Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Манчестер Сити делува доста неизбалансирано во одбрана и прима многу голови во последно време, но дури и во таква ситуација, тимот на Пеп Гвардиола успева да го пронајде патот до победата, иако тоа го прави многу потешко од очекувањата. После драматичниот триумф против Лидс Јунајтед во самата завршница (3:2), Сити вчера за малку не испушти предност од 5:1 против Фулам, па на крајот играчите на Пеп рачистуваа и опасност од пред гол линијата за ...
Благоја Милевски го заврши својот четиригодишен мандат како селектор на најсилната репрезентација на Македонија, а во период кога доби благодарница од ФФМ за она што го сработи со најдобриот македонски тим, досекгашниот предводник денеска го прекина молкот и испрати прва порака откако му истече договорот. Милевски имаше важечки договор до крајот на месец ноември и автоматски стана слободен агент, па откако Федерацијата не му го продолжи ...
Александар Трајковски пред два дена пристигна во Загреб со цел да го комплетира својот трансфер во Локомотива, а денеска клубот со големо задоволство и официјално ја потврди соработката. После две години минати во редовите на Хајдук, искусниот македонски напаѓач остан без ангажман и неколку месеци беше без клуб, но сега на крајот на 2025-та година си пронајде нова средина, и тоа во добро позната земја. Локомотива со огромно задоволство го ...
Јувентус ја одработи својата задача во Копа Италија и го победи Удинезе со 2:0, па тоа беше последна подготовка пред големото дерби кое следи, а кое ќе биде специјално и за новиот тренер на тимот. Лучијано Спалети имаше пофални зборови за своите фудбалери по триумфот остварен со комотен резултат, но се надева дека ќе можат да направат уште еден исчекор и на тешкото гостување кое следи. Спалети ќе се врати во саканиот Неапол и ќе го подготви ...
Ханси Флик не можеше да биде мирено по дербито со Атлетико Мадрид поради две загрижувачки вести кои ги доби во второто полувреме, а ако за првиот случај самиот смируваше од прес-центарот, Германецот исто така најави дека Дани Олмо денеска ќе биде подложен на детални прегледи. Тренерот на Барселона соопшти добра вест дека Педри не заработил повреда и дека почувствувал само замор во мускулите после долго време без посериозен напор, но ако ...
Весли Снајдер во ексклузивното интервју за „Марка“ се наврати на деновите кои ги мина во Реал Мадрид и лошата среќа која ја имаше во својата втора сезона на „Сантијаго Бернабеу“, но без оглед на тоа што не остави некој посебен впечаток, легендарниот Холанѓанец вели дека сите работи во животот се случуваа со одредна причина. Една година по заминувањето од Реал, судбината посака Весли Снајдер да се врати на „Бернабеу“ и да ја освои титулата во ...
Лос Анџелес Клиперс игра ужасно на стартот на сезоната и има биланс од 5 победи и дури 16 порази, а тоа ја натера управата на оваа франшиза да повлече и еден радикален потег. Ова утро, како гром од ведро небо пристигна информацијата дека Крис Пол добил шокантен отказ од Клиперси, и тоа во период кога на големо се зборуваше дека ја игра последната сезона во НБА кариерата. Легендарниот плејмејкер еднострано е ослобден од страна на Лос Анџелес ...
Вчера на програмата беа четири натпревари од осминафиналето во германскиот Куп, а најубедлива победа оставри тимот на Херта кој на домашен терен славеше над Кајзерслаутерн со 6:1. Тимот од Берлин покажа доминација во дуелот со гостинскиот тим и фуриозно се пласираше во четвртфиналето, но од финишот од мечот, пристигна и една ситуација која сега стана вирална во Германија. Гостинскиот тренер имаше инструкции за своите фудбалери и при негатива ...
Менталното здравје во денешно време се сфаќа многу посериозно за разлика од пред една или две децении во професионалниот спорт, па токму поради тоа, големите фудбалски ѕвезди се почесто знаат да ангажираат и лични психолози за да се справат со потешкотии, но и големите притисоци кои ги носат славата, успесите, но и неуспесите. Рафаел Варан пред една година беше приморан да стави крај на кариерата поради повреда и тоа го направи на 31-годишна ...
Педри испорача уште еден фудбалски мастерклас на средината на теренот и само покажа колку многу недостасуваше за тимот на Барселона, но во поселдните 20 минути од дербито со Атлетико Мадрид, извонредниот играч за врска предизвика и паника меѓу фан базата на клубот. Импресивниот Педри се пожали на повреда и побара измена по 74-ри минути игра, па иако се доби впечаток дека станува збор за нов мускулен проблем, добра вест за фановите на ...
Кристијан Ромеро беше спасител на Тотенхем во секоја смисла на зборот на вчерашното гостување на „Ст. Џејмс парк“, бидејќи на натпревар на кој „петлите“ повторно изгледаа лошо, на крајот тој направи да освојат бод со луд гол во 95-та минута. Популарниот Кути изведе импресивни „ножички“ од тешка позиција и со акробатскиот потег ги замолкна сите присутни на северот на Англија, но истовремено комплетираше партија која ќе ја памети уште долго. ...
Вардар професионално си ја заврши работата и со победа над Тулуз со резултат 37:35 го завери првото место во својата група во Европската лига на ЕХФ, а со тоа пренесе два бода во следната фаза од натпреварувањето. Секоја група донесе по два патници во главната фаза на Европската лига, а Вардар во оваа рунда го чекаат по две пресметки со Мелсунген и Бенфика. Во новоформираната група ќе има место и за Кристијнаштад кој исто така пренесува два ...
Ерлинг Халанд беше фрустриран по крајот на натпреварот со Лидс Јунајтед во ситуација кога немаше ниту една стопроцентна шанса за гол, а тоа значеше дека ќе мора да го почека својот 111-ти натпревар во Премиер лигата за да оствари еден уникатен рекорд. Норвежанецот беше во потрага по својот јубилеен 100-ти гол во англиската елита, па така вчера стигна до оваа фамозна бројка и стана играчот кој најбрзо стигнал до ваков учинок. Халанд постигна ...
Арсенал четврта година во низа ќе води голема битка за титулата во Премиер лигата, а после три неуспешни обиди, сите се надеваат дека оваа сезона ќе биде среќна за избраниците на Микел Артета. После добро одработениот летен преоден рок и значително подобрата ротација која ја доби на клупата, шпанскиот стручњак создаде тим кој многумина го гледаат како главен фаворит за титулата во англиската елита, па иако патот е долг и прерано е да се ...
Оклахома продолжи да реди победи како актуелен шампион во НБА лигата, па како тим со убедливо најдобар скор, рано утрово стигна до 13-ти триумф во низа. Тандерси имаат биланс од 21 победа и само еден пораз и тоа доволно говори во какво расположение играат шампионите, кои рано утрово најдоа решение и за Голден Стејт. Иако Оклахома се чинеше дека може да испушти предност од 22 поени, во клучните моменти успеа да се консолидира и направи серија ...
Почнува најубавиот период во годината. Времето кога сите си замислуваме убави желби и веруваме во убави изненадувања. Видеолотарија Касинос Австрија со цел да одговори на задоволството на нашите верни играчи на видеолотариските терминали, одлучи да внесе и дополнителни џекпот добивки. Од 01.12.2025, Видеолотарија Касинос Австрија ја активира дополнителната џекпот добивка-.РОЈАЛ ЏЕКПОТ. Овој џекпот има дефиниран опсег на добивка од 8 до 12 ...
„Ај-Ти-Ви“ како официјален телевизиски застапник на сите натпревари кои ги игра англиската репрезентација, има ексклузивни права и врз женскиот фудбал, па така за време на вчерашниот меч меѓу Англија и Гана, добро позната група на експерти беше дел од средбата на „Ст.Мери“. Познатата водителка Лаура Вудс беше домаќинка на програмата и нејзини колеги беа Јан Рајт и Анита Асанте, а токму легендата на Арсенал се погрижи за херојска реакција во ...
Веста дека Љубослав Пенев се бори за живот во онколошка клиника во Германија ја трогна јавноста во Бугарија, но многу реакции има и во Шпанија, земја во која славниот напаѓач се прослави како врвен напаѓач настапувајќи за екипи како Валенсија, Атлетико Мадрид, Компостела и Селта Виго. 59-годишниот Бугарин ја совлада подмолната болест во текот на играчката кариера, но сега му се појавил сериозен тумор на бубрегот, кој поради специфичноста на ...
Барселона го доби дербито со Атлетико Мадрид и се осигура на првото место на табелата во Ла Лига, без оглед на исходот на денешниот натпревар кој го играат Атлетик Билбао и Реал Мадрид. И покрај проблемите со недостапни фудбалери како Араухо и Де Јонг, Ханси Флик успеа да пронајде систем кој ќе функционира против Алтетико, а во победата од 3:1, клучни играчи за Германецот беа Педри и Рафиња. Двајцата излегоа истовремено во последните 20 ...
Манчестер Сити во раната фаза на второто полувреме се чинеше дека го има натпреварот против Фулам во свои раце, но тоа што наликуваше на чиста рутина при резултат 1:5, на крајот се претвори во вистинска агонија за играчите и навивачите, но и за менаџерот Пеп Гвардиола. Фулам со три гола во низа стигна до 4:5 и во самата завршница очајнички се обидуваше да дојде до израмнување, па иако беше блиску до тоа, на крајот мораше да се помири со ...
Ламин Јамал е новата голема надеж на Барселона, играч на кој му се предвидува голема иднина, офанзивец за кого се верува дека може да одбележи една ера во шпанскиот великан. Поради повеќе причини тој е споредуван со легендата на клубот Лионел Меси, веќе ја носи и „десетката“ иако тој самиот прзнава дека не сака да биде како Аргентинецот и сака сам да изгради свое име. Гаизка Мендиета како човек од фудбалот, ас кој има поминато многу низ ...
Диего Симеоне остана задоволен од прикажаната игра на Атлетико и покрај поразот од 3:1 на дербито против Барселона, но во своето резиме за натпреварот, популарниот Чоло не пропушти и да подели пофалби за својот омилен фудбалер од противничкиот табор. Рафиња и Педри направија клучна разлика на вчерашниот натпревар и само покажаа колку недостасуваа за Барса во последно време, но кога е во прашање Симеоне, тој посебно го цени и почитува ...
Карлос Алкарас и Јаник Синер се двајцата асови кои се издвоија во машкиот тенис, играчи кои почнаа да доминираат и едноставно да се недопорливи на најважните турнири. Тоа секако не е добро за белиот спорт и за тоа е свесен легендарниот Рафаел Надал кој смета дека на водечкото дуо на АТП листата му е потребно некој што ќе ги предизвика. -Мислам дека на Синер и Алкараз им треба некој малку да ги турне бидејќи се издвоија од останатите и можат ...
Партизан минува низ турбулентен период, а причината за тоа се лошите резултати кои донесоа оставка на тренерот Жељко Обрадовиќ и бурна седмица за клубот од Белград. Навивачите бараа Обрадовиќ да остане, нешто што нема да се случи затоа што стратегот донесе одлука која нема да ја промени. Во меѓувреме се појавија многу информации низ медиумите, се бараат виновници, се напаѓа и раководството, па Жељко се одлучи со видео да ја раскаже својата ...
Кристијан Ромеро е херојот на Тотенхем во дуелот со Њукасл кој оваа вечер се одигра на „Сент Џејмс Парк“. Домаќините беа пред победа во оваа соочување, односно водеа со 2-1 до 95 минута кога Ромеро по еден корнер изведе акробација и со „ножички“ успеа да ја спроведе топката во мрежата на „страчките“ за конечни 2-2. Ова за Аргентинецот беше втор погодок на мечот затоа што претходно реализираше во 78 минута за 1-1. Стрелци за Њукасл пак беа ...
Баер Леверкузен пред неколку дена ја загуби лигашката пресметка со Борусија Дортмунд, но вечерва им се реваншираше на „милионерите“ и ги елиминираше од Купот на Германија. Дортмунд ја имаше улогата на фаворит, повеќе ја имаше топката, упати повеќе удари, ама она што се брои во фудбалот, головите беа на страна на Леверкузен кој триумфираше со 1-0. Клучниот момент се случи во 34 минута кога Маза на асистенција на Грималдо ја затресе мрежата на ...
Барселона издвојува победа над Атлетико Мадрид од 3-1 во дерби средбата од шпанскиот шампионат која вечерва се одигра на „Камп Ноу“. „Душекџиите“ допатуваа во Каталонија во одлична форма и со пет победи во низа, огромна самодоверба и желба да го срушат актуелниот шампион, но избраниците на Флик покажаа зошто се на врвот и се изворија за супер значен триумф пред своите гледачи. Атлетико преку единствениот удар во првиот дел го отвори ...
Фудбалерите на Јувентус обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Италија откако ја оправдаа фаворитската улога во денешното соочување со Удинезе. Домаќините славеа со 2-0 во мечот на кој им беа поништени уште два гола со помош на ВАР поради офсајд. Јуве го отвори резултатот во 23 минута преку Дејвид, а токму на истиот играч во 34 минута му беше „избришан“ вториот погодок поради недозволена ситуација. Локатели во второто полувреме беше ...
Екипата на Манчестер Сити забележа драматична победа над Фулам од 5-4 на вечерашниот натпревар од 14. коло во Премиер лигата. Се водеше кон тоа дека „граѓаните“ ќе запишат чист триумф со оглед на тоа што до 57 минута имаа предност од 5-1, но потоа домаќините почнаа да се враќаат, погодија Ивоби и Чукуезе (2) и до 78 минута резултатот беше 5-4. Избраниците на Силва очекувано тргнаа и по петти гол, имаа шанса на крајот, ама неверојатен кам-бек ...
Лаутаро Мартинез во изминатиов период беше критиикуван во дел од јавноста, а тој одговори на најдобар можен начин со два гола во победата на Интер над Пиза. Мартинез е капитен на „нероаѕурите“, човек кој долго време е во Италија и во минатото се има соочено со вакви ситуации, па Хавиер Занери верува дека сонародникот е свесен дека ова е дел од фудбалот и тоа што го носи спортот. -Критиките кон Лаутаро ги сметам за апсурдни. Тој секогаш давал ...