
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) организира Форум на заедницата во рамките на проектот ,,Справување со загадувањето на воздухот“. Форумот има за цел да ги вклучи граѓаните во решавањето на проблемот за аерозагаденоста која во Струмица е доста изразена пред се во зимските месеци. Ќе бидат одржани две форумски сесии од кој првата ќе биде утревечер во хотелот Вила Парк во Струмица со почеток во 18 часот на кој ...
Женскиот фудбалски клуб Тиверија сега со додавката Брера полни 13 години постоење и функционирање на фудбалската сцена. Почна скромно со неколку ентузијасти и пет девојки сакаа да се докажуваат со фудбалската топка .Многумина не веруваа во проектот наречен женски фудбал но клубот контуинирано им пркосеше на скептичните лица. Со ентузијазам, посветеност и желба за работа, клубот кој стартуваше од нула стаса до КУП титула и стана расадник на млади ...
Гевгелиски Кожуф заедно со екс прволигашот Македонија ЃП се на врвот на табелата во Втората фудбалска лига откако денеска славеше со 3:2 против Вардар Неготино. По ремито со Саса во првото коло и славјето над Вардарски во Богданци и Осогово од Кочани ова е трета победа за гевгеличани кои со скопјани и штипска Брегалница се без пораз и водечките три позиции. Грозданоски, Најденов и Гугуљанов погодија за тимот од Гевгелија против неготинскиот ...
Општина Василево деновиве склучи договор со фирмата Евроградба – Инженеринг од Владевци за изведба на крак од фекалната канализација во Ангелци во должина од 830 метри. Вредноста на овој проект изнесува 4 милиони и 423 илјади денари или околу 72 илјади евра. Фирмата од Владевци достави најниска цена на јавната аукција на распишаниот тендер на Општина Василево на кој аплицираа и други три фирми. Како што не информираше градоначалникот на ...
Струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ почна да носи бесплатно книги до сите читатели кои не можат да ја посетат установата и подигнат книга за читање. Станува збор за нова услуга наречена ,,Библиотека на тркала“ во која се вклучени и волонтери. Тие со електрични велосипеди разнесуваат книги до повозрасни лица, болни и изнемоштени и лица со инвалидитет кои се членови на библиотеката но не се во можност да ја посетат и земат книга. ,, ...
Во рок од 7 месеци треба да биде реконструиран противпожарниот дом во Радовиш, откако периодов почнаа градежните работи за реконструкција и адаптација на овој објект каде е сместена противпожарната служба на општина Радовиш. Градежните работи ги изведува фирмата Атриум од Вевчани која го доби тендерот во вредност од 10 милиони и 196 илјади денари или за 165 илјади евра. Ова фирма достави најниска цена на распишаната јавна набавка на која ...
Ограничување на маржата до 10 проценти изгласа Владата на вонредна седница. Опфатени се 73 продукти. На листата на производи се брашно, леб, пекарски производи, млеко, млечни производи, месо, преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење и дел од конзервираните производи. Како што соопшти на прес-конференција министерот за економија Бесар Дурмиши, на листата на основни прехранбени производи во ...
НУ Завод и Музеј Струмица отпочна со реализација на проектот Конзервација и реставрација на подните мозаици на домусот од римскиот период на локалитетот Стакина Чешма во Валандово. Како што објавија од ова установа, домусот потекнува од доцниот 3 или раниот 4 век од нашата ера а истражувањата на Стакиа шечма се започнати од 1972 година. Досега се откриени 10 простории со површина од околу 500 м². Скоро сите простории се со мозаични подови во ...
Синоќа во 20.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Робово и Муртино, струмичко, Р.П.(36) од село Владевци, струмичко, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската ...
Првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов најави дека деновиве ќе отпочне втората фаза до проектот ,,Струмица паметен вело град“ при што ќе се градат дополнителни 5,5 километри велоиспедски патеки како и изградба на вело урбана опрема како паркинзи и дополнителни стојалишта за мали сервиси на велосипедите. ,, Во рамките на ова втора фаза планираме проширување на велосипедската инфраструктура на булеварот Климент Охридски, булеварот ...
На 17.09.2024 околу 12.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во близина на сточен пазар во село Ново Село, струмичко, настанал пожар во куќа сопственост на Г.К.(77) од селото. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. На 17.09.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на село ...
Македонскиот одбојкарски шампион Струмица претрпе пораз во првиот меч од Лигата на шаммпиони од грчки Олимпијакос со 3:0 во сетови и повеќе од сигурно е дека ќе се преселат во Купот на ЦЕВ. Грчкиот првак Олимпијакос со своите звучни имиња не дозволи изненадување во салата Парк и со 25:15, 25:17 и 25:15 најверојатно ќе го продолжи натпреварувањето во Европската одбојкарска елита. Во салата „Парк“ во Струмица , Олимпијакос ја оправдаа улогата на ...
Младинскиот состав на Брера Струмица дебитираше во младинската Лига на шампиони одигрувајки реми со босанскиот младински шампион Сараево. 2:2 беше крајниот резултат од првиот меч па за две недели ќе се знае кој ќе игра со Израелскиот Макаби бидејки во Босна ќе се дознае подобриот од македонскиот и босанскиот младински шампион. Сараево тргна офанзивно и веќе во 37 минута дојде до водство. Поповиќ успеа да го матира голманот на Брера Диковски кој ...
На 16.09.2024 во 13.40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(44) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис, предмети исполнети со зелена растителна материја и употребени шприцеви со игли со остатоци од непозната материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по ...
Неодамна Фолклорниот ансамбл ,,Цветови“ од населеното место Дедино Општина Конче учествува на интернационалниот фолклорен фестивал во Неделино Бугарија каде со своите настапи и народна носија го свртеа вниманието на присутната публика но и на организаторите на овој фестивал. На фестивалот во Неделино настапија и ансамблите од Индија, Мексико, Полска, Турција, Украина. Фестивалот има за цел да ги презентира културното наследство на секоја ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион планира во наредниот период да инсталира полначи за електронски возила откако денеска ја доби техничката документација за таа намена. Планирани се вкупно 20 брзи електрични полначи во сите 10 општини во Југоистокот а бројот на полначи зависи од големината на општината. Полначите ќе бидат со еднонасочна струја со моќност од 150 KW и едно возило ќе може да се наполни за 25 минути.. „Изработената ...
Mалопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,75%. Во пракса ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит. Од полноќ стапуваат новите цени и тоа: ЕУРОСУПЕР БС-95 73,50 ден/лит; ЕУРОСУПЕР БС-98 75,50 ден/лит; ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 67,00 ден/лит. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и ...
АП Брера Струица денеска славеше против Беса со 3:2 и дојде до нови три бода во првенството за враќање на самодовербата и исполнување на зацртаните цели. Струмичани победата ја остварија во второто полувреме кога за 11 минути избраниците на новиот стратег Горазд Михаилов постигнаа три гола. Ѓорѓе Ивковиќ и Мартин Ѓеоргиевски беа момците кои донесоа радост на клупата на Брера но и на трибините на стадионот Благој Истатов откако беше мирно во ...
На 14.09.2024 во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово. З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на Д.Б.. З.К. е задржан во Полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по ...
Македонскиот шампион Струмица во пресрет на првиот меч со Олимпијакос закажан во вторник во 19 часот одигра контролни средби со Дубочица од Србија и грчкиот прволигаш Пегасус се со цел да ја темпира формата со оглед на репрезентативните засилувања. Над Дубочица славеа со 3:1 а анд грчкиот Пегасус Полихнис со 3:2 во сетови „Ме радува тоа што играме одлична одбојка, бидејќи оваа сезона Струмица е составена од домашни играчи кои долго време се ...
Првиот човек на Општина Василево Славе Андонов, објави дека како локална самоуправа доставиле проект на повикот на Владата за доделување средства за општините. Општина Василево аплицираше и веќе ја достави комплетната документација за ,,Изградба на систем за фекална канализација во населенот место Василево“. „Нека е за убаво! До Министерството за локална самоуправа, општина Василево достави значаен проект за финансиска поддршка од Владата. ...
Долорес Лео Поповиќ од независната продукција ,,Златен Елец“ од Скопје ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 32 издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Ања во претставата „Кенди“, според романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска. Според претседателот на жирито Јордан Симонов, Поповиќ успеал на сцената преку суптилен актерски јазик естетски ...
На 13.09.2024 во 15.10 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица. Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од 6 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“. Во службениот разговор извршен со него, Б.А. признал дека во јули и септември на подрачје на Радовиш извршил три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „разбојничка кражба“. Кај него биле ...
Од утре па во наредните три дена Гевгелија повикува да се вкуси југот, бидејки ќе се организира второто издание на истоимениот фестивал ,,“Вкуси го југот- Taste The South”. Станува збор за фестивал кој ќе понуди многу музика, вкусна храна, квалитетни пијалоци но и позитивна енергија со многу забава и добро расположение. Фестивалот ќе се одржува на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов каде може да се ужива во наредните три дена бидејки оваа ...
На 11.09.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.Л.(42) од село Владевци, струмичко. Тој се сомничи дека околу 20.30 часот во Струмица, од 24-годишна жена од село Мокриево, струмичко, со употреба на сила одзел пари и мобилен телефон, соопшти струмичката полиција ,,Лицето било задржано во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственичката.За настанот бил ...
Фондација Елеуса заедно со Иван Кукиќ Бенд, Теодора и бенд, Хитс Трио и Ана Цамбулева организираат хуманитарни концерти посветени на младата Катерина Трајкова на која и се потребни средства за интервенција и лекување во Турција. Планнирани се два концерта кои ќе се одржат на 16 септември 2024 година. Првиот со почеток во 18 часот, а вториот во 20:30 часот при што собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Катерина. Катерина, девет ...
Јавниот простор кој се наоѓа на левата страна на патот од Домот на културата во Василево кон фабриката 11 Септември наскоро ќе добие нов лик. Преку ЛАГ Беласица Огражден а во партнерство на Општина Василево на овој простор ке никне зелен парк со спортско рекреативни содржини при што ќе биде опатено и постојното игралиште. Таму веќе почна да се работи и како што објави градоначалникот Славе Андонов ова нова катче ќе даде нова димензија на животот ...
Основното Јавно обвинителство од Струмица отвори истрага за вчерашниот инцидент во Ново Село каде брачен пар доби прострелни рани од пиштол. Напаѓачот кој беше совладан и фатен на лице место 45 годишниот Д.С. од с. Долно Лакочереј охридско, на барање на Јавното обвинителство а одборено од судија на претходна постапка од струмичкиот суд доби 30 дневен притвор. Како што соопштија од ОЈО Струмица против лицето се поднесени три кривични пријави и ...
Директорот на ЈСП Струмица Транспорт Драги Поп Стојанов ги објави линиите по кои ќе се обраќаат електричните автобуси кои денеска беа промовирани во Струмица и пуштени во пробно возење. Станува збор за седум линии од кои шест ќе функционираат секој ден а седмата само во недела. Еве ги линиите кои ги поврзуваат и дел од населените места во Општина Струмица Како што кажа директорот Драги Поп Стојанов граѓаните ќе можат преку скенирање на QR-код на ...
Струмица добива јавен градски превоз кој ќе се реализира со 10 електрични автобуси кои освен во градот ќе се обраќаат и до населените места во општината. Во наредниот месец дена, автобусите ќе возат пробно и бесплатно а од втората половина ќе се наплаќа 30 денари за градска и 60 денари за превоз до населните места во општината. Овој период се очекува да заврши обележувањето на постојките, системот на плаќање , целосно утврдување на термините и ...