Белград
12ᴼ /
12ᴼ
Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговите соработници за одлуката на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) за укинување на санкциите кон него и уште 48 физички и правни лица од Република Српска (РС). Додик порача дека со оваа одлука „е исправена голема неправда нанесена на РС“ за време на претходните ...
Македонија годинава е на 64 место од вкупно 143 земји на светската листа за владеење на правото, во друштво со Гана, Аргентина, Казахстан и Монголија. Земјата има оценка од 0.54 индексни поени, што е мало подобрување во однос на лани кога земјата беше на 67 место од 142 земји. Индексот на Македонија тогаш беше 0,53 поени. Во однос на регионот, Македонија е четврта од вкупно 15 земји. Подобро се рангирани Бугарија, Косово, Грција, Хрватска и ...
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи, Александер Добринт (ЦСУ), предложи учениците во училиштата систематски да се едуцираат како да реагираат во кризна ситуација и во случај на војна. Тој планира на ноемвриската конференција на министрите за внатрешни работи на германските покраини да предложи воведување на посебни двочасовни предавања посветени на таа тема. „Важно е младите да разберат какви закани можат да постојат и како да се ...
Потешкотиите на германската економија поради економската политика на САД се енормни. Водечки економисти ситуацијата ја оценуваат како мрачна и не се премногу оптимистички за иднината. Малите и средни компании мора да се справуваат со огромни проблеми, вели Фолкер Брил, шеф на Центарот за финансиски студии при Универзитетот во Франкфурт. Компаниите со обрт од 100 до 250 милиони евра се премногу мали за да градат фабрики во САД. Тие може да ...
И во името на партијата ДУИ (Демократска унија за интеграција) и во името на коалицијата НАИ (Национална алијанса за интеграција) клучниот збор барем на „хартија“ е - интеграција. Но, колку таа заложба е втемелена и во нивната политичка пракса, откриваат пораките што оттаму ги упатуваат за локалните избори. „Зошто се откажавте од поддршката на кандидатот Хаким Рамадани во Брвеница?", упатија прашање од ДУИ до ВЛЕН преку партиска реакција. Како ...
Доколку околностите во Србија беа нормални, Борис Којчиновиќ од Нови Сад денес ќе прелистуваше водичи за магистерски студии во странство. Наместо тоа, тој паралелно прелистува литература за својата дипломска работа и списоци на волонтери за протестот. Борис е едно од лицата на студентското движење кое, како што велат неговите другари, ја разоткри очигледната вистина: дека корупција и системска небрежност доведоа до уривање на бетонска ...
Економијата ќе порасне за 3,8 проценти, а инфлација ќе падне на 2,5 отсто. Вакви се проекциите на Владата која што го усвои предлог-буџетот за 2026 година, со кој економскиот пораст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,09 милијарди евра), а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари (6,73 милијарди евра), додека ...
Две актуелни истражувања го мереа пулсот на Германците - и резултатот кај двете студии е сличен - луѓето се повторно позадоволни од своите животи. Атласот на среќата 2025 покажува дека расположението значително се разведрило по годините на криза. Секој втор испитаник сега се опишува себеси како многу задоволен. До сличен заклучок доаѓа и БиБ.Монитор на благосостојбата на Сојузниот институт за истражување на населението. Тој подетално го ...
„Фокусот е на билатералните разговори со г-дин Ердоган.“ Заменик-портпаролот на владата, Штефен Мајер, не сакаше да образлага многу повеќе на прес-конференцијата во врска со посетата на канцеларот Фридрих Мерц (69) на Турција денеска (29.10) и утре. Тој ја опиша како „првична посета“ на Мерц на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (71) и додаде дека околу тоа ќе има „мала програма“. Двајцата лидери се сретнаа накратко на меѓународната сцена ...
Додека земјава одбројува до вториот круг од изборите за градоначалници, а градската управа на Скопје забрзано се пакува за заминување, заедно со градоначалничката Данела Арсовска, граѓаните на метрополата го гледаат последниот чин од тригодишната драма во Скопје која заврши со купишта смет по улиците. „Мојата визија е да живееме во поубаво, помодерно европско Скопје. Да го трансформираме во чист, зелен, убав, модерен град и град на среќни луѓе“, ...
Да не беше насобраниот отпад на скопските улици, кандидатите за градоначалник на метрополата немаше за што да зборуваат меѓу двата изборни круга. Тоа е своевиден показател дека јавната чистота која треба да се подразбира како основен животен стандард, кај нас е тема за изборен натпревар затоа што состојбата е драматично лоша. Притоа никој не зборува за унапредување во менаџментот со отпадот, како на пример негово рециклирање, туку излезе дека ...
Две години пред парламентарните избори во Полска, двата главни ривали, либерално-конзервативната владејачка партија Граѓанска платформа (ПО) на премиерот Доналд Туск и најголемата опозициска партија, десничарската конзервативна партија Право и правда (ПиС) под водство на Јарослав Качински, ги започнаа првите подготовки за изборната кампања. На конференција во Катовице, Качински ја прогласи Европската Унија, како и Германија и Франција, за ...
Американски таен агент се обидел да го регрутира пилотот на Николас Мадуро за да учествува во заговор за киднапирање на венецуелскиот лидер и негово предавање на американските власти за да се соочи со обвиненија за трговија со дрога. Деталите за заговорот излегуваат на виделина додека администрацијата на Доналд Трамп врши сè поголем притисок врз Мадуро. Трамп ја распореди американската морнарица во Карибите и ја удвои наградата за апсење на ...
Основното јавно обвинителство Скопје наложи истрага за раководни лица од ЈП „Комунална хигиена“ коишто беа приведени во понеделникот (27.10), поради трупањето отпад на улиците на главниот град. Станува збор за директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот за отпад во претпријатието, за коишто се бара притвор, откако ноќта ја поминаа во полициска станица. Според Обвинителството, постојат сомненија за кривично дело - ...
Црна Гора привремено го суспендираше безвизниот режим за државјаните на Турција по низата инциденти што доведоа и до пораст на ксенофобијата и говорот на омраза против Турците. Двајца државјани на Азербејџан и Турција се осомничени дека во саботата навечер (25.10) сериозно повредиле 25-годишен маж во населбата Забјело во Подгорица. Револтирани од нападот, граѓаните се собраа на местото каде што полицијата ги пронајде осомничените странци и ...
Во видеото објавено од Кремљ за наводниот пробив во случајот со сосема ново оружје, првото нешто што паѓа в очи е она што не може да се види: самото оружје. Наместо тоа, видеото го прикажува претседателот Владимир Путин како седи во конференциска сала, а дијагонално од него е началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов. Двајцата носат камуфлажна облека и разговараат за тест на крстосувачката ракета „Буревестник“ (во превод - птица бурница) на ...
По хаосот со ѓубрето во Скопје, кое со денови беше затрупано во отпад, Јавното обвинителство информираше дека се приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. Овој член се однесува на загрозување на животната средина и природата со отпадни материи. „По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување ...
Кога денес мислам за состојбата во светот, мојата состојба на духот можам да ја изразам само со германскиот збор „Weltschmerz". Тој е еден од германските зборови кој не може буквално да се преведат. Затоа што е создаден како поетска метафора од германските романтичари, големите творци на зборот. Во исто време, тие биле и сведоци за едно немирно време на пресврти и војни, како Француската револуција и војните предводени од Наполеон, во кои беа ...
Пред вториот круг на локалните избори во Македонија, повиците за етничко гласање во одредени општини стануваат се погласни. Ситуацијата се чини „излезе од контрола“ особено во тетовското село Брвеница, каде силите ќе треба да си ги измерат кандидатот за градоначалник на Вреди за општина Брвеница, Хаќим Рамадани и неговиот противкандидат - актуелниот градoначалник на Брвеница, Јовица Илиевски од ВМРО- ДПМНЕ. По реакциите на Левица, дека „Рамадани ...
Во ЕУ се разгледува можноста замрзнатите руски средства да се користат за воени репарации за Украина. Покрај средствата на Централната банка на Русија, во европските депоа има и замрзнати хартии од вредност на милиони руски приватни инвеститори - кои не се опфатени од западни санкции поради агресијата врз Украина. Теориски, како законски сопственици, тие можат да ги побараат назад, но во пракса тоа им успева само на мал број луѓе. Жана Немцова, ...
„Не дозволувајте никој да ве збуни. Јас,Рамиз Мерко нема да го поддржам кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) во вториот круг одлокалните избори“. Ваква порака испрати актуелниот градоначалник на Струга, досегашен истакнат член на ДУИ, кој се најде на црната листа на САД за корупција и против кого се водат повеќе судски процеси. Во објава на социјалните мрежи тој порача дека Независната листа наскоро ќе одржи состанок со ...
„Не дозволувајте никој да ве збуни. Јас, Рамиз Мерко нема да го поддржам кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) во вториот круг од локалните избори“. Ваква порака испрати актуелниот градоначалник на Струга, досегашен истакнат член на ДУИ, кој се најде на црната листа на САД за корупција и против кого се водат повеќе судски процеси. Во објава на социјалните мрежи тој порача дека Независната листа наскоро ќе одржи состанок со ...
Од Лосимут, голема британска воздухопловна база во северна Шкотска, Борис Писториус полета на извидувачки лет над северниот Атлантик. Во авион од типот Боинг 737 на британските РАФ - Кралските воздухопловни сили, но со него управуваше германски пилот. Германскиот министер имаше прилика да види какоРуски подморниции сомнителните бродови може да бидат откриени со помош на многу сензитивни радарски и сонарни уреди. „Се спуштивме доста ниско, на ...
„Синоќа сонував дека повторно отидов во Мандерли“. Воведната реченица на најпознатиот роман на британската писателка Дафне ду Морие, „Ребека“, е една од најубавите воведни реченици во англиската фикција. Англиските книжевни критичари оценуваат дека Ду Морие со еден потег го воспоставува гласот, местото и атмосферата на сонот во приказната. Романот е издаден во 1938-та, а само две години подоцна Алфред Хичкок ја искористи истата воведна реченица ...
Искуството со Данела Арсовска не е единствениот пример во кој изборната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ била злоупотребена. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера за првпат јавно на средба во Карпош раскажа зошто им се разишле патиштата со Стевчо Јакимовски, чија партија беше дел од нивната коалиција. „Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години, после првиот круг на локалните избори, дојде ненајавен, исплашен, во паника. Го примив, ...
Измамници живеат во луксуз, се богатат на сметка на општеството и немилосрдно ги искористуваат луѓето што бараат работа, пред сè од Бугарија и Романија. Шемата функционира вака: измамниците носат луѓе од Источна Европа во Германија и им даваат фалсификувани договори за работа со особено ниска плата. Потоа засегнатите бараат социјална помош (Bürgergeld) за наводно да ја надополнат платата. Имено, ако вработените во Германија добиваат плата ...
Во изминатите два месеца, демонстрации предводени од генерацијата Z ја потресоа Јужна и Југоисточна Азија – од Катманду до Џакарта, од Дили до Манила. Додека протестите во Непал ја урнаа тамошната влада, најновите протести што ги предводат младите низ Југоисточна Азија беа помалку драматични, иако ги принудија властите на ретки отстапки во борбата против привилегиите на елитата и корупцијата. Непосредниот повод се разликува од земја до земја, но ...
Пентагон потврди дека прифатил анонимна донација од повеќе милиони долари за да се придонесе за навремена исплата на платите на војниците за време на актуелниот „шатдаун“. Министерството за одбрана на САД, кое сега владата го нарекува Воено министерство, во четвртокот (23.10) ја прифати донацијата од 130 милиони долари (околу 112 милиони евра) и за такво нешто има и овластување, изјави портпарол на Пентагон. Буџетот на американската армија ...
Бројот на компании кои банкротираат во Германија и натаму расте. Бројот на поднесени барања за редовна стечајна постапка во септември е зголемен за 10,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Сојузниот завод за статистика врз основа на прелиминарни податоци. Во споредба со август, кога растот изнесуваше 11,6 проценти, зголемувањето само малку е забавено. Со оглед на тоа дека стечајните судови сè уште треба да одлучат за ...
Хрватска повторно воведува задолжителна воена обврска, која е укината 17 години. Измените на законот за одбрана и служба во вооружените сили беа одобрени со големо мнозинство од страна на парламентот во Загреб. Според измените, возрасните мажи до 29 години, кои се медицински способни за воена служба, се должни, со некои исклучоци, да завршат два месеца основна обука почнувајќи од јануари 2026 година. Министерот за одбрана Иван Анушиќ го оправда ...