Последниот пат кога имаше големо забавување на моќната мрежа на океански струи што ја обликуваат климата околу Северен Атлантик, се чини дека ја втурна Европа во длабок студ повеќе од еден милениум. Тоа беше пред околу 12.800 години, кога немаше многу луѓе наоколу да го доживеат тоа искуство. Но, во последниве децении, затоплувањето предизвикано од човекот може да предизвика струите уште еднаш да се забават, а научниците работеа на тоа дали и ...
Климатските промени ги ослободуваат прастарите инфекции од нивните ледени затвори на Арктикот. Глобалното затоплување е опасност за нашата планета и за нашето здравје. 2023 најтопла до сега, 2024 уште потопла Според Службата за климатски промени Коперник на ЕУ, првите две недели од јули најверојатно биле најтоплите на Земјата во последните стотици, ако не и илјадници години. Научниците предвидуваат дека 2024 година ќе биде уште потопла од 2023 ...
Јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец на Земјата во последните стотици, ако не и илјадници години, им рече на новинарите во четвртокот Гевин Шмит, директорот на Институтот за вселенски студии Годард при НАСА, додека постојаниот топлотен бран пече делови од американскиот југ, пренесува Гардијан. Шмит ова го изјави на состанокот во седиштето на НАСА во Вашингтон на кој беа свикани експерти за климата и други лидери на агенцијата, вклучително ...
На северната хемисфера се бележат сѐ повеќе топлотни рекорди: САД, Кина, Јапонија, Италија и Шпанија. Во моментов се пријавуваат екстремни горештини на толку многу места, што е тешко да се има преглед врз ситуацијата. Според кинеските медиуми, неодамна беше соборен нов топлотен рекорд од 52 Целзиусови степени во северозападниот дел на земјата. На јужните италијански острови Сицилија и Сардинија се очекуваат48 степени. Во меѓувреме, јапонските ...
Состојбата во претпријатието стабилизирана, вели Арсовска, а за целата збрка е виновен Мицкоски, или како што вели градоначалничката „Мицкоски е разобличен вечерва зашто за ефтини поени сака да креира проблеми кај граѓаните, а потоа да се претставува дека ги решава тие проблеми. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое го видело овој град и ние вечерва ќе почнеме, со чистењето на ѓубрето, да ги чистиме и нив“. Во меѓувреме градоначалниците ...
Климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста и во крајна линија директно се поврзани со безбедноста во поширокиот регион на ОБСЕ. Затоа е потребно да дадеме политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за нивно ублажување. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во воведното обраќање на првата ОБСЕ Конференција за климатски промени што денеска се одржува во ...
Холивудскиот актер, филмски продуцент и активист за климатски промени, Леонардо ди Каприо, ја пофали Владата на Грција за нејзините напори да ја заштити биолошката разновидност. Покрај тоа што е еден од најплатените актери во светот, Ди Каприо има голем интерес за екологијата и климатските промени. Ди Каприо на Истаграм и честиташе на Грција за тоа што е првата европска држава што го зацврсти признавањето на клучните области на биолошката ...
Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан започна денеска, а до 26 мај ќе ја одбележат низа паралелни активности во повеќе земји од Западен Балкан, под заедничкото мото „Партнерство за циркуларност“. ЛогЕкс (LogEx) заедницата во чиј состав влегуваат повеќе од десет големи граѓански организации, меѓу кои е ЦИВИЛ, експерти, универзитети и бизниси, преку еднонеделните активности ќе понуди нови идеи и решенија за одржливи практики. Сите ...
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи има бројни јавни настапи во земјата и во светот, каде што говори за иднината на економијата. Тој има максимално прогресивни ставови во поглед на економските трансформации во земјава, регионот и светот. Тој во своите говори големо внимание посветува на енергијата и нејзината транзиција кон обновливите извори. „Пред економијата се портретира иднина во која изворот на виталната енергија од фосилните ...
Групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности креираа интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу. Како што информираат од Центарот за современи уметности, кантата е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога ...
Советот на Град Скопје по втор пат ќе се обиде да донесе одлука за соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир каде се предвидени 140 милиони денари за изработка на проектот за проширување на улицата „Цветан Димов“, улицата со бетонски ѕид, кај местото Чаирчанка во Чаир, улица која секој ден во било кое време има метеж и нервозни граѓани кои чекаат во колони. Оваa улица има по две коловозни ленти во двете насоки, но бидејќи е главна артерија во ...
„Ако земеме предвид дека секторот енергетика креира 10 – 15% од БДП во нашата економија, тогаш јасно е дека, изборите што ги правиме во енергетскиот сектор, денес, ќе имаат големо влијание врз иднината на нашата економија и благосостојбата но и енергетската безбедност на идните генерации“, рече во воведното обраќање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на отворањето на МЕФ енергетскиот форум во Скопје. „Токму затоа, сметам дека ...
МЕФ Енергетскиот Форум 2023 e настан во организација на ЗИП Институт, во партнерство со Владата и Делегацијата на ЕУ во Скопје. МЕФ Енергетскиот Форум 2023 се одржува под покровителство на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. ВО наредните два дена високи претставници на власта, функционери од регионот, домашни и странски енергетски компании, меѓународни органиазации и граѓански ...
„Пакомак“ е првата македонска компанија што во Република Северна Македонија го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки. Една од првичните. „Пакомак“ е исто и еден од првите постапувачи со отпад, со фокусот на циркуларната економија, како концепт на селектирање, рециклирање и реупотреба на отпадот. камера и монтажа: Ариан Мехмети Ивановски, Пакомак: Законите за управување со отпад ...
Технологијата, иновациите, науката ставена во функција на бизнисот, тема на која Зелен ЦИВИЛ разговараше со генералниот директор на „Везе Шари“, Абдулезел Догани. Догани го раскажа развојниот пат на првата термоцентрала на биогас во Северна Македонија за производство на електрична енергија и на кој начин компаниите „Везе Шари“, „Лекер“, „Електро Шари“ како и новата инвестиција „Голден ленд“ кај Прилеп, креираат еден затворен систем на современа ...
Штедење енергија, заштита на природните ресурси, а преку трансформација на отпадот со вредност се намалуваат депониите како потенцијална еколошка бомба, кој со горење го загадува воздухот, почвата и водите. Ова се најголемите придобивки од рециклирањето на отпадот. За тоа се залага и компанијата „Пакомак“ веќе долги години, која е прв и најголем постапувач со отпад во земјава. Во меѓувреме се појавија и други компании за отпад од пакување за ...
ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција в понеделник, 22 мај, со почеток во 10 часот, во ЦИВИЛ Прес центар, во БЦ Палома Бјанка, 3 кат. Почетокот на прес конференцијата се совпаѓа со почетокот на активностите низ целиот регион во рамки на Недела на циркуларната економија на Западен Балкан. ЦИВИЛ ќе ги соопшти деталите за конференцијата „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ што ќе се одржи на 23 мај, како и сите останати активности во ...
По повод Светскиот ден на планетата Земја, 22 април, ООУ „Јоханес Хајнрих Песталоци“ и СГУС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје започнаа еколошка акција за собирање електронски отпад и отровни батерии од домовите на наставниот кадар и учениците. Под електричен и електронски отпад се подразбира сè што работи на струја или батерии, а повеќе не е во функција и не ни е потребно. Тоа подразбира мобилни телефони, стари батерии, полначи, кабли, ...
Скопската градоначалничка Данела Арсовска го потпишала договорот за изградба на пречистителна станица, што беше повод за нејзиното раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржи нејзината независна кандидатура на локалните избори, дознава „Фокус“. Инаку, Арсовска лани во септември го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински, обвинувајќи го за несовесно постапување за тендерот за пречистителна станица, што ...
Кога пред две години беше најавен проектот „Паметен град“, или „Смарт сити“ тоа беше нешто непознато за граѓаните. Беше проект што требаше да вклучи платформа за дигитален град за да опфати систем за паметно осветлување, систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода и изработка на градски портал. Паметен град или ...
Цирклуарната економија, како модел е насочена кон обнова на екосистемите, но и воведување на иновации и менување на навиките на општеството, со цел се она што како краен резултат доаѓа во форма на отпад, да се рециклира и реупотреби. На оваа тема, за разбирањето, предизвиците и последиците доколку не се ивестира во цирклуларната економија, зборувавме со Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање. Со министерката ...
На иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во 1993 година, во многу земји во светот 22 Март е прогласен за Ден на водата. Целта на светските организации е кристално јасна: вода за сите до 2030 година, затоа што водата е фундаментално човеково право. Во Северна Македонија Светскиот ден на водата го одбележа потпишувањето на Договорот за грант за изградба на Пречистителната станица Скопје, отворен ден во СУГС „Браќа Миладиновци“, ...
Министерката за животна средина, Каја Шукова, заминик-претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска го потпишаа договорот за грант од ЕУ за отпочнување на изградбата на Пречистителна станица Скопје. Министерката Шукова, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека се планира средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на која се надева ќе се надминат сите ...
Цементарница Усје обвинета за најголем загадувач, пречистителната станица во Скопје, надеж гледа во нов грант од ЕУ, дали во Северна Македонија можеме да посочиме место за кое би рекле дека е еколошки чисто, што се случува со селектериањето на отпадот во домаќинствата, се прашања за кои ГринЦИВИЛ побара одговор од Каја Шукова, министерката за животна средина и просторно планирање. ГринЦИВИЛ: Каде е вистината за Цементарница? Имате ли увид? Од ...
Областите на Кина и САД се од клучно значење за светската економија, но се најмногу изложени на деструктивните ефекти од климатските промени, заклучува студијата објавена денеска, која ги анализира ризиците за зградите и инфраструктурата. Aвстралиска компанија за проценка на климатскиот ризик, XDI, која работи за инвеститори или финансиски аналитичари, прегледа повеќе од 2.600 територии ширум светот. Според класификацијата на компанијата, три ...
„Сè уште е во тек постапката чија динамика беше успорена поради ревидирање, кое следеше по разрешувањето на Златко Перински. За исходот од постапките благовремено ќе ве известиме“, одговорија од Град Скопје, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа кога може да се очекува потпишувањето на договорот за Пречистителна станица Скопје и на што се должи одолговлекувањето на целиот процес. Прочистителната станица Скопје по распишување на тендерот во јуни 2020 ...
Уште една светла комета се движи кон Земјата и оваа е посветла од Зелената комета што ги воодушеви набњудувачите пред неколку недели. Кометата со назив C/2023 A3, беше откриена уште во јануари од астрономите од опсерваторијата „Purple Mountain“ во Кина. Кометата е видена и на сликите снимени од опсерваторијата„ Palomar“, пишува „BGR“. Орбитата на светлата комета е прилично долга, а целосно минува околу Сонцето на секои 80.660 години. Најблиску ...
Додека Земјата продолжува да се загрева под ефектите на климатските промени, научниците истражуваат начини да ја одржат планетата ладна. 60 научници во отворено писмо пишуваат дека соларниот геоинженеринг вреди да се истражува како начин да се спречи Земјата да ги доживее најразорните ефекти од климатските промени. Но, на тој пат има неколку стапици. Иако вбризгувањето на аеросоли во стратосферата би ги рефлектирало сончевите зраци, тоа исто ...
Уставниот суд со укинувањето на мораториумиот за градби во Општина Центар, создала општ хаос во општината, бидејќи не е важечки и оној од 2014 година, практично тој дел од општината сега е без детален план. Со овој ДУП Ј07 се опфатени локалитетите Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара, со што тој дел од општината сега е без детален план. Градоначалникот Горан Герасимовски за ЦИВИЛ Медиа ...
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочаврски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓорѓијев, како претставници од Центарот за социјални работи од Гевгелија, денеска извршија увид во изградената зграда за социјално ранливи семејства во Гевгелија. При посетата, министерот Бочварски истакна дека од утре сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите од јавниот повик што исто така ќе биде објавен утре, ќе ...