Лина Ѓорческа во изминатиот период бележи исклучително добри резултати и тоа направи да влезе во топ 200 на ВТА листата, а секако и овозможи и настапи на поелитни турнири. Најдобрата македонска тенисерка оваа недела е активна на Челинџерот во Турција и веќе беше познато дека ќе стартува против Каролина Плишкова, па така ова претпладне нашата Лина имаше еден од најголемите предизвици во кариерата. Ѓорческа ги одмери силите со поранешната најдобра ...

Жозе Мурињо ја започна сезоната како тренер на Фенербахче, но откако тимот доживеа елиминација во баражот за Лига на шампиони, португалскиот стручњак заработи отказ и доби шанса за нова авантура во кариерата. Набрзо после тоа, му се отвори врата на која тешко се кажува „Не“, па Мурињо сега е предводник на Бенфика и вчера се врати на „Стемфорд Бриџ“ како ривал на Челси. Неговиот тим загуби со 1:0 во еден тесен и изедначен натпревар, а по крајот ...

Јаник Синер се врати на шампионските патеки по тешкиот пораз кој го претрпе од Карлос Алкарас во финалето на Ју-Ес Опен, такашто рано утрово славеше во финалниот меч кој го одигра во Пекинг. За разлика од Алкарас, Италијанецот својата авантура во Азија ја стартуваше во Кина, а со извонредниот настап во Пекинг се избори за нова титула во кариерата. Повредата на Данил Медведев не остави пократки за повозбудливо финале, па тоа што се најавуваше, на ...

Чаби Алонсо продолжи со ротациите во својот тим и вчера во стартниот тим на Реал се најдоа Фран Гарсија и Раул Асенсио како лев и десен бек, одлука со која им даде одмор на двајца играчи кои беа очекувани во почетните 11 против Каират. Новиот тренер на Реал Мадрид е исклучително претпазлив и сака да им даде шанса на сите играчи кои ги има во својот ростер, но исто така сака да заштеди сили и да избегне непотребни повреди со дозирање на дел од ...

Стеф Кари цела своја играчка кариера ја гради во Голден Стејт и сите најголеми достигнувања во кариерата ги оствари како „воин“, а како што стојат работите, таков ќе биде случајот и до крајот на кариерата. Најдобриот шутер на сите времиња е симбол за верност и лојалност и поради тоа има еден од најбогатите договори во лигата, но франшизата од Сан Франциско доста често го советува и за прашања кои се поврзани за играчкиот ростер пред стартот на ...

Баерн Минхен продолжи да решета и испорача нова „петарда“ оваа сезона, овојпат во Лигата на шампионите против апсолутниот аутсајдер, екипата на Пафос. Дебитантот во Лигата на шампионите беше целосно надигран и може да биде среќен што прими само пет гола, но исто така, вреди да се напомене дека домаќините се изборија за еден почесен гол, а истиот беше ремек-дело. Хрватот Мислав Оршиќ потсети на своите најдобри денови од Динамо Загреб и испрати ...

Искусниот Крис Вајлдер е познат од деновите кога го водеше Шефилд Јунајтед во Премиер лигата, а сега како менаџер на овој тим, го привлече вниманието и во ноќта кога во прв план беше Лигата на шампиони. Вајлдер на средината на месец септември се врати во Шефилд и прифати да го води првиот тим по трет пат во својата кариера, но воведните натпревари јасно ставаат до знаење дека нема да има лесна задача. Шефилд вчера на домашен терен загуби од ...

Арсенал потроши повеќе од 250 милиони фунти на трансфер пазарот за да му исполни неколку желби на својот менаџер Микел Артета, а по сериозниот финансиски напор кој беше направен, Шпанецот според многумина веќе нема никаков изговор во трката за премиерлигашката титула. Вторите места во претходните три сезони беа премала утеха за навивачите од Северен Лондон, па во ситуација кога актуелниот тим на Арсенал изгледа навистина добро и подготвено да се ...

Алехандро Гарначо направи трансфер од Манчестер Јунајтед во Челси и досега успеваше мудро да ги избегнува прашањата поврзани за завршната етапа на „Олд Трафорд“, но по важната победа која ја оствари неговиот нов тим во Лигата на шампиони, Аргентинецот даде краток коментар за финалниот третман кој го имаше во претходниот клуб. Гарначо беше еден од петмината фудбалери кои немаа дозвола да тренираат со првиот тим и беше ставен на трансфер листата, ...

Жозе Мурињо доби топол пречек на „Стемфорд Бриџ“ и тоа беше сосема очекувано со оглед на наследството кое го остави во Челси, но покрај тоа што возврати на љубота која му ја покажаа домашните фанови, искусниот стручњак имаше улога на миротворец и при еден тренд кој беше особено актуелен во првиот дел. Гостинските навивачи на Бенфика беа сместени на дел од трибината која беше многу блиску до корнер знаменцето, па тоа им овозможи да го граѓаат со ...

Џејми Карагер не беше импресиониран од играта на Ливерпул и во моментите кога тимот врза седум победи во низа, но сега вториот пораз во серија ги извади на виделина сите стравувања на легендарниот стопер, кој сега преку студиото на „Си-Би-Ес“ искажа загриженост за изгледот на тимот кој го предводи Арне Слот. Карагер во својата брутална анализа не штедеше критики и заклучи дека Ливерпул во последно време изгледа како тим кој игра кошарка, наместо ...

Маркус Рашфорд во оваа сезона го носи дресот на Барселона и досега има позитивни настапи за шпанскиот шампион каде на осум средби има учинок од два погодоци и четири асистенции во сите натпреварувања. Тој постојано добива шанса, активен е на теренот, максимално се труди и испраќа јасен сигнал дека се уште може да игра на највисоко ниво. Меѓутоа Англичанецот се уште е фудбалер на Манчестер Јунајтед и останува неизвесно што ќе се случува со него. ...

Битигхајм на македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски доживеа драматичен пораз од Гросвалштат во 1/16 финалето на Купот на Германија. Во еден неизвесен и возбудлив меч, домаќините беа оние кои се радуваа со резултат 35:34 и тоа со погодок постигнат на четири секунди до крајот. Томовски имаше забележителен настап, поточно максимално ги искористи минутите кои ги доби од тренерот, па така дури имаше 44 проценти на одбранети удари. Тој скроти ...

Жозе Мурињо се врати како противнички тренер на „Стемфорд Бриџ“, а бидејќи станува збор за стадион на кој испиша своја историја, Португалецот доби топол пречек од фановите на Челси. Искусниот стручњак неодамна ја презема Бенфика и судбината посака веќе во второто коло да се сретне со Челси во Лигата на шампиони, а враќањето во неговиот фудбалски дом секако беше специјално за него. Мурињо доби овации и навивачите на Челси му ја пееја ...

Ливерпул го претрпе вториот пораз во низа во период од неколку дена, бидејќи по лошото издание на гостувањето кај Кристал Палас, вечерва потклекна и во Лигата на шампиони. Англискиот првак не успеа да се снајде како што замисли на пеколно жешкиот терен во Истанбул, па на крајот претрпе пораз со минимални 1:0. Галатасарај го оправда статусот на најдобар турски тим и со херојско и пожртвувано издание стигна до заслужена победа, а творец на истата ...

Рубен Аморим состави таканаречен „бомбашки одред“ од фудбалери на кои воопшто не смета за новата натпреварувачка сезона, а од сите членови на таа непосакувана група, само еден не успеа да направи трансфер. Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо и Антони успеаја да си заминат и му ја исполнија желбата на португалскиот стручњак, но по крајот на летниот преоден рок, стана јасно дека петтиот член на овој одред ќе остане на платниот список. ...

Баерн Минхен продолжи да решета и постигна четири голови во првото полувреме на гостувањето на Кипар, но пред да се замине на пауза, прими и еден еврогол во режија на Мислав Оршиќ. Баварската машина проработе многу брзо и Кејн го отвори резултатот во 15-та минута, до 34-та беше 0:4 со уште еден гол на Англичанецот, но и по еден на Гереиро и Џексон. Вториот гол на Кејн беше оној за 0:4, а до крајот на полувремето, видовме уште еден гол, а воедно ...

Српските великани Партизан и Црвена Звезда имаа разочарувачки старт на новата сезона во Евролигата, нешто што сигурно не се очекуваше ако се знае дека избраниците на Обрадовиќ играа против дебитант во натпреварувањето, а „црвено-белите“ против Олимпија Милано на домашен терен. Дубаи го започна денот со огромно изненадување и убедлива победа над Партизан на својот премиерен меч во Евролигата, во кој особено импресивна беше првата четвртина во ...

Килијан Мбапе е убедливо најдобар играч на Реал Мадрид на стартот на сезоната, а тоа го потврди и со хет-трикот кој го режираше денеска во Алмати. Болниот пораз од Атлетико во домашното првенство ги натера ѕвездите на Реал максимално сериозно да го сфатат предизвикот во Лигата на шампиони, без оглед на фактот што играат против тим кој е дебитант во најелитното натпреварување. Каират на крајот прими пет гола и загуби со 0:5, но иако даде три ...

Манчестер Јунајтед стана средина во која е навистина тешко да стекнете континуитет на добри резултати, а истото важи и за фудбалерите кои играат далеку под својот просек и далеку под нивото кое го очекуваат навивачите на англискиот великан. Рубен Аморим создаде своја група на која може да верува во летниот преоден рок и доби фудбалери по своја мерка, но засега не се гледаат поволни резултати од промените, за што доказ е и последниот пораз од ...

Реал Мадрид одговори со „петарда“ во мрежата на Каират по болниот пораз од Атлетико во домашното првенство, па така избраниците на Чаби Алонсо свртеа лист и се насочија кон новите предизвици во Лигата на шампиони. Тимот од Алмати тргна изненадувачки храбро и создаде шанса за гол уште во воведните секунди, но Тибо Куртоа не беше посериозно тестиран и лесно ја фати топката која одеше во средина на неговиот гол. По почетните возбудувања, Реал ...

ПСЖ утре ќе се соочи со Барселона без четворица клучни стартери во својот тим, но Луис Енрике веќе нагласи дека нема да бара оправдувања и ќе очекува максимално залагање од оние кои ќе добијат шанса. За разлика од Дембеле, Дуе, Маркињос и Кварацхелија кои не се на располагање, Ашраф Хакими ќе биде еден од фудбалерите кои ќе се најдат на теренот, а токму транзицијата од одбраната во напад може да биде клучна на „Монжуик“. Покрај Хакими, ...

Наполи го претрпе првиот пораз во петтата рунда во Серија А и се врати со неуспех од гостувањето на „Сан Сиро“, дерби на кое италијанскиот првак беше совладан од Милан со резултат 2:1. Тимот на Антонио Конте одново прими два гола и самиот стручњак нагласи дека играта во одбраната е најголем проблем за неговите избраници во последно време, но Наполи нема многу време за анализи и веќе утре треба да се насочи кон нов предизвик, овојпат во Лигата на ...

Јирген Клоп сам реши да стави крај на својата незаборавна етапа во Ливерпул и оставри простор за ангажман на Арне Слот, па иако веќе е надвор од тренерското секојдневие цели 18 месеци, Германецот вели дека не му недостасува ништо што се случува во таа сфера. Германецот не е целосно изолиран и брзо си најде ангажман во групацијата „Ред Бул“ во која има улога на глобален директор за фудбал, менаџерска улога која му овозможува далеку поголема ...

Луис Енрике ќе има специјално враќање во Барселона како тренер на ПСЖ, но иако има огромни проблеми со повредени клучни фудбалери, Лучо не планира да го промени пристапот и најави дека ќе оди на победа на „Монжуик“. Тренерот на европскиот шампион посочи дека Барселона за него е место кое секогаш буди посебни чувства, но како голем професионалец, сега ќе бара најдобро за својот тим, исто како што беше случај и пред две години кога за противник го ...

Јувентус остана непоразен и по петтата натпреварувачка рунда во Серија А со ремито против Аталанта на домашен терен, но веќе се насочува кон нов предизвик во Лигата на шампиони и тешко гостување во Шпанија. „Старата дама“ одигра луд натпревар против Борусија Дортмунд и во самиот финиш се спасуваше од пораз (4:4), меѓутоа и утре ќе има тежок тест, бидејќи ќе гостува кај разиграниот Вилјареал. Игор Тудор ќе мора добро да го постави својот тим за ...

Рафаел Леао ја санираше повреда која го оддалечи од терените во период од еден месец, но не беше експресно фрлен во „оган“ и беше дозиран од Макс Алегри и за големото дерби со Наполи. „Десетката“ на Милан доби шанса во завршницата и планот на Алегри беше да добие потребна брзина за контра-напади, а токму една таква ситуација стана вирален хит. Навивачите на Наполи добро знаат дека Леао знае често да биде инспириран против небесно сините, но ...

Иван Чупиќ ќе го има првото дерби против Еурофарм Пелистер како тренер на Вардар на домашен терен, а желбата и амбицијата за победа е на највисоко можно ниво, откако летово загуби од битолчани на турнирот во Охрид, но и на Суперкуп натпреварот во Кавадарци. Хрватскиот стручњак полека ги реди коцките во својот нов тим и забележа четири победи на воведот во Суперлигата, но веќе петтата рунда го носи вечното ракометно дерби, кое утре ќе се игра во ...

Карлос Алкарас му се реваншираше на Тејлор Фриц за поразот на Лејвер Купот и во денешното финале не му даде никаква шанса на Американецот, па така Шпанецот стигна до нов трофеј оваа сезона, вкупно осма годинава. Новиот светски рекет број еден го оправда таквиот статус со прикажаната игра во Токио, па иако имаше непријатен пех во првото коло, успеа да се издигне и со мала повреда да стигне до нова титула. Алкарас влечеше повреда на зглобот од ...

Светислав Пешиќ стави крај на својата авантура како српски селектор заклучно со денешниот ден, а токму ова попладне беше одржана седница на Управниот одбор на кошаркарската асоцијација, на која беше именуван и неговиот наслендик. Легендарниот Кари самиот порача дека е време за промена и свежи сили во стручниот штаб на националниот тим, па така денеска се дозна дека во иднина нов предводник на српскиот кошаркарски строј ќе биде Душан Алимпијевиќ. ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
74%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.44
92%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.64
95%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
86%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
8.75
88%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.45
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
88%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Калај

40.48

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Родиум

255598.44

Паладиум

46425.68

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88