Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, пред сè Владата, да покажат опипливи резултати во клучните реформски области. Истовремено, ЕУ и државите членки мора целосно да ги исполнат своите обврски и преку активен дипломатски ангажман да ја поддржат земјата во исполнувањето на реформските приоритети. Ова го истакнува известувачот на Европскиот парламент ...
До 1.500 животи годишно може да се спасат до 2030 година доколку Македонија воведе повисоки даноци на цигарите и го зголеми акцизниот данок за најмалку 12% годишно. Ваквото зголемување би ја намалилодостапноста на цигарите, а истовремено би донело значајни придобивки за јавното здравје и државниот буџет. Според анализите на тинк-тенк организацијата „Аналитика“, приходите од акцизи би пораснале од 258,2 милиони евра во 2025 година на 403,6 ...
Во Германија 2026 година е изборна година: во пет од 16-те сојузни покраини се избира нов покраински парламент. Социјалдемократската партија на Германија (СПД) има малку причини за оптимизам. Според проценките на истражувачите на јавното мислење, во две покраини - по децении - ѝ се заканува губење на власта. Во две други покраини, социјалдемократите добиваат само едноцифрени проценти во актуелните анкети. Но, три од пет покраини избираат нови ...
Единственото нешто што сигурно се знае е дека се пронајдени шест мртви тела и една изгорена планинска колиба. Но, што навистина се случило во злосторството кое бугарските медиуми го опишуваат како „незапомнето во Бугарија“, има повеќе прашања отколку одговори. На втори февруари, мртвите тела на тројца мажи беа откриени покрај делумно изгорена планинска колиба недалеку од превојот Петрохан, во близина на српската граница во западна Бугарија. ...
Владата ќе се повлече од планот за набавка на нов државен авион, по серијата јавни критики за наводно луксузирање и злоупотреба на постојниот владин воздухоплов. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека иако на средбите со лидерот на СДСМ, Венко Филипче било договорено да не се критикува одлуката за набавка на нов авион, кој би се користел и во иднина од други влади, но и за хуманитарни мисии, тие сепак не останеле на нивниот збор. Мицкоски: ...
Владата најавува засилена борба против сивата економија во Македонија. Целта е неформалната економија да се намали од 28,9% на 26% од БДП до крајот на 2027 година. „Ќе бидеме и цврсти и праведни — и кон оние што избегнуваат обврски и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите. Нашата цел е економија со ред, пазар со правила и држава со достоинство“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата „Формализација на неформалната ...
Поранешниот судија Владимир Панчевски фрли сомнеж врз вчерашната одлука на Советот на јавните обвинители, со која ова тело даде позитивно мислење за четири пријавени кандидати за избор на нов државен јавен обвинител, но не и за Панчевски. Советот оценил дека тој не го исполнува посебниот услов за континуиран стаж од 10 години како јавен обвинител или како судија. Откако поради тие причини е одбиена неговата кандидатура за државен јавен ...
Скопјани се возат во стари и често неисправни автобуси, што доведува до драматичен пад на патниците во јавниот превоз. За само десет години, бројот на годишно превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје се намалил од 52 милиони во 2015 година на само 22 милиони во 2025 година — пад од речиси 30 милиони патници. Овие податоци произлегуваат од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за капацитетите на Јавното сообраќајно ...
По Албанија, и Србија се изјасни дека е подготвена, доколку е неопходно, да се откаже од правото на вето пред зачленувањето во Европската унија. Ова го потврди претседателот Александар Вучиќ за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг: „За Србија, членството во ЕУ без право на вето е прифатливо. Најважни за нас се единствениот пазар и слободното движење на стоки, луѓе и капитал. Тоа се централни вредности што сакаме да ги постигнеме со членството во ...
Веднаш по годинешната Минхенска безбедносна конференција, американскиот државен секретар Марко Рубио отпатува во Словачка, а потоа во Унгарија. Ова не е случајност: и во двете земји, премиерите владеат на начин кој му се допаѓа на Доналд Трамп - тие се евроскептични, непријателски настроени кон имиграција, а климатските промени за нив не се тема. Администрацијата на Трамп, исто така, поддржува други десничарски влади и партии во Европа. ...
Советот на јавни обвинители реши да ги почести со зелено светло сите четири од пет кандидати за функцијата главен државен обвинител. Петтиот, не ги исполнувал, рекоа условите за стажот. Така, тие без да ризикуваат да се замерат со колегите, решија да ја применат децениската формула за опстојување – медиокритетство, формалност, бегство од суштината и бегство од одговорноста. Со овој нивен чин тие и го дадоа на тацна на Владата, скапоценото ...
Европа е сè позагрижена поради нејзиното отсуство од неодамнешните мировни преговори меѓу Русија и Украина. Последната рунда преговори во Абу Даби беше посредувана од САД, без директно учество на Европската Унија. Како одговор на тоа, во ЕУ се повеќе се зборува за назначување специјален пратеник кој би разговарал директно со Москва. Во текот на поголемиот дел од војната во Украина, пристапот на ЕУ кон Русија се базираше на економски притисок ...
Како Џефри Епстин, човек кој се откажал од колеџ и започнал кариера како професор по математика и физика, стекнал огромно богатство? Барем на почетокот, човекот од работничко семејство од Кони Ајленд во Њујорк имал доста среќа. Преку познаници, Епстин се вработил во инвестициската банка Беар Стернс, што му овозможило увид во светот на високите финансии. Во 1980 година, тој станал ограничен партнер. По пет години, ја напуштил банката, но ги ...
Кој летал и за какви потреби со владиниот авион? Дали имало непотребни трошоци, луксузирање или користење за приватни цели? Овие прашања се наметнаа по објавувањето на податоците за тоа кои функционери најчесто го користеле владиниот авион од формирањето на владата на премиерот Христијан Мицкоски, во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година. Темата стана особено актуелна по изјавата на директорот на Службата за општи и заеднички работи, ...
Реакцијата на српскиот претседател Александар Вучиќ кон изнесените оцени од страна на заменичката генерален секретар на НАТО Радмила Шекеринска е наменета главно за домашната српска јавност, велат дел од аналитичарите кои ги консултираше ДВ по нервозата во Белград и пораката што беше испратена од Минхен. Безбедносни експерти порачаа дека Северна Македонија не е прозвана страна и дека Вучиќ всушност бил приморан да реагира по провокативните ...
Средната возраст на населението во Европската Унија на 1 јануари 2025 година достигна 44,9 години, покажуваат податоците на Евростат. Тоа значи дека половина од жителите на ЕУ биле постари, а половина помлади од оваа возраст. Разликите меѓу земјите се значителни: од 39,6 години во Ирска, до 49,1 година во Италија, која останува најстара земја во Унијата. Во Македонија, средната возраст изнесува 42,1 година, што е зголемување за речиси пет ...
Односите меѓу Соединетите Американски Држави и Израел со децении се сметаат за исклучително блиски. Сепак, особено кога станува збор за постапките кон Исламската Република Иран, стратешките и тактичките разлики меѓу двете земји постојано излегуваат на површина. И покрај тоа, тесната координација на овие два сојузници е клучна пред новата рунда преговори на САД со Иран, која ќе се одржи денеска (17 февруари, 2026) во Женева. Од американска ...
Пред едвај пет години, повеќе од половина од гасот што се троши во Европа доаѓаше од Русија, главно преку гасоводи. Но, Москва започна тотална офанзива против Украина, а и во европските престолнини сакаа да увезуваат што е можно помалку од Русија. Набрзо, како што се верува, украинските саботери го уништија и Северен тек, така што тој гасен пат беше физички затворен. Но, дали Европа, ослободена од зависноста од гас од Русија, сега влегува во ...
Кога се случи големата поплава со човечки жртви во Скопско во август 2016 година, главната порака беше дека ќе биде извлечена голема поука, бидејќи, покрај обилните дождови, за водената стихија придонесоа и неисчистени корита и одводни канали, бесправна сеча на шумите и други фактори. Други поплави потоа, за среќа од помали димензии и без човечки жртви, покажаа дека лекцијата и натаму не е научена. Десет години подоцна, цената на системските ...
Опозицијата жестоко реагира на предложениот закон за високо образование. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека законот е „катастрофално лош“ и треба веднаш да биде повлечен. „Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот, тие воведуваат владина контрола врз универзитетите – една форма на образовен тоталитаризам. Законот создава ...
На Германија ѝ недостасуваат илјадници јавни обвинители за ефикасна борба против финансискиот криминал, предупреди Германското здружение на судии (ДРБ). Тие велат дека криминалците во светот на парите и економијата, како и вистинските мафијашки организации, имаат премногу лесна работа во Германија, бидејќи нема доволно јавни обвинители и судии кои воопшто би можеле да ги обработуваат сите случаи. „Милијарди евра се лизгаат низ прстите на ...
Во карневалските упоришта во Германија започнаа годинашните поворки за Розенмонтаг. Најголемата поворка во Германија, седум километарскиот „Цох“ во Келн, тргна во 10 часот, нешто подоцна тие во Мајнц и Диселдорф. Со своите политички сатирични коли, шегобијците и маскарите се потсмеваат на Трамп и Путин, но и на сојузниот канцелар Фридрих Мерц, АфД и режимот во Иран. Во Диселдорф, процесот против скулпторот Жак Тили е тема на една од колите. ...
ЕУ и натаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради примената на правилото 90/180 за влез во Шенген-зоната. Освен што се изложени на санкции, дел од возачите стравуваат дека од април би можеле целосно да останат без можност за работа и транзитирање низ Шенген-зоната. Македонските превозници бараат преодно решение за спас од казните и „црните печати“ во пасошите. Регионалните ...
„Европа ја отелотворува надежта”, е насловот на интервјуто со американскиот историчар Тимоти Снајдер (Timothy Snyder), објавено минатата недела во германскиот весник „ФАЦ“. Денес многу од Македонците нема да се согласат со тоа, затоа што се разочaрани од ЕУ, но Снајдер знае зошто го вели тоа, бидејќи добро ја познава европската историја. Во мигот тој предава во Торонто, откако ја напушти Америка. Тоа за многумина беше знак на протест кон ...
Европската колективна одбрана сè уште се потпира на трансатлантскиот воен сојуз НАТО. Ова го изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас, на Минхенската безбедносна конференција во неделата (15 февруари, 2026). Во исто време, таа нагласи дека Европа мора итно да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Во говорот насловен како „Европејци на собир! Враќање на влијанието во посуров свет“, ...
Римскиот писател Гај Светониј Транквил во неговата многу позната книга „Дванаесетте римски цареви“ го опишува владеењето и личните карактеристики на дванаесетмина цезари – Од Јулиј Цезар до Домитијан. Пишувајќи за озлогласениот Нерон и неговите наследници, Светониј наведува дека по неговата смрт во во 68 година од н.е. римскиот Сенат го прогласил за јавен непријател, поведувајќи damnatio memoriae за да го избрише неговото наследство. Ова ...
Во подрумите на американската централна банка ФЕД во Њујорк има големи германски резерви на злато. Дали ова богатство е безбедно од евентуален пристап на американската влада во мандатот на претседателот Трамп? Прашања и одговори во дебатата околу можноста златните прачки да бидат вратени назад во Германија. Чии се германските златни резерви? Златните резерви се сопственост на Германската Бундесбанка. Тие служат за зачувување на стабилноста на ...
Иако повеќето деца во унгарските домови за згрижување се од ромско потекло, многу потенцијални посвојувачи во земјата сѐ уште одбиваат да посвојат деца Роми. Семејството Ловаш е меѓу ретките што направиле поинаков избор. „Ако ни предложеа Ромско момче — тоа ќе беше нашиот син“ Каталин и Андраш Ловаш веќе имаа три биолошки ќерки кога решиле да посвојат. Посакувале син и не им било важно потеклото на детето, единствено сакале да биде здраво. ...
На годинешната Минхенската безбедносна конференција, американскиот државен секретар Марко Рубио го истакна значењето на трансатлантските односи, но истовремено остро ги критикуваше европските сојузници и повика на напуштање на досегашниот глобален поредок. Неговиот настап дојде по контроверзниот говор на потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс минатата година, чија критика за состојбата на европските демократии и наводното ограничување на ...
На годинешната Минхенската безбедносна конференција, американскиот државен секретар Марко Рубио го истакна значењето на трансатлантските односи, но истовремено остро ги критикуваше европските сојузници и повика на напуштање на досегашниот глобален поредок. Неговиот настап дојде по контроверзниот говор на потпретседателот на САД Џеј Ди Венс минатата година, чија критика за состојбата на европските демократии и наводното ограничување на ...