Белград
12ᴼ /
12ᴼ
Од 1989 година, на 9 ноември се потсетува на настанот што го промени светот: падот на Берлинскиот ѕид. На 3 октомври 1990 година, Германија беше повторно обединета по 41 година поделба. Со исчезнувањето на втората диктатура на германско тло, со крајот на ГДР, од политичката карта исчезна целиот реал-социјалистички табор во Европа. Конфликтот Исток-Запад беше завршен. 9 ноември 1989 година беше судбоносен ден во историјата на Германија и Европа. ...
Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на старосната граница за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот е одговор на порастот на смртоносното насилство меѓу бандите. Полицијата тврди дека криминалните мрежи за изведување пукотници и транспорт на оружје сè повеќе регрутираат деца, бидејќи децата под 15 години не можат да бидат гонети. Владата во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ одобри на Унгарија привремено ослободување од енергетските санкции против Русија. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петокот, по состанокот меѓу Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа, зборуваше за „сеопфатно и неограничено ослободување од санкциите за нафта и гас“ што САД ѝ го доделиле на Унгарија. Но, функционер на американската влада изјави за новинската ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ одобри на Унгарија привремено ослободување од енергетските санкции против Русија. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петокот, по состанокот меѓу Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа, зборуваше за „сеопфатно и неограничено ослободување од санкциите за нафта и гас“ што САД ѝ го доделиле на Унгарија. Но, функционер на американската влада изјави за новинската ...
Каде ќе биде лоцирана одговорноста за изборниот пораз, дали партискиот претседател може да се изземе од неа, како СДСМ да излезе од политичката анемија и да си ја врати нејзината идеолошка есенција? Ова се само дел од прашањата за кои поддржувачите на партијата бараат јасни одговори, а истите ќе ги бара и СДСМ. Во периодот пред најавената интроспекција за изборниот исход, владее одредена воздржаност во првата постава на партијата. Досегашната ...
Хиба Каузер, советник од редовите на СПД во Офенбах, ниту секунда не размислувала дали да го потпише отвореното писмо до Фридрих Мерц - 60 познати жени во него бараат од канцеларот загриженоста за „ќерките“ да ја претвори во дела. Во писмото се вели дела „би сакале да разговараме за безбедноста на ќерките, односно жените. Но, ние тоа сакаме да го сториме сериозно и да не го користиме како евтин изговор за оправдување на расистички наративи. ...
Луксузен хотел место армиска зграда Парламентот на Србија во петокот изгласа посебен закон за забрзано уривање на разурнатата зграда на Генералштабот на Југословенската армија, лоцирана во центарот на Белград. На оваа локација е планиран луксузен хотел поддржан од Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. Проектот за хотел на семејството Трамп во Србија отвора прашања за културна заштита, политичко влијание и јавен интерес. Додека властите го ...
Кога претседателите на Сојузната служба за заштита на Уставот (БфВ) зборуваат за закани за внатрешната безбедност на Германија, речиси секогаш станува збор за политички и религиозно мотивиран екстремизам. Но, од нападот на Русија врз Украина, во ниту еден говор не недостасува споменувањето на она што во стручниот жаргон се нарекува хибридна закана. Секојдневни закани: саботажа, шпионажа, сајбер-напади Синан Селен, актуелен шеф на разузнавачката ...
Брза железничка врска за граѓаните Патувањето од Зелениково до центарот на Скопје ќе трае само 25 минути, благодарение на проектот „Градски воз“. Првата фаза опфаќа ремонт на пруга од 24,5 километри, со седум железнички станици кои ќе овозможат побрз, поефикасен и поеколошки транспорт. Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, информираше дека пругата е целосно електрифицирана, што значи дека дизел-возовите нема да влегуваат ...
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, веднаш по симболичното предавање на функцијата од досегашната градоначалничка Данела Арсовска, започна со реализација на своето изборно ветување — чистење на главниот град, кој со месеци беше затрупан во ѓубре. Неговиот пример го следеше и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој започна со празнење на преполните контејнери во општината, кои претставуваа потенцијална опасност за здравјето на ...
Изјава на германскиот канцелар Фридрих Мерц за миграцијата и јавната безбедност предизвикува поделени мислења во Германија веќе неколку недели. Во средината од октомври, Мерц изјави дека сојузната влада ги коригира претходните пропусти во миграциската политика и постигнува напредок, „но секако, сè уште го имаме овој проблем во сликата на градот и затоа министерот за внатрешни работи работи на тоа да овозможи и спроведе враќања (на мигранти, ...
Геополитички предизвици и европска перспектива „Се соочуваме со геополитички пејзаж кој брзо се менува, и само со обединување на Европа ќе обезбедиме и мир и просперитет на континентот“, порача евроамбасадорот Михалис Рокас на прес-конференцијата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Владата. Потреба од поодлучни реформи По едночасовната средба, на која се дискутираше за најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на ...
Руската инвазија на Украина влијаеше врз безбедносната политика на Германија. Берлин оттогаш се обидува да ја поддржи Украина, а истовремено и да ги зајакне сопствените одбранбени капацитети. „Војната во Украина покажа дека НАТО не располага со доволни производствени капацитети. Од почетокот на војната, особено европските земји се обидуваат да го зголемат своето производство“, вели турскиот аналитичар за одбрана Чаглар Курч. За да ја задоволи ...
Премиерот Христијан Мицкоски го оцени најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон Европската Унија како генерално позитивен, но не се согласува со делот каде се наведува дека некои земји се пред Македонија. „Ние сме многу пред Албанија кога ќе се анализира состојбата на државите – кој е спремен, кој не е. Објективно, Црна Гора е прва, потоа сме ние и Србија, а потоа следуваат Албанија, БиХ, Косово“, изјави Мицкоски, ...
На железничката станица Ѓуешево, Македонија и Бугарија официјално го потпишаа договорот за изградба на железничкиот Коридор 8. Потписници на договорот се македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, и бугарскиот министер за регионален развој Гроздан Караџов. Со овој чекор, двете земји се обврзаа на директно железничко поврзување меѓу главните градови Скопје и Софија, што ќе придонесе за значајни социјални и економски ...
Сета моќ во рацете на Белата куќа – една година по изборите во САД, Доналд Трамп го спроведе во пракса ваквиот концепт. Со помош на декрети во кои претседателот се повикува на национална вонредна состојба, уште во првите месеци од мандатот Трамп се погрижи за отпуштање на стотици илјади државни службеници и притворање на имигранти без судска постапка. Покрај тоа, произволно воведе царини, ги укина прописите за заштита на потрошувачите и ...
Не стивнуваат реакциите по извештајот на Европската комисија Не стивнуваат реакциите по најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, во кој беше посочено дека корупцијата, судството и енергетиката се трите најголеми предизвици со кои се соочува земјата. Откако лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, оцени дека земјата го добила „најлошиот извештај во последните десет години“, свој став изнесе и словенечката ...
Дали навистина ќе следи темелна реформа во партијата или се ќе заврши со козметичка, како досега? Прашањето оди на адреса на ДУИ, која на неодамнешната седница на Централното претседателство донесе одлука за формирање Организациски одбор за партискиот Конгрес кој треба да се одржи до 20-ти декември. Ваквите подготовки ги вжештуваат прогнозите за тоа кои лица би останале надвор од најтесниот круг на одлучување, но партиски извори велат да не се ...
Разликите меѓу министерот за надворешни работи Јохан Вадефул и канцеларот Фридрих Мерц во меѓувреме се евидентни. Сириските бегалци што живеат во Германија на краток рок не може да се вратат во нивната татковина. „Тука човек едвај да може да живее достоинствено“, оцени Вадефул за време на неодамнешната посета на предградие на Дамаск, тешко погодено од сириската братоубиствена војна. Наспроти него, канцеларот смета дека „граѓанската војна во ...
Зошто Њујорк мисли на сиромашните, а Скопје не? Зошто, во најбогатиот град на најбогатата земја на светот, градоначалникот водеше кампања со фокус на сиромашните и обесправените, а во Скопје тие категории луѓе останаа невидливи за политичките елити во кампањата за локалните избори? „Ќе бидам градоначалник на најбогатиот град во најбогатата држава на светот“, рече Зохран Мамдани (Кој е Зохран Мамдани?) новата ѕвезда на политичкото небо на ...
Поради скандал со секс-кукли што личат на деца, француската влада има намера привремено да го суспендира контроверзниот онлајн трговец Шиин (Shein). Владата покрена соодветна постапка, соопшти кабинетот на премиерот Себастијан Лекорну. Платформата ќе остане блокирана во Франција сè додека компанијата не докаже демонстративно дека е усогласена со француските закони. Надлежните министри треба да поднесат меѓуизвештај во рок од 48 часа. Објавата, ...
Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години, оцени лидерот на СДСМ, Венко Филипче, коментирајќи го најновиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ. Регионот, според него, оди сериозно напред, а земјата ризикува да остане слепо црево на Балканот. Младите ја гледаат состојбата и иднината ја бараат надвор, порача Филипче. Сериозен аларм Претседателот на СДСМ смета дека Извештајот на Европската комисија ...
„Зоки Поки“, „Грдото пајче“, „Касни - порасни“, „Волшебникот од Оз“, „Итар Пејо“, „Петар Пан“ се само дел од лектирите коишто се најдоа на предлог-списокот на Министерството за образование (МОН) коешто ќе прави „проветрување“ на книгите коишто треба да ги читаат учениците од второ до деветто одделение. На листата се најдоа десетици нови наслови на книги, но битката против заборавот сѐ уште ја водат и „Хајди“, „Белото циганче“, „Децата од ...
Германија со години наназад е најзначајниот партнер на Македонија во стоковата размена, што го потврдуваат и најновите статистички податоци. Државниот завод за статистика информираше дека во периодот од јануари до септември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија. Вкупниот обем на размената со Германија е над три милијарди евра, од кои 2,2 милијарди се извоз, а над 848 милиони евра ...
Градот Покровск во регионот Доњецк долго време е жариште на линијата на фронтот на руско-украинската војна. Таму се водат тешки борби повеќе од една година, а во последните месеци се прелеаја и на улиците. Во јули, Русите почнаа постепено да се инфилтрираат во градот, вели за ДВ еден украински пилот на беспилотни летала. Притоа, многу е тешко да се откријат руските војници. Тие бараат премини, чекаат поволни временски услови и влегуваат во ...
Најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија открива сериозни слабости во клучните области за пристапување кон ЕУ. И покрај одредени позитивни сигнали, земјата бележи минимален напредок и се соочува со системски проблеми кои го блокираат процесот на интеграција. Нема уставни измени, има политичка поларизација Северна Македонија сè уште не ги усвои уставните измени за вклучување на граѓаните кои се дел од други ...
Демократот Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк. Тој ќе биде првиот муслимански градоначалник на градот. Мамдани ги победи поранешниот гувернер Ендру Куомо и републиканецот Кертис Слиуа. На изборите гласаа повеќе од два милиони луѓе - што, според изборната комисија, е најголемата излезност од 1969 година. Досегашниот градоначалник, демократот Ерик Адамс, исто така, се кандидираше и покрај корупцискиот скандал, но ја ...
Под превезот на наративот за големи победи, фантастични резултати и неверојатни успеси, мислам дека за сите политички актери на овие локални избори има и релативно полоши вести од оние што бликаат од партиските прес-конференции – вести кои ги засилуваат нивните предизвици во периодот што доаѓа. Освен овие предизвици, кои партиите, во својот најдобар манир, секако ќе ги дочекаат со дефанзивен гард, локалните избори имаа и двослојно влијание: ...
Според документот, Северна Македонија сè уште не ги усвоила уставните измени за вклучување на граѓаните кои се дел од други народи, како Бугарите, што е обврска преземена со заклучоците на Советот од јули 2022 година. „Потребни се брзи и одлучни активности за исполнување на почетните критериуми и отворање на првиот кластер што е можно поскоро“, се наведува во извештајот на Европската комисија. Комесарката за проширување, Марта Кос при ...
,,Историјата ќе биде наклонета кон нас, затоа што ние имаме намера да ја напишеме“ - со оваа мисла од Винстон Черчил, Орце Ѓорѓиевски им се заблагодари на скопјани што го избраа за градоначалник. „Имаме јасен план, со стотици проекти во нашата програма“, им вети новиот градоначалник на жителите на главниот град. „Ви го давам мојот збор дека уште во првите 72 часа ќе го исчистиме цело Скопје. Ќе го претвориме Вардариште од депонија на срамот во ...