По неуспешната средба во Вашингтон, Копенхаген порача дека постојат суштински разлики со САД околу статусот на Гренланд. И покрај тоа, одлучено е да се формира заедничка работна група што ќе ги продолжи разговорите за иднината на островот. Средбата се одржа во сенка на американските закани за можна насилна анексија и со свежо сеќавање на понижувањето што украинскиот претседател Володимир Зеленски го доживеа пред една година во Белата куќа. ...

По повеќе од четврт век преговори, Европската комисија во сабота (17.01) ќе го потпише најголемиот трговски договор во историјата на ЕУ со јужноамериканскиот блок Меркосур — Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе отпатува во Парагвај за официјализирање на мега-договорот, кој Брисел го претставува како доказ дека Унијата може да гради нови сојузи во ера на глобална нестабилност. ...

Протестите во Иран се чини дека се стивнати по неколкунеделните масовни немири кои доведоа до крворполевање со повеќе илјади мртви. Во главниот град Техеран, не се забележани протести со денови. Властите не пријавиле немири ниту во други делови од земјата. Сепак, еднонеделниот прекин на интернетот останува на сила. „Протестите може да продолжат“ Демонстрациите започнаа на крајот на декември поради растечкото незадоволство од влошената ...

Премиерот Христијан Мицкоски, како и други врвни раководители на власта, постојано сакаат да зборуваат дека во овие 19 месеци откако владее оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ некои работи се случуваат, се решаваат, на одредени проблеми им се приоѓа на начин каков што немало во сите години на независноста. Дека вистинската историја на модерната македонска држава почнува од 23 јуни 2024-та, кога беше избрана оваа влада. Дека претходните кабинети, ...

Земјите-кандидати за членство во ЕУ имаат спротивставени ставови околу планот новите членки да влезат без целосни права на глас сè додека Унијата не ги заврши институционалните реформи, пишува Политико Албанија ја поддржува идејата, Молдавија бара дополнителни детали, а Украина и Црна Гора се против и инсистираат на полноправно членство. Европската комисија разгледува можност новите членки да ги добијат целосните права на глас дури по ...

Масовните руски напади врз енергетските постројки предизвикаа тешки прекини на струја, греење и водоснабдување во Киев и околните населби. Илјадници домаќинства веќе со денови се без основни услови за живот, додека температурите во украинската престолнина достигнуваат големи минусни вредности. Според строгите ротации кои ги воведоа локалните власти, струјата во деловите на Киев се исклучува со часови. Околу 400 станбени блокови воопшто немаат ...

Јавноста со голем интерес ги очекува првичните информации од вчерашната (15.01) акција под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), во која, истражители од Обвинителството со асистенција на полициски службеници од МВР вршеа претреси на повеќе локации во државата. Како што информираа од ОЈО ГОКК, се обезбедувале лица осомничени за злосторничко здружување, перење ...

Владата донесе одлука за квота од 10.000 работни дозволи за странски државјани за 2026 година, која стапи на сила на 16 јануари. Од нив, 9.750 дозволи се за редовно вработување, 200 за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани. Во рамки на редовното вработување, 4.500 се за нови работници, додека 5.250 се за продолжување на веќе издадени дозволи. Од Министерството за економија и труд најавуваат дека ќе се следи искористеноста на квотата и ...

Иранското режимско насилство врз демонстрантите предизвика шок ширум светот. Сликите со редици црни вреќи за телата на убиените одекнаа и кај иранските активистки кои денес живеат во Германија. Пет Иранки, кои живеат на различни места во Келн и Бон, сведочат за болката, шокот и решителноста да го продолжат отпорот – и од далечина. „Човек не може да остане пасивен“ Ати (името е изменето), млада жена која работи како молекуларен биолог и која ...

Северна Македонија ќе бара решение по најновата одлука на САД од 21 јануари да ја суспендира обработката на имигрантски визи за државјани од 75 земји, меѓу кои и Македонија. Одлуката е дел од директивата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за спречување на имигранти кои би можеле да станат „јавен товар“ за државата. Муцунски: „Не е прекин, туку пауза“ Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласува дека станува збор ...

Американската влада не е импресионирана од пристигнувањето на војници од земји членки на НАТО на Гренланд. „Не верувам дека војници во Европа ќе влијаат на процесот на одлучување на претседателот или дека тоа на кој било начин ќе има ефект врз неговата цел да го преземе Гренланд“, изјави портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Ливит, во Белата куќа. Во моментов неколку сојузници на Данска од НАТО испраќаат војници на ...

Агентите на Службата за имиграција и царини (ИЦЕ) на САД, некогаш релативно незначајна гранка на властите за спроведување на законот, сега станаа клучна компонента во иницијативата на Доналд Трамп за масовна депортација. Откако Трамп ја презеде функцијата пред една година, бројот на агенти на оваа служба скокна од 10 илјади на 22 илјади лица, благодарение на кампањата за регрутирање од Министерството за внатрешна безбедност, спроведена со цел ...

„Би гласала за обединување со Романија. Погледнете што се случува во Молдавија и во светот денес. За мала земја како Молдавија станува сè потешко да преживее како демократија и суверена држава и да се спротивстави на Русија“, изјави претседателката Маја Санду на 11 јануари во интервју за британскиот подкаст „Остатокот е политика“, кое траеше повеќе од еден час. Сепак, само оваа изјава го привлече вниманието. Во истото интервју, Санду призна ...

Техничката влада мора да остане – во моментов нема услови за нејзино укинување. Ова е ставот на опозициската СДСМ по предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за компромисно решение околу ова прашање. На лидерската средба во Клубот на пратеници во Скопје, пет партии дадоа зелено светло за укинување на техничката влада. Премиерот Мицкоски топката ја префрли кај лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој не учествуваше на средбата, ...

„Се согласивме околу тоа дека не се согласуваме“ – вака ги сумираше резултатите данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен по неговата средба со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и министерот за надворешни работи Марко Рубио. На средбата присуствуваше и гренландската министерка за надворешни работи Вивиан Моцфелт. „Се договоривме да формираме работна група на високо ниво“, рече Расмусен. „Таа треба да разгледа опции за ...

Кочани полека се подготвува за одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 63 млади животи. Во центарот на подготовките е изградба на спомен-обележје кое треба да го потсетува градот, но и целата заедница, на изгубените млади животи во настанот кој ќе биде запишан со црни букви во историјата на државата. Градоначалникот Владко Грозданов за ДВ изјави дека општинскиот Совет ќе одржи седница на 22 или 23 јануари ...

На социјалните мрежи имаше голема возбуда – што значат борбените авиони забележани на британска почва минатата недела? Весникот „Тајмс“, на пример, шпекулираше дека американски сили во Велика Британија се подготвуваат за сериозни воени операции, додека претседателот Доналд Трамп се заканува со напади и анексии ширум светот. Стручното списание „Британски журнал за одбрана“ пишува дека слични движења на сили имало пред американските напади врз ...

На лидерската средба кај премиерот Христијан Мицкоскибеше постигнат начелен договор техничката влада да се укине, со можен компромис укинувањето да важи по следните избори доколку сега нема консензус. Лидерите изразија подготвеност за двотретинска поддршка на законските измени за старт на проектот „Сејф сити“, договорија итни консултации за избор на Народен правобранител, како и забрзана работа на Изборниот законик (една изборна единица, ...

Во последно време, една од најважните дебати во меѓународните односи е дали потегот на САД со Мадуро во Венецуела ќе го наречеме „апсење“, или „киднапирање“. Оваа дискрепанција не е само семантичка: низ таа дистинкција ќе се мери новото нормално во меѓународните односи. Нема едноставен одговор – во двете опции постои сериозна дебата околу меѓународното право и повредливоста на сувереноста. Но, под оваа дебата, сметам дека се кријат две ...

Американскиот Стејт департмент соопшти дека од 21 јануари ќе ја суспендира обработката на имигрантски визи за државјани од 75 земји, меѓу кои Авганистан, Иран, Русија, Сомалија и Македонија. Одлуката е дел од директивата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за спречување на имигранти кои би можеле да станат „јавен товар“ за државата. Според соопштението, конзуларните службеници се задолжени да стопираат апликации за имигрантски ...

Како парите од ЕУ ја менуваат економијата на една земја? Тоа најдобро го покажува споредбата на Србија и Бугарија, наведува весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализата посветена на придобивките од членството во ЕУ. За 17 години членство во ЕУ, економијата на Бугарија далеку ја надмина српската. Иако не сите во Бугарија беа воодушевени кога на 1 јануари земјата влезе во еврозоната—мнозина сакаа левот да биде задржан, Франкфуртер ...

Реформските закони од правосудството, изборот на народен правобранител, Изборниот законик, укинување на техничката влада, но и други прашања што ќе бидат предложени од учесниците - ќе бидат „на масата" на денешната лидерска средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски. Средбата ќе се одржи денеска (14.01) во Клубот на пратениците во Скопје во 14 часот. За неа до вчера се кршеа копјата - кој ќе присуствува, кој не. Откако и ДУИ синоќа го ...

По година во која шумски пожари го разорија Лос Анџелес, необична циклонска бура ја погоди Југоисточна Азија, а сушата го принуди Иран да планира преместување на главниот град, новите податоци покажуваат дека 2025 година била трета најтопла во историјата. Парискиот климатски договор и надминувањето на прагот од 1.5°C Наодите од програмата за климатски промени на „Коперникус“ исто така откриваат дека 2025 е трета година по ред со просек на ...

Министерството за финансии информираше дека успешно е реализирана аукцијата за издавање на десеттата еврообврзница во износ од 1 милијарда евра, поделена во две транши од по 500 милиони евра, со рокови на доспевање од 4 и 8 години. Според министерката Гордана Димитриеска Кочоска, ова е значаен чекор за стабилноста на јавните финансии и сигнал за довербата на меѓународните инвеститори. „Каматните услови што ги обезбедивме се меѓу најповолните ...

Да се испрати порака - тоа го сакаат и политичарите и многу жители на Гренланд. Во продавницата за облека на Давид Рогилдс во главниот град Нук затоа има голема гужва. Бидејќи тука може да се купи модно изразување на ставот за спорот околу Гренланд: во излогот виси едноставен црн џемпер. На него со бели букви пишува: „Гренланд не е на продажба.“ Веќе повеќе од една недела околу 56.000 жители на Гренланд се во фокусот на светот, откако ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во Вашингтон по долг пат од Берлин со пауза во Исланд, започнувајќи дипломатска мисија за која напорот и очекуваниот ефект очигледно не се во рамнотежа. Првата станица беше средбата со министерот за надворешни работи на САД, Марко Рубио, по што следеше тричасовно патување со воз до Њујорк за да ја потврди германската поддршка за Обединетите нации во тежок период од нивното ...

Незадоволството околу непостигнувањето договор за зголемување на минималната плата ќе резултира со јануарски бран на протести во Македонија. Синдикатите најавуваат дека деновиве излегуваат на улица. Предвидени се штрајкови во повеќе институции и блокади на улици. Ако повторно нема разбирање од Владата и од работодавачите дека платите мора да растат, не е исклучена можноста за генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор. Барањата се јасни: ...

Додека глобалните нафтени пазари во случајот со Венецуела реагираа релативно мирно, немирите и можната ескалација во Иран предизвикуваат далеку поголема загриженост. Експертите сметаат дека тоа е повеќе од оправдано. Според енергетските аналитичари, евентуално влошување на ситуацијата во Иран би имало огромни последици за глобалните пазари на нафта и финансии. „Иран произведува четири пати повеќе нафта од Венецуела,“ објаснува енергетскиот ...

Со неколкудневно задоцнување – делумно поради кризите во Венецуела и Гренланд – германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) конечно се огласи за протестите во Иран. За време на посетата на Индија, Мерц ја осуди насилната репресија на безбедносните сили врз демонстрантите, нарекувајќи ја „брутална и несразмерна“. „Го повикувам иранското раководство да го заштити својот народ, наместо да го заплашува“, изјави Мерц, додавајќи дека однесувањето на ...

Од 1 јануари 2026 година Украина и Молдавија добија бесплатен роаминг со земјите членки на ЕУ. Европските медиуми прогнозираат дека до крајот на 2026-та во групата ќе се придружат и Црна Гора и Албанија. Северна Македонија ја нема во најавите за оваа погодност за граѓаните. Веста за олеснувањето во телефонските комуникации со Унијата на граѓаните од овие земји, кај нас не доби особено внимание ниту пак анализа зошто нашата држава е изоставена ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
8.75
58%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
93%
1001
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
6.17
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.61
90%
1015
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1001
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
72%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
39%
1003
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1003
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
79%
1015
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Калај

49.78

Паладиум

56617.46

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Цинк

3.37

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Алуминиум

3.06

Кобалт

64.04