три кола пред крајот кога беше објавена веста за повредата на Нејмар, но главната ѕвезда се реши да игра против Спорт Ресифе, а и сега против Хувентуде. Нејмар запиша гол и ...

Никола Јокиќ повторно беше блиску до трипл-дабл во НБА лигата, но рано утрово шоуто на Србинот му го украде Џамал Мареј кој едноставно одигра неверојатен натпревар против Индијана. Плејмејкерот на Денвер беше во елемент и го одигра најдобриот натпревар после долго време, бидејќи зад своето име запиша импресивни 52 поени. Мареј веќе некое време не игра во формата од шампионската сезона, но сега дефинитивно потсети на најдобрите изданија и тоа ...

Флоријан Вирц долго чекаше да се израдува на првиот гол во дресот на Ливерпул, па иако Германецот даде ронка надеж за својот тим дека може да направи пресврт против Сандерленд, по направените анализи, Премиер лигата реши да го остави офанзивниот фудбалер без својот првенец во англиската елита. Иако првично голот му беше препишан на големото летно засилување, подоцна одговорните лица проценија дека Норди Мукиеле одиграл позначајна улога ...

Столе Димитриевски ја „зовре“ атмосферата во Валенсија со својата изјава која ја даде за време на репрезентативните обврски кои ги имаше во месец ноември, а веднаш по враќањето во шпанскиот град, македонскиот чувар на мрежата се соочи со сериозен состанок со тренерот Карлос Корберан и соиграчите, како и со дисциплинска мерка која беше активирана од страна на клубот. Македонецот им се извини на тренерот и соиграчите за невнимателните изјави и ...

Флоријан Вирц долго чекаше да се израдува на првиот гол во дресот на Ливерпул, па иако Германецот даде ронка надеж за својот тим дека може да направи пресврт против Сандерленд, по направените анализи, Премиер лигата реши да го остави офанзивниот фудбалер без својот првенец во англиската елита. Иако првично голот му беше препишан на големото летно засилување, подоцна одговорните лица проценија дека Норди Мукиеле одиграл позначајна улога ...

Наполи после голема пенал драма го мина Калјари и се пласираше во четвртфиналето во Копа Италија, а човек на одлука во пенал рулетот беше Вања Милинковиќ-Савиќ. Во интересна серија со 20 изведени пенали, на крајот како одлувачка се покажа одбраната на српскиот голман во десеттата серија, како и реализацијата на Бонџорно кој сепак не беше баш најсигурен при изведувањето. Претходно, Вања покажа огромна доза на самодоверба и изведе моќен пенал ...

Денеска и утре се играат нови натпревари во Евролигата, натпревари од 14. коло, битки кои сигурно ќе донесат многу возбудувања и квалитетни моменти на терените, но и на трибините каде главни ќе бидат навивачите. Во пресрет на тоа што следува ги имаме најубавите потези од претходната 13. рунда, топ 10 листа која ја предводи членот на шпанска Валенсија, Бадио кој имаше супер блокада над Јовиќ во соочувањето со Баерн Минхен. Ова се мајсториите ...

Македонските фудбалски интернационалци, Марко Ѓорѓиевски, Марио Крстовски и Даниел Аврамовски погодија за своите екипи во Куп пресметките во Романија и Турција. Марко конечно го „скрши мразот“ и реализираше за Херманштад во соочувањето со Ботошани. Напаѓачот беше стартер и во 52 минута погоди за водство на својот тим од 2-1, резултат кој беше активен до 78 минута кога играчот кој влезе на местото на Македонецот, Бус ги постави конечните 3-1. ...

Килијан Мбапе имаше свои шоу во Билбао и беше клучен фактор на натпреварот кој заврши со резултат 0:3, без оглед на добрите одбрани кои ги имаше Тибо Куртоа во моментите кога домаќините се обидуваа да се вратат во мечот. Двата гола и едната асистенција на Килијан направија одлучувачка разлика на теренот и Французинот сосема оправдано го понесе МВП признанието, но покрај неговото брилијантно индивидуално издание, се доби впечаток дека и Реал ...

Ливерпул и Челси беа далеку од посакуваните резултати на вечерашните дуели со Сандерленд и Лидс Јунајтед, а додека шампионот освои барем бод, лондонските „сини“ се враќаат со пораз од гостувањето кај Лидс. Ливерпул повторно не успеа да врзе две победи, а на домашен терен имаше негатива против Сандерленд, кој поведе со голот на Талби во 67. минута. По ударот на Вирц, топката заврши во мрежата на гостите, но голот е запишан како автогол на ...

Венеција беше единствениот второлигашки претставник во осминафиналето на италијанскиот Куп, но денеска немаше сили да му се спротивстави на големиот фаворит Интер (5:1). Домаќините со комбиниран состав обезбедија минутажа и за играчите кои не се стандардни првотимци, но истовремено и убедлива победа, која беше брзо најавена. Диуф го скрши отпорот на Венеција во 18. минута, а до крајот на полувремето реализираа и Еспозито и Тирам. Тирам со ...

Баерн Минхен обезбеди победа (2:3) над Унион Берлин во осминафиналето на германскиот Куп, но веројатно посакуваше порутински да ја потврди улогата на фаворит на ова гостување во главниот град. Баварците брзо стигнаа до предност од 0:2 со автоголот на Анса и погодокот на Кејн, домаќините се вратија со гол од пенал, но до крајот на полувремето повторно постигнаа автогол и го вратија противникот на плус два. Унион Берлин не се откажа од ...

Арсенал завери три нови бода во Премиер лигата со победа над Брентфорд (2:0), додека Астон Вила направи голем пресврт на гостувањето кај Брајтон и го задржи чекорот со водечките екипи на табелата. „Топчиите“ рано стигнаа до предност преку Мерино (11. минута) и си ја олеснија работата против лондонскиот ривал, а таа минимална предност ја задржа до крајот, кога резервистот Сака ги постави конечните 2:0. Со оваа победа, Арсенал ја задржа ...

Со своите настапи за неколку европски клубови, Јаја Туре остави сериозен печат на глобалната фудбалска сцена, а во последното интервју признал дека доживеал и едно големо разочарување во кариерата. Уште како млад фудбалер и член на белгиски Беверен, Туре имал можност да потпише за ПСЖ и да си го исполни големиот сон, но агентите кои го застапувале преферирале трансфер во Украина. Туре објаснил дека Металург Доњецк му понудил подобри услови на ...

Соединетите Американски Држави ќе бидат една од трите земји организатори на Светското фудбалско првенство наредната година, а веќе по два дена ќе се одржи и првиот настан поврзан со престижниот мундијалски турнир. ФИФА ја најави ждрепката која ќе се одржи во Вашингтон и на која е најавено присуство и на американскиот претседател Доналд Трамп, а на истата најголем дел од репрезентациите ќе ги добијат своите противници во првата групна фаза на ...

НБА изрече казна за Филаделфија поради прекршување на правилото за пријавување повреди во оваа кошаркарска лига. 76-те ќе мора да платат 100.000 долари затоа што најавиле дека Џоел Ембид ќе го пропушти натпреварот против Атланта во ноќта меѓу неделата и понеделникот, а искусниот центар се нашол во ростерот и имал солидна минутажа. Не само што Ембид доби минутажа, туку одигра 30 минути, неговиот тим загуби по продолженија, а тој го заврши ...

Килијан Мбапе постигна два гола и го предводеше Реал Мадрид до сигурна победа против Атлетик Билбао и крај на негативната серија во шпанското фудбалско првенство. Реал славеше со 0:3 како гостин во Билбао, а Мбапе рано го најави текот на натпреварот и триумфот на избраниците на Чаби Алонсо. Французинот погоди уште во 7. минута и тоа со индивидуален потег кој беше комплетиран со атрактивен гол со удар од поголема далечина, а голманот Симон ...

Еурофарм Пелистер загуби (27:22) на гостувањето кај Загреб ППД во денешниот настап во Лигата на шампионите, во натпревар на кој хрватскиот првак беше доминантен во второто полувреме и заслужено ги освои бодовите. Македонскиот претставник одлично го започна дуелот и водеше со 1:5, но Загреб успеа брзо да се врати и да дојде до 7:7, а до крајот на полувремето обезбеди предност со резултат 14:12. Во продолжението, домаќините набрзина стигнаа до ...

Наполи мораше да изведе дури десет пенали за да обезбеди пласман во четвртфиналето на италијанскиот фудбалски Куп, а Елиф Елмас и неговите соиграчи на крајот сепак го елиминираа Калјари на домашен терен. Македонецот одигра цел натпревар и реализираше пенал во серијата која го одредуваше победникот, а со солидниот настап ги оправда очекувањата на тренерот Антонио Конте. Лука донесе предност за Наполи во првиот дел, но Калјари успеа да израмни ...

Макс Ферстапен успеа да ја намали големата предност на тандемот на Мекларен и најави посебно атрактивна последна трка од Формула 1 шампионатот. На патеката во Абу Даби, Ландо Норис влегува со солидна предност во однос на Ферстапен и Оскар Пјастри, но ќе треба да ја потврди својата прва Ф1 титула со сигурен викенд и добар пласман на завршниот настап. Формула 1 преку социјалните мрежи ја поедностави работата за фановите и ги посочи сите ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука која оди во прилог на европските клубови, но со истата ги налути африканските федерации, односно сите инволвирани селекции на претстојниот Африкански куп на нации. Со години наназад важеше правилото според кое клубовите мораа да ги ослободат репрезентативците со обврски на африканското првенство, две недели пред почетокот на турнирот, но одговорните во ФИФА сега решија да им излезат во ...

Францускиот прволигаш Стразбур има сопственици како премиерлигашот Челси, а уште во септември беше објавено дека талентираниот Емануел Емега ќе се пресели во редовите на премиерлигашот во текот на следното лето. Но, се чини дека Челси ќе доведе фудбалер со проблематичен карактер, откако 22-годишниот Емега и досега не се прославуваше со своите изјави, но сега ситуацијата кулминирала за да добие и суспензија од клубот. Холандскиот ...

Рубен Аморим прифати голема одговорност преземајќи го Манчестер Јунајтед, а во периодот во кој ја извршува менаџерската функција веќе добро знае каков притисок носи функцијата и вели дека решил сам да се заштити од реакциите на социјалните мрежи и во медиумите. Португалскиот стручњак не е активен на социјалните мрежи, а вели дека не сака да ги гледа и телевизиските содржини во кои се зборува за неговиот клуб. – Навредите и нападите се ...

Неубедливата сезона на Јувентус донесе тренерска смена, а Лучијано Спалети влегува во последниот месец од календарската година со уште еден потврден голем проблем. Откако Душан Влаховиќ заработи повреда која ќе го оддалечи од терените неколку месеци, денеска стана јасно дека „бјанконерите“ на подолг период останаа и без Федерико Гати. Тоа значи дека Спалети не може да смета на двајца играчи кои често се и стартери, а отсуството на Гати е ...

Тотенхем вчера на драматичен начин избори реми на дербито со Њукасл, а менаџерот Томас Франк очекувано не го игнорирал фактот дека противникот добил контоверзен пенал. Главниот судија не го санкционираше дуелот на Бентанкур и Брн во шеснаесетникот, но беше повикан да ја прегледа ВАР снимката, по што Њукасл доби пенал и успеа да поведе со 2:1. Дефанзивецот Ромеро со атрактивен гол во судиското надополнување израмни и ги постави конечните 2:2, ...

Диего Симеоне не ги крие симпатиите кон фудбалската филозофија на Ханси Флик и веќе некое време наназад дели комплименти за играта на Барселона, а така беше и во најавата, но и по крајот на вчерашното дерби кое се одигра на „Камп Ноу“. Иако избраниците на Чоло одиграа храбро и имаа свои шанси за 2:2, на крајот тимот од шпанската престолнина мораше да се помири со пораз од 3:1, па непосредно по последниот судиски свиреж, Симеоне тргна да го ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
88%
1004
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1004
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.13
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1004
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
78%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1003
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
100%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Цинк

3.25

Калај

46.91

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Платина

67162.91