Рубен Лофтус-Чик заработи незгодна повреда на дуелот меѓу Милан и Парма, а денеска тој самиот објави фотографија направена по операцијата на вилицата која му била направена. Англискиот фудбалер остана без неколку заби и заработи фрактура, па сега ќе мора да оди на подолга пауза, нешто што го потврди Милан со официјално соопштение. 🤕🗣️ Ruben Loftus-Cheek before and after his surgery for a factured jaw! Speedy recovery to him. ❤️🩹 ...

Социјалните мрежи експресно може да направат вирална одредена сцена од фудбалските натпревари ширум светот, а тоа важи и за средбите кои се играат во понизок ранг на натпреварување. Таков е примерот со едно видео кое доаѓа од Турција и кое делува нереално, но е споделено не само од турските медиуми, туку и од шпански „АС“ и други европски угледни медиуми. Иако не е потребно детално објаснување, сцената е уникатна, а според видеото има и ...

Јирген Клоп не е директно инволвиран во Лигата на шампионите, но останува активен со својата функција во Ред Бул фудбалскиот конзорциум и со посебно внимание ги следи случувањата во елитното натпреварување. Германецот ги коментирал и резултатите на Бодо, норвешкиот клуб кој досега успеа да ги победи Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и Интер, против кого утре го играат реваншот со предност од два гола од првата средба. – Веројатно никој не ...

Жоан Лапорта на средината на следниот месец ќе се бори за нов претседателски мандат во Барселона, а во меѓувреме подготвува и автобиографска книга, која е посветена на неговиот втор претседателски престој во клубот. Шпанските медиуми стигнале до извадоци од книгата која сигурно ќе предизвика сериозно внимание, а Лапорта очекувано ја опфатил и аферата „Негреира“. Во истата Барселона е обвинета дека му исплаќата сериозни суми на поранешниот ...

Поразот од Комо и последната серија негативни резултати го оддалечија Јувентус од Топ 4 друштвото, а незадоволството кај навивачите е уште поголемо поради пристапот и начинот на најголем дел од членовите на торинскиот клуб. Поранешниот голман и клупска легенда, Стефано Такони, смета дека можеби единствен начин за Јуве да се ослободи од големиот број недоволно квалитетни играчи е да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Такони посакува ...

Навивачите не беа задоволни што Барселона дозволи ПСЖ да го добие потписот на талентираниот Дро Фернандез, но шпанскиот клуб успеа да го ублажи ударот со договор со голем англиски талент. Се работи за Аџеј Таварес, 16-годишно момче кое го привлече своето внимание со настапите за Норич и фудбалер од кого се очекува многу во сениорска конкуренција. Таварес ги поминал сите младински категории, настапува и за англиската репрезентација, а ...

Хари Кејн игра во одлична форма во дресот на Баерн Минхен, со германскиот тим се бори за сите трофеи, а головите му помагаат да биде во конкуренција и за индивидуалните признанија. Според Лотар Матеус, тоа се доволно причини англискиот репрезентативец да ги игнорира понудите на другите клубови и уште долго да остане во редовите на германскиот шампион. Барселона се споменува како заинтересирана страна, дел од кандидатите го инволвираа Кејн и ...

Линдзи Вон реши да преземе голем ризик со појавувањето на патеката на натпревар од Зимските олимписки игри, а настапот заврши катастрофално, односно со итна хоспитализација на американската скијачка. Вон заработи неколкукратни фрактури на ногата и долго остана во болница каде и беа направени неколку оперативни зафати, за по крајот на Олимпијадата да потврди дека се извлекла од опасна ситуација. Покрај скршениците, Вон открила дека имала и ...

Македонија Ѓорче Петров не успеа да освои бод на соочувањето со Тиквеш, а на гостите еден гол им беше доволен да го обезбедат целиот плен на денешното прволигашко гостување. Ѓорчепетровци и Тиквеш го затворија 19. коло од ПМФЛ со натпревар со еден погодок, а на решавачкиот момент се чекаше до 77. минута. Лусианињо го постигна единствениот гол за гостите, поставувајќи ги конечните 0:1 и овозможувајќи на својот тим да го подобри својот пласман. ...

Торино се обидуваше да му даде максимална поддршка на досегашниот тренер, но поразот од Џенова ја прели чашата и Марко Барон доби отказ од раководството на „биковите“. Џенова славеше со убедливи 3:0 и го приближи Торино до опасната зона, а денеска клубот објави дека екипата во наредниот период ќе биде водена од Роберто Д’Аверса. Торино имаше пет порази на последните пет натпревари и јасно е дека и фановите беа незадоволни и загрижени од ...

Дик Адвокат ќе станеше највозрасен селектор (78 години) во историјата на светските првенства, но официјално решил да се повлече од селекторската позиција во репрезентацијата на Курасао. Искусниот холандски стручњак ја одведе карипската земја до историски пласман на СП, но сепак решил да се повлече од функцијата поради болеста на својата ќерка. Курасао го назначи неговиот сонародник Фред Рутен за негов наследник, па тоа ќе биде стручњакот кој ...

Џанлука Престијани се најде во фокусот на медиумите откако беше обвинет од Винисиус и фудбалерите на Реал Мадрид за расистички навреди испорачани на сметка на Бразилецот. Дуелот Бенфика-Реал Мадрид беше кратко и во прекин поради овој инцидент, а аргентинскиот фудбалер сега доби провизорна суспензија за ситуациајата во која тој тврди дека навредувал на анти-геј, а не на расна основа. УЕФА реши да му одреди суспензија на еден натпревар на ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се обидува да обезбедува позитивно влијание врз фудбалот со мала еволуција на правилата, а претстојниот викенд, одговорното тело ИФАБ ќе разгледува повеќе интересни иницијативи. Една од поважните е одредувањето фиксно време за останување надвор од теренот за фудбалерите на кои им требала лекарска помош, нешто што досега најчесто беше поврзано со проценка на судијата. ФИФА сака времето да се фиксира на ...

Норвешки Бодо сезонава успеа да оствари две големи победи во Лигата на шампионите, а таа против Манчестер Сити во лигашката фаза, ја надополни со триумфот против Интер во плејофот. Италијанскиот тим се жалеше на вештачката трева, а подлогата беше посочена и како виновник за повредата на капитенот Лаутаро Мартинез. Одговорот стигна од тренерот на Бодо, Кјетил Кнутсен, кој направи споредба меѓу двете фаворизирани екипи кои загубија на истиот ...

Македонската Федерација денеска официјално го назначи Хосе Марија Берокал како нов селектор на националниот тим, но истовремено ги најави и другите новитети кои се активираат во мак-кошарката, а тоа се ангажманите на Ѓорѓи Кочов како асистент на новиот тренер, но и Владо Илиевски кој во иднина ќе биде координатор на националните репрезентативни селекции. Легендарниот македонски репрезентативец се враќа со цел да и помогне на македонската ...

Рахим Стерлинг стави крај на својата агонија и спогодбено раскина со Челси, а набрзо откако го направи тоа, успеа да си пронајде нова средина. Во улога на слободен агент, за поранешниот англиски репрезентативец беше далеку полесно да бара нова авантура, но ако до пред една година постоеше интерес од Арсенал и други англиски премиерлигаши, овојпат за Стерлинг најатрактивена беше опцијата од Холандија. Робин Ван Перси одлучи да му подаде рака ...

Атмосферата во Белград секогаш е жешка и на највисоко можно ниво кога се игра вечно дерби меѓу лутите ривали Црвена Звезда и Партизан, па така беше и вчера на „Маракана“ на 178-та по број меѓусебна пресметка. Црвена Звезда немаше проблеми на теренот и со сигурни 3:0 го надигра својот голем ривал за титулата, но како по традиција, големото дерби донесе и мали немири на трибините, како и употреба на недозволена пиротехника. Ова важеше за двете ...

Натпреварот меѓу Вардар и Башкими донесе немир во македонската спортска јавност поради навредливите пораки и националистичкото скандирање кое се слушаше од трибините, па по реакцијата која ја имаше клубот од Куманово веднаш по крајот на средбата, денеска ФФМ излезе со донесени одлуки за овој меч, но и оној меѓу Шкендија Арачиново и Преспа. На вонредната седница која ја одржа дисциплинската комисија при ФФМ, донесена е одлука Вардар да биде ...

Во светот на современиот бизнис, терминот „work-life balance“често се користи како теоретски концепт, но ретки се компаниите кои истиот го преточуваат во конкретна, опиплива придобивка за своите вработени. Еден таков пример е Flex Credit, компанија која неодамна ги прошири своите бенефиции, овозможувајќи дополнителни седум работни дена платено отсуство за татковците, покрај законските три. Оваа „благородна бенефиција“, како што ја опишуваат ...

Македонскиот кошаркарски врв денеска го претстави Хосе Марија Берокал како нов селектор на најсилната македонска репрезентација, бидејќи шпанскиот селектор беше прв избор на Томица Главчев и неговите соработници по неочекуваното заминување на Марјан Илиевски. Водечките луѓе на македонската кошарка брзо реагираа и успеаја да се договорат со шпанскиот стратег, кој денеска беше официјално презентиран пред јавноста и новинарите во нашата земја. ...

Легендарни фудбалери на Барселона и Реал Мадрид беа дел од интересна „Ел Класико“ пресметка во Лос Анџелес, град кој беше домаќин на познати ветерани кои оставија свој белег во лутите шпански ривали. Ревијалниот натпревар во Ел-Еј заврши со мирољубиви 1:1 и без победник во пресметката на ветераните, но посебно вирално стана видеото на кое во прв план се најдоа Марсело и Роналдињо. Легендарниот лев бек на Реал влезе во мал физички контакт со ...

Сен Ламенс замолкна голем дел од критичарите и со своите одлични изданија се избори за статус на стартер во Манчестер Јунајтед, без оглед на фактот што пристигна како голман кој треба да ја пополни ротацијата на Рубен Аморим. Португалскиот стручњак во прв момент нагласи дека Ламенс е голман за иднината, но откако му даде шанса, Белгиецот се претвори во незаменлив на голот на Јунајтед, нешто што остана пракса и по заминување на Аморим. Мајкл ...

Реал Мадрид запиша девет порази во сите натпреварувања од месец јуни наваму, а овој последниот од Осасуна беше навистина неочекуван и пристигна во период кога тимот изгледаше навистина добро под водство на Алваро Арбелоа. После осум победи во низа во Ла Лига, Реал потклекна на „Ел Садар“ и загуби од Осасуна со 2:1, но бидејќи Реал претходно со Арбелоа испадна во Купот и забележа пораз од Бенфика во Лигата на шампиони, англиската јавност не ...

Никола Јокиќ запиша нестварен трипл-дабл учинок во пресметката со Голден Стејт, но тоа се покажа како залудно за неговиот Денвер кој загуби на гостувањето во Сан Франциско. Српскиот центар го заврши мечот со 35 поени, 20 скокови, 12 асистенции, 3 украдени топки и 2 блокади, а по средбата која заврши со резултат 128:117, Јокиќ беше повод за дебата во студиото на „ТНТ“. Популарниот „Џокер“ стигна до својот 185-ти трипл-дабл во НБА лигата, а ...

Жоан Лапорта е во полн ек на својата претседателска кампања и прави напори за да си осигура уште еден мандат во Барселона, а во увертирата за изборите кои следат во месец март, искусниот фудбалски работник одново искрено говореше за најтешката одлука која ја донесе во изминатите четири години. Лапорта без размислување се откажа од клупски легенди како Роналд Куман и Чави Ернандес кои имаа тренерски улоги, но убедливо најтешка одлука беше онаа ...

Деклан Рајс покажа лидерски капацитети и ги смируваше своите соиграчи откако тој направи грешка со која кумуваше за гол на Тотенхем, но смиреноста која ја демонстрираше при резултат 1:1 само е потврда за неговиот карактер и самодовербата со која игра во Премиер лигата. Арсенал на крајот го преслуша Тотенхем и славеше во дербито со 4:1, триумф кој сигурно ќе биде уште посладок за Рајс поради провокациите кои ги добиваше од трибините. Лутото ...

Вардар си постави како цел две победи во главната фаза во Европската лига на ЕХФ со цел да се најде во осминафиналето, а по стартниот неуспех и лошото издание против Бенфика во Лисабон, лидерот на табелата во македонската Суперлига сега го пречекува првиот тим во својата група. Мелсунген е екипа која заслужува максимална почит поради квалитетот кој го поседува и игрите кои ги прикажува во Европа, но Вардар на домашен терен победувал и многу ...

Еберечи Езе се покажа како пеницилин за Тотенхем оваа сезона, бидејќи после хет-трикот кој го запиша на „Емирејтс“, вчера постигна уште два против истиот ривал во второто дерби на Северен Лондон. Идентично како и првото, она на теренот на Тотенхем заврши со резултат 4:1 за тимот кој се бори за титула, а бидејќи Езе повторно се најде во прв план против „петлите“, очекувано е што јавноста повторно пишуваше за него во суперлативи. Пет гола ...

Реал Мадрид ја прекина низата од осум победи во Ла Лига и претрпе пораз на гостувањето во Памплона, натпревар на кој за првпат загуби од Осасуна по пауза од цели 15 години. Домаќините победија со фантастичен гол во 90-та минута и на тој начин освоија важни три бода во обид да избегаат од опасната зона, но од друга страна, Реал после подолго време одигра лош натпревар на кој не беше на ниво од самиот старт. Алваро Арбелоа како тренер нагласи ...

Клаудио Раниери направи неверојатен пресврт во сезоната на Рома пред една година и остана за бод покус во намерата да обезбеди место во Лигата на шампиони, па токму поради тоа, новиот тренер доби за задача да се најде меѓу четирите најдобри оваа сезона. Џан Пјеро Гасперини засега одлично одговара на овој предизвик и Рома по вчерашната победа над Кремонезе е на делба на третото место на табелата, па во ситуација кога „волчицата“ изгледа како ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
72%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
49%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
43%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.65
83%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.02
53%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
49%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9138

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Алуминиум

3.50

Злато

151875.00

Калај

54.78

Платина

66101.93

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Сребро

2583.47

Паладиум

48065.37

Рутениум

51376.89

Бакар

12.64

Родиум

319899.93

Цинк

0.00