Фудбалерите на Јувентус обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Италија откако ја оправдаа фаворитската улога во денешното соочување со Удинезе. Домаќините славеа со 2-0 во мечот на кој им беа поништени уште два гола со помош на ВАР поради офсајд. Јуве го отвори резултатот во 23 минута преку Дејвид, а токму на истиот играч во 34 минута му беше „избришан“ вториот погодок поради недозволена ситуација. Локатели во второто полувреме беше ...

Екипата на Манчестер Сити забележа драматична победа над Фулам од 5-4 на вечерашниот натпревар од 14. коло во Премиер лигата. Се водеше кон тоа дека „граѓаните“ ќе запишат чист триумф со оглед на тоа што до 57 минута имаа предност од 5-1, но потоа домаќините почнаа да се враќаат, погодија Ивоби и Чукуезе (2) и до 78 минута резултатот беше 5-4. Избраниците на Силва очекувано тргнаа и по петти гол, имаа шанса на крајот, ама неверојатен кам-бек ...

Лаутаро Мартинез во изминатиов период беше критиикуван во дел од јавноста, а тој одговори на најдобар можен начин со два гола во победата на Интер над Пиза. Мартинез е капитен на „нероаѕурите“, човек кој долго време е во Италија и во минатото се има соочено со вакви ситуации, па Хавиер Занери верува дека сонародникот е свесен дека ова е дел од фудбалот и тоа што го носи спортот. -Критиките кон Лаутаро ги сметам за апсурдни. Тој секогаш давал ...

Милан го совлада Лацио со 1-0 во дерби натпреварот во италијанката Серија А, натпревар кој длабоко во судиското продолжение донесе и една одлука која се дискутираше, коментираше во изминативе денови. Дилемата беше дали гостите од Рим требаа да добија пенал поради играњето со рака на дефанзивецот Павловиќ, судијата Џузепе Колу беше повикан од ВАР собата сам да ја погледне целата ситуација за да на крајот пресече дека нема да има удар од 11 ...

Ракометарите на Вардар 1961 остварија победа над Тулуз од 37:35 во последниот натпревар од првата фаза во Европската лига на ЕХФ. Во еден динамичен, возбудлив и интересен меч избраниците на Иван Чупиќ по втор пат во групата Ф го надиграа францускиот претставник и со тоа го освоија првото место пред Кристијанштад кој вечерва славеше минимално над Сесвете со 28:27. Ова беше пресметка во која Тулуз покажа заби, го доби првото полувреме со 18:16, ...

Партизан за два дена го очекува меч со Баерн Минхен во Евролигата, но се уште топ тема во клубот од Белград е заминувањето на тренерот Жељко Обрадовиќ. Навивачите се уште не можат да се помират со заминувањето на легендарниот стратег и се уште инсистираат, бараат тој да се врати, продолжи што во моментов не е реална опции со оглед на тоа што самиот тој го одби ова што значеше дека клубот мора да бара ново решение. Денеска состанок имаше ...

Од денеска па до четврток се играат мечевите од 14. коло во Премиер лигата, рунда која не носи некое дерби, но има натпревари кои се интересни и носат интерес кај јавноста. Добар дел од клубовите кои се борат за врвот, местата кои водат во Лигата на шампионите имаат ривали против кои се фаворити, но според „Скај Спортс“ и нивниот прогнозер Џон Ноус можеме да очекуваме неколку изненадувања. Најголемото би требало да се случи вечерва во Лондон ...

Статистичките податоци велат дека Андреј Јакимовски е четвртти стрелец по одигрувањето на првите два натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. На двата одиграни натпревари со Азербејџан и со Ирска, нашиот крилен играч постигна 51.поен, односно во просек по 25.5 поени по меч. Лидер е Дардан Бериша од селекцијата на Косово, кој на средбата со Албанија даде 35.поени, што е нешто повеќе во однос на Андре Спиг (Ерменија), кој ...

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано е познат по тоа што знае да „распука“ без „влакна на јазикот“ и едноставно никого не штеди без разлика дали во минатото бил соиграч, близок со него, остварил успеси и потврда за тоа е уште едно негово „шоу“. Овојпат на менито на некогашниот напаѓач беше стратегот со кого освои пехар во Серија А, а тоа е сегашниот предводник на Милан, Масимилијано Алегри. -Се сеќавате што реков за тоа ...

Еурофарм Пелистер уште го очекува последниот натпревар за оваа календарска година во Лигата на шампионите и тоа против Загреб во хрватската престолнина. „Зелено-белите“ го добија првото соочување со 25:23, па водени од тоа како и од фактот дека освоија повеќе бодови од противникот во досегашниот дел на групната фаза веруваат дека можат да дојдат до позитивен резултат. -Физички се чувствувам одлично. Благодарност до сите во тимот за поддршката ...

Во англиската Премиер лига се игра со забрзано темпо и нема време за одмор со оглед на тоа што од вечерва се игра 14. коло, но пред новите возбудувања легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер ги избра играчите кои според него ја одбележаа 13. рунда. Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата склопи тим во формација 4-2-3-1, формација во која по двајца претставници имаат Њукасл (Чау Брн), Челси (Чалоба, Рис Џејмс) и Астон Вила ...

Љупче Дориев веќе некое време игра на навистина високо ниво во дресот на Согдиана, а тие изданија и партии му донесоа едно навистина престижно признание. Имено поранешниот македонски репрезентативец ја доби наградата за најдобар странски фудбалер во Узбекистан што е сосема заслужено ако се земе предвид дека е втор стрелец во шампионатот со 16 голови зад Игор Сергеев (домашен играч) кој постигна 20 погодоци, но ако екипа која се бореше за ...

Втора година во низа машката и женската сениорска репрезентација на Македонија паралелно ќе учествуваат во Европската лига. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија на последниот состанок донесе одлука да се задржи континуитетот на А селекциите во ова натпреварување, кое од 2026 година ќе добие и нова тежина, односно ќе го замени квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2028. Машкиот национален тим од 2014-та година ја одржува ...

Тимот на Коњаспор за кого настапува Енис Барди оствари победа над Муспор со 4-1 во натпреварот од Купот на Турција. Прволигашот ја оправда улогата на фаворит, а се тргна токму од македонскиот репрезентативец Барди кој стрелаше во првото полувреме. Се играше 38 минута кога одлично го испрати соиграчот, се уфрли во вистинско време и потоа рутински ја смести топката во противничката мрежа. Во вториот дел беше доста поефикасно, паднаа четири ...

Интересни натпревари донесе првиот ден од последниот месец во оваа 2025 година во НБА лигата, девет пресметки кои беа одбележани од домашните екипи со шест остварени победи. Десет моменти, мајстории беа избрани од овие соочувања, а позицијата број еден му припадна на членот на Вашингтон, Кулибали кој во завршницата на мечот со Милвоки украде топка пред Јанис и потоа тргна во контра која ја заврши со атрактивни забивање под прекршок на ...

Лука Дончиќ игра во животна форма во последно време и изгледа поподвижно и поагилно од било кога, а потврда за тоа се и бројките кои ги оставрува во дресот на Лос Анџелес Лејкерс од стартот на сезоната. Маестро Лука беше на свое офанзивно ниво и рано утрово на натпреварот против Феникс, но овојпат 38-те поени не беа доволни за да се задоволи себе, но ниту да се оствари победа (108:125). Феникс со агресивниот пристап изнуди 21 загубена топка ...

ЧЕтирите тима кои ќе настапуваат на шпанскиот Суперкуп своите натпревари од 19-то коло ќе ги одиграат денес и утре, а возбудувањата ќе почнат со голема дерби пресметка меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Големите ривали ќе одиграат директна пресметка за врвот во Ла Лига и се очекува вистински спектакл на „Камп Ноу“, но на неколку часа пред дербито, тренерот Ханси Флик доби нова неповолна вест. Откако му беше дозволено на Роналд Араухо да земе ...

Александар Трајковски беше без клуб од крајот на минатата сезона кога му истече договорот со Хајдук, па иако во меѓувреме напорно тренираше и имаше репрезентативни ангажмани за Македонија, јасно беше дека искусниот голгетер мора што побрзо да си пронајде нова средина. По крајот на ноемврискиот квалификациски циклус, популарниот Алекс интензивираше преговори за враќање во Хрватска, а ова попладне пристигна информација дека Трајковски прави ...

Реал Мадрид има променливи резултати во последно време и трите кикса во низа во Ла Лига направија тимот на Чаби Алонсо да падне на второто место на табелата, па од минатата година наваму, медиумите често знаат да се навраќаат на минатото и да го споредуваат актуелниот тим со оној во кој имаше коректор на игра како Тони Крос. Германецот се пензионираше минатата година и Реал ја почна втората сезона без германскиот фудбалер, па иако сме блиску ...

Во модерната фудбалска ера кога се следат сите параметри на фудбалерите и посебно се внимава на диетата и нутритивните вредности на храната која се внесува, професионалците често се соочуваат со ситуации да им бидат забранети одредени калорични јадења, но сепак кога станува збор за играчи кои ја фатија и претходната ера, очигледно се прават исклучоци. Жив пример за тоа е Џејми Варди кој е познат по тоа што нема баш најздрави навики за ...

Ница игра во катастрофална форма и изминатиов викенд го претрпе шестиот пораз во низа, но фактот што истиот пристигна од тим кој беше во опасната зона ги натера најрадикалните навивачи на клубот да употребат и сила против играчите. Тимот од Азурниот брег загуби од Лориен со 3:1 и потврди дека игра ужасен фудбал во последно време, па иако одговорните лица на клубот добиле препорака да не се враќаат во тренинг центарот по претрпениот пораз, на ...

Фабио Капело редовно ги анализира случувањата во италијанскиот фудбал, па иако неодамна јавно го критикуваше Антонио Конте за паузата која си ја зема за време на репрезентативните обврски кои ги имаа дел од соиграчите, сега призна дека тој потег сепак се покажал како правилен во ситуаија кога Наполи врза три победи во низа. Конте си зема одмор и ги остави фудбалерите да тренираат со неговите помошници, а бидејќи овој потег воопшто не му се ...

Осигурителното брокерско друштво Флекс брокер, дел од групацијата Флекс, одбележува една година од своето формирање – година исполнета со забрзан раст, силно присуство на терен и надминување на сите почетни проекции. Иако компанијата беше основана во една од најтурбулентните години за осигурителниот сектор, период во кој довербата во брокерските друштва беше значително нарушена, Флекс брокер успеа да стане препознатлив избор за над 15.000 ...

Еурофарм Пелистер има тежок распоред како единствен македонски претставник во Лигата на шампиони, а откако изминатиов викенд упропстасти „добиен меч“ против Алкалоид во домашното првенство, ракометниот првак сега повторно се насочува кон европски предизвик. Претходно, „зелено-белите“ претрпеа тежок пораз од Пик Сегед во најелитното натпреварување и претрпеа седми пораз, но сега на ред можеби е и клучниот натпревар од групата фаза, бидејќи ...

Реал Мадрид и Барселона се очекува да водат нова битка за титулата во шпанското првенство, но од друга страна, се наѕира и нивни можен дуел на трансфер пазарот уште во првите месеци од новата 2026-та година. Шпанските великани во овој моменет се заинтересирани за ист фудбалер и будно го следат случајот во Дортмунд, а во ситуацијата станува збор за Нико Шлотербек кој постојано ги одолговлекува преговорите со својот актуелен клуб. Иако има ...

Антонио Конте беше избран за најдобар тренер во Италија на свечената гала Калчо вечер, настан на кој вчера беа доделени најважните признанија за изминатата натпреварувачка сезона на чизмата. Наполи вторпат стигна до титулата во период од три години и тоа го направи по катастрофална сезона во која тимот луташе со различни тренери, а бидејќи најголем дел од заслугата му се препишува на Конте, Антонио сосема заслужено го понесе приматот за ...

Македонија го продолжи својот контиунитет на настапи на големи натпреварувања, па така претстојниот јануари повторно ќе биде дел од еден елитен настан, односно од Европското првенство кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Ждрепката посака Македонија да се најде во групата Б во Хернинг од која дел ќе бидат и домаќинот Данска, Романија и Португалија, а во иницијалните најави за подготовките кои следат, селекторот Кирил ЛАзаров сега го ...

Дезире Дуе имаше нестварна прва сезона во дресот на ПСЖ, а поради сето она што го прикажа во Франција и во Европа како дел од Лигата на шампиони, младиот Французин вчера се закити со најпрестижната индивидуална награда за млади фудбалери. Дуе е избран за ново „Златно момче“ од страна на „Тутоспорт“ и вчера ја доби наградата во Торино, по што младата ѕвезда на ПСЖ им се заблагодари на сите кои се заслужни за овој успех, вклучивајќи и една ...

Џанлуиџи Донарума дојде како големо засилување за Манчестер Сити во завршницата од летниот преоден рок и веќе во неколку наврати ги покажа своите квалитети, но Италијанецот многу брзо се доведе во ситуација да биде на чекор од неславен рекорд во Премиер лигата. Донарума доби јавна опомена и на последниот натпревар против Лидс и тоа беше четврти жолт картон за него на десеттиот натпревар кој го одигра за Сити, па доколку добие уште еден на ...

Ф1 сезоната ќе се решава на последната трка во Абу Даби и новиот шампион ќе го дознаеме по возбудувањата кои следат на Јас Марина, но еден потег од завршницата од трката во Катар сепак може да биде одлучувачки кога е титулата во прашање. Макс Ферстапен профитираше од лошата тактика на Мекларен и забележа нова победа во обидот да направи неверојатен пресврт, но во претпоследниот круг, возачот на Ред Бул доби и мало разочарување кога дозна дека ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
3.09
86%
1004
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1005
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1004
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.52
100%
1005
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.41
98%
1005
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
64%
1007
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1007
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
97%
1003
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
86%
1004
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Паладиум

546.56

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Бакар

11.69

Калај

46.91