Одбојкарите на Струмица ги продолжуваат настапите во европските купови. Откако испаднаа од Лигата на шампиони по поразот од грчки Олимпијакос, сега се насочени кон Купот на ЦЕВ каде утревечер во спортската сала Парк играат со Фино Капошвар од Унгарија. Станува збор за екипа со која струмичани имаат играно лани, но за разлика од тогаш сега состојбите се поинаку вели стратегот Кире Ричлиев. Според него екипата на Струмица е многу засилена од која ...

Првиот човек на општина Струмица со фото од идејното решение објави како ќе изгледа новито парк што треба да никне во струмичката касарна кај градинакта Виножито. Станува збор за парк од 40 илјади квадратни метри најавени од минатата година кога се почна постапката за носење на Генералниот урбанистички план. ,,Наместо згради и трговски центар, во струмичката касарна на површина од 40.000 м2, наскоро ќе никне преубавиот парк 11 октомври,, објави ...

Струмичката полиција гo лиши од слобода Х.Д.(33) од Струмица кој во саботата утрото на патот кон Валандово учествувал во сообраќајката кај Костурино со возило „фиат“ но по несреќата го напуштил местото на настанот. Како што е познато завчера на излез од Костурино се случи тешка сообраќајка мегу патничко возило ,,фиат,, управуван од Х.Д и трактор ИМТ управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино Во сообраќајката на местото на настанот почина Г.Б.(51) ...

Вкупно 80 возила од различни марки и модели беа изложени на денешниот собир на олдтајмери во Струмица. Можеа да се видат модели на мерцедес, фолсфаген, застава, фиат, опел, рено, порше, шкода стари и над 40 години во сопственост на лица од земјава и странство. Настанот беше во организација Струмица Ретро Клуб а под покровителство на Општина Струмица кој имаше за цел да прикаже дел од историјата на авто мото индустријата Како што соопшти Ване ...

Штандот на СОУ „Димитар Влахов„ од Струмица како и на Пчеларство „Спасови„ од Кочани се прогалсени за најдобри изложбено продажни штандови на Агросаемот 2024 во Струмица. Тие добија награди од страна на организаторите – здружението Проагро фармери од Струмица благодарение на спознорството на компанијата Риверсофт. На штандот на СОУ Димитар Влахов беа изложени повеќе земјоделски култури но и преработки или конкретно се онаа што го изработуваат ...

„Иницирај дела, инспирирај промени “. Под ова мото младите волонтери на Црвениот крст од Струмица се вклучија во одбележување на неделата на младите на Црвениот крст . Тие денеска во големиот градски парк ја промовираа својата работа и апелриаа на хумани вредности бидејки хуманоста е мост кој спојува луѓе, идеи и можности. ,,Целта на Неделата е промоција на активната улога на младите волонтери на Црвен Крст, кои придонесуваат за ширење на ...

29 годишната Марија Стојанова од Балдовци Струмица го понесе признаниеот Жена фармер за 2024 на годинашното издание на Агросаем Струмица 2024. Таа со семејството се занимаваат со сточарство цели 10 години и постигнуваат одлични резултати. Годишно произведуваат околу 123 тона млеко. Поседуваат околу 80 крави од кои 33 молзиници. Обработуваат 25 декари сопствено и 460 декари под наем со јачмен и луцерка Освен Стојанова, признанието Жена фармер и ...

Жител од Струмичко Костурино го загуби животот во сообрачајката што утрово се случи на патот Струмица-Валандово. Во несреќата учествувале автомобил „фиат” со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ”, исто така, со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино. ,,На местото на настанот починал сопатникот на тракторот Т.Б.(54) од село Костурино, а смрт констатирал лекар од ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Според официјалните информации од МВР, едно лице го загубило животот. „На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. фото Струмица Денес Крадењето авторски ...

Утре на струмичкиот плоштад со поддршка на Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов ќе има собир на олдтајмери кој ќе го организира здружението на граѓани Авто клуб – Струмица Ретро Клуб. Според најавите ќе бидат изложени над 50 тина возила од земјава и странство стари над 35 години. ,,Идејата на клубот со овој настан е да ја прикаже авто-мото културата на посетителите но и да покажеме со какви ретро автомобили располага ...

Возрасните од Центарот за активно стареење од Турново ги едуцира младите волонтери од Општинската организација на Црвен крст Струмица како се приготвува храна на традиционален и современ начин. Заедно со младите приготвуваа крофни и палачинки и ги учеа младите како да сукаат, пржат мекици. Настанот беше во рамките на неделата на стари лица при што младите волонтери ги презентираа активностите на Црвениот крст. Крадењето авторски текстови е ...

На 02.10.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат од село Богородица кон село Стојаково, патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(29) од Гевгелија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките В.Т.(59) и М.П.(72), двете од Гевгелија, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Е.Т.(18) од Гевгелија, констатирани ...

Во организација на здружението Проагро фармери од Струмица утре на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се реализира четвртата саемска манифестација ,,Агросаем Струмица 2024“. На манифестацијата се очекува да се престават 100 тина изложувачи пред се фармери, градинари, пчелари, производители на репроматријали и земјоделска опрема како од земјава така и од странство. Целта на саемот е да се зајакнат врските меѓу производителите и потрошувачите но и сите ...

Општина Василево преку Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди контејнери за отпад, кои ЈПКД Турија ќе ги вклучи во системот на организирано собирање на смет. Според информацијата од ЈПКД „Турија“, се работи за вкупно 19 контејнери од 1100 литри и ќе бидат поставени на јавните површини на локации за кои се покажало дека има најголема потреба како и во индустриската зона во Василево. Од ЈПКД „Турија“, Василево апелираат ...

Градот Струмица со Хидротермалниот медицински центар Цар Самуил Бања Банско се на прагот за влез во мрежата на EHTTA ( „European route of historical thermal towns ) што ќе придонесе за поголема промоција на Бања Банско и Струмица на европската сцена. Ова го соопшти директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Билјана Стефановска која оставари средба со управата на центарот Цар Самуил Бања Бансо во насока да се инвестира и ...

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов ги потпиша Решенијата за исплата на субвенции на идните млади возачи, за посетување на обука за полагање возачки испит за „Б“ категорија. Вкупно седум лица кои ги исполнуваа условите од Правилникот за субвенционирање на млади лица од општина Василево за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија, на своите сметки ќе добијат по половина од ...

Македонскиот шампиот тимот на ОК Струмица пред настапот во ЦЕВ Купот во своиtе редови ги донесе браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви и Александар Љафтов. Станува збро одбојкари кои својата кариера ја започнаа токму во Струмица и по неколку сезони повторно ќе играат за Струмица. Македонски репрезентативци со огромно интернационално искуство. Одбојкарски „бомби“ во Струмица: Дојдоа браќата Ѓорѓиеви и Љафтов!….Бомба од Струмица: Браќата Ѓорѓиеви и ...

На 01.10.2024 во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од село Мокриево, струмичко и патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, ...

Пензионерите од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите, извести Министерството за труд и социјална политика. „Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во Септември и ...

Четириесет и осумгодишен маж е тешко повреден откако паднал од мотор во Гевгелија. „Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија С.Р.(48) од Гевгелија, додека управувал мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклот, констатирани во Здравствен дом Гевгелија“, информираат од МВР. Извршен ...

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е 35 % повеќе од претходната година покажуваат анализите на Центарот за граѓански комуникации. Според мониторингот на јавни набавки, во просек на еден тендер се јавувале 2,7 фирми а една третина на тендерите е добиена само по една понуда. ...

Граѓанското здружение ,,Вижуал продакшн“ од Струмица ќе ја организира годинашнава „Самун ем татлија“ во Радовиш на 11, 12 и 13 ти октомври. Манифестацијата ќе биде на сегашната локација на зелениот пазар односно кај паркингот Орел. На ФБ страната на ,,Самун ем татлија“ почнаа да се објавуваат имињата на пејачите кои ќе бидат дел од тридневната манифестација. Како што не информираше градоначалникот Ацо Ристов, струмичкото граѓанско здружение било ...

Околу 220 килограми ајвар приготвија на лице место домаќинките од Општина Босилово во рамките на втората ајверијада која има за цел да го потикне и промовира производството на црвена пиперка и сите специјалитети што може да произлезат од неа. Тие ги запалија печките уште рано наутро на кои се испекоа околу половина тон пиперки. Се правеше разновиден ајвар. Некои домакинките приготвуваа лут некои благ по рецептите на своите баби, мајки тетки ,, ...

ЈПКД Комуналец Струмица ги известува граганите на град Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Баница и Водоча, дека водата од водоводната мрежа не треба да се користи за пиење туку само како техничка вода. Вака соопштија од ЈП Комуналец објаснувајки дека дошло до одстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење во однос на физичко хемиските параметри во согласност со правилникот за ...

Околу половина тон пиперки ќе се испечат, излупат и сомелат за да се прави ајвар во Босилово. Во организација на Општина Босилово, на училишното спортско игралиште ќе се одржи втората по ред „Ајверијада“ која има за цел да го промовира производството и специјалитетите што може да се прават од црвените пиперки. Се очекува дваесетина домаќинки од ова општина поделени во десет тимови на исто толку печки да го приготвуваат ајварот и тоа по ...

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со претседателот на општинскиот Совет, Ристо Делијанов го ставија во употреба повеќенаменското игралиште во Висока Маала кое се наоѓа веднаш до училиштето на влезот од населеното место. „Висока Маала беше населено место без ниту еден спортски објект. Но моето ветување е веќе реалност. Висока Маала доби повеќенаменско игралиште. Многу генерации ученици од Висока Маала ќе имаат спомени од ...

Согорувањето на биомасата или горењето огревни дрва се најголем загадувач на воздухот во Струмица. Вака покажа едногодишниот мониторинг на квалитетот во воздухот во Струмица што го направи Универзитетот Гоце Делчев во Струмица преку лабараторијата Амбикон во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. Проектот се имплементира во соработка со УНДП а го финансира Шведската амбасада со кој граѓаните треба да дадат предлози на што ...

На 24.09.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Радовиш, М.М.(59) од село Раклиш, радовишко, пријавил дека околу 13.15 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш бил физички нападнат од Н.„Н“. од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 24.09.2024 во 14.40 часот во Полициската станица Струмица, О.А.(43) од Струмица пријавил дека на 23.09.2024 околу 22.00 часот во Струмица бил физички ...

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица загуби и на реванш мечот од првото коло во квалификациите во Лигата на шампионите. На гостувањето кај Олимпијакос претрпе пораз од 3:0 во сетови (25-19, 25-17, 25-21) со што се збогуваше од оваа европско натпреварување и се префрлува во Купот на ЦЕВ. За разлика од мечот во Струмица во возвратниот меч во Грција струмичани пружија достоинствен отпор. Одигра два сосема рамноправни сета во првиот и третиот и ...

Владата на денешната седница ги укина лиценците за игри на среќа на Интернет. Како што велат од Владата, лиценците се одземаат поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување. „Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на дрвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија ‘Ново ВЛТ‘ и друштвата за приредување интернет игри на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
63%
1013
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
51%
1014
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.35
79%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
46%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1016
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
6.26
78%
1014
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
85%
1013
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52