Американскиот претседател Доналд Трамп презентирал амбициозен план од 21 точка за завршување на војната во Газа, која беснее речиси две години. Неколку израелски медиуми сега објавија бројни детали од предлогот, кој Трамп го презентираше пред арапските шефови на држави и влади на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Самиот Трамп изрази голем оптимизам за шансите за успех на иницијативата, која исто така се потпира на арапските ...

Со текот на времето, големината на животните природно се менува, тоа е дел од еволуцијата. Понекогаш, промените во околината предизвикуваат одреден вид да се намали, а потоа, по неколку стотини години, повторно да порасне. Истражувачите забележале вакви циклуси на раст и намалување низ илјадници години. Кога човекот почнал да одгледува и селектира одредени видови, промената во големината на домашните и дивите животни и понатаму се одвивала во ...

Рокот од 30 дена истекува дури вечер, но има малку индикации дека Иран и европските држави би можеле да постигнат договор за нуклеарниот спор. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во Обединетите нации во Њујорк ги обвини земјите од Е3, Велика Британија, Франција и Германија, за неуспехот. „Сегашната ситуација е директна последица од повлекувањето на САД од нуклеарниот договор и неуспехот на Европејците да ги исполнат своите ...

Со децении американските компании имаа силна позиција во Германија, особено во западните делови на земјата кои беа под контрола на западните сојузници по Втората светска војна. Во годините веднаш по војната, американските цигари беа толку вредни на германскиот црн пазар што ефективно функционираа како валута. Спортските ѕвезди често играа улога во зацврстувањето на трансатлантската моќ на брендовите. Поранешниот светски шампион во тешка ...

Народот на Северна Кореја живее под најстрогата репресија во светот, а според нов, остар извештај на Канцеларијата за Човекови Права на Обединетите Нации (ОХЦХР), дури и споделување странски содржини – вклучувајќи популарни јужнокорејски телевизиски драми – може да резултира со смртна казна. Во документот од 14 страници се опишува како животот на обичните луѓе во Северна Кореја значително се влошил во последната деценија. Извештајот се темели на ...

Американскиот претседателот Доналд Трамп побара софтверскиот концерн Мајкрософт да ја отпушти својата шефица за глобални прашања, Лиза Монако: „Таа е закана за националната безбедност на САД“. Нејзиниот пристап до високо чувствителни информации во владини договори е неприфатлив и не може да се толерира, тврди Трамп. Монако беше советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот демократски претседател Барак Обама и ...

Затворањето на аеродромот во Алборг, северна Данска, оваа недела поради навлегување на дронови во неговиот воздушен простор, е најново во низата неодамнешни затворања на аеродроми предизвикани од овие уреди. Дронови биле пријавени и кај аеродромите во Есбјерг, Сондерборг и Скридструп на западот од земјата, а забележувањата довеле и до привремено суспендирање на летовите на аеродромот во Копенхаген, главниот град, порано во неделата. Данскиот ...

Непосредно пред парламентарните избори, времето во Кишињев, главниот град на Република Молдавија, е нестабилно. Есента се бори со последните остатоци од летото и часови континуиран дожд наизменично со топли, ведри денови. Колку што е непредвидливо времето, толку е и политичката ситуација во земјата. Анкетите укажуваат на тесна трка меѓу проевропската партија „Акција и солидарност“ (ПАС) на претседателката Маја Санду и проруските партии. Затоа во ...

Додека главниот град со денови е затрупан во ѓубре, надлежните институции со кривични пријавија префрлаат обврската еден на друг. Општина Аеродром поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ за загрозување на животната средина, бидејќи десет дена не се собирал отпадот на повеќе локации во општината. Пријава следеше и од Град Скопје - кон раководни лица во претпријатието коишто се кадри на владејачката ...

Уште не се санирани последиците од пожарот во магацинот за електронски отпад во Трубарево, а веќе нов чад се издигна од депонијата во Арачиново. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека горела поголема количина на пакуван сончоглед. Огнот е изгаснат по неколкучасовна интервенција на скопските пожарникари со помош на специјална пена. На неколку места сè уште се забележува чадење. „Оваа депонија има ограда и ...

Фрустрацијата во германската економија се зголемува. По промената на владата, претприемачите се надеваа дека канцеларот Фридрих Мерц брзо ќе ги спроведе своите ветувања за економска политика од изборната кампања. Целта: Германија повторно да стане поконкурентна. Но, сега расте стравот дека длабоките реформи ќе се остваруваат бавно. Канцеларот ја чувствува оваа фрустрација со полна сила: „Во последните денови имав голем број разговори: со ...

Предлог резолуцијата за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, предложена од СДСМ, ќе се „пегла“ по изборите. Истата до моментов не предизвика поголемо медиумско внимание во соседна Бугарија, а и оние кои ја пренесоа информацијата за неа, повеќе ги видоа роковите. „Рок за усвојување на уставните измени и без нови барања од Бугарија предлага СДСМ во резолуција што ...

Пред говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на ОН, кој се очекува со напрегнатост, американскиот претседател Доналд Трамп упати јасна порака до својот близок сојузник. „Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег“, рече републиканецот. „Доста е. Време е да се престане.“ Нетанјаху треба денеска (26.09) да се обрати на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Десноекстремните министри во неговата влада во ...

Со заострени казни и камери на улиците, МВР планира да ги „дисциплинира“ и пешаците и возачите. Подготовките за стартот на системот „Безбеден град“ се во полн ек. Иако, согласно законот, тој треба да стартува од 1 јануари 2026 година, планиран е пробен тест период кој ќе започне порано. Со законски измени веќе стапуваат на сила и поригорозни правила за пешаците, велосипедистите и оние коишто управуваат со електричен тротинет или мопед. Во иднина ...

Катар не можеше да стори многу во одбрана од балистичките ракети што Израел ги истрела на неговата територија пред две недели. Според медиумски извештаи, околу десетина израелски борбени авиони прелетаа над Црвеното Море на 9 септември, внимателно избегнувајќи да влезат во воздушниот простор на други држави, пред да ги истрелаат ракетите во напад познат како „удар преку хоризонтот“. При ваков тип на напад, балистичките ракети се искачуваат до ...

Колку може и треба да потроши државата и на кои проекти? Буџетот за 2026 година се дебатира во Бундестагот. За нацрт-буџетот претставен од сојузниот министер за финансии и вицеканцелар Ларс Клингбајл (СПД) ќе се расправа околу два месеци, а се очекува да биде усвоен од пратениците кон крајот на ноември. Веќе сега е јасно дека дебатите нема да бидат едноставни. Се очекува многу министерства во иднина да работат со значително намалени буџети, ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во четвртокот (25.09) ја презентираше Резолуцијатаза дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на европскиот пат на Македонија. Станува збор за предлог-решение за коешто СДСМ бара да се постигне национален консензус со цел да се отстранат сите грижи, сомнежи и дилеми поврзани со заштитата на идентитетските обележја во текот на процесот на пристапување кон ЕУ. Кои се црвените линии? СДСМ ...

Младите луѓе тешко се одвојуваат од скутот на своите родители. Податоците на Евростат, објавени на 23 септември покажуваат дека младите во Европа домот го напуштаат на просечна возраст од 26,2 години. За состојбите во Македонијане се достапни најнови податоци, но оние од минатата година посочуваат дека младите во земјата дури на 32,1 година се одлучуваат да го напуштат родителскиот дом. Ваква е состојбата во речиси сите балкански земји. Најдоцна ...

Кога во Бундестагот се дебатира буџетот на владата, вообичаено е да има општа дебата. Па така беше и во средата во Берлин. На агендата во Бундестагот е буџетот, а нацртот за 2026 година треба допрва да биде одобрен. Се разговара за генералната политика во Германија, за расположението во земјата, за грижите, стравовите и на луѓето и на што се надеваат тие. Ситуацијата не е добра - тоа се чувствува во сите говори во Бундестагот. Економијата ...

Дел од општините ќе останат со намален број советници, откако Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за ваквата владина одлука. „Неколку аспекти се битни за донесената одлука. Најнапред околу надлежноста на Владата, дали таа има надлежност да донесе ваква одлука. Апсолутно Владата е единствениот орган кој може да ја донесе оваа одлука, а надлежноста ја црпи од Уставот, член 91, алинеја 1, бидејќи таа е надлежна за извршување на законите. ...

Украина, според американскиот претседател Доналд Трамп, е способна да ја врати својата територија од рускиот агресор со помош на западните сојузници. Со време, трпение и финансиска поддршка, особено од НАТО, оригиналните граници од времето кога започна војната се опција, напиша американскиот претседател на својата платформа Truth Social. Ова претставува пресврт во ставовите на Трамп. Во последните недели, во разговорите за завршување на војната, ...

Обединетите нации обединуваат 193 држави членки. Таа меѓународна организација ја сочинуваат претставници на владите од целиот свет. Основана е по Втората светска војна. Првата конференција е одржана во 1945 година, а првото Генерално собрание следната година во Лондон. Тоа значи дека ова годишното собрание, кое се одржува во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, се одржува по 80. пат. Целите на Обединетите нации се одржување на меѓународниот ...

Не, свечен говор по повод 80-годишнината од Обединетите Нации звучи поинаку. Но, тоа веројатно би било премногу здодевно за Доналд Трамп. И така, стана груба мешавина од предизборен говор и самопофалби, теории на заговор и жестоки навреди кон домаќинот. Накратко - типично за Трамп. Главната работа е што шефовите на држави или влади не слушаат никого толку внимателно како што го слушаат него. Малкумина се осмелија да вртат со главите. Каква ...

Од Градската депонија во Кочани, по неколкумесечно затишје, деновиве повторно се издигна висок облак и чад, алармирајќи дека огнот повторно го има зафатено жариштето коешто со години наназад ги труеше жителите на градот. Станува збор за депонија, којашто е лоцирана над селото Бели во правец на Пониква, а која што по серија протести во текот на минатата година беше покриена со земја, со цел да се спречи нејзино палење. Од кочанското комунално ...

„За ѓубрето во Скопје ќе има одговорност со име и презиме“, порача премиерот Христијан Мицкоски, по хаосот којшто му се случува на главниот град кој со денови е затрупан во отпад. Во пресрет на локалните избори во октомври, тој повторно се извини што го поддржал изборот на актуелната градоначалничка Данела Арсовска и порача дека „на 19 октомври Орце Ѓорѓиевски ќе биде избран за градоначалник на Град Скопје и првите 72 часа ќе има генералка од ...

Во првата емисија по запирањето на шоуто, американскиот водител Џими Кимел одржа пледоаје за слобода на изразување. Неговото шоу не е важно, рече Кимел: „Важно е што живееме во земја каде што е дозволено да се има емисија како оваа“. „Несоодветно или нејасно, или можеби и двете“ Со растреперен глас, тој рече дека никогаш не сакал да го тривијализира убиството на еден млад човек. Насилството никогаш не е решение, нагласи Кимел, осврнувајќи се со ...

Драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ, која СДСМ ја најави на почетокот на септември, ќе биде објавена утре (25.9.). По критиките во јавноста дека до денес нема ништо од тој документ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера соопшти дека предлогот е финализиран и објасни зошто не бил готов порано. „Многу внимателно пристапивме кон овој процес, имајќи предвид дека станува збор за една чувствителна тематика. Тоа ...

Македонската дипломатија останува воздржана во однос на прашањето за признавање на Палестина, коешто се актуелизираше на 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, каде во фокусот се најде конфликтот меѓу Израел и Газа. Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, вели дека Македонија при носење на одлуки во делот на надворешната политика мора секогаш да биде дисциплинирана и внимателна, а не импулсивна. „Што значи тоа? ...

Кога новата претседавачка на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, сакаше да го повика американскиот претседател, таа се колебаше. На почетокот, не беше јасно зошто. Но, кога Доналд Трамп се качи на говорницата, тој ја разјасни ситуацијата - телепромптерот не функционираше. Кој и да е одговорен за тоа, е во голема неволја, се пошегува Трамп. Проблемот на Трамп со телепромптерот Проблемот со телепромптерот му одговараше одлично на Трамп, ...

На времето кога некому не му одело според планираното, тетките и бабите велеле дека тоа е затоа што е урочен. Тоа значело дека некој душман му фрлил магија, или го погледнал накриво затоа што му завидувал на успесите и сакал да почне да го бие малер. Денеска таквите верувања се искоренети, или барем сакаме да мислиме дека се искоренети. Но од време на време се појавуваат и во модерна верзија. Како на пример дека некој човек, жена, организација, ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
69%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.91
87%
1012
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
88%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
78%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
93%
1013
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
82%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Паладиум

45879.12

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Цинк

3.24

Кобалт

55.67

Калај

40.11

Алуминиум

2.89

Злато

135322.28

Бакар

10.76

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96

Сребро

1837.41