На избори кои можат да го обликуваат идниот пат на турско-кипарската заедница, а потенцијално и на целиот Кипар, турските Кипарци го избраа својот нов лидер. 55-годишниот умерен политичар Туфан Ерхурман е поддржан од левичарската партија ЦТП, помали прогресивни партии и синдикати. Тој го победи својот ривал, досегашниот претседател на „Турската Република Северен Кипар“ (ТРСК), Ерсин Татар, освојувајќи 62,8% од гласовите наспроти 35,5% за Татар. ...

Европа добива нови прописи за возачки дозволи, кои се изгласани на денешното гласање во Европскиот парламент. Ова е последното гласање пред правилата да бидат имплементирани од страна на владите на ЕУ. Сепак, тие ќе имаат одреден национален маневарски простор. Целта на новите прописи е униформност на ЕУ, особено во безбедносните прашања. „Имаме 20.000 смртни случаи на патиштата секоја година во ЕУ - премногу“, објаснува италијанскиот ...

Главниот град - Скопје е затрупан во ѓубре меѓу два изборни круга, кога граѓаните гласаат токму за решенија коишто треба да го подобрат нивниот живот. Контејнерите во повеќе скопски населби се преполни со ѓубре, коешто се остава каде што ќе се стигне. Со ѓубре се затрупани и пешачките патеки и улиците околу контејнерите, со што е отежнато движењето на граѓаните. Тие бурно реагираат и преку објави на социјалните мрежи бараат итно решавање на ...

ВМРО-ДПМНЕ прогласи „историска победа“на локалните избори во Македонија, Коалицијата Влен порача дека е втора политичка сила во државата. Опозициската СДСМ прави анализи на изборните резултати во споредба со изминатите години, а Левица зема залет пред вториот круг на локалните избори, каде влезе во главната трка за Градот Скопје, со кандидатот Амар Мециновиќ, кој ќе ги измери силите со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Два дена по ...

По првиот круг на локалните избори едно е сигурно: се менува партиската структура на опозицијата. Со освоени три наспроти 33 градоначалници на ривалската ВМРО-ДПМНЕ, доскорешната проевропска партија на власт СДСМ е на пат да стане неважна во македонската политика. ВМРО-ДПМНЕ е во водство уште во 21 општина, а СДСМ во пет, и ако се задржи трендот и во вториот круг, СДСМ во најдобра варијанта ќе заврши со резултат од осум градоначалници, а ...

„Велат дека кога одиш во Бетанија, се збогуваш со своето достоинство. Дали е тоа нормално?“, го раскажува една жена своето искуство во породилиштето во Нови Сад. Друга мајка од Србија вели: „Во моето село повеќе се грижат за кравите отколку што лекарите се грижеа за мене“. „Никогаш никому не му ја покажав мојата прва слика со бебето, бидејќи на таа слика изгледам како полужив човек. Во мојот крај би рекле - како да сум му избегала на гробарот од ...

Историска победа - вака владејачката ВМРО-ДПМНЕ го оцени првиот круг од локалните избори во Македонија, којшто заврши со голема победа во која партијата доби дури 32 градоначалнички места. Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, каде кандидатот на владејачката партија има 50 отсто освоени гласови, што е на границата на потребни гласови за победа во првиот круг. Кој е победник, а кој е губитник? „Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го потврди барањето за неодложен прекин на огнот во Украина долж сегашната линија на фронтот. За да се стави крај на борбите, фронтовската линија треба да биде замрзната, а со тоа и поделбата на источниот регион Донбас. Русија и Украина треба да останат таму каде што актуелно се наоѓаат нивните сили, сè друго би било „многу тешко да се испреговара“, порача Трамп пред новинарите на лет со владиониот авион. ...

Актуелните земји-кандидати за членство би можеле да и се приклучат на Европската Унија без да добијат полни права на глас, пишува Политико во анализа на новиот предлог кој треба да и даде нов замав на политиката за проширување на ЕУ. Според Политико, предлогот за промена на правилата за членство во ЕУ е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите постојни членки, според тројца европски дипломати и еден официјален претставник на ЕУ ...

Од досега обработени 99,79 проценти од гласачките ливчиња, односно во 3.469 oд вкупно 3.474 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во убедливо водство во 53 општини низ државата, коалицијата „Вреди“ води во 9, СДСМ во 8, коалицијата НАИ предводена од ДУИ води во 5 општини и Демократската партија на Турците има предност во една општина, објави ДИК. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и на Левица, Амар Мециновиќ влегуваат во вториот ...

Знаете ли дека Гоце Смилевски е автор на романот „Последната ноќ во Париз” и дека Петар Андоновски напишал роман со наслов „Големата војна”? Не изненадува дека тоа не го знаеме јас и вие, читателите, туку дека тоа сигурно не го знаат ниту Гоце ниту Петар! Како дојдов до ова „откритие”? Благодарение на мојата навика, одвреме-навреме, да проверувам што сѐ се пишува во германскиот интернет за македонската литература.Така, вчера изутрината налетав ...

Четириесет и четири општини во Македонија добија градоначалници уште во првиот круг од локалните избори во земјата. Во 33 општини, кандидатите ќе бараат втора среќаво вториот круг којшто треба да се одржи на 2 ноември. Со оглед на тоа дека уште трае пребројувањето на гласовите во одредени изборни места, неизвесно е дали во Старо Нагоричане ќе има втор круг, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Славковски има 50% од гласовите од 99,83% од ...

Многу Французи реагираа со неверување на веста за спектакуларниот грабеж. „Па нели е скандалозно што некој може едноставно да си ги земе скапоценостите на француската круна ако се појави со платформа за кревање и се прикраде низ прозорец и сето тоа среде центарот на Париз?!“, вели еден млад човек пред Лувр. И во француската политика многумина се бесни. Од деснонационалистичката партија „Национален собир“ велат дека тоа е понижување за Франција, ...

Историска победа - вака кандидатите за градоначалници, но и партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ ги оценија првичните податоци добиени од аналитичките центри за изборните резултати од првиот круг на локалните избори во Македонија. Партијата, повикувајќи се на податоци од нивниот аналитички центар, објави дека се избрани градоначалници во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе, а дека на прагот е огромна победа во Струмица. Пред партискиот ...

Македонија гласаше на осмите по ред локални избори во земјата. Во 19 часот се затворија вратите на 3.474 избирачки места, на кои имаа право да гласаат 1.832.415 граѓани во земјата, по што започна пребројувањето на гласовите. Првичните проценки се дека изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера. Податоците од Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат пад на излезноста во однос на локалните избори во 2021 година, а неизвесна е и ...

До 15 часот излезноста на локалните избори во Македонија е 31,16 проценти, односно гласале 515.069 граѓани, информираше Државната изборна комисија, врз основа на добиени податоци од 91,16% од избирачките места. Најголема излезност и понатаму има во Чашка - 53,19% и во Новаци (52,84%), а најмал одзив во Врапчиште - 14,94% и во Центар Жупа 17,12%. Во Град Скопје излезноста е 31,16 проценти. Кандидатите на една листа на независни за Општина Центар ...

Крадци вооружени со електрични алати го ограбија Лувр во неделата, одземајќи дел од бесценетиот кралски накит на Франција во дрска кражба што траела само седум минути и се случила сред бел ден, соопштија официјални лица и извори. Властите пронајдоа круна од 19 век украсена со скапоцени камења – оштетена – во близина на музејот, но сторителите сè уште се во бегство и предмет на полициска потера. Спектакуларната кражба, една од неколкуте што ги ...

Македонските граѓани по осми пат гласаат на локални избори во земјата. Во 7 часот изутрината вратите ги отворија 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот имаат право да гласаат 1.832.415 граѓани во Македонија. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање на локалните избори генерално се одвива без проблеми. Но, гласањето на две избирачки места во Куманово и во Штип, се ...

Северна Македонија е на прагот да се приклучи кон земјите кои и официјално ја воведуваат вештачката интелигенција (ВИ) во секојдневното функционирање. Веста ја донесе претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен најавувајќи фабрика за вештачка интелигенција во нашата земја, а ја потврди и македонската Влада означувајќи го почетокот на проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција. ДВ разговараше со д-р Анис ...

Огромен број луѓе излегоа на улиците во сите 50 американски сојузни држави на протестите „Без кралеви“ во саботата, изразувајќи гнев поради политиките на претседателот Доналд Трамп. Републиканците ги исмеваа и критикуваа митинзите нарекувајќи ги „Мрази ја Америка“. Организаторите изјавија дека седум милиони луѓе марширале на протести од Њујорк до Лос Анџелес, со демонстрации и во мали градови низ срцето на САД, па дури и во близина на домот на ...

Германскиот канцелар мора внимателно да ги бира зборовите. Додека Фридрих Мерц како лидер на опозицијата беше познат по своите остри изјави, сега тој претежно е воздржан. Сепак, неделава канцеларот даде изјава која привлекува внимание бидејќи нејзиниот досег е поголем отколку што звучи на прв поглед. На настан во Бранденбург во вторникот (14 октомври, 2025), тој рече дека неговата влада постигнала многу во однос на миграцијата и го намалила ...

Додека германската влада подготвува нов закон за доброволна воена служба, бројот на луѓе кои прашуваат за правото на приговор на совеста се зголемува. Советодавните центри во Германија бележат зголемување на интересот, особено кога во медиумите сè повеќе се известува за воена служба и регрутација. „Добиваме сè повеќе и повеќе прашања, особено кога во јавноста се зборува за воената служба“, вели Михаел Шулце фон Гласер од Друштвото за мир - ...

Британскиот принц Ендру, кој е длабоко погоден од скандалот со сексуалниот престапник Џефри Епстин, се откажува од преостанатите кралски титули и должности. 65-годишникот го соопшти ова преку објава од кралската палата. Во разговорите со кралот Чарлс Трети и неговото семејство, тие заеднички заклучиле дека „тековните обвинувања против мене се одвлекување на вниманието од работата на Неговото Височество и кралското семејство“, соопшти Ендру, ...

Датумот на мировните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на Кремљ, Владимир Путин во унгарската престолнина сè уште не е одреден. Но, премиерот Виктор Орбан веќе го слави целиот настан во своите медиуми. Орбан е многу активен на платформата X, меѓу другите платформи. Таму, тој се претставува во својот личен профил како „борец за мир, сопруг, татко, дедо и премиер на Унгарија“. Притоа, „борец за мир“ стои на прво место. ...

Секое утро, камиони за отпад се движат низ албанската престолнина, Тирана, пред да се упатат кон депонијата Шара- растечка планина од отпад на периферијата на градот. Седум години откако владата вети изградба на современ погон за претворање отпад во енергија, проектот останува незавршен и под истрага за корупција. Тирана, дом на речиси еден милион луѓе, што претставува околу една третина од вкупното население на Албанија, генерира речиси ...

Американскиот претседател Доналд Трамп засега нема да ѝ испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина: „Се надеваме дека Украина воопшто нема да има потреба од ова оружје", изјави Трамп во петокот за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа. „Се надеваме дека ќе можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за 'Томахавк'“, рече Трамп. Американскиот претседател повторно изрази увереност дека може ...

Изгледа како апсолвирана вистина дека без новинарството, тој слободен глас што го чекааат граѓаните во кое било општество, нема вистинска слобода. Ако новинарството е слободно и без ограничувања. И кое речиси секаде го анализира и става под лупа практицирањето на власта на оние што раководат во одредена држава. Не треба да имате никаква дилема – новинарите и политичарите не се пријатели, тие може да имаат добри односи, па дури и да се блиски. ...

Учесниците во изборите ги испраќаат последните пораки, ветувања и повици до избирачите во кампањата која завршува вечерва на полноќ и на 18 -ти октомври почнува изборниот молк кој ќе трае до денот на гласањето на локалните избори, 19-ти октомври. Во партиските штабови се прават последните проекции - каде би можеле да го подобрат резултатот од претходните избори, каде би можело да има изненадувања во спротивна насока. Зад нив остана една прилично ...

Ова е време на мешани емоции во Израел. Телата на 28 мртви заложници Хамас сè уште не ги врати. Во исто време, постои радост поради ослободувањето на преостанатите 20 преживеани заложници кои беа држени во заробеништво во Газа две години. Сепак, првите сведоштва за нивното време во заложништво се потресни. Откако стапи на сила прекинот на огнот и заложниците беа ослободени, телевизиските и радио станиците низ Израел континуирано емитуваат ...

Полицијата в недела со мобилни тимови и дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места за време на локалните избори во Македонија. На 19 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки ќе има полициско присуство со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. „Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
73%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
8.27
83%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
93%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
83%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Кобалт

55.67

Калај

40.11

Никел

471972.96

Цинк

3.24

Злато

135322.28

Паладиум

45879.12

Платина

53106.37

Алуминиум

2.89

Рутениум

29192.88

Бакар

10.76

Родиум

255598.44

Сребро

1837.41