Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Снегот што од ноќеска паѓа во Скопје предизвика сообраќаен хаос во главниот град. Граѓаните утринава, на пат кон работните места и училиштата, затекнаа неисчистени булевари и улици, со присуство на снег и мраз на поголемиот дел од сообраќајниците. На дел од патиштата каде што има поголема фреквенција на возила, снегот е делумно стопен, но движењето сè уште е отежнато. Орце Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен ...
Парите откриени сокриени во ѕид биле на неговите родители, а членовите од Кривичниот законик со кои се товари апелациониот судија Ѓоко Ристов не се однесуваат на суд, судии или обвинители, тврди одбраната на судијата, за случајот кој и натаму со несмален интензитет се коментира во јавноста. Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на судијата Ристов - кому вчера Судскиот совет му го одзеде имунитетот, по што судија на претходна постапка му одреди ...
Не знам дали постои кривично дело „предавство на професијата“ но сосем сигурно треба да се внесе во кривичниот закон затоа што делото за кое го товарат судијата Ристов покажа и дека овој делител на правда извршил флагрантно предавство на професијата која обезбедува кислород на правната држава. Знам, таквиот поглед на работите звучи наивно затоа што ниската доверба во судството е општа состојба, но додека не почне општеството така да ги ...
Претседателот Румен Радев отвори ново поглавје во бугарската политика. Неговото симнување од претседателската позиција на партискиот терен може да даде силен импулс на изборната активност и суштински да го преформатира следниот парламент, отворајќи простор за нова управувачка конфигурација што без него изгледаше многу помалку веројатна. Иако јавниот ефект е значаен, позиционирањето на партијата на Румен Радев на парламентарниот терен допрва ...
Во пресрет на предвремените парламентарни избори во Бугарија, претседателот Румен Радев објави дека поднесува оставка од функцијата, но тоа, според голем дел од бугарската јавност, не значи и повлекување од политичката сцена. Напротив, доминантното очекување е дека Радев го напушта претежно церемонијалниот претседателски мандат со цел да се вклучи поактивно во политичкиот живот на земјата. Според бугарските медиуми и политички аналитичари, ...
Неколку дена по објавата дека се пронајдени околу 350.000 евра скриени во специјално соѕидан ѕид во Неготино, се бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов и одземање на неговиот имунитет. Од Обвинителството потврдија дека судијата е на сослушување, каде му биле посочени доказите против него. „Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, доставен е предлог на осомничениот ...
Односите меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави влегоа во сериозна криза, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини доколку Европејците се спротивстават на неговите планови за Гренланд. Трамп најави дека царините би можеле да достигнат 10 отсто од февруари, а од јуни и до 25 проценти – мерки што се однесуваат на Германија и уште седум земји членки на ЕУ и НАТО кои испратија војници во извидувачка ...
По точно една година од почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, односите меѓу Германија и САД претрпеа драматични и длабоки промени. Ескалацијата околу Гренланд, која се заканува да го наруши суверенитетот на Данска, сè повеќе го загрозува и партнерството внатре во НАТО. Европски отпор и заострување на трговскиот конфликт Тензиите меѓу европските сојузници и САД секојдневно се продлабочуваат. Трамп неодамна ги ...
Од денеска до 31 јануари, секој ден од 8 до 20 часот ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на камерите поставени во рамки на проектот „Сејф сити“ (Безбеден град). Од Министерството за внатрешни работи (МВР) појаснуваат дека за време на тестирањето нема да се пропуштаат возила на локациите каде што се спроведуваат процедурите. Во првата недела активностите ќе се одвиваат исклучиво на локациите во Град Скопје каде се поставени ...
Осум европски земји — Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство — во неделата објавија заедничко соопштение во кое предупредија дека царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд можат да предизвикаат „опасна надолна спирала“ и сериозно да ги поткопаат трансатлантските односи. Сите земји-потписнички, членки на НАТО, ја повторија својата цврста поддршка за Данска ...
Ниту една земја од Европската унија нема построги правила за азил од Унгарија. Според европската статистика, во 2025 година само десет лица добиле статус на бегалец или заштита. Премиерот Виктор Орбан редовно тврди дека во земјата има „нула“ бегалци, термин што го користи и за оние кои бегаат од војна и прогон, опишувајќи ги како „нелегални мигранти“. Тоа го повтори и пред американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата во ...
Србија во 2026 година влезе во предизборна атмосфера. По повеќе од една година протести, блокади и политички тензии, претседателот на Србија Александар Вучиќ наводно го прифатил предизвикот на студентите и граѓаните кои бараат предвремени избори. Кога ќе бидат распишани, и натаму е нејасно. Вучиќ во изминатите месеци можните датуми ги движеше од неодреден, „пред законскиот рок“, преку „крајот на 2026 година или почетокот на 2027 година“, па ...
Давос во швајцарските Алпи повторно ги собира водечките политичари, економисти и луѓе од културата на годинешниот Светски економски форум (СЕФ). Средбата е во време кога американскиот претседател Доналд Трамп настојува да го демонтира меѓународниот поредок - од уривање на воспоставените трговски правила и масовно повлекување од меѓународните организации, вклучително и од климатскиот договор на ОН, до заробувањето на венецуелскиот претседател ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против 20 лица осомничени за сериозни финансиски криминални активности, меѓу кои даночна измама, перење пари и нанесување штета на буџетот од 4,8 милиони евра. Во координирана акција спроведена на 16 локации низ Македонија, истражителите со поддршка на МВР извршиле претреси при кои се запленети фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати ...
„Звучи парадоксално, но излегувањето од Македонија се чини одвојување, а всушност е вид спојување. Можеш да глумиш Англичанец во Скопје, во Англија си само Македонец”, напиша Горан Стефановски во својата пристапна беседа во МАНУ која ја нарече „Нашата приказна”. Навистина, надвор од границите на земјата во која си роден, постојано ќе бидеш прашуван од која земја потекнуваш. А во тоа не менува ништо што ти, можеби, подолго живееш во странство, ...
Се чини дека Доналд Трамп сѐ повеќе е решен да го земе Гренланд. Како што американскиот претседател пишува во објава на неговата платформа Социјална вистина, тоа може да се направи „по лесен пат“ со тоа што Данска ќе оформи цена за својата територија, или „на потешкиот начин“, со што веројатно мисли на противнички тактики. Со оглед на тоа што луѓето и политичарите на Гренланд се противат на лесниот начин, Трамп сега вниманието го сврте кон ...
Стан од 70 метри квадратни во Скопје, возило „фолксваген пасат" од пред десетина години и кредит од 1,5 милион денари кој треба да го врати до 2038 година. Скромна слика оддава изјавата за личната имотна состојба што ја доставил судијата Ѓоко Ристов, кога во февруари 2020 година бил избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел. Таа формална слика падна по опсежната истрага на Основното јавно ...
Околу 20.000 украински цивили се наоѓаат во руски притвори, најчесто под обвинение за „шпионажа“. Меѓу нив има повеќе од 2.000 жени, кои минале низ тортура, психичко насилство и долги периоди целосно одвоени од своите деца. Тешко им е да зборуваат за маките кои ги доживеале. „Сè може да се издржи, освен разделбата од сопствените деца“ Јулија Дворњиченко од Доњецк била уапсена во 2021 година, уште пред целосната руска инвазија врз Украина. Таа ...
Бидете точни: Особината да се почитуваат договорените термини и со тоа да се покаже почит кон другата страна, многу луѓе ја сметаат за вредна. Таа се гледа како знак на добро воспитание. Според едно клише, точноста е германска доблест, но реалноста – на пример кај железницата – како и една нова анкета, укажуваат на промена. Дали германската точност изумира? Пред четврт век, тогашниот шеф на железницата рече дека точноста на железничкиот ...
Во војната меѓу терористичката организација Хамас и Израел во Појасот Газа од 10 октомври минатата година важи примирје. Тоа е и понатаму кревко. Но сепак, американската влада – преку чија посредништво дојде до прекин на поголемиот дел од борбите – ја започна втората фаза од мировниот план. Овој дел од планот за мир од 20 точки предвидува, меѓу другото, почеток на обновата во Газа и преодна управа. Спроведувањето на планот треба да го ...
Босна и Херцеговина (БиХ) и Исламска Република Иран одржуваат односи кои досегаат длабоко во 1990-тите, кога Техеран стана значаен снабдувач на оружје за Армијата на БиХ во услови на ембарго на ОН. Денес тие врски продолжуваат преку културни центри, академски проекти и политички контакти, но под будното око на Западот. И додека се потсетува на иранската хуманитарна помош од воените денови, останува прашањето колку тие историски нишки ја ...
Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) ги повикува авиокомпаниите засега да го избегнуваат иранскиот воздушен простор. Во соопштението се додава дека претпазливост е потребна и во воздушниот простор на соседните земји, особено доколку таму има американски воени бази. Предупредувањето е реакција на затегнатата состојба во Иран и важи првично еден месец. Како причина, ЕАСА меѓу другото наведува дека иранската ...
По неуспешната средба во Вашингтон, Копенхаген порача дека постојат суштински разлики со САД околу статусот на Гренланд. И покрај тоа, одлучено е да се формира заедничка работна група што ќе ги продолжи разговорите за иднината на островот. Средбата се одржа во сенка на американските закани за можна насилна анексија и со свежо сеќавање на понижувањето што украинскиот претседател Володимир Зеленски го доживеа пред една година во Белата куќа. ...
По повеќе од четврт век преговори, Европската комисија во сабота (17.01) ќе го потпише најголемиот трговски договор во историјата на ЕУ со јужноамериканскиот блок Меркосур — Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе отпатува во Парагвај за официјализирање на мега-договорот, кој Брисел го претставува како доказ дека Унијата може да гради нови сојузи во ера на глобална нестабилност. ...
Протестите во Иран се чини дека се стивнати по неколкунеделните масовни немири кои доведоа до крворполевање со повеќе илјади мртви. Во главниот град Техеран, не се забележани протести со денови. Властите не пријавиле немири ниту во други делови од земјата. Сепак, еднонеделниот прекин на интернетот останува на сила. „Протестите може да продолжат“ Демонстрациите започнаа на крајот на декември поради растечкото незадоволство од влошената ...
Премиерот Христијан Мицкоски, како и други врвни раководители на власта, постојано сакаат да зборуваат дека во овие 19 месеци откако владее оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ некои работи се случуваат, се решаваат, на одредени проблеми им се приоѓа на начин каков што немало во сите години на независноста. Дека вистинската историја на модерната македонска држава почнува од 23 јуни 2024-та, кога беше избрана оваа влада. Дека претходните кабинети, ...
Земјите-кандидати за членство во ЕУ имаат спротивставени ставови околу планот новите членки да влезат без целосни права на глас сè додека Унијата не ги заврши институционалните реформи, пишува Политико Албанија ја поддржува идејата, Молдавија бара дополнителни детали, а Украина и Црна Гора се против и инсистираат на полноправно членство. Европската комисија разгледува можност новите членки да ги добијат целосните права на глас дури по ...
Масовните руски напади врз енергетските постројки предизвикаа тешки прекини на струја, греење и водоснабдување во Киев и околните населби. Илјадници домаќинства веќе со денови се без основни услови за живот, додека температурите во украинската престолнина достигнуваат големи минусни вредности. Според строгите ротации кои ги воведоа локалните власти, струјата во деловите на Киев се исклучува со часови. Околу 400 станбени блокови воопшто немаат ...
Јавноста со голем интерес ги очекува првичните информации од вчерашната (15.01) акција под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), во која, истражители од Обвинителството со асистенција на полициски службеници од МВР вршеа претреси на повеќе локации во државата. Како што информираа од ОЈО ГОКК, се обезбедувале лица осомничени за злосторничко здружување, перење ...
Владата донесе одлука за квота од 10.000 работни дозволи за странски државјани за 2026 година, која стапи на сила на 16 јануари. Од нив, 9.750 дозволи се за редовно вработување, 200 за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани. Во рамки на редовното вработување, 4.500 се за нови работници, додека 5.250 се за продолжување на веќе издадени дозволи. Од Министерството за економија и труд најавуваат дека ќе се следи искористеноста на квотата и ...