Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Израел и милитантно исламистичкиот Хамас се согласија со првата фаза од мировниот план за Појасот Газа предложен од САД. „Ова значи дека многу наскоро сите заложници ќе бидат ослободени и Израел ќе ги повлече своите трупи на договорена линија, како прв чекор кон силен, траен и вечен мир“, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата онлајн платформа, Truth Social. Трамп им се заблагодари на сите преговарачи за овој „голем ден“ и овој ...
Во близина на мостот Ибар во Северна Митровица, каде што повеќе од 90 проценти од населението се Срби, атмосферата видливо се промени во последните три години. Имено, толку многу помина откако српските партии ги бојкотираа косовските избори, а албанските градоначалници го презедоа управувањето со општините на север. Муралите и графитите на српски јазик, по кои тие општини беа препознатливи, сега исчезнаа. Сите национални симболи на Србија се ...
Видеото со изјавата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Копенхаген, која со брзање дојде кај новинарите кои го следеа самитот на Европската политичка заедница, кажа две-три реченици и по грешка си замина назад кон автомобилот, стана парадигма на разбирањето на политиката во врвните ешалони на македонската политика. Нејзината изјава дека на светот повеќе му треба кантијанизам отколку макијавелизам, може да изгледа добро од ...
Часовните тарифи во авто-сервисите за првпат ја надминале границата од 200 евра – барем во просек, како што известува Здружението на германската осигурителна индустрија (ГДВ). Со тоа продолжува трендот кој трае веќе неколку години. И Статистичкиот завод на Германија утврдил дека посетата на авто-сервис станува сè поскапа: помеѓу 2017 и 2024 година, одржувањето и поправките станале 48% поскапи. Осигурителните компании пријавиле уште поголем ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изненадувачки го повторно назначи премиерот во заминување Себастијан Лекорну за шеф на владата. Како што објави Елисејската палата, 39-годишникот треба да продолжи како премиер и да формира нов кабинет, по неговите напори за решавање на кризата во владата. Лекорну, кој е особено близок доверлив човек на Макрон, ја презеде функцијата премиер пред само четири недели, а поднесе оставка во понеделникот поради ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни царини во висина од 100 отсто за увозот од Кина во САД. Тие ќе стапат на сила од 1 ноември – или порано, во зависност од понатамошното дејствување на Кина – напиша републиканецот на својата социјална мрежа Трут Соушл. Тој го образложи планот со актуелната трговска политика на Кина и однесувањето на Кина го нарече „вонредно агресивно“. Меѓу Кина и САД моментално владее затишје во ...
Оружје до каде што досега погледот, најдено во подруми, на тавани, во секој случај од приватни домови - во еден магацин во Белград уредно наредени се илјадници пиштоли, пушки и митралези, како и сандаци полни со гранати и муниција. Во еден агол од собата има дури и ракетни фрлачи. Граѓани Срби доброволно ги донесле во центарот кој го отвори српското Министерство за внатрешни работи. Целта е да се исчистат остатоците од војната, односно оружје ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул смета дека помошта за луѓето во Појасот Газа мора веднаш да започне. Во Париз, Вадефул рече: „Подготвени сме веднаш да донесеме хуманитарна помош во Појасот Газа“. Вадефул учествуваше на набрзина свиканата конференција на министри за надворешни работи од европски и арапски држави во француската престолнина. Мора брзо да се преземат мерки, бидејќи „илјадници и илјадници луѓе таму се сè уште ...
Облачен есенски ден во Белфаст, во замокот Хилсборо од 18 век, кој е официјална кралска резиденција во Северна Ирска и седиште на државниот секретар за Северна Ирска. Тоа е историско место, каде што во 1998 година се водеа преговори меѓу Велика Британија и Република Ирска, што доведоа до потпишување на Договорот од Велики петок. Тој стави крај на деценискиот крвав конфликт меѓу протестантите и католиците во Северна Ирска. Тоа симболично место, ...
Вечерва (10.10), по локално време, десетици илјади војници повторно ќе маршираат низ главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, прикажувајќи го обемниот арсенал на вооружените сили. Со парадата се слави 80-годишнината од основањето на Работничката партија на Северна Кореја, чиј генерален секретар е Ким Јонг Ун. На трибините, покрај Ким, ќе стојат кинескиот премиер Ли Чијанг и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. „Пријателите се ...
Израел го одобри договорот за првата фаза од планот на САД за ставање крај на војната во Појасот Газа и ослободување на сите заложници. Ова го соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху во текот на ноќта. „Владата штотуку ја одобри рамката за ослободување на сите заложници – и живите и починатите“, се вели во изјавата. Израелскиот кабинет го одобри договорот за Газа рано наутро, околу 24 часа откако посредниците објавија договор за ...
Дали по локалните избори Македонија ќе се соочи со нов предизвик - одржување на предвремени избори напролет? Иако владата игра топло - ладно во однос на ова прашање, од Демократската унија за интеграција отидоа чекор понатаму. Високиот функционер во ДУИ и кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи вели дека предвремени избори ќе има во март или април идната година. Најавата следи по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој при посетата ...
Основниот суд во Битола вчера не го прифатил предлогот на ОЈО Битола за определување мерка ефективен притвор за двајца осомничени за злоупотреби во РЕК Битола, и наместо тоа им определил мерка - куќен притвор. „Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на ...
Палестинците и семејствата на израелските заложници излегоа на радосни прослави во четвртокот, откако беше објавено дека Израел и Хамас постигнале договор за крај на војната во Газа и за враќање на сите израелски заложници- и живи и починати. Во Газа, каде што повеќе од 2 милиони луѓе беа раселени поради израелското бомбардирање, млади мажи аплаудираа на разрушените улици, иако израелските напади продолжија во некои делови од енклавата. „Фала му ...
Во Франција владее најсериозната политичка криза во последните децении. И нема брз излез на повидок. По помалку од четири недели на функцијата, премиерот Себастијан Лекорну си поднесе оставка. Неговиот неуспех беше условен од поделбата меѓу левиот и десниот блок во националното собрание, уште пред воопшто да има шанса да формира влада. Со заминувањето на Лекорну, претседателот Емануел Макрон губи трет премиер за само една година, иако Лекорну ...
Вегетаријанските производи што го заменуваат месото во иднина повеќе нема да смеат да се нарекуваат со имиња кои традиционално подразбираат дека станува збор за месо, одлучи Европскиот парламент со мнозинство гласови. На пример – „бургер“ или „колбас“. Тешко е да се каже дали ова ќе важи и за изрази кои можат да означуваат исечен дел од било што. Но, затоа, „шницлите“ треба јасно да покажуваат дека никако не се вегански. За соодветната законска ...
Кризниот автомобилски самит денеска (четврток, 09.10.) е собир на висок профил на политичари, директори од автомобилската индустрија и синдикатите во Берлин и се одржува во услови на криза во браншата која се соочува со стагнација, масовни отпуштања и пречки во транзицијата кон електрични возила. Некогаш технолошки доминантни и престижни, компании како Фолксваген, БМВ и Мерцедес-Бенц сега заостануваат зад кинеската конкуренција во поглед на ...
Раскинување на 45 концесии во рударскиот сектор поради непочитување на законите или на еколошките мерки, како и иницијатива за заштита на македонскиот рубин, најави министерката за енергетика, Сања Божиновска. На брифинг со новинарите таа информираше дека 34 договори се раскинати еднострано, а за 11 се истечени договорите и не се продолжени. Ваквите мерки се преземени поради непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање ...
Странец кој подолго време живее во Германија и сака да добие германско државјанство, до јуни 2024 година мораше да биде прилично трпелив - најмалку осум години регулиран престој. Таквиот долг период на чекање значително го скрати тогашната влада на Социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП). „Натурализација генерално треба да биде можна по пет години, а во случај на особени успеси во интеграцијата веќе и по три", стоеше во ...
Се надзира ли крај за евтините порачките од Тему и сличните кинески онлајн продавници во Македонија? Во Собранието на дневен ред за усвојување по локалните избори чека предлог-закон од Владата за измени на Законот за додадена вредност, со кој се планира да се укине ослободувањето од плаќање ДДВ за производите од странство во износ до 22 евра. Тоа ќе значи автоматско поскапување на сите нарачки за 18 проценти, колку што е стапката за ДДВ. „Исто ...
Изборната кампања влезе во втората половина, реториката станува пожестока, секоја секунда се користи за реакции и контреакции, а во нивна длабока сенка остануваат изборните програми за општините. Комуниколози постојано посочуваат дека „црна кампања на никого не му донела резултати“, но нивниот глас останува како ехо во пустина. На политичкиот терен тоа што за некого е ‘црна кампања’, за друг значи обврска ‘нештата да се кажат со вистинските ...
Дебатата беше жестока. Во понеделникот попладне (6.10), Европскиот Парламент се состана во Стразбур по вторпат по летната пауза. И директно се стигна до поентата. Францускиот шеф на десноесктремната група „Патриоти за Европа“, Жордан Бардела, ја обвини претседателката на Европската Комисија за недостиг на транспарентност, неуспех во миграциската политика и губење на конкурентноста поради нејзината климатска политика. Царинскиот договор со САД ...
Легендарниот пејач, изведувач на народна музика, Халид Бешлиќ, еден од великаните на регионалната музичка сцена, почина во вторникот (7 октомври) во Сараево, на 72-годишна возраст. Веста за заминувањето на уметникот, чиј глас повеќе од четири децении ги придружуваше многумина во моменти на радост и тага, го потресе целиот регион – од Босна и Херцеговина, преку Хрватска и Србија, па сè до дијаспората. Халид Бешлиќ е роден на 20 ноември 1953 ...
Вербалните препукнувања меѓу партиите во предизборниот период, кулминираа и со физички пресметки и инциденти коишто фрлија сенка на кампањата за локалните избориво Македонија. Партиите го осудија пукањето во Куманово, каде беше ранет кандидатот за советник на ДУИ во Липково, Зекрија Шаини и ги повикаа граѓаните на смиреност. ДУИ во знак на солидарност со нивниот повреден кандидат и носител на листата во Општина Липково, одлучи да ги прекине сите ...
Два старечки домови во Скопје се најдоа под лупа на институциите поради сомнежи за нехуман и суров третман на штитениците. По пријава на МВР, Обвинителството ќе истражува што се случувало во приватните домови за згрижување на стари лица во населбите Бутел и Центар, за каде се добиени сознанија дека семејствата плаќале многу, а нивните најмили не го добивале соодветниот третман. Напротив, според полициската пријава, им била делена расипана храна, ...
Кога политичката пензионерка Ангела Меркел ќе се јави за збор, таа е внимателно слушана. Особено кога станува збор за позадината на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Меркел, која беше германска канцеларка до декември 2021 година, значително ја обликуваше европската политика кон Русија. Во интервју за независниот унгарски портал „Партизан“, Меркел зборуваше за последните месеци пред војната. Зборуваше како коронавирусот го ...
Грубите зборови во јавната сфера обично се карактеристични за послабите и инфериорните кои не можат да излезат на крај со поспособните и посилните од нив. Но ова правило како да не важи за изборната кампања што се одвива овие денови. ВМРО-ДПМНЕ која има пратеничка бројка за суверено владеење, а наспроти себе конкурент кој сѐ уште се бори да излезе од кризата по поразот во 2024, со сета жестина се нафрли на кандидатите и партиите кои не се дел од ...
Водителот на сатиричната информативна програма „Quotidien“ на француската телевизија во понеделникот вечерта (6.10) носеше црвен кловновски нос и држеше шарени жонглирачки топки. Во позадина свиреше циркуска музика, а на циркуски знак пишуваше „Франција“. Оваа симболика беше премногу очигледна, бидејќи француската политика се трансформираше во спектакл што е тешко да се разбере. А од тоа може да профитираат особено екстремистите. Денот започна ...
Минатата недела во Овалната соба се случи невообичаена сцена. Американскиот претседател Доналд Трамп беше исклучително зборлест и претеруваше додека го фалеше својот турски колега Реџеп Таип Ердоган пред новинарите: „Имаме добри односи. Тој работи многу добро во својата земја. Тој е многу почитуван човек. Сите го почитуваат. И јас го почитувам“. Но, меѓу пофалбите дојде барање што претставува голем економски и геополитички предизвик за Анкара: ...
Последниве неколку недели беа успешни за оние што поседуваат злато и биткоин во своите трговски портфолија. Двете стоки достигнаа рекордни вредности додека инвеститорите продолжуваат да ги поддржуваат. Златото ја проби границата од 3.900 долари (3.334 евра) за тројска унца оваа недела- тројска унца е мерна единица за благородни метали и изнесува 31,1 грам. Во меѓувреме, во неделата (5 октомври), најстарата и најпозната криптовалута во светот, ...