
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Утре на пазарот во Ново Село ќе се одржи третата по ред ,,Компиријада“ кој има за цел да го промовира производството на подогражденскиот есенски компир од атарите на Стиник Барбарево Бадилен и Бајково. За таа цел на манифестацијата што ќе почне во 12 часот ќе бидат изложени соодветни количини на компир за продажба а ќе бидат и презентиранни и различни специјалитети од компир. Во забавно музичкиот дел ќе бидат членовите на КУД Јане Сандански кој ...
Утре на градскиот базен на Валандово ќе се одржи познатата ,,Валандовска ракијада“ на која според најавите од градоначалникот Перо Костадинов ќе има 20 тима од лозари кои со казани ќе печат и ќе се натпреваруваат кој прави подобра домашна лозова ракија. Станува збор за традиционална манифестација која има за цел да се негува и продолжи фамилијарната традиција и негување на вредностите на повозрасните за правење ,,домашна“ од сопствено ...
Присутните на Форумот на заедницата во рамките на проектот ,,Справување со загадувањето на воздухот“ одлучија да се гради нов парк за кој ќе се насочат средствата во висина од 340 илјади долари обезбедени од Шведска а половината од Буџетот на општината. Тоа е епилогот од двете форумски сесии што Општина Струмица го имплементира со УНДП а на кои граѓаните дебатираа за изворите на аерозагадување а предлагаа и мерки за подобрување на квалитетот на ...
Претседателот на македонскиот шампион – ОК Струмица Владо Милев, ќе ја извршува функцијата потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија. Ова е епилогот од редовното изборно собрание на ОФМ каде Петар Јовановски е реизбран за претседател а Милев заедно со Ајети се избрани за потпретседатели. Сите тие влегуваат во извршниот одбор каде ќе бидат и Никола Мицески, Зоран Карановиќ и Кирил Калеников Владо Милев е добро познат на ...
Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Во своето соопштение тие велат дека напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот ...
Преставници од ЖФК Тиверија Брера и ФК Брера Струмица денеска беа во градинката Виножито во Струмица каде на околу 140 дечиња од ова градинка како и од градинката Калинка од Валандово им ги пренесуваа тајните на физичката активност, спротот, фудбалот. На седум станици со добро осмислени игри, дечињата се забавуваа и се натпреваруваа им беше пренесен спортскиот натпреварувачки дух. ,, Целта е дечињата да ни бидат физички активни, колку толку да ...
Брера Струмица славеше против Беса со 2:0 на свој терен додека Детонит Плачковица од Радовиш на гостувањето кај Пелистер и тоа преку пенал рулетот. Овие две екипи од Југоистокот успеаа да се најдат во осумте најдобри екипи од КУП натпреварувањето Со головите на Даниел Миловановиќ и Роџерс Мато, струмичкиот состав обезбеди пласман во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија додека радовишки Детонит во регуларните 90 минути одигра 1:1 во ...
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов преку ФБ статус изрази револт што преку медиуми дознава за новата одлука на АХВ во врска со водата за пиење дека се продолжува забраната. Според него водата е исправна а сето тоа што се случува е резултат а политиката што ја води централната власт на чело со миннистерот за земјоделство Цветан Трипуновски и дека сето тоа е политика врз грбот на струмичани. ,,Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе ...
Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила. Оваа одлука следува по новодобиените резулати од анализираните мостри земени на 18.10.2024 година во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица. ,,Сите мостри, по спроведените физичко – хемиски тестирања одговараат на ...
Утревечер ќе се одржи втората форумска сесоија од проектот ,,Справување со загадувањето на воздухот“ што Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) го спроведуваат. Втората форумска сесија ќе биде во 18.00 часот во х. Вила Парк Струмица при што ќе бидат презентирани мерките за подбрување на квалитетот на воздухот во општина Струмица а присутните граѓани ќе гласаат за кој да се трошат дпарите од околу 340 америкнаски ...
На 22.10.2024 во 23.25 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А.(34) од Радовиш, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.10.2024 ...
„Не го фрлајте текстилниот заедно со комуналниот отпад кој завршува на депонија. Парчињата што може да се користат донирајте ги“, е пораката од еколошката хуманитарна акција во Босилово. Околу 3 тони текстилен отпад се собра во Општина Босилово. Домаќинствата текстилниот отпад го складираа во посебни контејнери, а облеката која што може да се реупотреби добро спакувана ја донираа за некому да му послужи. Во акцијата се вклучи и Ѓорѓи Зимбаков, ...
Илија Трајков – Шемка од Босилово е еден од ретките во струмичкиот регион кој одгледува зимски лубеници или народски кажано Божиќни . Своевремено во струмичко речиси немаше домакинство а да не садеше во најмала рака по неколку корени ,,зимски“ лубеници за да го имаат како десерт на Божиќната трпеза. Но за жал овој тип на бостан полека изумира од струмичките ниви. На прсти се бројат земјоделците кои одгледуваат лубеници кои се декор на ...
Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе се преземаат засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. ,,Посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање на возилата на подрачје на градот Струмица, а се со цел обезбедување на безбеден и непречен ...
Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени.Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се намалува за еден денар за литар, додека дизел-горивата поевтинуваат за два денари. Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 77 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 79 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 68,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ...
На 20.10.2024 во 20:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(24) од Струмица и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „опел“, ...
Идната година во Струмица во соработка со полицијата се очекува да бидат поставени камери за видеонадзор во рамките на проектот ,,Струмица безбеден град“. На тој начин полесно ќе се откриваат лицата кои праваат прекшоци и вандалски се однесуваат кон урбаната опрема. Ова го предвидува проектот што струмичани го изгласаа како приоритетен на Форумите на заедницата. Градоначалнико Костадин Костадинов кажа дека ќе бидат поставени камери насекаде во ...
Во спортскиот комплекс Кукуш во Турново во организација на ресторанот ,Кај Виктор“ и ФК Хоризонт Турново а со поддршка на Општина Босилово се одржа инклузивен фудбалски натпревар. Во натпреварот учестуваа ученици од Специјалното средно училиште „Св.Наум Охридски“ од Скопје и Фудбалската академија на Хоризонт Турново ,,Среќни сме што нашата општина денес беше домаќин на ваков прекрасен настан и што дадовме свој мал придонес во неговата ...
Викендов стартуваше новата одбојкарска сезона во машка и женска конкуренција во која Струмица и регионот ќе партиципира со пет екипи – три во машка и две во женска конкуренција. Станува збор за екипите на актулениот шампион Струмица, Македонија Џио и Сушево а во женска конкуренција Наковски волеј и Струмица жени. Од сите нив победи забележаа одбојкарите на Наковски волеј и Струмица Одбојкарите на Струмица на домашен терен со максимални 3:0 ...
Новинарката Сузана Мицева од Струмица заедно со Александар Методијев добија награда од ССНМ и ЕУ за истражувачкиот документарец ,,Кревките шуми“ кој ја открива спрегата меѓу дрвокрадците и надлежните институции. Фокусот им беше ставен на планината Јабланица каде открија и ,,увезени“ дрвосечачи од Албанија кои работат за локални моќници од Струшко аминувани од државни институции. ,,Не можевме ниту да насетиме колку се кревки шумите пред човечката ...
Во емисијата ,,Качамак“ на ТВ Сител, Ленче Кукиќ премиерно ја отпеа песната за војводата Ристоман Попчевски кој оставил печат во историјата на струмичкиот регион во постилинденскиот период а младиот историчар Кирил Ѓорѓиев прави документарен филм чија промоција се очекува наскоро. Станува збор за песна која ја пренесува Петар Даутов од неговата мајка а музиката и аранжманот е на Иван Кукиќ. Во неа се пее за ликот и делото на Попчевски кој е ...
Струмичка Беласица конечно забележа победа во годинашнава првенствена сезона во Втората лига. Во рамките на осмото првенствено коло на гостувањето кај фенерџијата Вардарски во Богданци славеше со 1:0 а стрелец на победносниот гол беше Кочанковски. Со ова прва победа шест ремиа и еден пораз, синобелите од Струмица имаат 9 бода и се на 10 тата позиција додека Вардарски од Богданци последни со само два бода. Екипата на Кожуф славеше против Борец од ...
Ред се чекаше за печени костени на Костенијадата што се одржа над населеното место Смоларе на платформата под Смоларскиот водопад. Домакините успеваа да одговорат на сите потреби на гостите кои ги имаше во голем број на годинашнава манифестација. Средствата од продажбата на печените костени ќе одат за КУД Јане Сандански за обнова на народните носии но и опремата што им е потребна. Освен печени се купуваа и непечни костени од жители кои изминатив ...
Првиот човек на Струмица Костадин Костадинов објави дека водата во струмичкиот водовод е чиста, питка и безбедна за пиење. Како потврда ги приложи анализите од двете последователни анализи од акредитираната лабараторија за хемиско – физичкиот состав како и една анализа од акредитирана лабараторија од микробиолошки аспект. Тој попладнево заедно со директорот на Комуналец Љупчо Љачев, раководителот Стојан Ефтимов испијаа по една чаша вода од ...
Струмица безбеден град, нова населба во Турско маало 3 фаза и реконструкција на Домот на култура во населеното место Банско, ова се трите приоритетни проектни иницијативи кои добија најмногу бодови од учесниците на годинашниот Буџетски форум во општина Струмица 2024/2025 година, кој синоќа заврши со одржувањето на втората сесија во просториите на Младинскиот центар. Од вкупно предложените 6 проектни иницијативи од страна на граѓаните од урбаните ...
Сеуште е нејасно дали ќе има пари од унгарскиот кредит за Општина Струмица. Општината на повикот на Владата конкурирала со проектот изградба на градскиот пазар во непосредна близина на поранешен Агрокор. Но Струмица заедно со уште неколку други општини во земјaва се одбиени по што градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов остро реагираше на социјалните мрежи. ..Средствата кои ни се кратат нам како струмичани се околу 140.000.000 денари. ...
Печени костени и специјалитети од костен, локална храна, многу музика, забава и оро. Ова ќе го понуди на посетителите годинашнава Костенијада или Фестивалот на Смоларскиот костен во Општина Ново Село кој годинава ќе се одржи на 19 октомври во сабота на платформата под Смоларскиот водопад со почеток во 11 часот. Подготовките за оваа манфиестација финишираат и организаторите канат за уште едно вистинско уживање во убавините на Беласица надополнети ...
Средношколците од сообраќајната струка при ДСУ РСОЦ Никола Карев од Струмица изминатиов период правеа истражување за непрописно паркираните возила во центарот на Струмица. Станува збор за ученици од четврта година кои детектираа кои места се најизложени за лошо или несоодветно паркирање. Истражување се праеше во црвената зона во Струмица која ги опфаќа улиците од централното градско подрачје. Како што објавија од овој срендошколци центар – ...
На 16.10.2024 во 12.05 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Т.(25) од село Покрачјево, радовишко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно ...
ЈПКД „Огражден“ од Босилово ги информира граѓаните од населените места Босилово, Робово, Радово и Секирник дека водата од водоводната мрежа, заради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење, во согласност со правилникот за вода за пиење, НЕ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ КАКО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода. „Ова забрана ќе важи се додека не ги добиеме следните резултати од акредитираната ...