Полицијата в недела со мобилни тимови и дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места за време на локалните избори во Македонија. На 19 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки ќе има полициско присуство со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. „Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со ...

Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, фокусот треба да биде на можното одобрување на продажбата на крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел. Украинската влада работи на тоа долго време. И Зеленски веројатно се надева на пробив. Бидејќи, тоновите од Белата куќа звучеа доста позитивно во последно време. Минатиот викенд, Трамп директно му се закани на ...

Канцеларот Фридрих Мерцминатиот понеделник отпатува во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик на самит со повеќе од 20 шефови на држави и влади. Тој остана само неколку часа, за да биде присутен кога американскиот претседател Доналд Трампго потпишуваше договорот за можен мир во војната на Блискиот Исток со лидерите на Египет, Турција и Катар. И за една брза фотографија со американскиот претседател. Канцеларот даде кратка изјава за новинарите и ја ...

Русија ги нападна енергетските капацитети на Украина со стотици дронови и десетици ракети во најновото масовно бомбардирање на електричната мрежа на земјата, соопштија властите во четвртокот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да побара од претседателот Доналд Трамп, на средба во Белата куќа, повеќе американски системи за противвоздушна одбрана и ракети со долг дострел. Русија речиси секојдневно ја напаѓа ...

Обвинителката Ленче Ристоска вели дека е мета на притисок и заплашување поради двете постапките коишто ги води, а со кои е засегната владејачката политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. По одлуката „Белата палата“ и останатите 68 недвижности во сопственост на владејачката партија да останат замрзнати, ВМРО-ДПМНЕ на веб- страницата објавија соопштение со наслов: „Ристоска – тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев и ...

Плодното земјиште, огромните обработливи површини и историјата на снабдување на империите и светските пазари, придонесоа за угледот на Украина како „житница на светот“. Со 41,3 милиони хектари обработливо земјиште, од кои две третини се покриени со црница, најплодната почва во светот, Украина остварува високи приноси со релативно мала потрошувачка на ѓубрива, наводнување, работна сила или голема механизација. Житото од Украина ги хранело ...

Во Брисел до сега се вртеа само клучни поими, а новата одбранбена стратегија е само во фрагменти позната. Подобра одбрана од беспилотни летала е еден клучен збор, побрзо производство на оружје друг и општо желбата за поголема соработка меѓу министерствата за одбрана во европските главни градови. Пред Урсула фон дер Лајен денес да го претстави патоказот за нови европски одбранбени проекти, на адреса на шефицата на Европската комисија веќе стасаа ...

Претседателката на Европската комисија, во рамките на нејзината куса посета на Македонија,во рамките на турнејата низ Западен Балкан, во Скопје беше пречекана со очекувања за „креативни предлози и решенија“ и „испорака од ЕУ“ со цел „зачувување на образот и достоинството на патот кон Унијата“. Таа пак, преку куса објава на мрежата Х ја префрли топката од европскиот терен во рацете на домашните играчи. „Вашиот следен и единствен чекор пред ...

Откако стапи во сила прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хамас, а американскиот претседател Доналд Трамп прогласи мир, Европа се најде маргинализирана. Иако клучните европски лидери присуствуваа на самитот во Шарм ел Шеик, Египет - каде што планот од 20 точки инициран од Трамп беше потпишан од претежно арапски и муслимански земји - тие одиграа минимална улога во преговорите. Експертите велат дека ЕУ сака да игра поголема улога во ...

Формула 1 стартува на улицата Страшо Пинџур на Тетово и продолжува со луда трка низ градот. Авион на „Влен“ полетува од „пистата“ на булеварот „Видео Смилевски Бато“ – еден од најголемите проекти во општината, на кој е во план да се градат четири кружни текови. Ваква е визијата на тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, Билал Касами, кој е во трка за нов градоначалнички мандат како кандидат на „Вреди“ (Влен). Она што го сработил досега, но и ...

Што понатаму со Хамас? Според планот на Доналд Трамп, милицијата во палестинскиот Појас Газа треба целосно да се разоружа. Но, тоа сè уште не се случи. Според извештаите на израелските медиуми, како што е весникот Џерусалим пост, милитантно-исламистичката организација води жестоки битки против сопернички групи. Најмалку 32 лица наводно биле убиени во тие борби. На социјалните мрежи кружат и видеа на кои наводно се гледа како Хамас егзекутира или ...

Измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител и тој да се бира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието. Ова се препораките на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (ДГИ) на Советот на Европа по двата предлог законски текста на македонската Влада. Оценката е дека предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и ...

Историски момент за македонската дигитална иднина, капитален проект со историско и национално значење, нова страница во дигиталниот развој на Македонија... Сите овие епитети ги доби Националниот центар за вештачка интелигенција - „Везилка“, проект чиј носител е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со институционална поддршка од Министерството за дигитална трансформација. Проектот „Везилка - национална фабрика за ...

Министрите за одбрана на НАТО во среда (15.10) ќе расправаат како да ја зајакнат способноста на алијансата да се спротивстави на руските воздушни упади, додека растат стравувањата дека Москва го тестира Западот во сивата зона меѓу војна и мир. Фокусот ќе биде и на засилување на поддршката за Украина, додека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се приклучува на своите 31 колеги од НАТО, а неговиот шеф, претседателот Доналд Трамп, ...

Станува мачно да се гледа пизмата кон докторот од Неврологија. По објавената снимка на која наводно зема дрога, нема кој не се произнесе против него, нарекувајќи го со погрдни зборови. Јавната осуда која пристигна од сите страни полека премина во стигматизирање на докторот. Тој, се разбира не е невин, но неговото жртвување на олтарот на моралот почна да заличува на општа хистерија за прикривање на сите индивидуални и колективни слабости на ...

Кризата со гориво во Русија, предизвикана од украински напади со дронови, се заострува. Рафинерија по рафинерија се затвораат заради поправки, а обемот на производство значително опаѓа. Цените на горивото, како последица на тоа, достигнаа рекордно ниво на берзите, а и на бензинските пумпи постојано растат, но не толку драматично бидејќи владата вештачки ги одржува пониски. Но, како и во советско време, регулирањето на цените доведува до недостиг ...

Францускиот премиер Себастиен Лекорну во вторникот објави дека ќе го суспендира долго дискутираниот план за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, со цел да го спречи паѓањето на неговата кревка малцинска влада. По една недела политички превирања, новоименуваниот Лекорну рече пред Националното собрание дека законот, кој е главна иницијатива на претседателот Емануел Макрон, ќе биде ставен во мирување до следните ...

Володимир З. е во притвор во Варшава од крајот на септември 2025 година, чекајќи одлука за негова евентуална екстрадиција во Германија. 46-годишниот Украинец беше уапсен на 30 септември 2025 година врз основа на меѓународна потерница. Полска го уапси по барање на германското Сојузното јавно обвинителство во Карлсруе, кое го сомничи за учество во нападот врз гасоводот Северен тек 2 во септември 2022 година. Окружниот суд во Варшава го продолжи ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Западен Балкан, најави дека во регионот доаѓа со два проекти - фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и во Србија. Станува збор за проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Северна Македонија. „Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики за ...

Хибридното војување, шпионажата, тероризмот – опасностите за Германија, според мислењето на трите сојузни тајни служби, се поголеми од кога било. „Толеранцијата, воздржаноста и попустливоста, противниците како Русија ги толкуваат како слабост“, изјави во Берлин претседателот на Сојузната разузнавачка служба (БНД), Мартин Јегер, кој ја извршува функцијата од септември. Поводот беше јавното сослушување на трите централни тајни служби од страна на ...

Нејасен и недефиниран: Експертите се согласуваат дека ова се најдобрите описи за планот за прекин на огнот што владата на САД го оствари во Газа со притисок врз Хамас и врз Израел. Некои набљудувачи – вклучително и главните посредници – велат дека оваа нејаснотија е намерна и, всушност, неопходна за противниците, милитантната група Хамас од Газа и десничарската израелска влада, воопшто да се согласат на нешто. Други тврдат дека нејасните ...

Мажите доминираат на листите за градоначалници и советници и на овогодишните локални избори во Македонија. На секој десетти кандидат за градоначалник има по една жена, додека на советничките листи има тројно помалку жени од мажи. Од 309 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори во Македонија, само 32 се жени. Жителите на Скопје на локалните избори во октомври ќе имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 ...

Српска листа, најголемата партија на Србите во Косово, очекувано ја однесе победата во девет од десет општини со мнозинско српско население, на локалните избори одржани на 12 октомври 2025 година. Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК), во општината Клокот, Српска листа добила 41,6 проценти од гласовите, па одлуката за избор на градоначалник таму ќе биде донесена во втор круг. Претседателот на Српска листа, Златан ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во понеделникот ја исмеа Русија поради лошата состојба на една од нејзините подморници, додека руските власти негираа дека таа била принудена да излезе на површина поради технички проблеми. Црноморската флота на Русија соопшти дека дизел-подморницата „Новоросијск“ излегла на површината крај брегот на Франција за да ги испочитува навигациските правила во Ла Манш, и ги отфрли извештаите дека претрпела ...

Меѓународните организации за помош се подготвени да им ја обезбедат многу потребната помош на семејствата во Газа, но постои растечка загриженост дека залихите можеби нема да бидат доволни или за многумина ќе пристигнат предоцна. Само неколку минути откако започна првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас, а поддржан од САД, на пладне по локално време во петокот на палестинската територија, претставникот на ...

Овојпат пишувам во едно малечко градче на белгискиот брег на Северното Море. Иако не сум првпат во Белгија, досега секогаш патував со воз. Од прозорецот на денешните брзи возови, на патникот му се чини дека околината крај него е подвижна слика, па затоа, можеби, веднаш ја заборава. Затоа немам претстава за посебноста и убавината на Белгија. Овојпат патувавме од Келн со кола во градчето Бредене, близу до прочуеното пристаниште Остенде, крај ...

Во последната седмица од кампањата пред гласањето на 19-ти октомври, локалните избори уште позасилено добиваат значење какво што немале во претходни изборни циклуси на локално ниво. За опозицскиот СДСМ ова не се обични избори, туку морална и историска битка за Македонија, а за ДУИ имаат значење на референдум – и исто така, не „обичен“, туку „историски“. „Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија“, порача претседателот на СДСМ, ...

Изборната кампања во Македонија влегува во финалниот круг. Партиите и кандидатите за градоначалници ги подготвуваат завршните митинзи, а надлежните институции ги прават последните подготовки пред гласањето на локалните избори на 19 октомври. Во игра се 22 партии, 19 коалиции и 119 независни кандидатури. Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16. Меѓу нив има само една жена - кандидатката на СДСМ, Каја Шукова. Многу ветувања ...

Предлогот на претседателот на САД, Доналд Трамп, од минатиот петок (19 септември), со кој се предлага воведување апликациска такса од 100.000 долари (околу 85.000 евра) за странските работници кои аплицираат за H‑1B виза, ги фрла во неизвесност технолошкиот сектор и универзитетите, кои сега се трудат да ги разберат импликациите. Соопштението дојде во таканаречена прокламација во која се тврди дека визниот систем бил „намерно злоупотребен за ...

Планирате да патувате во Европа? Тогаш треба да знаете дека од 12 октомври стапуваат на сила нови правила при влез и излез во Европската Унија, коишто ќе важат за сите државјани коишто не се членки на Унијата и патуваат за краток престој во 29 европски земји. Меѓу нив се и македонските граѓани. Почнувајќи од недела (12.10), Европската Унија започнува со воведување на Системот за влез/излез (ЕЕС), кој целосно треба да се имплементира до април ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
72%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.85
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
87%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
11.32
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
94%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Бакар

10.95

Цинк

3.23

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Калај

40.48

Иридиум

145787.60

Сребро

1878.05

Платина

52952.77