Додека има време, на фронтот во источна Украина, Петер Филипович чита вести од Унгарија. Во последните денови особено за изборната кампања на Виктор Орбан, во која често се споменува неговата татковина – Украина. Земјата што тој, како украински Унгарец од Закарпатија, во моментов ја брани од руската агресија. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и политичарите од неговата партија Фидес ја опишуваат Украина како „корумпирана мафијашка и ...

По најавата за двонеделно примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, вниманието на меѓународната јавност е насочено кон Исламабад. Во главниот град на Пакистан во наредните денови се очекува да започнат директни разговори меѓу двете завојувани страни за можна мировна спогодба. Сепак, примирјето се смета за исклучително кревко, а голем број прашања сè уште остануваат отворени. Кој ќе учествува на преговорите? Според Белата куќа, ...

Од денеска, 10 април, Европската Унија официјално започнува со целосна примена на ЕЕС (Entry/Exit System) – новиот дигитален систем за евиденција и контрола на влезот и излезот на државјани од земји кои не се членки на ЕУ. Новиот начин на гранична контрола важи и за македонските граѓани и целосно ја заменува досегашната практика на рачно ставање печати во пасошите со електронска и биометриска евиденција. Системот, кој досега се применуваше ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц на вонредна прес-конференција во Берлин соопшти дека Германија има намера повторно да воспостави директен контакт со иранската влада, со цел да придонесе кон мировно решение на војната со Иран. Само неколку минути по почетокот на прес-конференцијата, која беше свикана во краток рок, Мерц изненади со оваа најава. Во координација со администрацијата на САД и европските партнери, Германија сака активно и по ...

По разорните воздушни напади на Израел во Либан, Иран се заканува дека ќе го прекине примирјето со САД. САД мора да се одлучат - „или примирје или продолжување на војната преку Израел. Не можат да ги имаат и двете“, напиша министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата X. Американскиот претседател Доналд Трамп исто така му се закани на Иран со нова воена ескалација доколку не се постигне сеопфатен договор. На својата платформа ...

По воспоставеното примирје на Блискиот Исток, германската сојузна влада најави дека повторно ќе ги обнови разговорите со владата во Иран. Ова го соопшти германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека процесот ќе се одвива во тесна координација со Соединетите Американски Држави и европските партнери. „Ова го правиме во усогласување со Соединетите Држави и со нашите европски сојузници“, изјави Мерц. Целта, како што појасни, е Германија да ...

Делегација на УНЕСКО на крајот на мај ќе допатува во инспекција на Охридскиот Регион. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Струга, истакнувајќи дека тој лично ќе биде домаќин на делегацијата. Премиерот најави дека на средбите ќе ги презентира аргументите на Владата дека Охридскиот Регион е подрачје од исклучително значење за туризмот во државата и дека мора да се развива на начин што ќе ги задоволи потребите на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа целосен неуспех во конфликтот со Иран. Во војната влезе со амбициозна агенда: да ги ослободи Иранците од нивното исламистичко раководство, трајно да ја уништи иранската нуклеарна програма, да наметне ограничувања врз ракетната програма и да ја запре поддршката на Техеран за сојузничките милитантни групи на Блискиот Исток. До овој момент, ниту една од тие цели не е остварена. Наместо тоа, Иран ...

Семејствата на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани повторно бараат одговори од надлежните институции за причините за смртта на нивните деца. Во фокусот на нивните барања се токсиколошките анализи направени при обдукцијата, од кои, според нив, зависи вистината за тоа како настанала трагедијата во која загинаа 63 лица. Дел од родителите на загинатите деца дојдоа во Институтот за судска медицина во Скопје, за да побараат ...

Објавувањето на двонеделен прекин на огнот меѓу Иран, Израел и САД по 40 дена интензивни напади и одмазднички чинови, ја ставија војната во мирување. Како и вообичаено, цивилите го понесоа товарот на војната - илјадници убиени или повредени, и многу повеќе раселени лица. Домови, инфраструктура и основата за живот се уништени - во Иран, во Израел и низ целиот регион. И покрај примирјето, Израел ја продолжува воената кампања против Хезболах во ...

Реформи за обезбедување одржлив пензиски систем и соодветна грижа за старите лица се неминовни. Буџетските трансфери за исплата на пензии во 2024 година достигнаа околу 690 милиони евра, а проекциите за 2025 година укажуваат дека овој износ дополнително ќе се зголеми. Истовремено, Националната стратегија за стари лица е истечена пред повеќе од пет години, а услугите за долготрајна нега се достапни за помалку од еден отсто од населението над ...

Институциите во Македонија се мобилизираат за спроведување на првиот целосно електронски попис на населението, планиран за 2031 година. Деновиве надлежните институции ги соопштија првичните контури на тоа како ќе изгледа оваа обемна статистичка операција. Државниот завод за статистика (ДЗС) и Министерството за дигитална трансформација работат на создавање услови пописот да се спроведе без теренски попишувачи, односно со користење ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, по неговата тирада против НАТО за време на војната со Иран, вчера (8.04) во Белата куќа разговараше со генералниот секретар на алијансата, Марк Руте. Состанокот се одржа зад затворени врати, што е спротивно на вообичаената пракса. Околу два и пол часа подоцна Руте ја напушти Белата куќа. Според портпаролката на Трамп, Каролин Левит, американскиот претседател сакал да го отвори прашањето за можно ...

По објавувањето на двонеделното примирје меѓу Иран, САД и Израел, многу работи остануваат нејасни. Така, во пресрет на почетокот на директните преговори, кои треба да се одржат од петок, на покана на пакистанскиот премиер Мухамад Шехбаз Шариф, во пакистанскиот главен град Исламабад, може да се слушнат само контрадикторни изјави за одредени теми. Почетна точка за преговорите е планот од десет точки кој Иран, според американскиот претседател ...

Додека сме фиксирани на војната во Иран, чекајќи секој ден дали ќе дојде крајот на светот, или сѐ ќе продолжи „како досега“, во нашето непосредно опкружување се случува можеби најважниот политички настан за регионот во последните две децении – изборите во Унгарија. Во пресрет на тие избори, политичката сцена влегува во најнеизвесна фаза – по години доминација на автократот Виктор Орбан и неговата Фидес, за првпат на анкетите води опозицијата. ...

Грција во иднина сака да им забрани пристап до социјалните мрежи на голем број малолетници. Премиерот Киријакос Мицотакис најави дека од 1 јануари 2027 година ќе им биде забранет пристапот до платформи како Инстаграм, Фејсбук или ТикТок на лицата помлади од 15 години. Тогаш треба да стапи во сила соодветен закон. „Одлучивме да придвижиме нешто тешко, но неопходно“, изјави Мицотакис. Целта на мерката е подобро да се заштитат децата и младите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пред примирјето, константно ги засилуваше заканите за уништување на Иран, но паралелно го отвори прашањето дали САД би можеле да го напуштат НАТО. Дали Северноатлантската алијанса може да стане колатерална штета на растечките трансатлантски тензии? Поранешниот американски амбасадор во НАТО, Иво Далдер, предупредува дека Алијансата „не е мртва, но е сериозно оштетена“. Според него, токму несогласувањата ...

По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, највисоките државни институции, меѓународните партнери и Народниот правобранител упатија пораки против дискриминацијата и најавија мерки за подобрување на правата, образованието и социјалната инклузија на ромската заедница. Образование без поделби Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот „Од невидливост кон еднаквост – одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница“, што се одржа во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, според сопствените изјави, е подготвен две недели да ги прекине бомбардирањата и нападите врз Иран, доколку Техеран го отвори Ормускиот Теснец. Станува збор за обострано примирје, соопшти Трамп на својата платформа Трут Соушл. Трамп напиша дека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го замолил да се воздржи од најавените напади врз иранските електроцентрали и друга инфраструктура. Американскиот претседател ...

Состојбата со изворот Рашче засега е стабилна, но се испитуваат три нови локации кои би можеле да претставуваат алтернатива за снабдување на Скопје со вода. Во меѓувреме, Владата во соработка со Општина Јегуновце и Град Скопје работи на решавање на проблемот со дивата депонија што се наоѓа над самиот извор. „Почнавме испитувања на три нови позиции во Градот Скопје што би значеле алтернатива за изворот Рашче. Станува збор за пообемни и ...

Граѓаните треба да бидат сигурни дека пензискиот систем не може да колабира, затоа што исплатата на пензиите ја гарантира државата, односно Владата преку буџетот. Ова е пораката на директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов, кој во гостување на телевизијата Телма рече дека сите евентуални недостатоци на средства во Фондот се покриваат со директна прераспределба на средства од државниот буџет, во согласност ...

Посетата на Доналд Трамп Помладиот на Бања Лука не е обичен протоколарен настан, туку внимателно режиран политичко-маркетиншки сигнал со кој власта во Република Српска се обидува да капитализира нови политички амбиции и укинување на американските санкции. Прашањето што се наметнува е дали станува збор за скапа претстава или за настан од јавен интерес. Доаѓањето на синот на поранешниот американски претседател се претставува како доказ дека ...

Зајакнување на економската соработка со САД,унапредувањето на безбедносната и одбранбената соработка, дигитализацијата и енергетската стабилност беа во фокусот на средбите што македонската владина делегација ги оствари во Вашингтон. Во рамките на втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД е потврдена определбата за продлабочување на стратешкото партнерство и реализација на конкретни проекти. Во таа насока, министерката за енергетика, ...

Затворање на просторот за нејаснотии, импровизации и злоупотреби кои во минатото создаваа и злоупотреби и недoверба. Ова се очекува од Законот за правична и соодветна застапеност кoj вчера (7.04) доби зелено светло од Владата, со печат на Венецијанската комисија. Овој закон треба да го замени поранешниот „балансер" - алатка со која беше одредуван процентот на соодветна застапеност на вработените во јавниот сектор од секоја етничка заедница. ...

Непосредно пред парламентарните избори во Унгарија, закажани за в недела (12.04.2026), американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна во Будимпешта за да му даде поддршка на својот, како што го нарече, „пријател“, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Венс слета на аеродромот во Будимпешта во утринските часови и во текот на денот на повеќе наврати се појави јавно заедно со Орбан. Посетата доаѓа во момент кога унгарскиот премиер, според ...

Со вселенската мисија на „Артемис 2“ светот гледа две Америки: едната на Трамп, другата на НАСА. Едната Америка, со која завладеа некое мрачно и непредвидливо лидерство, и другата, вистинската, големата Америка која го предводи светот во технолошките достигнувања. Америка која работи за доброто на човештвото, која неуморно истражува и го води светот напред. Екипажот на „Артемис 2“ го урна рекордот за најдалечно растојание што екипажот го ...

Традиционалната трка со велигденски јајца во градината на Белата куќа, како и целиот Велигден, беа засенети од војната на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп секојдневно се огласуваше на својата платформа Трут Соушл - со делумно навредливи и воинствени зборови, за кои во САД доби критики. Во понеделникот (6.04), тој повторно се надоврза на тоа на специјално закажана прес-конференција. До денеска до 20 часот ...

Цената на волфрамот нагло расте - и тоа е многу повеќе од секојдневните вести од пазарот на суровини. Иако многу луѓе денес го знаат само од старите светилки со жичка, овој метал е незаменлив за голем број клучни индустрии: волфрамот се користи во алати, машини, електроника, муниција и во високотехнолошки примени. Критична и стратешка суровина Ова претставува проблем за Германија и за ЕУ: волфрамот во Брисел официјално се смета за критична и ...

Новинарот Михаел Мартенс пишува од Виена за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) дека, по објавата на спрскиот претседател Александар Вучиќ дека во близина на гасоводот со кој Унгарија се снабдува со гас преку Србија е пронајден експлозивен материјал, унгарскиот премиер Виктор Орбан свикал вонреден состанок на Советот за национална безбедност и ѝ наредил на армијата да го чува унгарскиот дел од гасоводот Балкански тек. ...

Владата по велигденските празници ќе објави нов пакет мерки за ублажување на инфлацијата и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Како што изјави премиерот Христијан Мицкоски,се разгледува комбинација од намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи. „Следните мерки ќе бидат повеќе таргетирани кон одредени групи граѓани и кон основните прехранбени производи. Ќе вклучуваат намалување на данокот на додадена вредност, ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.92
61%
1024
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
67%
1022
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.91
82%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.39
73%
1025
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.61
57%
1022
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.8
95%
1024
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
0.45
46%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.64
50%
1022
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.02
57%
1023
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
0.89
84%
1022
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
67%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.13
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Калај

53.45

Платина

53498.84

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.40

Злато

133769.08

Сребро

2087.39

Бакар

12.73

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

39866.93