Арсенал ја има доведено до совршенство играта од прекин и тоа го покажа во безброј наврати и од стартот на оваа сезона, но во тоа се запознаа и играчите на Баерн Минхен. „Топчиите“ предводени од Микел Артета изгледаат перфектно кога изведуваат корнери и прекини, а во тоа се уверија и ѕвездите на германскиот шампион, а особено Мануел Нојер. Избраниците на Артета имаат разработено неколку варијанти и истите се доведени до перфекција, но бидејќи ...

Циклусот наречен Европско првенство 2029-та година започна на најдобар можен начин за македонската кошаркарска репрезентација, бидејќи претквалификациите ги отворивме со извонредна игра и убедлива победа против Азербејџан. Тимот на Марјан Илиевски сериозно си ја сфати работата вечерва во салата „Кале“ и не му даде никаква шанса на противникот, кој вечерва имаше улога на статист во најголем дел од пресметката во македонската престолнина. ...

Рома како лидер во Серија А го заврши 12-то коло во италијанската Серија А, па сега добрите изданија од домашното првенство ги продолжи и во Европа. Тимот на Џан Пјеро Гасперини изгледа навистина стабилно и ќе го пречека месец декември во навистина добро расположение, бидејќи „волчицата“ денеска го победи и тимот кој досега беше непоразен во Лига Европа. Митјиланд како првопласиран на табелата пристигна на гостување на „Олимпико“, но многу ...

Арне Слот денеска одржал краток состанок со водечките луѓе на Ливерпул и добил поддршка од раководните структури, што значи дека Холанѓанецот ќе го води тимот и на гостувањето во Лондон кај Вест Хем. „Телеграф“ порадно денеска информираше дека Слот добил ултиматум според кој мора да победи на наредните три натпревари, а по одржаниот состанок, холандскиот стручњак не спомена таква опција, потенцирајќи дека водел исти разговори како изминатите ...

Нико Паз продолжува со своите брилијантни изданија во Серија А и во втората сезона како член на Комо, па бидејќи неговите партии се се позапазени од големите клубови, фановите стравуваат дека можат да останат без Аргентинецот уште во месец јануари. Зимскиот преоден рок може да донесе интересни предизвици за фудбалери кои играат во одлична форма, но Сеск Фабрегас апострофира дека Нико нема шанси да си замине на средина на сезоната, а не ...

ПСЖ и Тотенхем режираа вистинска голеада на „Паркот на принцовите“, натпревар на кој европскиот шампион сепак беше подобар и заслужено славеше со 5:3. Луис Енрике не може да го комплетира својот тим и вчера не можеше да смета на Дуе и Хакими, но недоволно подготвен за игра беше и Дембеле кој доби минутажа само во завршницата. И покрај важните отсуства, ПСЖ покажува дека има долга клупа и дека победува и без најдобрите, а вчера одново ...

Летото од Атина до Белград беше еден од најследените во српската историја во последно време, од едноставна причина што во авионот се наоѓаше човекот кој е миленик на верната навивачка колонија обоена во „црно-бело“. Голем број навивачи на Партизан се упатија кон аеродромот „Никола Тесла“ и му приредија нестварен пречек на саканиот стручњак, кој само 24 часа претходно ја објави својата одлука за заминување од клубот. Обрадовиќ вчера ја ...

Во изминатите неколку дена се крена голема прашина околу договорот на Винисиус Жуниор, односно барањето кое наводно го доставил Бразилецот во ситуација кога преговара со Флорентино Перез. Угледниот „Атлетик“ објави дека Вини не планира да остане во Реал ако клубот има долгорочен план со Чаби Алонсо како тренер, а во средина на овие шпекулации кои станаа доста гласни, „кралевите“ ја прекинаа серија од три меча без победа. Реал вчера победи во ...

Џошуа Кимих има важен статус во Баерн Минхен и сосема оправдано е еден од капитените на тимот, па заедно со Мануел Нојер тој немаше проблеми да се соочи со новинарите по првиот сезонски пораз за баварците. Германскиот првак потклекна на гостувањето во Северен Лондон и се запозна со силата на разиграниот Арсенал, тим кој од вчера е единствен непоразен во Лигата на шампиони како првопласиран на табелата. „Топчиите“ се лидери во Премиер лигата и ...

Ханси Флик денеска дозна дека во наредните две седмици нема да може да смета на Фермин Лопез, но од друга страна, доби позитивни вест за третиот клучен фудбалер кој се враќа во комбинација за настап. По Жоан Гарсија и Рафиња, од денеска на располагање на германскиот стручњак му се стави и Педри, фудбалер кој по се изгледа е најклучен во системот на Ханси Флик. Без него на теренот, Барселона делуваше загубено на „Стемфорд Бриџ“ и не успеа да ...

Евертон оствари една од најслатките победи во последно време на почетокот на оваа работна седмица, откако во понеделникот успеа да го шокира Манчестер Јунајтед на негов терен со 10 играчи на теренот. Иако речиси цел натпревар го играше со играч помалку, момците на Дејвид Мојс имаа херојско издание и успеаја да остварат победа со резултат 0:1, но наместо да се зборува за извонредната партија и трите освоени бода, по средбата најмногу се ...

Арне Слот засега има сигурно место како менаџер на Ливерпул, но довербата нема да трае вечно и Холанѓанецот добил прв ултиматум од водечките структури на клубот. Иако денеска му била изгласана доверба по болниот пораз од ПСВ во Лигата на шампиони, проектот на Слот и тоа како „виси на конец“, бидејќи тимот е во серија од девет порази на последните дванаесет натпревари. Угледниот „Телеграф“ информира дека одговорните директори на клубот се уште ...

Жељко Обрадовиќ вчера поднесе оставка во Партизан и се доби впечаток дека затвора уште едно поглавје во српскиот великан, но ова попладне дојде до драматичен расплет, откако Управниот и Извршниот одбор на клубот реши да не ја прифати оставката. Водечките луѓе на Партизан одбија да го прифатат заминувањето на трофејниот стручњак и сега го ставаат во многу чудна ситуација, бидејќи Жељко по поразот од Панатинаикос остана во Грција. Последните ...

Доста натпревари се одиграа во Купот во НБА, најдраматично беше во Њу Орлеанс каде домаќините по дополнителните минути загубија од Мемфис Гризлис со 133:128. Стандардно ги имаме најубавите моменти на денот, а овојпат шампионското и вицешампионското место се резервирани Брендон Инграм и Дени Авдија. Инграм пред звукот на сирената донесе победа за Торонто Репторс над Индијана Пејсерс, додека Авдија покажа дека е во супер форма и имаше соло ...

Македонскиот репрезентативец, Филип Маџунков по една сезона мината во редовите на матичниот клуб, Струмица 47&72 повторно се враќа на интернационалната сцена и тоа во позната средина, во тимот на белгиски Лувен. Маџунков ќе биде значајно засилување за Лувен како во белгиското првенство, каде што екипата во моментов е на втората позиција, така и во ЦЕВ Лигата на шампионите, каде тимот во групната фаза ќе се соочи со италијански Лубе ...

Барселона низ целиот тек на оваа сезона има проблеми со повредите и тимот никако не успева да се комплетира иако изгледаше дека тоа ќе се случи во овој период. Кога се во прашање Гави и Марк Андре Тер Штеген јасно е дека тие се отпишани уште некое време, но минатата седмица се вратија Рафиња и голманот Гарсија, па остана уште Педри за да може Флик да има екипа која ќе одговори на сите предизвици. Педри како што стојат работите е спремен да се ...

Адриен Рабио од оваа сезона повторно е дел од италијанскиот фудбал и тоа од Милан каде одново соработува со добро познато лице за него-тренерот Масимилијано Алегри. Французинот има одличен однос со популарниот Макс за кого верува дека може да направи големи работи со „росонерите“ и да се освои Скудетото. -Постои сè за да се случи тоа. Клуб како Милан, добра група во соблекувалната и важен тренерски персонал. Сега мора да работиме недела по ...

Манчестер Јунајтед во оваа сезона нема обврски во европските купови и токму поради тоа максимално е посветен и насочен кон Премиер лигата каде ќе се обиде да оствари што повисок пласман, место во Лигата на шампионите или Лига Европа. Во исто време клубот размислува за потезите, потенцијалните засилувања во 2026 година без разлика дали тоа би биле во зимскиот или летниот преоден рок, па според „ЕСПН“ поставени се и приоритети. Премиерлигашот ...

Ливерпул бележи катастрофални резултати во изминатиов период, а новиот клуб кој ја искористи кризата кај англискиот првак е ПСВ кој го освои „Енфилд Роуд“ со 4-1. Овие неуспеси дефинитивно се загрижувачки и менаџерот Арне Слот ќе мора експресно да најде решение затоа што ако се продолжи во овој ритам прашање е на време кога управата ќе му го сврти грбот. Великанот дефинитивно е во „дупка“ и тоа го потврдија педантните статистичари кои ...

Рикардо Калафиори иако влезе од клупата одигра значајна улога во победата на Арсенал над Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Италијанецот само што стапна на зелениот тепих забележа асистенција за погодокот на Мадуеке за 2-1, а до крајот стрелаше и Мартинели за конечни 3-1. Токму Калафиори беше гостин на „Скај Спорт Италија“ и имаше интересен разговор со Фабио Капело. Капело го спореди сонародникот со Серхио Рамос. -Да, единственото нешто е ...

Ливерпул бележи катастрофални резултати во изминатиов период, а новиот клуб кој ја искористи кризата кај англискиот првак е ПСВ кој го освои „Енфилд Роуд“ со 4-1. Овие неуспеси дефинитивно се загрижувачки и менаџерот Арне Слот ќе мора експресно да најде решение затоа што ако се продолжи во овој ритам прашање е на време кога управата ќе му го сврти грбот. Великанот дефинитивно е во „дупка“ и тоа го потврдија педантните статистичари кои ...

Баерн Минхен иако посакуваше не успеа да оствари позитивен резулат во вчерашното соочување со Арсенал во Лигата на шампионите. За да се добие Арсенал во овој момент едноставно мора да бидете перфектни од првата до последната минута, нешто што не беше случај со „баварците“ на „Емирејтс“. Еден од оние кој потфрли беше капитенот Мануел Нојер кој не беше на висината на задачата, имаше неколку грешки, лоши проценки, меѓу кои се издвојува онаа во ...

Интер доживеа пораз од Атлетико Мадрид со 2-1 во еден од дерби натпреварите од петтата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите. Калчолигашот влезе во овој дуел со перфектен учиник и цел да остана непоразен и на „Метрополитано“, меѓутоа не успеа да го издржи завршниот напад на домаќините и на крајот со гол во 93 минута го доживеа првиот неуспех во европското натпреварување. Тренерот Кристијан Киву веднаш направи првична анализа и за ...

Членот на шпанска Валенсија, Омари Мур е ново име во македонската репрезентација, играч кој треба да ни донесе квалитет на бековската позиција. Тој доби македонски пасош и вечерва треба да го има своето деби на пресметката со Азербејџан во претквалификациите за Европското првенство кое во 2029 година ќе се одржи во четири земји Естонија, Словенија, Шпанија и Грција. –Целиот тим ме пречека одлично, а на тренинзите се запознав со играта која ја ...

Имаме бурна седмица кога се во прашање клубовите и тренерите во Евролигата затоа што денеска отказ доби уште едно значајно име. Во рок од неколку дена видовме заминувања на „тешкашите“ во европската кошарка Еторе Месина и Жељко Обрадовиќ кои ги напуштија Олимпија Милано и Партизан, Одед Каташ пак е на излезна врата од Макаби Тел Авив, додека пак Анадолу Ефес денеска одлучи да се раздели со Игор Кокошков. Клубот од Турција се одлучи да се ...

Кафу важи за еден од најдобрите десни бекови во историјата на бразилскиот фудбал, ас кој најголемиот дел од играчката кариера ја мина на Апенините каде со години настапуваше во Италија. Прво беше дел од Рома во периодот од 1997 до 2023, а потоа го носеше дресот на Милан од 2003 до 2008, две приказни кои му донесоа пехари во шампионатот, Супер Купот, плус со „росонерите“ стана и европски шампион. Тој и денеска со внимание ги следи случувањата ...

Баерн Минхен го претрпе првиот сезонски пораз и тоа во Лигата на шампионите каде загуби на гостувањето во Лондон кај Арсенал со 3-1. „Баварците“ не успеаа да излезат на крај со премиерлигашот кој покажа зошто е прв во Премиер лигата, но и во елитното натпреварување каде е единствениот клуб со 100 процентен учинок (пет од пет). Меѓутоа без разлика на негативниот резултат во таборот на баварците остануваат посветени, мотивирани, а тренерот ...

Барселона се уште се мачи на финансиски план, но се очекува тоа да се поправи во наредниот период особено откако клубот се врати во својот дом, стадион „Камп Ноу“. Каталонците веќе го одиграа првиот меч на реновираниот стадион, се очекува капацитетот да се зголеми до крајот на годинава и со тоа шпанскиот тим да заработи средства кои би биле од помош во 2026 година и понатаму. Веќе неколку преодни рока Барса е тивка на пазарот иако очигледно и ...

Ливерпул продолжува со катастрофалните резултати, а новиот тим кој им зема мерка е ПСВ кој ги здроби во Лигата на шампионите со 4-1. „Црвените“ на трет меч во низа загубија со три разлика со тоа што овојпат повеќе од три гола што доволно говори во каква ситуација се наоѓаат во овој момент. Со ваквите резултати се зголемува притисокот врз менаџерот Арне Слот, веќе се бара „неговата глава“, негово заминување, заминување на истиот тој човек кој ...

Екипата на Бостон Селтикс и стави крај на неверојатната серија на Детроит Пистонс и со тоа го спречи овој тим да испише нова страница во клупската историја. Пистонс пред две сезони имаа неверојатен негативен учинок, рекорд во НБА лигата со 28 порази по ред, но во изминатиов период работите се променија и во тековнава кампања запишаа 13 победи во серија и се израмнија со славните тимови на франшизата од 1989/1990 и 2003/2006, поточно ако ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
79%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.07
91%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
97%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
7.6
48%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1007
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
4.12
83%
1004
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
72%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.69

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Кобалт

64.04