Природните непогоди се појавуваат без претходна најава, за нив не постои одредено време, ниту пак интензитет. Иако размерите и штетите на природните непогоди не може да се предвидат, она на што со сигурност може да се влијае е добрата подготвеност со високо обучен кадар и напредна опрема со цел полесно справување со штетите. Медицински персонал, пожарникари, институции како Дирекција за заштита и спасување (ДЗР) и Центар за управување со кризи ...
Екстремно високите температури во Аргентина поврзани со климатските промени го влошија влијанието на историската суша што ги погодува земјоделските области на јужноамериканската земја од минатата година, велат научниците во најновиот извештај, јави МИА. Научниците поврзани со групата World Weather Attribution (WWA) велат дека брзата анализа покажала дека климатските промени директно не ги намалуваат врнежите, но дека високите температури ...
Чистиот воздух бил мислена именка за Скопје и во изминатиов јануари. Измерените податоци за квалитетот на воздухот покажуваат голем број на денови во кои се надминати дозволените среднодневни вредности на ПМ-2.5 и ПМ-10 честички во воздухот. Споредено со јануари 2022 година, годинава имало нешто помал број на денови кога било надминато максималното дозволено загадување од 50 микрограми ПМ-10 на метар кубен. Сепак, она што загрижува е енормното ...
Според најновите проценки на научниците од Нов Зеланд, речиси 5.000 честички микропластика секојдневно се таложат на еден квадратен метар на некој од покривите во Оукленд. Тоа е рекорд во споредба со другите светски метрополи, како Лондон, каде мерењата покажаа дека во просек паѓаат „само“ 771 честичка микропластика на површина со иста големина. Сепак, научниците истакнуваат дека ова не значи нужно дека и воздухот во Лондон е помалку загаден со ...
На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денаријави МИА. Државниот завод за статистика ...
„Сигурни сме дека климатските промени се случуваат – најпосле, тоа се гледа. Меѓутоа, проблемот е во тоа што овие проблеми не сме ги предизвикале ниту вие ниту јас, ниту мојата партија, па ниту мојата држава. За мене е најважно да направиме локални и самоодржливи заедници во кои производството и економијата ќе бидат во чекор со природата“. Со Алан Лучани разговарав во неговиот одборнички клуб, во собранието на Падова, универзитетски град на ...
Светскиот ден на водните живелаишта се одбележува секоја година на 2 февруари за да се подигне свеста за нив како извор на свежа питка вода и начините на кои можеме да ги обновиме и да го спречиме нивното уништување. На овој ден се одбележува и годишнината од Конвенцијата за водните живелаишта, која беше усвоена како меѓународен договор во 1971 година. Рамсарска конвенција (Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за ...
Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па потоа ќе се извезува. Концесионерот Кепс Монт Груп вели оти набавува нова технологија за дополнителна подготовка на техногената суровина, пред да се продаде. Во моментов во тек е монтирањето на постројката, која е набавена од Кина и има капацитет од 30.000 тони месечно, на посебна парцела веднаш до депонијата со згура. Новата опрема има поголем капацитет од постоечката и ќе врши ...
Владата на вчерашната седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање го утврди текстот на Предлогот на закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата. Целта на Предлогот на закон, како што е соопштено е заштита на геолошките, геоморфолошките, хидролошките, флористичките и фаунистичките карактеристики, коишто се од осoбeно значење за заштита на природата. Во соопштението на Владата се вели дека ...
„Еден од поголемите проекти на Министерството за животна средина е изградбата на пречистителната станица за вода во Скопје“, рече министерот Насер Нуредини на вториот панел „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“ од годишната конференција „Година за нови можности“. Тој кажа дека средства се обезбедени со помош на Европската банка обнова и развој, но и буџетот од државата. ...
Јадрото што се врти во центарот на Земјата можеби почнало да ротира во спротивна насока, велат научниците, пренесува ББС. Структурата на нашата планета се состои од три главни дела, кора инаку позната како површина на планетата, обвивка и јадро. Претходните истражувања покажаа дека внатрешното јадро на планетата е одвоено од остатокот од Земјата со надворешно јадро од течен метал, што значи дека може да се врти независно и не мора да биде ...
Американските научници измислиле специјален спреј за храна кој може да ги испрати во заборав кесите со овошје и зеленчук за еднократна употреба. Иако сè уште се развива, користењето на спрејот би ја намалило потребата за пластична амбалажа, на безбеден и одржлив начин. Наместо да се купува свежо овошје и зеленчук во пластична амбалажа за еднократна употреба, наскоро тие би можеле да бидат покриени со тенок проѕирен слој супстанција што може да ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува Северна Македонија во модернизација и проширување на системот за управување со цврст отпад. Банката обезбедува 55 милиони евра државен заем со кој ќе се финансира изградба на две нови регионални депонии и рехабилитација на постоечка депонја, нови трансфер станици за цврст отпад со соодветна инфраструктура за собирање и транспорт и рециклирачки центар. Двете нелегални депонии ќе бидат ...
Во последните неколку години се промени свеста кај луѓето во Словенија во врска со екологијата и животната средина, но најмногу влијание имаше приклучувањето кон европската заедница, бидејќи тогаш моравме да усвоиме многу ЕУ регулативи, рече професорката Бреда Мулец во интервју за ЦИВИЛ медиа. -Ние ги користевме ЕУ фондовите кои ни помогнаа да направиме сериозни проекти, во период од седум години добивме од 3 до 5 милијарди евра, пари кои ги ...
Светскиот ден на храната ја инспирираше Михаела Стојменовиќ, 17-годишна ученичка од Скопје да ја прикаже важноста на работата на малите земјоделци кои се грижат нашите земјоделски системи да ни обезбедат разновидна храна. Михаела ја освои првата награда на глобалниот натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната 2022 година, во возрасна категорија од 16 до 19 години. Постерот на Михаела е комбинација од дванаесет сцени, во секоја од нив е ...
По 11-ти пат, денеска и утре се одржува меѓународната научна конференција „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“ во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција како и списанието „Журнал“ за Глобални ...
За справување со арсенот како жешка еколошка точка во Лојане и Табановце годинава најпрво ќе се изработи План за управување со ова контаминирано подрачје, а потоа и ќе се спроведе оградување и покривање на расфрланите количества арсен, антимон и други отпадни минерални суровини на депониите во Лојане и Табановце. Ова го најавуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Сепак, Трајче Стафилов, долгогодишен професор и ...
Озонската обвивка полека, но забележливо се обновува, и со таа брзина, „озонската дупка“ над Антарктикот, каде што слојот е најтенок, целосно би се пополнил за околу 43 години, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации. Научната проценка која се спроведува на секои четири години покажува дека заштитниот слој се опоравува, повеќе од 35 години по глобалниот договор да не се користат хемикалии кои ја еродираат озонската обвивка, која го ...
Англија оваа недела планира ја да објави забраната на многу пластични предмети за еднократна употреба, што е најновиот напор во растечкиот глобален потег за намалување на пролиферацијата на материјалот кој тешко се рециклира. Планот ќе забрани пластични чинии за еднократна употреба, прибор за јадење и други предмети во рестораните низ Англија, проширувајќи ја постоечката забрана за сламки, мешалки и други мали пластични предмети. Со тоа Англија ...
„Мислам дека не сум единствениот, има многу примери на успешни луѓе кои се вратиле во нашата земја, инвестирале, па дури и отвориле нови работни места Сепак, мојот случај е повидлив поради природата на мојата работа и мојата јавна функција.“, посочува министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини за неговата одлука да ја преземе оваа функција по успешната кариера надвор од државата, во интервју за Алмакос. „Сакам да истакнам ...
Голем дел од Соединетите Американски Држави запаѓаат во климатска состојба што се нарекува „длабоко замрзнување“ (температури под нулата). Метеоролозите предвидуваат дека ова ќе биде најстудената зима во изминатите триесетина години. Во Денвер, Колорадо, температурата падна до минус 31 степен Целзус, најстудено време во изминатите 32 години. Поларниот вортекс (вител) веќе се спушти кон средината на Соединетите Држави, внесувајќи ужасно студен ...
„Првиот чекор за борба против загаденоста, е мерење на степенот на загаденост. За жал, тука сме многу слабо опремени, особено во Скопје. Мерењето на загаденоста во Скопје се сведува на неколку професионални мерни станици, кои не се сервисирани, не им се знае точноста, и на некои аматерски извори“, вели Ванчо Орданоски од ИнфоПроект, кои преку проектот Екомонитор, има цел да овозможи граѓаните и институциите да имаат целосен и точен преглед на ...
Договорот меѓу владите на Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија за стратешко партнерство во областа на енергетскиот развој и транспортот ќе ги поврзе двата брега на Црното Море и би можел да транспортира електрична енергија во Молдавија, Западен Балкан и Украина, изјави денеска во Букурешт претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Лидерите на Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија денеска во Букурешт потпишаа договор за ...
Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за управување со отпад. Ова се само мал дел од серијата забелешки што ги нотира Државниот ...
На 10 декември 2022 година, прогресивниот свет го одбележа Меѓународниот ден на човековите права. Овој ден беше одбележан и во Украина, вклучително и од Претседателот на Украина Володимир Зеленски. Со цел да се утврдат и обезбедат правата и слободите, со поддршка на одлуката на Генералното собрание на ОН за одбележување на Денот на човековите права на 10 декември, во контекст на Универзалната декларација за човекови права, Претседателот Зеленски ...
Почна “натпреварот” на Скопје и другите населени места низ земјава во рушењето на светските рекорди по загадување на воздухот. И додека податоците на сајтот „Iqair“ покажуваат дека Скопје е на светскиот врв според аерозагадувањето заедно со азиските градови како Њу Делхи, Ханој, Лахоре или Калкута и градовите од соседството како Сараево и Белград, најновите статистички податоци покажуваат дека Македонија руши и историски рекорди во ...
Еколошките проблеми и климатските промени глобално секоја година сѐ повеќе предупредуваат дека ја водиме нашата планета кон предвремено уништување. За подобрување на општата слика потребна е индивидуална и колективна свест, но и заложба. Истражувањата покажаа дека степенот на еколошка свест кај луѓето се зголемува, но истовремено, кога станува збор за конзумерството подготвени се и да купуваат еколошки производи и покрај нивните повисоки цени. ...
Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се спроведува ...
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутерш денеска предупреди дека преговарачите на климатскиот Самит КОП27 во Египет мора да ја надминат „урнатата доверба“ помеѓу богатите и сиромашните земји за да постигнат договор со кој би се спасил светот од најлошото глобално затоплување. – Се наоѓаме во клучниот момент од преговорите. Светот набљудува и има едноставна порака: позиционирајте се и испорачајте, истакна Гутереш. Тој додаде дека ...
„Имавме можност со инвеститори од Норвешка кои се заинтересирани за вложување во капитални капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија да разговараме, но и да им ги презентираме нашите стратешки цели во делот на обезбедувањето електрична енергија од алтернативни извори. Ова е одлична можност да се искористат ресурсите од зелена енергија со кои располагаме ние земјите од Балканот, но истовремено и одлична можност целиот ...