Премиерот Христијан Мицкоски смета дека нема опасност за македонските граѓани и бизнисите од глобалната нафтена криза предизвикана од воениот судир на Блискиот Исток. Во изјава за новинарите, Мицкоски рече дека државата во моментов нема какви било предизвици во ланецот на снабдување со нафта и нафтени деривати. Како што посочи, Македонија има најевтини горива во регионот, а со керозин од земјава се снабдуваат и неколку регионални аеродроми. ...

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче,испрати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија, како и до амбасадорите на земјите членки на ЕУ, за „сериозно нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“. Писмата следат откако премиеротХристијан Мицкоски на 15 април рече дека „има чувство дека набргу функционери од претходната ...

Под силен економски притисок поради блокадата на Ормускиот Теснец, западните партнери денеска во Париз се советуваат во врска со можна воена мисија по војната со Иран. Целта на конференцијата, иницирана од Франција и Велика Британија, на која учествува и германскиот канцелар Фридрих Мерц, е изработка на „мултинационален план“ за обезбедување на теснецот – кој, сепак, би можел да се спроведе само под одредени услови. За владата на Германија, ...

Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина и се спогодил со Обвинителството да одлежи казна затвор од една година и три месеци. Информацијата што ја објави порталот „Скопје1“ е потврдена за медиуми од Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Адвокатот Стафа беше лишен од слобода на 13-ти декември минатата година, а на 20-ти март годинава против него беше поднесен ...

Кога интелектуалците во Унгарија го опишуваа системот на соборениот премиер Виктор Орбан како „мафијашки“, странските набљудувачи честопати слушаа со скептицизам. Но, во текот на изминатите шеснаесет години, имаше постојано моменти кога ова беше само по себе очигледно. Еден таков момент беше бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија во ноември 2018 година. Кратко пред Груевски, пријател на Виктор Орбан, да ...

Весникот „Франкфуртер рундшау“, во подолг текст посветен на изборите во Бугарија и Румен Радев како фаворит на тие избори, пишува дека Радев доминира на социјалните медиуми во Бугарија со милиони прегледи, но дека експертите се сомневаат во неговата вистинска поддршка. Во текстот, меѓу другото, се вели: „Соборена влада, нова валута и информативен простор во кој границите меѓу вистинска поддршка и инсценирано масовно движење одамна се ...

Турските власти уапсија повеќе од 160 лица. Причината се два смртоносни напади со огнено оружје во училишта во рок од само два дена. Уапсените, меѓу другото, се обвинети за ширење погрешни информации и за величење на пукањата во училиштата оваа недела, соопшти турскиот министер за правда Акин Гурлек на платформата X. Гурлек вели дека 95 лица биле приведени затоа што, и покрај воведената забрана за информирање, ширеле слики и видеа поврзани со ...

Се чинеше дека ќе биде рутински разговор на почетокот на неделата, кога германскиот канцелар Фридрих Мерц телефонски се слушна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Потоа портпаролот на Мерц, Штефан Корнелиус преку електронска пошта ја сподели информацијата со јавноста. Последните две реченици гласеа дека „за време на разговорот, канцеларот изрази длабока загриженост заради развојот на настаните на палестинските територии. Де факто ...

По бројните критики, дебати и корекции, трите закони од областа на високото образование и науката влегоа во владина процедура. Станува збор за предлог-законот за високо образование, законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката и законот за научноистражувачка дејност. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека станува збор за системски реформи кои не се креирани зад затворени врати, туку во соработка со универзитетите и ...

Како ќе функционира блокадата на иранската нафта од страна на Трамп? Откако пропаднаа мировните разговори меѓу САД и Иран во Пакистан, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската морнарица ќе ги блокира бродовите што влегуваат или излегуваат од кое било иранско пристаниште или крајбрежен објект преку Ормускиот Теснец. До почетокот на војната кон крајот на февруари, една петтина од светската трговија со нафта по морски пат ...

По политичките промени во Унгарија и формирањето нова влада, и најавите дека тројца политичари, меѓу кои и поранешниот македонски премиер Никола Груевски, ќе треба да ја напуштат земјата, опозициската СДСМ предупредува на ризик од негово ново бегство, овојпат кон Русија или Белорусија. Идниот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека Унгарија ќе престане да биде засолниште за политичари бегалци. Тој посочи дека станува збор за Никола Груевски, ...

Чадот од депониите повторно го загадува воздухот и им предизвикува главоболки на граѓаните на Скопје.Две депонии гореа во средата (15.04) – една во Скопје и една во неговата околина, за што бил известен Центарот за управување со кризи (ЦУК). По седум месеци повторно се активираше пожар на депонијата „Вардариште“, додека со денови гори и депонијата во Арачиново, на излезот кон Грушино. Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ бараат ...

Во Унгарија еуфоријата по изборниот пораз на Виктор Орбан е огромна. Земјата, по крајот на комунистичката диктатура во 1989/90 година, се наоѓа пред својата втора системска промена. Победникот на изборите Петер Маѓар вели дека сега целта е да се „урне системот на Орбан“ и Унгарија повторно да стане „нормална, почитувана земја“ во Европа. Како Маѓар планира да го постигне тоа? Што е со неговиот имиџ дека во некои работи малку се разликува од ...

Според податоци собрани од Универзитетот во Тел Авив, бројот на луѓе убиени како резултат на антисемитско насилство во западните земји достигна рекордно високо ниво во 2025 година. Новиот извештај, објавен пред Денот на сеќавање на Холокаустот во Израел - 14 април, покажува дека минатата година 20 Евреи биле убиени во четири различни смртоносни напади, што е најголем број во последните повеќе од 30 години. Инцидентите со физичко насилство, ...

Груевски ги пакува куферите но никој не знае за каде. Тоа би било сумирањето на веста која дојде од Будимпешта по ненадејното спомнување на избеганиот македонски екс-премиер од страна на победникот на изборите и иден премиер на Унгарија, Петер Маѓар. Отровните стрели на Маѓар кон „кралот на корупцијата" кој се најде и на црната листа на САД, беа големо изненадување. Никој не очекуваше дека на првиот ден по изборната победа, наследникот на ...

Оданочувањето на доходот остварен во странство не претставува нова обврска и не станува збор за ретроактивно воведување данок, туку за примена на постојниот систем на самооданочување. Физичките лица се должни самостојно да го пријават доходот, особено кога истиот е остварен во странство. Ова е ставот на Управата за јавни приходи (УЈП), откако група граѓани повторно се собраа пред институцијата за да го искажат незадоволството од решенијата за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можно брзо завршување на Иранската војна, оценувајќи дека конфликтот е „речиси готов“. Во интервју за телевизијата Фокс Бизнис, чии извадоци беа објавени во вторникот по локално време, Трамп изјави дека војната се наоѓа при самиот крај. Претходно, американскиот претседател навести дека уште оваа недела би можело да продолжат разговорите за постигнување мировно решение. Во меѓувреме, Иран се закани ...

По бројни финансиски потешкотии, долгови, застарен возен парк и намален број вработени, македонската Влада најавува нов почеток за АД „Пошта“. Компанијата, за која во минатото имаше неколку обиди за приватизација, според најавите ќе остане во државна сопственост, но со засилување на нејзините капацитети со цел да стане современа, ефикасна и одржлива институција. Владата најавува 100 нови возила за Поштата Како прв чекор во овој процес, ...

Политичките промени во Унгарија повторно ја актуелизираа темата за можна екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски,кој од 2018 година се наоѓа во бегство во Будимпешта. Министерството за правда започна нова постапка за прибирање на неопходната документација од надлежните судови и обвинителството, во врска со предметите во кои Груевски е правосилно осуден, но и оние во кои сè уште се водат активни судски постапки. Станува збор за ...

Министерството за економија и труд во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажала дека во периодот од први февруари до први април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците. Граѓаните се почесто се жалат дека не можат да излезат на крај со ...

Американската поморска блокада на Ормускиот Tеснец, најавена од претседателот Доналд Трамп кратко по пропаѓањето на разговорите со Иран во Исламабад за време на викендот, стапи во сила во понеделник (13.04). САД соопштија дека ќе ги блокираат бродовите да влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. Овој потег, кој доаѓа откако Иран фактички го затвори тесниот поморски премин како одговор на американско-израелските воздушни напади што ...

Војната со Иран поттикна и ескалација меѓу Израел и проиранскиот Хезболах во Либан. По повеќе од шест недели војна, сега доаѓа до историска средба: за првпат по четири децении, либанската влада и Израел денеска (14.04) ќе одржат директни разговори на политичко ниво. Тие се закажани за попладно по средноевропско време во американската престолнина Вашингтон. На почетокот, покрај американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио, ќе ...

Орбановиот пад не е само крај на една политичка ера во Унгарија, туку и силен потрес за регионалната политичка мрежа со оска Орбан–Додик–Вучиќ. Промената на власта не ја погодува само Будимпешта, туку и сите оние чии политички позиции Виктор Орбан со години ги бранеше. Орбан и Милорад Додик подолг период градеа однос кој ја надминуваше вообичаената дипломатска соработка. Унгарскиот премиер доаѓаше во Бања Лука и во Република Српска како ...

Постепеното повлекување на САД од помошта за Украина ја постави Германија во позиција на најважен поддржувач на земјата што е под напад од Русија. Сега билатералната соработка влегува на повисоко, стратешко ниво. На првите заеднички владини консултации по повеќе од 20 години, Германија и Украина договорија унапредување на односите во „стратешко партнерство“. Соработката, како што беше соопштено, во иднина ќе ги надмине рамките на воената и ...

Штрајкот во Луфтханза ескалира токму во неделата кога компанијата одбележува 100 години постоење. Иако штрајкот на пилотите требаше да заврши овој вторник, синдикатот УФО најави дека и кабинскиот персонал ќе штрајкува до четврток, што значи дека протест ќе има и во среда – на самиот ден на јубилејот. Паралелно со последните часови од пилотскиот штрајк, синдикатот УФО ги повика стјуардите и стјуардесите на уште два дена прекин на работата во ...

Премиерот Христијан Мицкоскиизјави дека доколку поранешниот премиер Никола Груевски се појави во Македонија, правосудните органи ќе го испратат на издржување на затворската казна за која има правосилна пресуда. Изјавата следи во контекст на дебатите што се отворија по политичките промени во Унгарија и прашањето дали поранешниот премиер во бегство ќе биде екстрадиран во земјава. „Специфичните политики, поврзани и со поранешниот премиер Никола ...

„Вечерва срцето на Европа чука посилно во Унгарија“, се израдува Урсула фон дер Лајен уште на изборната вечер. Земјата го враќа својот европски пат, а Европската Унија ќе стане посилна, порача претседателката на Европската комисија на платформата X. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја пофали рекордната излезност, која го покажува „демократскиот дух“ на Унгарците, и се радува на „тесна“ соработка со Петер Маѓар за да ја ...

Инцидентот во Скопје, каде што за време на викендот беше забележан обид за опожарување на зградата на Еврејската заедница и синагогата, предизвика силна осуда во јавноста. Сѐ погласни се повиците за брза и ефикасна истрага од страна на надлежните институции, кои се клучни за спречување идни напади врз еврејската заедница. Амбасадорката на Израел: Антисемитизмот е неприфатлив Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивиен Аисен, порача дека ...

Крајот на системот на Орбан прво беше најавен во скромна и незабележлива објава на Фејсбук - кратка реченица на темно сина позадина, дека „премиерот штотуку телефонски ни честиташе за изборната победа“. Таквото соопштение го објави лидерот на унгарската опозиција, Петер Маѓар, во неделате вечер во 21:11 часот. Во тој момент само околу половина од гласовите од унгарските парламентарни избори беа преброени. Но, убедливиот пораз на партијата ...

Даниела Вајс пред камерата држи пластифицирана карта од Блискиот Исток со зборовите „Ветена земја“ и вели дека „Тоа е Божјо ветување на предците на еврејскиот народ“. Мапата покажува еврејска држава која ги опфаќа не само окупираните палестински територии и анектираната Голанска висорамнина, туку и делови од Јордан, Либан, Египет, Ирак, Сирија и Саудиска Арабија. Област што далеку ја надминува т.н. Зелена линија која од 1949 година ја ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
26%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
34%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Иридиум

253540.09