
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Вербалните закани и напади врз здравствените работници не престануваат, но лекарите најчесто молчат за нив. Лани во Лекарската комора се пријавени четири напади, но годината ќе се памети и по убиството на доктор што се случи во скопската населба Железара, а што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела. Во 2023 година, пак, имаше три пријави за насилство, што е далеку од реалната состојба. Алармантен е бројот на случаи каде што ...
Трите југословенски војни од 1990-тите - во Хрватска (1991-95), Босна и Херцеговина (1992-95) и Косово (1999) - конечно беа завршени под водство на САД. Оттогаш, мирот го гарантираат две воени мисии предводени од Европската Унија и НАТО: едниот во Косово и другата во БиХ. Меѓутоа, состојбата на Западен Балкан континуирано се влошува повеќе од две години. Спиралата на насилство започна во декември 2022 година. Откако претставниците на српското ...
Спектакуларен пресврт по американско-украинските разговори во Саудиска Арабија: САД повторно почнаа со воена и разузнавачка помош за Украина, беше потврдено во Киев. „Договорите се спроведуваат“, објави на Фејсбук Палво Палис, заменик началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Пресвртот дојде откако Украина, на разговорите во саудискиот град Џеда, се согласи на едномесечен прекин на огнот предложен од САД, во ...
Девет амбасадори од македонскиот дипломатски корпус оваа пролет се враќаат дома. Во услови кога светот се соочува со тектонски не промени туку потреси во геополитиката, Северна Македонија прави големи рокади во својата дипломатија. На прв поглед тоа е разбирливо бидејќи јазот меѓу Европа и САД се продлабочи по враќањето на претседателот Доналд Трамп во Белата Куќа, а нашата држава јасно застана зад новата американска администрација во услови ...
Македонското собрание по неколкучасовна расправа им изгласа недоверба на петмина членови на Судскиот совет избрани од парламентот, откако мнозинството пратеници ја поддржаа интерпелацијата на Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Аргументите за ваквата одлука беа дека „членовите на Судскиот совет имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во Саудиска Арабија, каде треба да се сретнат на преговори делегациите од Украина и од САД. Ако сѐ оди според планот, ова ќе биде прва украинско-американска средба по судирот на двајцата претседатели во Белата куќа на 28 февруари. Таму, американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс го обвинија Зеленски за неблагодарност за американската помош за Украина и ...
Тринаесет лица се опфатени со вчерашната координирана акцијата на надлежните институции против компании и поединци инволвирани во сомнителна набавка на горива штетни за здравјето на граѓаните и животната средина. Во текот на постапките за набавка и дистрибуција на горива со недзоволено ниво на сулфур, лицата инволвирани во синџирот биле заштитувани од одредени центри на моќ. Неофицијално, од извори во истражните активности, се дознава дека биле ...
Лена денес има 21 година. Таа не сака да зборува за локдауните за време на пандемијата и како и многу други, не сака да се потсетува на времето на коронавирусот. Лена сега- студира, отсекогаш сакала да стане учителка. Но повеќе не, вели таа во интервју за ДВ. Таа била добар ученик додека училиштето сè уште ѝ правело задоволство. Пред пандемијата. „Таа целосно ни ги украде животите“, налутено вели Лена. „Не можевме веќе да се гледаме со нашите ...
Позицијата на Украина За Украина, следните неколку недели може да бидат клучни - се работи за надеж дека нема да се изгуби војната и да се постигне договор што ќе го обезбеди нејзиниот опстанок како независна и суверена држава. Сепак, Украина е подалеку од кога било од исполнувањето на своите барања засновани на меѓународното право. Изгледите за враќање на нејзиниот територијален интегритет - односно враќање на суверенитетот над Крим, како и ...
Јавниот долг во Северна Македонија значително е зголемен и сега е на 62,4 проценти од БДП што е 14 проценти над нивото од пред пандемијата. Ова се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата кои во просек изнесуваат 5 проценти годишно, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи на презентацијата за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет, пред членовите на ...
Северна Македонија останува високо на листата на најзагадени градови во Европа и во светот. Последниот извештај којшто го објави швајцарската компанија IQAir за периодот од 2018 до 2024 година ја рангираше земјата на 35 место од 138 земји, со просечна концентрација на ПМ2,5 честички од 23,3 микрограми на метар кубен. Ситуацијата е за нијанса подобра од минатата година, кога просечната концентрација на штетни честички била 25.2, додека најлоши ...
Најголемиот остров на светот е дел од Данска, но ужива широка автономија. Со Данска ја дели само надворешната политика, безбедноста и финансиите, но дури и тоа со свои специфики. Гренланд уште во 1985 година одлучи дека не сака да биде членка на Европската економска заедница или на Европската унија, како што е Данска. До сега ретко кого на светот го интересираше исходот од регионалните избори на кои околу шеесет илјади граѓани на Гренланд ...
„Полското претседавање со ЕУ се случува во сложен геополитички контекст. Проширувањето на ЕУ кон двата правци, и во правец кон Западен Балкан и во правец кон Истокот е процес којшто заемно не зацврстува и нашите намери се целосно во согласност со оние на Советот на ЕУ“, порача полскиот амбасадор Мариуш Бримора, изложувајќи ги приоритетите на полското претседателство со ЕУ, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции на Северна ...
Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе побара помош од помош од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и нивно вклучување во процесите во земјата, но и пред Европската комисија, поради изминатите месеци зачестија нападите врз оваа синдикална организација. „Само во држави кадешто има режим се напаѓаат синдикатите, а последен таков пример е Белорусија. Доколку Македонија сака да биде Белорусија, а не дел ...
„Навистина, живеам во мрачни времиња. Наивниот збор е глупав. Челото без брчки од грижа, сведочи за нечувствителност. Тој што се смее, уште не ја примил стравотната порака. Какви ли времиња се тие, во кои разговорот за дрвјата е речиси злочин, бидејќи го вклучува во себе молкот за толку многу злодела?” Овие зборови се напишани пред безмалку еден век, иако се читаат како дијагноза за нашето време. Тие се првата строфа од поемата на Бертолд Брехт, ...
Веќе еден ден по постигнувањето договор од на сондирачките разговори меѓу демохристијаните и социјалдемократите, извршниот одбор на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и раководството на Социјалдемократската партија (СПД) едногласно ја потврдија намерата за почеток на коалициски преговори. Денеска (10 март, 2025 година) едногласна одлука за почеток на коалициските преговори донесе и раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Потоа ...
ВМРО-ДПМНЕ ја заостри реториката кон поранешниот претседател Стево Пендаровски, откако тој во телевизиско гостување на ТВ Сител ги критикуваше потезите на Владата во однос на надворешната политика и одлуката да се „истрчаат“ и да застанат како коспонзор зад резолуцијата на САД за Украина. Тој изрази загриженост поради тоа што владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски се позиционирала близу новата администрација на Доналд Трамп, а ...
Клучна реченица во новиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ) на прв поглед изненадува - глобалниот извоз на оружје стагнира во споредба со периодот од 2010 до 2019 година. Но, кога се анализираат поединечни земји, драматичните геополитички промени стануваат очигледни. Украина сега, во петгодишниот период од 2020 до 2024 година, е најголемиот купувач на тешко наоружување во светот. Споредено со годините ...
По околу една недела сондирања, Унијата (партиите ЦДУ/ЦСУ) и СПД одлучија да започнат коалициски преговори. Сондирањата беа завршени во добра и колегијална атмосфера, изјави на прес конференција во Берлин денеска (08.03.2025) лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц. Постигнат е договор и за прашањето за миграцијата. Според Мерц, двете страни веќе се договориле за построга миграциска политика, која опфаќа и враќање на барателите на азил уште на границите на ...
Првите недели од второто претседателствување на Доналд Трамп веќе го потврдија насловот на „Њујорк тајмс" од денот на неговото преземање на функцијата дека „главниот за зделки се врати“. И во надворешната политика како да се кристализира дека „саканите зделки“ ќе останат лајтмотивот на Трамп. Тоа на пример значи дека Украина треба да продолжи да добива американска воена помош, доколку за возврат им овозможат на САД пристап до своите суровини ...
Партиите од Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и Социјалдемократите веќе ја отстранија најголемата пречка: во нивните сондирачки разговори пред формирањето на можна владејачка коалиција, тие се договорија за огромен финансиски пакет за зајакнување на вооружените сили и економијата. Но, и натаму има длабоки јазови - и повреди од изборната кампања. СПД го обвини лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц дека го прекршил зборот и табуто поради заедничкото гласање во ...
Арапскиот план покажува „реален пат за обнова“ на Појасот Газа, се вели во заедничката изјава објавена од германското Министерство за надворешни работи во саботата. Доколку се спроведе, планот ветува и „брзо и трајно подобрување на катастрофалните услови за живот на Палестинците кои живеат во Појасот Газа“. Напорите за обнова мора да се одвиваат во „здрава политичка и безбедносна рамка“ која е прифатлива и за Израелците и за Палестинците и која ...
Во руските напади врз источниот украински регион Доњецк доцна во петокот загинаа најмалку четиринаесет лица, соопшти Министерството за внатрешни работи од Киев. Со тоа е зголемен првичниот број од единаесет загинати, кој претходно го соопшти украинската спасувачка служба на онлајн сервисот Телеграм. Гувернерот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, првично по нападот јави за најмалку четири мртви. Покрај тоа, бројот на повредени по нападот во ...
Европа е дом на над 21.500 волци (Canis lupus), кои во се поголем број ги има во повеќе европски земји. Но, како што се зголемува бројот на волци во Европа, така опаѓа нивната бројност на Балканот. Особено е забележано намалено присуство на волците во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека е непознато каква е ситуацијата во Косово. Ова се посочува во најновата студија објавена од тим истражувачи на 25 февруари 2025 година. ...
Илјадници научници во САД демонстрираа против владата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во Вашингтон, Њујорк и други градови тие протестираа против кратењето на буџетите за истражување, укинувањето на работните места и сомневањата за научните наоди. Протестите се одржаа под мотото „Крени се за науката“. На митингот во Вашингтон, вработена во вселенската агенција НАСА држеше транспарент на кој пишуваше „Среќно да стигнете до Марс без ...
Генерално, приказната за ДУИ откако се состави новата влада е приказна на блага конфузија. Уште во последните десетина денови од кампањата за изборите во мај 2024 ДУИ го загуби наративот. Некој ќе каже дека се врати на основните пораки од револуционерните години на партијата, но тоа беше главно рециклажа на работите за кои и самата тврдеше дека во голема мерка се завршени. А кога рециклираш стари работи тие ја немаат свежината на оригиналот, па ...
Скандалот во Белата куќа не ги уништи односите меѓу САД и Европската унија, но сериозно ги разниша. Откако Доналд Трамп и неговиот потпретседател пред камери, во живо, му упатија крајно груби забелешки на украинскиот претседател Володимир Зеленски, САД привремено ја прекинаа и испораката на оружје. Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта сакаше да се спротивстави на ова и испрати покана за вонреден самит на Унијата. Дали САД се сѐ уште ...
Осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите. Кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто, вели директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. Освен клуч на врата, тие ќе бидат и парично казнети. „Се работи на уште 30 предмети во кои се опфатени сите големи маркети. Инспекторите се ...
Старата констатација на Макрон дека НАТО е во церебрална смрт, види иронија, на крај се сврте против Европа. Соочена со испитот на војната, Европа се покажа како неспособна и неупотреблива во нејзиното разрешување. Во три години од украинскиот конфликт Брисел не знаеше како да предложи ембрионален предлог за мир, нешто што не знае ни денес како да го оствари. Родена во сенката на НАТО, како ребро од евроатлантскиот мир, зачната во мир и ...
Паркингот на Клинички центар во Скопје би можел да стане „златна кокошка“ за компанија од Албанија, којашто е заинтересирана да стопанисува со него во наредните 20 години. Веста којашто ја објави „Призма“ деновиве предизвика низа реакции и наметна бројни прашања во јавноста зошто паркингот се дава на стопанисување на странска компанија. Партијата Левица реагираше дека е скандалозно што Северна Македонија нема 10 милиони евра да инвестира во ...