Претпладнево започна полициска акција за заплена на голема количина марихуана во атарот на селото Сушица Општина Ново Село – струмичко. Околу 20 камиони, комбиња и еден шлепер пристигнаа пред оранжерија и објекти од каде во текто на денот треба да започне заплената на марихуанта. Акцијата е кординирана од Јавното обвинителство за организиран криминал а имаше комбињата и од Царината. Неофицијално станува збор за околу 21 тон марихуана и ...

На 05.02.2026 во 16:25 часот на регионален пат кај крстосница за село Ѓавато, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „форд фокус“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Богданци. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. На 05.02.2026 во 14:50 часот на локалниот пат с.Пиперево – с.Василево, полициски службеници од СВР Струмица сопреле ...

Вкупно 25 милиони денари или 406 илјади евра ќе издвои Општина Гевгелија за поддршка на спортските клубови но и за развој на спортот на локално ниво за оваа година. Вкупно 44 апликанти – спортски клубови, здруженија на граѓани кои организираат манифестации, спортисти, училишни спортски клубвои ќе добијат пари од Буџетот на Општина Гевгелија откако лани беше распишан Конкурс за финансирање на спортските активности. Најмногу пари ќе добие КК ...

Општина Радовиш распиша Јавен повик за доделување субвенција на млади лица жители на општина Радовиш за полагање на возачки испит од Б категорија. Субвенцијата е наменета за средношколци редовни или вонредни ученици од трета или четврта година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или за млади радовишани трета или четврта година кои учат во други средни училишта во земјава и странство на струки кои ги нема во Радовиш како и за млади невработени до ...

Ана Цамбулева и Маја Никова од Струмица се членки на женскиот бенд ,,Ана и девојките“ кои неодамна го исфрлија својот прв сингл ,,Ники мој“. Ана е лекар и веќе има своја ординација додека Маја е градежен инженер и свири гитара. Нив музиката ги спои каде им се приклучи и Тијана на тапани. Во земјава ретко функционира женски бенд но тие успеваат полека но сигурно да го трасираат својот музички пат и покрај своите професии кои немаат допирна ...

На 04.02.2026 во 19:30 часот, при контрола во патниот сообраќај во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, запреле патничко возило „тојота“ без регистарски ознаки, управувано од Д.А.(20) од Струмица. Притоа, било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. Исто така, констатирано е дека во возилото превезувал бесправно исечени огревни дрва, по што од страна на вработени во Шумска ...

Општина Гевгелија ја објави листата со физички и правни лица кои ќе добијат општински пари како поддршка од Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2026 година. Средства ќе добијат вкупно 47 физички и правни лица кои аплицираа со проектни активности до општината по распишаниот Jавен повик од минатата година. Ќе бидат доделeни 9 милиони и 680 илјади денари или околу 158 илјади ...

Во тек е координирана полициска операција на повеќе локации во Струмица и Струмичко, како и во Скопје за случајот за запленетите пет тони марихуана во Србија објавија вечерва повеќе медиуми . Според НетПресс неофицијалните информации упатуваат на сериозен ангажман на институции поврзан со случајот на запленета марихуана во Србија и можните врски со македонски компании. Според пишувањата вклучени се повеќе институции – полиција, царина, ...

Општина Струмица објавува Јавен повик за користење на јавни површини за поставување на времени објекти за време на одржувањето на манифестацијата „Струмички карневал“, која ќе се одржи од 21 до 22 февруари 2026 година. Овој повик се воведува за првпат со цел појасно уредување на користењето на јавните површини, подобра организација, уреден изглед на просторот и обезбедување еднакви можности за сите заинтересирани учесници. Право на ...

Ученици од V и VIII одделение при ООУ ,,Видое Подгорец“ од Струмица подготвија бинарна театарска изведба посветена на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Станува збор за бинарен театар „Раѓањето и детството на Гоце Делчев“ по повод годишнината од раѓањето на великанот, реализиран во соработка со НУ Завод и Музеј Струмица и струмичката библиотека. “Оваа сценска приказна нè прошета низ тишината на мајчината лулка, низ детската игра и ...

Општина Струмица заедно со ЈПКД ,,Комуналец“ ги сменија старите дотраени знамиња на државите членки на ЕУ поставени на струмичкиот плоштад поставија нови „Плоштадот Гоце Делчев во Струмица треба да се одржува затоа што тука се одвиваат најзначајните настани и минуваат голем број граѓани и туристи.Денес заедно со Комуналното Јавно Претпријатие ,,Комуналец” Струмица заменети се 30 стари и дотраени знамиња. Знамињата на европски држави го ...

Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се ...

Жителите од Долно маало од Сушево самоиницијативно го исчистија коритото на Сушевски порој кој поминува низ селото. Станува збор за речно корито кое пред околу еда деценија беше регулиран со камени облози од страна на Општина Василево за да се спречат поплави во иднина. Десетина жители од оваа населено место одлучија да ги отстранат сите наталожени наноси, треви и џбунови за да има нормален тек водата и да дадат свој придонес кон заедницата. ...

Од денеска 2 па се до 10 февруари граѓаните од населените места во Општина Струмица кои имаат штети од поплава од поројниот дожд и излевање на реките од нивните речни корита од 26 и 27 јануари може да поднесат Барања за проценка на штетите. Барањата може да се подигне во соба број 7 во Општината или да се симне од ВЕБ страната на општината. Со Барањето до комисијата за процена и утврдување на висина на штетата, лицата ќе треба да достават: – ...

Струмичкиот карневал година од Министерството за култура ќе добие милион и пет илјади денари или 16,3 илјади евра. Парите ќе бидат доделени Програмата за финансирање на проекти од национален интерес во делот на заштита на нематријалното културно наследство. Од оваа програма пари ќе добие и КУД ,,Русалии“ од Секирник Општина Босилово за манифестацијата ,,Средба на русалиите“ во висина од 150 500 денари. КУД ,,Русалии“ треба да добие и 90 ...

Здравата исхрана е клучен фактор за идеална тежина но таа треба да се комбинира и со квалитетен сон и физичка активност. На тој начин водиме здрав живот. Вака тврди Марјан Димитриев кој заедно со Маја Козарева Димитриева контуинирано работат на едукација и практична примена на здрави навики на живот, кај младите и децата. „ Дебелината кај младите е резултат на прекумерната исхрана со процесуирана храна, недоволниот сон, хорничниот умор и ...

Во близина на Смоквица, општина Гевгелија денеска се реализираше акција на пошумување при што беа заседни околу 100 илјади садници чемперс и црнк бор. Вест ја објави заменик директорот на Македонски шуми Кире Михаилов на својот фб профил. Според него станува збор за опожарена површина од околу 60 хектари која претходно била обработена и подготвена за акцијата. ,,Иако денеска е прекрасен саботен празничен ден, преку 50 вработени од ПШС ...

Поранешниот капитен на ОК Струмица – Васе Михаилов кој минатата сезона со младинските категории ги освои сите шампиоснки титули е назначен за прв тренер на шампионот Струмица. Со него струмичкиот прволигаш ќе се обиде да ја одбрани шампионската но и да ја нападне Куп титулата. „Со огромна гордост ја објавуваме промоцијата на нашиот поранешен капитен, човекот кој 15 години беше срцето и моторот на екипата, во тренер . Како играч, тој остави ...

Атанас Василев и Мартин Алаѓозовски се прогласени за најдобри тренери во младински конкуренции за минатата година во Општина Струмица. Атанас како тренер во КК Шихан во индивидуалниот додека Мартин како тренер во ФК Брера Струмица во екипниот спорт. Атанас Василев со младите каратисти лани има освоено 152 медали што на домашно што на меѓународна сцена. Мартин Алаѓозовски пак како тренер на пионерите на Брера Струмица ја освои шампионската и и ...

Зоран Спасов од КБК Тим Зоран од Струица е прогласен за најдобар тренер во индивидуалниот спорт на Струмица за минатата година. Признанието го доби заради резултатите на Државното кикбоскерско првенство каде клубот освои 25 медали но и на европските купови во Бугарија и Босна Најдобар тренер во екипен спорт е прогласен стратегот на ОК Наковски Волеј Александар Митев под чие водство сениорките ја кренаа КУП титулата минатата сезона а паралелно ...

Општина Струмица еве на кои се млади им додели признание СПОРТСКА НАДЕЖ АНДРЕЈ ЦРНГАРОВ (ФК Академија Кукла) БЛАЖЕ НИКОЛОВ (ОК Македонија Џио) ВИОЛЕТА БЛАЖЕВСКА (КК Шихан) ДРАГАН ПАВЛОВ (ФК Академија Пандев Брера АД) ЕВА НИСТРОВА (Тениски Клуб НЕТ) ЈОВАН ТАНЧЕВ (ШК Цареви Кули) ЛИДИЈА ЈАНЕВ (ОК Струмица жени) ЛУКАС ГЛИГОРОВ (ФК Беласица) МАКСИМ ТРЕНЧЕВ (ФК Академија Нови Таленти) МАРТИНА КАРАКАЧАНОВА (ЖФК Тиверија Брера АД) МАРТИН КОЛЕВ (КБК ...

Катја Поп- Николова од ШК Цареви Кули и Филип Пасков од КК Шихан се прогласени за најдобри млади спортисти на Струмица за 2025 година во индивидуалниот спорт. Тие од жирито освоија најголем број поени во категоријата каде имаше огромна конкуренција. Катја лани освои седум медали како на Државното првенство за малди во шах така и на повеќе турнири во земјава и странство. Пасков пак во 2025 осови 8 златни медали во борби и кати како на ...

Спортист на годинатаа во Индивидуален спорт е ПЕТЕР ВЕЛКОВ (КБК К1 АРЕНА). Тој има освоени при први места на Европски Купови во Сараево, Загреб и Хунгариан а беше дел и од Светското во Абу Даби Спортист на годината во Екипен спорт во женска конкуренција е СОФИЈА ПАНДЕВА (ОК НАКОВСКИ ВОЛЕЈ) Таа успешно ја водеше екипата како капитен до освојувањето на првата титула за Наковски Волеј односно Купот на Македонија. Софија е и стандардна ...

Сениорските состави на ОК Струмица и КБК Тим Зоран избрани за најдобри екипи на Струмица за 2025 во екипна и индивидуална конкуренција. Одбојкарите на Струмица со новата освоена шампионска титула но и среброто во КУП натпреварите се избрани за најдобра спортска екипа на Струмица за 2025 година во екипна конкуренција Најдобра Екипа во сениорска конкуренција во Индивидуален спорт е КБК Струмица Тим Зоран кој исфрли повеќе шампиои во повеке ...

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска го посети овчарот Никола Колев од струмичко Костурино кој во завчерашните поплави загуби околу 180 овци и јагниња од надојдените води во месноста Шапово. Трипуновски кажа дека Општина Струмица формирала комисија за проценка на штети од елементарни непогди во кој има и преставник од МЗШВ и согласно процедурите ќе биде обештетен. Министерот Трипуновски во Костурино беше со претседателот на ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.Р.(41) од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ. Пријавениот, во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година, од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која бил овластен ...

Сопствениците и менаџерите на фирмите мора да се прилагодат на новото време и новата генерација работна сила која бара почит, внимание, да биде вклучена во носењето одлуки, да биде разбрана. Новата генерација работна сила не трпи строги наредби како претходно, туку сега освен добра, фер плата и услови, бараат внимание и коректен однос. Вака кажаа Биљана Велевска и Наташа Ивановска бизнис консултанти кои во Струмица имаа обука како да се ...

Општина Струмица распиша јавен оглас за набавка на локална мрежа за мерење на загаденоста на амбиентниот воздух односно на дополнителни станици со кои ќе се мери аерозагаденоста. Според објавената техничка спецификација станува збор за вкупно шест мерни сензори. Трите треба да бидат самонапојувачки и треба да ги отчитуваат штетните ПМ 2,5 честички на отворено заради што ќе мроа да бидат отпорни на атмосферски влијанија. Останатите три треба ...

Струмичката полиција против едно правно лице и двајца управители, до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави под сомневање дека извршиле кривично дело ,,даночно затајување“. Според информацијата двете лица и субјектот во 2024 година поднеле даночни пријави до УЈП а го немале уплатено данокот. „Пријавениот правен субјект како даночен обврзник, а В.Ј. и С.П. во својство на управители на истиот, за периодот во 2024 година ...

Првиот човек Радовиш Љупче Почивалец денеска во својот кабинет оствари средба со претседателот на ОФС Струмица Илија Илиев – Ромата на која присутен беше и членот на УО на ФФМ Станко Манчевски. На средбата се разговарало за можностите за развој на фудбалот во Радовиш со иницирање нови екипи волигата на ОФС Струмица како и подобрување на фудбалските игралишта и инфраструктура во оние населени места каде има можноси и интерес. ,, Фокус ставивме ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.99
22%
1011
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
1.96
41%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.27
40%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.85
37%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
0.45
33%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.2
72%
1017
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
4.92
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
20%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.42
28%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
3.13
44%
1011
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
2.68
38%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
3.92
50%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Сребро

2005.37

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Платина

55652.94

Бакар

13.54