Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Иницијативата „Стоп за Усје“ започна осумчасовна блокада пред цементарницата „Усје“ во Скопје. Под името „Блокадафест“, активистите го блокираат главниот влез на фабриката до 23 часот, испраќајќи порака против аерозагадувањето и, како што велат, долгогодишната негрижа на институциите. „Ова не е само блокада. Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова,на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој е во посета на земјата, изјави дека билатерализацијата на евроинтеграцијата не смее да стане правило и дека земјите членки на ЕУ треба навремено да ја превенираат. Нема поголема инвестиција во стабилноста од членството во ЕУ Сиљановска-Давкова повтори дека земјата останува цврсто определена за членство во ЕУ, ...
Затвореник тепан од затворски полицаец во Идризово ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ова претставува прва одлука за повреда на член 3 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) во затворски предмет од Македонија. Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет информираа дека Судот на 26 февруари донел одлука по пат на унилатерална декларација во предметот „Фитим Муслиу против ...
Кравите кои со години лутаат низ Крива Паланка и предизвикуваат штети на земјоделските поседи и во околните села, станаа ударна тема во Македонија. Проблемот, за кој со децении не се наоѓа решение, предизвика протести на локалното население и отвори жестока расправа меѓу Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кои си ја префрлаат одговорноста. Протести и реакции од жителите Во четвртокот (26.02), жителите на селата Трново, ...
Уставните измени остануваат клучен услов за продолжување на преговорите на Македонија со Европската Унија, но одговорноста за застојот не е само во Скопје, туку и во Брисел. Ова беше истакнато на расправата пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), каде европратеникот Томас Вајц го презентираше годишниот нацрт-извештајза напредокот на земјата. Во документот тој нотира дека евроинтегративниот процес е во застој и повикува на забрзани ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно го подигна политичкиот притисок во земјата, само шест недели пред парламентарните избори закажани за 12 април. Во видео-обраќање објавено на 25 февруари 2026 година, тој соопшти дека наредил распоредување на унгарската армија, полициски сили и воени одбранбени системи за да чуваат енергетски постројки низ државата, обвинувајќи ја Украина дека подготвува активности за „нарушување на функционирањето на ...
Со одлука на Управниот суд во Келн, Сојузната служба за заштита на уставниот поредок мора да ја повлече својата класификација на Алтернатива за Германија (АфД) како „докажано десноекстремна“. Во мај 2025 година службата ѝ ја додели највисоката можна категорија на ризик, откако уште од март 2022 партијата официјално беше водена како „сомнителен случај на екстремизам“. Оваа пресвртница, сепак, не е конечна. Судот одлучуваше во итна постапка по ...
Русија во последните години масовно регрутира мажи од различни африкански земји за војната во Украина – речиси секогаш под изговор на легална работа. Но, многумина по доаѓањето во Москва завршуваат на фронтот како топовско месо, со екстремно висока стапка на смртност. Семејствата дома се борат да ги пронајдат нивните тела и да ги погребаат. Трагедијата на едно семејство Каролин Мукиза со раскинато срце ги брише солзите додека клечи во црква ...
Полемиките околу враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби во земјата, замената на притворот со куќен притвор и обвинувањата за наводен таен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се прелеаја и на собраниската говорница. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека „нема логика да се договара со луѓе кои сакаат да го видат неговиот крај“. „Изминатите денови јавноста со право е вознемирана и ги разбирам сите коментари. Тука не треба да има дилема ...
Во текот на својата кариера, Николај Младенов често бил во жижата на настаните. Дипломатот Младенов, поранешен министер за надворешни работи на Бугарија и специјален координатор на Обединетите нации за мировниот процес на Блискиот Исток во периодот од 2015 до 2020 година, ја стекна довербата и на израелските и на палестинските лидери дејствувајќи како чесен посредник подготвен да биде критичен спрема сите страни во периоди на големи тензии. ...
Тензијата непосредно пред нова рунда разговори меѓу САД и Иран се зголемува. Претставници од Техеран и Вашингтон денеска (26.02) во Женева треба да разговараат за нуклеарната и ракетна програма на Иран. За аналитичарите ова е еден од најкритичните моменти во историјата на Блискиот Исток. Во политичките и безбедносни кругови, сѐ повеќе се зборува за „воено одбројување“ доколку не биде постигнат договор. Според извештај на „Волстрит журнал“ од ...
Наводно било замислено само како шега, но никому во Исланд не му беше до смеење. Во јануари Били Лонг, новоназначениот американски амбасадор во Рејкјавик, во присуство на неколку членови на Конгресот се пошегува дека Исланд наскоро би можел да стане 51-вата сојузна држава на САД, а тој лично нејзин гувернер. Тоа се случи во време кога сојузниците на САД во НАТО стравуваа дека претседателот Трамп би можел да го анектира Гренланд и да го припои ...
Македонските граѓани наскоро би можеле да разговараат и да користат мобилни податоци низ Европа по иста цена како дома. Европската комисија објави дека ќе побара одобрение од Советот на ЕУ за отворање преговори со земјите од Западен Балкан за укинување на роамингот за патувањата во земјите членки на ЕУ. Предлогот се однесува на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Што значи ова за македонските ...
Во својот говор за состојбата на нацијата, американскиот претседател Доналд Трамп си припиша огромни успеси. „Нашата нација се врати – поголема, подобра, побогата и посилна од кога било претходно. Ова е златната ера на Америка“, рече Трамп во говорот пред Конгресот. Американската граница е безбедна, економијата цути како никогаш досега, а непријателите на САД се исплашени, рече Трамп проследен со аплауз и извици „САД-САД“ од неговите ...
Многу врева се дигна во последниве неколку денови околу можноста за т.н. „придружно“ или асоцијативно членство во ЕУ. Во таа, засега сè уште хипотетичка идеја, има една заводлива логика: членство веднаш, иако инвалидизирано, а реформи потоа. Можеби има и по некој бенефит во смисла на политичка оптика дома или некаква предвидливост на процесот понатаму, но сепак се прашувам дали, кога ќе ги погледнеме деталите на пакетот, тој суштински ни ...
Германија влегува во период на забрзано стареење и намалување на населението. Најновите проекции на Сојузниот завод за статистика покажуваат дека земјата се движи кон критичен пресврт: наталитетот е далеку под нивото потребно за одржување на населението и дури ни зголемената миграција не може да го спречи падот. Според податоците, секоја жена во Германија статистички донесува на свет 1,35 деца – бројка значително пониска од неопходните 2,1 ...
Професорката и придружна пејачка на групата ДНК, Ана Костадиновска, која ја преживеа трагедијата во пожарот во дискотеката „Пулс“, на денешното судско рочиште сведочеше за моментот кога ги забележала првите искри, за паниката која следела и за стампедото во кое многу млади луѓе го загубија животот. Таа детално опиша како започнале критичните секунди од пожарот. Моментот кога започнал пожарот „Ја изведувавме песната ‘Што сака нека биде’ и на ...
Здружението на јавни обвинители бара Собранието да ги повлече предложените законски измени за платите, со кои се предвидува измена на коефициентите за пресметка со цел спречување на натамошен „непропорционален раст“ на нивните примања. Аргументите на обвинителите Од Здружението потсетуваат дека согласно Законот за платите на јавните обвинители, платата не смее да биде намалена со закон или со одлука на државен орган, освен во случај на ...
Современите автомобили, без разлика дали се електрични или со мотор на внатрешно согорување, денес претставуваат сложени дигитални системи. Опремени со сензори, камери, микрофони и постојана интернет‑конекција, тие собираат големи количества податоци за возењето, локацијата и околината. Затоа сè почесто се нарекуваат „паметни телефони на тркала“. Сè поголема загриженост во германските служби Во германските безбедносни институции и Бундесверот ...
Многу прашања отвори образложението на Јавното обвинителство – во кое објасни зошто била донесена одлука затворскиот притвор за Артан Груби да биде заменет со куќен притвор. „...По проценка на надлежните органи - МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка“, ...
Православните верници од денеска започнуваат со Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден. Велигденскиот пост е најстрогиот пост на Црквата. Тој трае седум недели или 48 дена. Годинава (2026) велигденскиот пост трае од 23 февруари до 11 април. Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели: да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле ...
Линчот што на социјалните мрежи го доживеја премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска - Давкова за темата нов владин авион, покажа дека кој во политиката живее од популизам, од популизам и ќе „умре". Или: тоа што си посеал, тоа ќе жнееш. Мицкоски од првиот ден на доаѓање на власт се служи со тврд популизам во политиката. Така создаде гласачи и поддржувачи кои презираат богати луѓе, кои на богатите гледаат како на ...
На почетокот на февруари, Меѓународниот институт за социологија од Киев (КИИС) ги објави резултатите од анкета спроведена кон крајот на јануари, односно во време кога по масовни руски напади врз енергетските објекти, делови од земјата, а пред сѐ главниот град Киев, се соочуваа со акутен недостиг на струја, греење и вода и тоа на температури до -25 степени Целзиусови. Според 88 проценти од испитаниците, Русија сака со нападите врз енергетскиот ...
Двајца севернокорејски војници заробени од украинските сили во руската Курска област повеќе од една година чекаат одлука за нивната иднина. Тие побарале да не бидат вратени во Северна Кореја, туку да добијат азил во Јужна Кореја, плашејќи се од сурова одмазда поради тоа што биле заробени живи. Активисти ја обвинуваат јужнокорејската влада дека неоправдано одолговлекува со случајот, додека меѓународните институции повикуваат на почитување на ...
Да се остане во тесно засолниште во таканаречената „зона на смртта“ со недели или месеци – на делови од фронтот долги и до 20 километри, речиси целосно под надзор на непријателски дронови – стана секојдневие за украинските војници по четири години војна. Нема можност да се пристигне до положбите со возило, ниту да се организира евакуација при ранување. Снабдувањето со муниција и храна редовно се прекинува. Украински војници за ДВ опишуваат ...
Платите на државните функционери ќе се намалат од 10.000 до 13.000 денари, а кај некои позиции и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата. Ова денеска (24.02) го изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од шест предлог-измени на закони што ја регулираат висината на платите. Според Стојаноски, предложените ...
По серијата реакции во јавноста, Јавното обвинителство ги објави аргументите што биле клучни за донесување на одлуката Артан Груби, по само неколку часа поминати во Истражниот затвор „Скопје“, да биде пуштен во куќен притвор со постојан полициски надзор. И покрај тоа што Груби важеше за бегалец, по кого уште во декември 2024 година беше распишана меѓународна потерница, а се сомничи за злоупотреби тешки околу осум милиони евра, јавноста бара ...
Со убиството на Немесио Осегера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, мексиканската влада го прекина долгогодишниот неформален мир со најмоќните наркокартели во земјата. Смртоносниот судир со безбедносните сили, во кој загина и шефот на картелот ЦЈНГ (Cártel Jalisco Nueva Generación), предизвика бран насилства низ целата држава. Десетици лица го загубија животот, а стравот од нова војна со нарко-катртелите расте – само неколку месеци пред ...
Поранешниот новинар на ДВ, Костиантин Хончаров, кој во 2022 година доброволно се пријави во украинската армија, по повод четири години од почетокот на руската инвазија ја опишува состојбата на фронтот и сопственото искуство во време кога повторно се актуелни разговорите за мир. „Не знам зошто почна овој ужас, ниту како ќе заврши“ „Искрено, сè уште не разбирам зошто започна оваа војна, зошто продолжува и како би можела да заврши – кога и по ...
Не стивнуваат реакциите во јавноста по враќањето на Артан Груби во Македонија, поранешен вицепремиер и висок функционер на ДУИ, кој повеќе од една година беше во бегство. По неколку часа во истражниот затвор, судот му одреди куќен притвор и 24-часовен надзор, откако Јавното обвинителство излезе со став дека „постојат индиции оти во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност“. Одлуката предизвика лавина критики и ...