Денеска во Вашингтон беше извршена ждрепката за Светското првенство што наредната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Ова е турнир што ќе се игра од 11 јуни до 19 јули, настан на кој ќе учествуваат 48 репрезентации, а пехарот ќе го брани Аргентина. Токму „гаучосите“ добија ривали по мерка во првиот дел, група во која се уште Австрија, Алжир и Јордан. Франција која важи за еден од топ фаворитите доби ...

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ја доби групата за Светското првенство под услов да се пласираме на големиот настан кој во месец јуни и јули ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Ако успееме да ги минеме баражите во месец март, односно ја добиеме прво Данска, а потоа и подобриот од Република Ирска и Чешка тогаш ќе бидеме дел од групата А каде е сместен еден од ко-домаќините на мундијалот Мексико. Освен со Мексиканците би ...

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистерр забележаа рутински победи во рамките на 15. коло во Суперлигата. Лидерот на табелата беше подобар од Тиквеш со 31:27 (18:12) и со перфектни „15 од 15“ ќе го дочека дербито во Битола кое е на програмата наредната седмица во салата „Боро Чурлевски“. Пелистер пак во првиот меч по заминувањето на Рубен Гарабаја без проблеми ја суреди Струга со 42-22. Фаворитот во двете полувремиња реализираше 20 и 22 ...

Жељко Обрадовиќ и неговото заминување од Партизан и понатаму е топ тема во Србија, кошаркарските кругови на Балканот, но и во Европа. Обрадовиќ е големо име, ас кој тежи многу во европската кошарка и целата ситуација, драма која се случи со него и клубот привлече големо внимание. Целата оваа ситуација ја искоментира и Перо Антиќ кој своевремено соработуваше со популарниот Жоц во Фенербахче каде заедно освоија и европска титула. -Жељко е човек ...

Арсенал е лидер на табелата по 14. одиграни кола во Премиер лигата, меѓутоа има уште многу натпревари и многу бодови во игра до крајот, а предизвиците доаѓаат како на лента со тоа што наредниот е Астон Вила на „Вила Парк“. Тоа е меч закажан за утре од 13:30 часот и во пресрет на истиот менаџерот Микел Артета излезе со интересно тврдење за ривалот кој според него е во групата на кандидати за пехарот во англискиот шампионат. -Па, ако продолжат ...

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три земји и тоа Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во периодот од 11 јуни до 19 јули. На овој голем настан ќе учествуваат дури 48 репрезентации, а меѓу нив може да биде и Македонија под услов во месец март да ги добие двете бараж пресметки. Дали ќе успее да го оствариме сонот останува да видиме, но она што е јасно е дека уште од сега може да зборуваме за фаворит/фаворити за ...

Марсело Виеира Да Силва Жуниор или попознат само како Марсело беше играч кој најголемиот дел од активната кариера му ја посвети на Реал Мадрид, тим за кој настапуваше со успех од 2007 до 2022 година. Тој освои многу титули во тој период, ја делеше соблекувалната со многу квалитетни имиња, но жали што во Мадрид не се спои со еден ас кој сега е клучен за шпанскиот великан-тоа е Килијан Мбапе. -Тој е многу добар, импресивен, физичко чудо. Има ...

Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Загреб од 27:23 во последниот натпревар за оваа календарска во Лигата на шампионите. Со ова „зелено-белите“ ги намалија шансите за пласман во нокаут фазата, но ништо не е готово, има уште четири натпревари во кои со позитивни резултати во 2026 година може да се избегне елиминациата уште во првиот дел од елитното натпреварување. Од соочувањето во Загреб има една позитивна вест за македонскиот првак, а тоа е ...

Женската сениорска ракометна репрезентација издвојува победа над Турција од 29:26 на првиот натпревар на меѓународниот турнир што се одржува во Анкара. Првиот дел мина во израмнета игра и на пауза се замина со резултат 12:12, а по одморот избраничките на Кристијан Грчевски се покажаа во подобро светло, го надиграа домаќиниот и дојдоа до позитивен резултат. Најефикасна беше Ризоска со 11 голови, Седлоска пак имаше 5 реализации. Утре нашата ...

Пет средби се одиграа во НБА лигата, а резултатот е четири победи на гостинските и само еден триумф на домашните екипи. На два натпревари видовме вистинска драма и токму тие луди завршници се најдоа на врвот на најновата Топ 10 листа. Вицешампион е Хачимура од Лејкерс кој погоди тројка со звукот на сирената за триумф над Репторс, додека пак број еден се „76-ките“ со двата клучни потези на двете страни на теренот, погодокот на Еџкомб и ...

Македонската репрезетација до 16 години на 9. и 11. декември ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Кипар. Двата меча ќе се одиграат на гостински терен во кипарски Пафос. Селекторот на Македонија, Иљами Исејни за натпреварите ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Петар Талевски (Шкендија), Илан Мемети (Лозана, Швајцарија); Одбрана: Матеја Масев (Графичар, Србија), Никола Голејшки (Македонија Ѓ.П.) Марио Стојчевски ...

Украинката Софија Лискун предизвика жестока реакција од надлежните спортски институции во својата земја, откако станало јасно дека во иднина ќе настапува под руско знаме. Лискун решила да ја прифати понудата да добие руско државјанство и да ја промени земјата која ќе ја претставува и тоа на натпреварите во скокови во вода, каде има освоено и европска титула. 23-годишната спортистка победи во една категорија на Европското првенство во 2024 ...

Фудбалерите на Вардар имаа негатива на дуелот со Македонија Ѓорче Петров, но со пресврт стигнаа до посакуваниот резултат (1:2) и победа. Лидерот ја оправда улогата на фаворит, иако ,,лавовите” во вториот дел поведоа преку Еступињан, по што следуваше притисок на гостинскиот тим. Истиот донесе два гола на Азер Омерагиќ и потврда на есенската титула со уште една победа. На вториот натпревар одигран денеска, Хамза донесе победа за Струга на ...

Турското обвинителство и полицијата денеска почнале со апсење на вкупно 46 луѓе, кои се инволвирани во аферата со нелегално обложување во оваа земја. Според информациите на медиумите, ќе бидат уапсени претседатели, агенти, но и 29 фудбалери кои ќе треба да одговараат за своите постапки во минатото. Меѓу уапсените е Мерт Јандаш од Фенербахче, но и Метехан Балтачи од Галатасарај, двајца фудбалери кои претходно добија суспензии во рамките на ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер мора да бара нов тренер откако досегашниот Рубен Гарабаја денеска поднесе оставка. Шпанскиот стручњак заминува од функцијата по поразот од Загреб во Лигата на шампионите, но и неколку други послаби изданија на битолскиот состав. Гарабаја го освои Суперкупот со Пелистер и тоа ќе му осѕане единствен трофеј откако го замени сонародникот Раул Алонсо. Според информациите од Битола, привремен ...

Јаја Туре повторно го актуелизираше својот личен конфликт со Пеп Гвардиола, потенцирајќи дека сака да го разбие митот за шпанскиот стручњак, кој воопшто не е таков како што се претставува. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска е лут поради третманот кој го добил од Пеп во Барселона и Манчестер Сити и се уште не му е јасно зошто Гвардиола сакал да му наштети и во двата клуба. – Во него не гледам човек, туку змија… – Како тренер на Барселона ...

Ливерпул не успеа да го победи Сандерленд и загуби дополнителни два бода во обидот да се врати поблиску до врвот на табелата, па следниот натпревар ќе биде нова можност за враќање на победите од страна на избраниците на Арне Слот. Менаџерот зборувал во пресрет на гостувањето кај Лидс, потенцирајќи дека главна амбиција на „црвените“ во моментов е да се вратат во Топ 4 зоната. – Актуелната ситуација на табелата покажува дека Премиер лигата е ...

Натпреварот од азиската Лига на шампиони против Мелбурн Сити ќе биде последен во кој Џеси Лингард ќе биде дел од корејскиот прволигаш Сеул. Англискиот интернационалец решил да стави крај на двегодишната етапа во Јужна Кореја и да испроба нов предизвик, кој засега не е познат. Лингард зад себе има 232 настапи во дресот на Манчестер Јунајтед, но не успеа да се наметне за да остане во редовите на премиерлигашот, а по заемот во Нотингем Форест, ...

Барселона ќе се обиде да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а истовремено раководството решило да го награди Ерик Гарсија со нов договор. Претседателот Жоан Лапорта потврдил дека шпанскиот дефанзивец останува уште долго на „Камп Ноу“, најавувајќи го и денот на кој официјално ќе биде објавена информацијата. – Ерик е универзален играч кој може да помогне на повеќе позиции, следниот четврток ќе го претставиме продолжувањето на неговиот ...

Подкаст разговорот на Икер Касилјас со Марсело донесе интересна содржина за медиумите, кои очекувано ги издвојуваат најинтересните изјави на Бразилецот, кој останува запаметен како клупска легенда на Реал Мадрид. Марсело зборувал и за помладиот сонародник Винисиус, кој дојде во клубот на 18-годишна возраст и му беше еден од најмладите колеги на бекот. Винисиус често го привлекува вниманието на јавноста со своето однесување на теренот, а ...

Лионел Меси се подготвува за финалето со Ванкувер и натпреварот кој може да му го донесе најважниот трофеј досега во дресот на Интер Мајами, а како најава за овој дуел реализирал интервју со „ЕСПН“. Во него Аргентинецот зборува на повеќе теми, а испратил и важна порака во однос на својот став за статистиката и бројките, кои често се пренагласени во фудбалот и спортот воопшто. – Луѓето денеска многу се фокусираат на статистиката, а јас лично ...

Милан доживеа елиминација во осминафиналето на италијанскиот Куп и тоа по вчерашниот пораз од Лацио во Рим со резултат 1:0. Голот на Закањи беше доволен за победа на домаќините, кои на тој начин му возвратија на истиот ривал, кој ги победи во Серија А за време на последниот викенд. Макс Алегри е свесен дека оваа елиминација делува разочарувачки за тимот, па се обидел да ги лоцира и причините за поразот. – Имавме многу повеќе проблеми од ...

Интер Мајами ќе го пречека Ванкувер во натпреварот кој ќе одлучи која екипа ќе биде нов шампион во МЛС, а тоа ќе значи и повторно соочување на играчи како Меси, Бускетс, Алба и Суарез со Томас Милер, кој им беше ривал и на европско тло. Американските фанови со нетрпение го очекуваат финалето закажано за 6. декември, а тренерот на составот од Флорида, Хавиер Маскерано, се надева дека нема да му се повтори негативното искуство од соочувањата со ...

Англиската фудбалска репрезентација денеска ја очекува ждрепката за СП 2026 од првиот шешир, а во пресрет на истата, селекторот Томас Тухел зборувал со новинарите на различни теми. Една од нив била евентуалното останување на резервните фудбалери во соблекувална, со што би се заштитиле од високите температури кои се очекуваат на мундијалот во САД, Канада и Мексико. – Ако тоа е нешто што ќе им помогне на фудбалерите кога ќе треба да влезат во ...

Денешната ждрепка за групите на Светското фудбалско првенство го актуелизираше и прашањето за новиот формат, односно фактот што мундијалот во 2026 година ќе биде прв со 48 учесници. Арсен Венгер кој извршува функција во ФИФА застанал зад одлуката на Светската фудбалска федерација и зголемувањето на бројот на учесници од 32 на 48. – Мислам дека форматот со 48 учесници е најкоректен, иако тоа значи дека само 25 проценти од членките на ФИФА ќе ...

Во деновите во кои фудбалската заедница се обединува за да му помогне на поранешниот бугарски репрезентативец Љубо Пенев во тешката борба со ракот, уште едно еминентно фудбалско име излезе во јавноста со соопштение дека се бори со незгодна болест. Се работи за поранешниот голман Шака Хислоп, кој на фановите им открил дека се бори со агресивен тип на рак на простатата, за што веќе направил и потребни терапии. Хислоп го споделил својот проблем, ...

Манчестер Јунајтед не успеа да ја задржи предноста против Вест Хем и мораше да се задоволи со само еден бод од дуелот со екипата која сезонава е во долниот дел од табелата на Премиер лигата. Фановите очекувано повторно се разочараа од изданието на своите миленици, разочаран бил и менаџерот Рубен Аморим, а првата анализа на поранешниот капитен Рој Кин би требало да го сумира она што го чувствуваат навивачите. – Најточниот збор кој може да го ...

Неверојатната двоцифрена поентерска серија на ЛеБрон Џејмс заврши утринава на дуелот со Торонто, на кој ветеранот реши да асистира наместо да шутира, а Хачимура донесе победа за Лос Анџелес Лејкерс во последната секунда. Џејмс го заврши натпреварот со 8 поени, со што заврши страшната серија од 1297 натпревари по ред на кои постигнал најмалку 10 поени. Серијата започна на 6. јуни, 2007 година, а оттогаш стартуваше и креирањето на апсолутниот ...

Марсело во неколку наврати го има посочено Лионел Меси како најтежок ривал во својата играчка кариера, но секогаш кога дели комплименти за Аргентинецот, легендарниот лев бек на Реал Мадрид не пропушта да го спомени и својот долгогодишен соиграч. Бразилецот ги стави Меси и Роналдо на исто скалило и секогаш ги става над сите други со кои се сретнал на теренот, а сега во последното интервју кое го направи за угледната „Марка“, открива дека често ...

Ливерпул игра сезона далеку под очекувањата, а еден од играчите кој досега потфрли е Мохамед Салах. Салах треба да биде еден од лидерите на оваа екипа, ас кој ќе го влече клубот, меѓутоа за разлика од претходните години африканецот не е на посакуваното ниво, па на последните два натпревари не беше и стартер, односно против Вест Хем остана на клупата, а во соочувањето со Сандерленд го одигра само второто полувреме. Често се говори за Мо и за ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
88%
1004
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1004
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.13
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1004
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
78%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1003
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
100%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Алуминиум

3.03

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Цинк

3.25

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39