Белград
6ᴼ /
6ᴼ
Оваа година се одржува 14-от по ред спортски симпозиум во Сараево, а и овојпат, екипа на Спортското радио 90,3 фм ќе биде дел од елитниот настан на кој ќе се појават голем број познати и звучни имиња од различни сфери на спортот. Спортскиот симпозиум во Симпосар 2025 ќе стартува утре, а еден по предавачите за време на вториот ден ќе биде и легендарниот Драган Канатларовски. Прославениот македонски фудбалер утревечер ќе добие награда за животно ...
Јаник Синер и Карлос Алакрас ја почнаа својата азиска турнеја која традиционално стартува на крајот на месец септември, но овојпат двајцата играат на различни турнири во две земји. Алкарас како нов светски рекет број еден оствари победа над Баез откако надмина повреда во првиот сет, а набрзо по неговиот триумф во Јапонија, на теренот во Кина излезе Јаник Синер. Италијанецот се натпреварување во Пекинг и важи за прв фаворит за трофејот, статус ...
Скоти Пипен се наоѓа во Шпанија и тоа го искористија голем број познати медиуми да стапат во контакт со легендарната НБА ѕвезда, а дел од оваа листа се и двата угледни медиуми од Мадрид, „Марка“ и „АС“. Незаборавниот играч на Чикаго е еден од ретките кошаркари кои немаат претерано големо мислење за Мајкл Џордан, па откако за „Марка“ откри дека никогаш немал добар однос со Ем-Џеј, во интеврјуто за „АС“ потенцира дека тој не може да се смета за ...
Карло Анчелоти во својата најнова биографија која ексклузивно ќе биде промовирана во месец октомври открива многу анегдоти поврзани со неговата тренерска кариера, па покрај извадокот на „Билд“ за конфузијата која ја доживеал во Баерн Минхен, англиските медиуми сега го апострофираа делот во кој Италијанецот пишува за своето стресно време во Лондон. Челси е еден од четирите клуба кои му врачија отказ на искусниот и трофеен фудбалски стручњак, а ...
Карлос Алкарас се забавуваше на Лејвер Купот изминатиот викенд во Америка, но денеска го започна својот настап на турнирот во Токио и стартот не можеше да биде позагрижувачки за него. При резултат 2:2 во првиот сет, Алкарас имаше едно неправилно движење со левиот зглоб и веднаш се пожали на силни болки, па во тој момент се доби впечаток дека Шпанецот лесно може да го предаде мечот. Светскиот рекет во неколку наврати му порачуваше на својот тим ...
Македонија остана прва на табелата по септемврискиот прозорец, а во месец октомври ја чекаа два големи предизвици, од кои оној првиот е посебно тежок. Нашата најсилна репрезентација ќе замине во Гент на гостување кај главниот фаворит во нашата група, па во најавата за дуелот со Белгија, денеска пристигна вест дека избраниците на Благоја Милевски ќе имаат поддршка од трибините. Фудбалската Федерација на Македонија денеска излезе со кратко ...
Атлетико Мадрид направи пресврт против Рајо Валјекано и на драматичен начин го победи градскиот ривал, а додека на „Метрополитано“ се славеше тесната победа од страна на домашните играчи и навивачи, претставниците на гостинскиот тим не пропуштија јанса да излезат со неколку поплаки. Фудбалерите на Рајо имаа одлична претстава и внесоа голем немир на трибините со двата гола во мрежата на Облак, но првиот човек на клубот по поразот не пропушти да ...
Хулијан Алварез имаше ѕвездена вечер на „Метрополитано“ и уште еднаш потврди дека е убедливо најдобар играч на Атлетико во овој момент, па така речиси сам најде решение за Рајо Валјекано во тесната дерби пресметка во Мадрид. Аргентинецот постигна хет-трик за драматична победа од 3:2 и последниот гол беше вистинско ремек-дело, па сосема очекувано, по крајот на натпреварот се најде во фокусот и кај шпанските новинари. Причина за тоа е и ...
Борис Бекер беше тренер на Новак Ѓоковиќ во периодот кога водеше најжестоки битки со Рожер Федерер, па Германецот навистина е човек кој може да дава релевантни изјави за тоа што нависитна се случуваше во тенискиот врв пред десет години. Легендарниот Бекер му помогна на Ѓоковиќ да освои шест грен слем титули, а дел од нив пристигнаа во финалињата на Вимблдон токму против Федерер. Новак во најголем дел од кариерата не можеше да се помири со фактот ...
Динамо покажа најдобри перформанси на стартот на сезоната во хрватскиот фудбал и покрај тоа што направи коренити промени во својот тим, а како што стојат работите, Звонимир Бобан заврши навистина добра работа и создаде екипа која може да се носи и со силните противници од Европа. Хрватскиот великан вчера го започна своето патување во Лига Европа со голема победа над турскиот гигант Фенербахче, а бидејќи победи тим кој има далеку поскапи ...
Рома не игра премногу убедлив фудбал под водство на Џан Пјеро Гасперини, но засега најчесто остварува победи и успева да дојде до посакувани резултати, нешто што беше случај и вчеравечер во Ница. По тесната победа во римското дерби против Лацио, Рома вчера славеше со 1:2 против Ница во Лига Европа, па иако целта беше исполнета, се добива впечаток дека „волчицата“ не е доволно уверлива и ефикасна. На сите четири натпревари на кои победи од ...
Еурофарм Пелистер фати добар залет по одличната победа против Загреб и храбриот настап кој го имаше во Франција против ПСЖ, па влезе со максимално високи амбиции во дуелот со ГОГ Гудме. Данскиот вицешампион пристигна во „Боро Чурлевски“ во период кога „Чкембари“ слават 40-ти роденден, а во ситуација кога се беше подготвено за славје, гостите направија пресврт и стигнаа до голема победа. Еурофарм Пелистер подобро го отвори натпреварот и имаше ...
Серхио Рамос низ кариерата се покажа како исклучително сигурен реализатор на најстроги казни, а како искусен фудбалер кој настапува во Мексико, често изведуа пенали и за Монтереј. Легендарниот капитен на Реал Мадрид рано утрово се најде во центарот на вниманието на дерби пресметката која ја играше неговиот тим со Толука, а на крајот се претвори во трагичар поради нереализираниот пенал. При резултат 0:1, Рамос не искористи шанса да го однесе ...
Франческо Ачерби одби неколку повици од Лучијано Спалети во завршната етапа на искусниот стручњак како италијански селектор, но откако оваа епизода сега е архивирана, ветеранот од редовите на Интер е подготвен повторно да го облече националниот дрес, ако Џенаро Гатузо смета дека има потреба за такво нешто. Промените кои се случија во италијанскиот тим направија Ачерби да гледа на работите на поинаков начин, па во интервју за „Скај Спорт ...
Лионел Меси доби нова „десетка“ од американските експерти за најновото издание кое го имаше во МЛС лигата, откако со својата брилијантна игра го водеше Интер Мајами до победа која обезбеди место во плејофот. Интер Мајами математички обезбеди место во разигрувањето, а причина за тоа е добрата форма и убедливата победа на гостувањето во Њујорк. Инспиратор на новиот триумф одново беше најдголемата ѕвезда во гостинскиот тим, кој исто како пред ...
Ашшраф Хакими веќе три години дава изјави за полициската истрага која се води против него, а која тој очекува набрзо да заврши и да се стави крај на едно непријатно поглавје во неговиот живот. Десниот бек на ПСЖ пред три години беше обвинет за силување од млада девојка од Франција, па иако властите не најдоа доволно цврсти докази за таков чин, случајот се уште не е затворен и носи голем притисок за фудбалската ѕвезда. Хакими сега за првпат реши ...
Антони дефинитивно ја напушти Премиер лигата и направи перманентен трансфер во БЕтис на крајот на летниот преоден рок, а вчеравечер го имаше и првиот позначаен учинок откако се врати во Андалузија. Поради реновирањето на „Бенито Вилјамарин“, Бетис домашните натпревари ги игра на „Ла Картуха“, па во овој почетен период кој служи за адаптација на новите услови, фудбалерите на Пелегрини сигурно ќе извлечат поуки и мотив од ремито против Нотингем ...
Вејн Руни во ексклузивниот разговор кој го имаше со поранешниот соиграч Рио Фердинанд откри детали за својот проблем со алкохолизмот, но за првпат после долго време даде изјава и за некогашниот колега од нападот, Кристијано Роналдо. За разлика од најголем дел од соиграчите од Јунајтед, Руни е еден од оние кои сметаат дека Лионел Меси се подобар играч од Роналдо, а само поради таа изјава, се доби впечаток дека Англичанецот чувствува омраза кон ...
Барселона подолго време нема да може да смета на еден од најголемите борци во екипата, срцето на тимот Пабло Мартин Паез Гавира. Популарниот Гави се соочи со проблеми со истото колено кое претходно го оперираше и мораше да мине низ уште еден зафат по што сега ќе следи рехабилитација од четири до пет месеци. Оваа вест никој не ја очекуваше во Барселона, а најтешко дефинитивно му падна на самиот играч кој откако доби многу пораки за поддршка за ...
Талентираниот македонски фудбалер, Мартин Ѓоргиевски го постигна својот прв гол во новата средина во редовите на Збројовка Брно. Во натпреварот од 1/16 финалето на Купот на Чешка, Брно направи изненадување и го елиминираше прволигашот Теплице (2-1) во мечот во кој за МВП беше прогласен токму Ѓоргиевски. Се играше 13 минута кога Мартин доби топка од Кронус и мајсторски биеше со што го отвори резултатот. Потоа домаќините погодија од пенал за 2-0, ...
Малото градско дерби меѓу Атлетико МАдрид и Рајо Валјекано ги оправда очекувањата на сите неутрални љубители на шпанскиот фудбал, бидејќи избраниците на Симеоне и Перез понудија се што може да посака еден фудбалски фан. Натпреварот со пет погодоци, два пресврти и низа возбудувања на крајот заврши со победа на фаворитот, кој одново покажа дека во последно време исклучиво зависи од играта на Хулијан Алварез. Аргентинскиот напаѓач практично сам ...
Џовани Леони пристигна во Ливерпул како играч кој се смета за најголем италијански талент во дефанзивен поглед, а откако ја мина почетната фаза од адаптацијата, вчера дочека шанса да се најде во стартната постава на Арне Слот. 18-годишниот тинејџер имаше солидно деби против Саутемптон и изгледаше сосема коректно на теренот, но кога се беше подготвено за завршната фаза од мечот, Леони заработи незгодна повреда и брзо стана јасно дека станува збор ...
Дуелот на два поранешни европски шампиони во Белград донесе низа возбудувања и големи шанси на двете страни, но на крајот Црвена Звезда и Селтик ги поделија бодовите и се задоволија со реми на „Маракана“. Српскиот великан беше далеку подобар ривал во првиот дел и имаше иницијатива со која најавуваше дека повеќе го сака водечкиот гол, но сепак прво се тресеше мрежата на домаќините. Селтик излезе храбро на стартот на вториот дел и по две ...
Еурофарм Пелистер тргна максимално мотивирано и без нималку респект против данскиот вицешампион ГОГ Гудме и таквиот пристап брзо вроди со плод, но за жал, избраниците на Рубен Гарабаја не успеаја да ја повторат истата ефикаснот откако противникот го промени системот, па на крајот претрпеа втор пораз во Лигата на шампиони. По големата победа против Загреб и храброто издание против ПСЖ на гостувањето во Франција, Еурофарм Пелистер сакаше да ...
Тажната вест која вчера пристигна од Хрватска експресно беше пренесена од сите угледни медиуми од регионот, но Новак Ѓоковиќ дури денеска дознал за смртта на својот тениски татко, легендарниот Никола Пилиќ. Човекот кој одигра значајна улога во почетоците на Ноле почина вчера на 86-годишна возраст, а иако го прави тоа со мало задоцнување, Србинот реши да го испрати својот ментор на доста емотивен начин, со долга објава посветена на социјалните ...
Ненад Димитријевиќ се најде во центарот на вниманието на српската јавност поради објавата на неговиот агент Мишко Ражнатовиќ, па иако се крена врева за негов потенцијален трансфер во Партизан, единствена цел поради која Македонецот се најде во Белград е ВТБ Суперкупот. Завршницата на рускиот ВТБ Суперкуп се игра во Србија, а Зенит оваа вечер успеа да направи страшен пресврт во последната четвртина и да избори место во големото финале. Дубаи како ...
Баерн Минхен уште еднаш остана недоречен во намерата да ги донесе посакуваните засилувања во еден летен преоден рок, па иако доведе елитен фудбалер како Луис Дијаз, сепак остана покус во обидот да ги привлече и Флоријан Вирц и Ник Волтемаде. Баварскиот великан не се дрзна да наддава за двајцата фудбалери и излезе како поразен во дуелот со два премиерлигашки клуба, најпрво од Ливерпул, а потоа и од Њукасл. Румениге како специјален советник на ...
Рио Фердинанд добива светска слава и како водител на поткасти и интересни фудбалски емисии, а во неговото студио, најнов гостин беше легендарниот Вејн Руни. Неповторливиот напаѓач ја заврши кариерата како најдобар голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед, па иако освои се што можеше да се освои во црвениот дрес, Руни во разговорот со Рио се наврати и на најмрачните денови, кои успеал да ги преброди само благодарение на неговата сопруга ...
Реал Мадрид и Барселона повторно се главни и единствени ривали за титулата во Ла Лига, па во ситуација кога и нивните меѓусебни пресметки се очекува да бидат многу важни за конечниот исход, шпанската јавност со големо внимание ги пренесува информациите за „Ел Класико“ натпреварите. Ла Лига во текот на денешниот ден го објави точниот термин на првата „Ел Класико“ пресметка која ќе ја имаат Чаби Алонсо и Ханси Флик како тренери на двата лути ...
Реал Мадрид запиша шести триумф во Ла Лига на стартот на сезоната и продолжи со перфектниот учинок, откако вчера се прошета во Валенсија и славеше над Леванте со 1:4. Винисиус Жуниор го одбележа овој меч со мајстоски гол и асистенција во првото полувреме, но според правило, Бразилецот се најде во центарот на вниманието и во вториот дел, кога влезе во контроверзна расправа со противнички фудбалер. Во моментите кога Реал доби пенал и Килијан Мбапе ...