Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Добивај вести на Viber Силно невреме проследено со оркански ветер, снег и ниски температури го погоди Загреб во текот на ноќта, предизвикувајќи сериозни проблеми низ градот и регионот. Според локалните медиуми, ветерот корнел дрвја, оштетил инфраструктура и предизвикал прекини во јавниот превоз, особено на трамвајските линии, каде што поради паднати дрвја и оштетени водови делови од мрежата биле целосно парализирани. Во градот биле ...
Добивај вести на Viber Поради врнежите од снег во текот на ноќта, патот кон Галичник во моментов не се препорачува за користење. Надлежните служби се на терен и активно работат на расчистување на коловозот, со цел нормализирање на сообраќајот и обезбедување безбедни услови за движење. Од надлежните институции апелираат граѓаните да не се упатуваат кон Галичник сè додека патот целосно не се расчисти и не се создадат услови за безбедно ...
Добивај вести на Viber Основниот граѓански суд Скопје повторно го забрани како незаконски штрајкот на Синдикатот на контролорите на летање (ССКЛ), кој беше најавен за крајот на октомври. Поднесена е кривична пријава против претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски, за злоупотреба на службената должност, а утврден е и идентитетот на вработениот што одавал деловни тајни на порталот „Буревесник“ - соопшти на вчерашната прес-конференција ...
Добивај вести на Viber Во само 70 дена фирмата влегува во АНБ, во објекти поврзани со МВР, во Јавното претпријатие за државни патишта и во Централниот регистар, што отвора сериозни прашања за критериумите, конкуренцијата и јавниот надзор. Официјалните податоци од државниот систем е-набавки покажуваат дека ЛАНД-СЕРВИС ДОО Скопје, во периодот од 8 јануари до 18 март 2026 година, се појавува во договори и постапки со вкупна вредност од ...
Добивај вести на Viber Грчки медиуми објавија дека Амбасадата на Грција во Вашингтон интервенирала во врска со употребата на името на Македонија на настан организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп. Според истите извори, Меланија Трамп, која потекнува од Словенија, на почетокот на јавниот настан го употребила името „Македонија“ додека му посакувала добредојде на премиерот Христијан Мицкоски, на кој присуствувала и неговата сопруга ...
Добивај вести на Viber Државите од еврозоната на денешниот онлајн состанок ќе разговараат за мерките против растот на цените на енергијата предизвикан од последните случувања на Блискиот Исток, се наведува во програмата на Еврогрупата. Европската комисија (ЕК) во работниот документ доставен пред состанокот предупредува дека Унијата се соочува со можни прекини во снабдувањето. Војната во Блискиот Исток предизвика сериозни нарушувања на ...
Добивај вести на Viber Столари, програмери, градежни инженери, монтери, продавачи, касиери, хигиеничари, службеници, општи работници... Ова се мал дел од дејностите за кои во овој период има активни огласи за вработување објавени на веб страната на Агенцијата за вработување. Првичниот впечаток е дека периодов има силна потрага по столари, бидејќи има повеќе огласи од различни компании кои бараат кандидати за оваа позиција. Сепак, податоците ...
Добивај вести на Viber Уривањето на некогашниот хотелски комплекс во Купари, во близина на Дубровник, започна минатата година, а денес од поранешните луксузни хотели не остана речиси ништо. На местото каде со децении се издигнуваа престижни објекти, сега има само купишта шут и градежен материјал. Единствениот објект што опстана е хотелот „Гранд“, кој ќе биде обновен и ќе стане централен дел од новиот туристички комплекс. Според најавите, на ...
Добивај вести на Viber Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ, обвини дека проектот за брз автобуски превоз (БРТ) бил блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости. Во објава на социјалните мрежи, Трајановски посочува дека отпочнувањето на проектот во 2026 година, наместо во 2021, е доказ дека политиката не се води во интерес на граѓаните. – Во моите два мандати како советник во ...
Добивај вести на Viber Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека со навредлив или заканувачки тон ѝ се обратил на министерката за образование и наука Весна Јаневска за време на неодамнешен настан во Тетово, кога ѝ упати забелешка дека треба да има преведувач. Во објава на социјалните мрежи, адресирана до премиерот Христијан Мицкоски, Адеми посочува дека по настанот добива закани преку СМС-пораки од граѓани, за што, како што вели, ...
Добивај вести на Viber Дубаи, кој до неодамна важеше за симбол на луксуз, стабилност и постојан раст, денес се соочува со можеби најголемиот економски удар во својата модерна историја. Војната меѓу САД, Израел и Иран не е само геополитички конфликт, туку директно го погоди срцето на еден од најпрофитабилните туристички модели во светот. Според извештаи од терен, десетици илјади туристи и странски резиденти го напуштиле Дубаи во рок од ...
Добивај вести на Viber Еуфоријата околу вештачката интелигенција (AI) може да се приближува кон својот крај, а евентуалниот пад на овој сектор би имал глобални последици, предупредува финансиски и технолошки експерт, пренесува „Бизнис инсајдер“. Според него, доколку дојде до „пукање“ на AI бумот, тоа нема да биде толку драматично како дот-ком кризата од почетокот на 2000-тите, но сепак ќе се почувствува во сите сегменти на економијата. – Ако ...
Добивај вести на Viber Управата за хидрометеоролошки работи предупредува на грмежи и пообилни врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат од снег. „Актуелно метео предупредување. Под влијание на циклонска активност денес ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ...
Добивај вести на Viber НАФТАТА ПОСКАПУВА Цените на нафтата скокнаа на највисоко ниво во последните две недели во недостатокот на договор за прекин на војната со Иран. Денеска цената за Брент суровата нафта порасна за 5,7 проценти на 108,01 долари, што е најголемиот еднодневен скок за меѓународниот репер од 11 март. West Texas Intermediate, американски репер за нафта, порасна за 4,6 проценти на 94,48 долари. Цените на нафтата се погодени од ...
Добивај вести на Viber Еврокомесарката Марта Кос кажа дека Црна Гора е следната земја што ќе му се приклучи на европското семејство. „Црна Гора е во последната фаза од пристапувањето кон ЕУ и сите нејзини напори даваат резултати“, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос во Дневникот на РТЦГ. Таа рече дека ние само си ја работиме нашата работа на патот кон ЕУ и потврди дека сè уште сме први на ред за да станеме следна членка. На ...
Добивај вести на Viber Во Германија, постојат голем број професии кои, и покрај нивната општествена важност, носат ниски приходи. Класичен пример се работните места со чистењето. Со просечна бруто плата од 2.493 евра за работа со полно работно време, тие се на самиот врв на најниско платените професии. Според соопштението на Заводот за федерална статистика, на барање на група граѓани во Бундестагот, работните места во чистењето не се ...
Добивај вести на Viber Пазарите на земјите во развој имаа добар почеток на 2026 година, значително надминувајќи ги развиените пазари, но нивниот раст беше запрен во март поради војната меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, објави „Рајфајзен Капитал Менаџмент“. Влијанието на конфликтот е тешко да се процени со оглед на различните можни сценарија, при што енергетски зависните пазари во развој беа особено изложени. Војната со Иран ...
Добивај вести на Viber Поставувањето на систем за видеонадзор на повеќе локации во Велес е во тек, како дел од најавениот проект „Безбеден град“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Велес, деновиве се врши инсталација на потребната инфраструктура – кабли, метални сандачиња, столбови и камери на главните градски улици. На една од последните седници на Општина Велес, претставник на СВР ...
Добивај вести на Viber Соединетите Американски Држави(САД) се заканија дека ќе го уништат Иран ако не се откаже од нуклеарната програма. „Американските сили со недели нанесуваат сериозни удари врз воените капацитети на Иран на ниво што ретко се гледа“, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот на неговиот кабинет и повтори дека САД убедливо победуваат во конфликтот. Тој го повтори своето претходно тврдење дека Иран ...
Добивај вести на Viber Пречките за завршување на војната стануваат сè поизразени, бидејќи САД и Иран поставуваат дијаметрално спротивни барања, според CNN. Пред речиси еден месец, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, индиректно разговараа со иранските претставници во Женева, додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп продолжи да ја нагласува дипломатијата како приоритет. Само два дена подоцна, САД и Израел ...
Добивај вести на Viber Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ ја обвини Владата за негрижа кон работничките семејства и за толерирање шпекулации на пазарот, додека министерот за транспорт, Александар Николоски возврати дека високите цени на становите се директна последица на блокирањето на урбанистичките планови и хистеријата што се создава против градежништвото, особено во некои скопски општини и во Охрид. Мециновиќ истакна дека домувањето не ...
Добивај вести на Viber Службеници на администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави(САД), Доналд Трамп, ги анализираат можните последици од ненадејниот пораст на цените на нафтата, вклучувајќи сценарио во кое цената би можела да достигне 200 долари за барел, објави Блумберг. Според извори запознаени со проблемот, анализите се дел од редовните проценки за време на кризни ситуации и не се наменети за предвидување на идните ...
Добивај вести на Viber Кина откри „значајни нови наоѓалишта“ на ретки земни минерали, вклучувајќи флуорит и барит, во покраината Сечуан, соопшти Министерството за природни ресурси. Значајни нови наоѓалишта на ретки земни минерали се потврдени во рударската област Маониупинг во округот Мианинг, според подружница на China Rare Earth Group. Се проценува дека новооткриените минерали тежат 9,666 милиони тони, при што количината е изразена во ...
Добивај вести на Viber Двајца војници и 8 цивили денеска загинаа, а 169 луѓе се ранети во ирански напад со балистички ракети и со беспилотни летала врз Обединетите Арапски Емирати, објави Министерството за одбрана на Емиратите. „Меѓу повредените има граѓани на ОАЕ, Египет, Судан, Етиопија, Филипините, Пакистан, Иран, Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Азербејџан, Јемен, Уганда, Еритреја, Либан, Авганистан, Бахреин, Коморите, Турција, Ирак, Непал, ...
Добивај вести на Viber Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра. На 31 декември 2025 година, нето надворешниот долг изнесуваше 4,58 милијарди евра (или 27,1 отсто од БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2025 година, е зголемен за 102 милиона евра, или за 2,3 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71 ...
Добивај вести на Viber Странците во Албанија лани потрошиле 5,72 милијарди евра, а Албанците во странство три милијарди евра. Тоа е зголемување за 15 отсто, споредено со претходната година. Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека највисокото ниво на трошоци е забележано во екот на туристичката сезона, во третиот квартал од годината, кога достигнало 2,3 милијарди евра, во споредба со 1,9 милијарди евра во истиот период ...
Добивај вести на Viber Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше сојузниците на НАТО, обвинувајќи ги дека не даваат никаква помош во конфликтот на САД со Иран. Во ...
Добивај вести на Viber Сообраќајот низ Ормутскиот теснец е намален за 95 проценти. Протокот на бродови низ Ормутскиот теснец е драстично намален и дневно поминуваат помалку од пет танкери, што претставува пад од околу 95 проценти во споредба со вообичаениот сообраќај, објави агенцијата Тасним. Според агенцијата и платформата „МаринТрафик“, Техеран дозволува премин главно на бродови од пријателски земји, како што се Кина, Индија и Пакистан, ...
Добивај вести на Viber Kaко што пренесуваат грчките медиуми, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија планирала да го употреби името Македонија, по што Грција реагирала. Дел од грчките медиуми пренесуваат дека се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји. Сепак, ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница посочи дека во здравствениот систем постојат злоупотреби и неетичко однесување од страна на дел од здравствените работници, за што, како што рече, мора отворено да се зборува. Тој наведе дека има случаи каде поединци преку сомнителни практики пријавувале дежурства и на тој начин значително ги зголемувале своите примања. -Треба да зборуваме и со доза на ...